Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Ич не сум друштвена :|
     
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Многу мразам луѓе кои при првото запознавање ќе ти го раскажат целиот живот... пардон не луѓе, жени!
    За овие 4 години на релација Скопје-дома, на станици, по возови и автобуси сум се изнаслушала се’ и сешто.
    Секое влегување во автобус се спремам за 2-3 часа дремуцкање, или читање на книга, ама таква ѕвезда изгледа имам, секогаш наместо тоа добивам нечиј живот сервиран на тацна. |(
    А по дифолт, се’ се тоа некои трагични приказни, разводи, болести, домашни несогласувања, сиромаштија и неуспеси на работен план на дотичната и целта нејзина ’’поблиска‘‘ фамилија до трето колено. ]:)
    И таман помислив сум куртулила од ова, запознав вчера за прв пат една роднина на дечко ми... Бевме излезени заедно и за 3 часа луѓе, ми го раскажа целиот нејзин живот.... се осеќав ко психолог во својата ординација. :lol: До збор секако не можеш да дојдеш, само ’’внимателно‘‘ климаш со главата и од време-навреме се насмевнуваш ради љубезност... 5те минути до ВЦ ти се единствената шанса да го одмориш мозочето.
    А пак и дечко ми...го буцкам дискретно со нога под маса, да му текне де, да рече, да си одиме, на работа сме утре, а тој ко од пушка - Зошто ме риташ??? :devil: -Еееј извини, не сакајќи беше :punch:

    Очигледно ми нема спас, барем психологија да завршев, да знаев како да ги утешам :lol:
     
    На Buttterfly, MSkorpionka, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Пред некое време пишав дека ми недостига дедето кој низ улици ни вика - Бостаааааааааан, ајмо бостааааааааан. Еве веќе трет ден поминува и среќна сум. Не ми се верува дека ме прави среќна лубеницата купена од дедето, па ставена во мрамор под чешма да се лади. Па кога ја сечат едвај чекаш петлето да ти го дадат. Па што? Најслатко ми е :wasntme:

    Добив и повик кој ме израдува ептен. Утре одам за Куманово, кумановки чекајте ме :wasntme:
     
    На fallenangel, Serafima, pamelche и 5 други им се допаѓа ова.
  4. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Се враќам од одмор и гледам дека дедо ми е кај нас..
    Не му било добро на човекот од жешкото. Станал за никаде.
    Едвај слуша, зборува многу потивко од последниот пат кога го видов. Кога го гледам него ја гледам големата трага што животот ја оставил врз неговото тело, а на неговото лице видливо се испишани физичката и психичката болка, испиеноста, тегобноста.
    Она што ме погоди најмногу е дека дојде денеска во мојата соба во 12 да ме праша колку е часот бидејќи во 14 требало да пие апче. Ги брои минутите.
    Одам во дневната во 13:30, ги извадил апчињата на масата.
    Каква ли е неговата психичка состојба?
    Стар, изнемоштен, едвај успева да ги врши животните функции.
    Знае, како и сите ние дека деновите ни се изброени.
    Но, какво ли е чувството да бидеш свесен дека секој ден те носи еден чекор поблиску до крајот?
    Не би можела да живеам со таа помисла. Никогаш.
    А, јас радосна дека се одморив, дека една недела успеав да не мислам на никакви комплексни прашања, сега не можам да спијам, прашувајќи се........
    Ќе престанат ли некогаш овие прашања, оваа неизвесност?! :^)
     
    На MaCa-J, pamelche, Ognenija и 4 други им се допаѓа ова.
  5. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Ќе му раскинам,знам дека така е најдобро. :D :D
    Секогаш ќе го паметам по убавите моменти кои сме ги доживеале заедно,а не по неговото уништување на се што градевме.


    Па побогу,имам 15 години,да патам по некој дечко?
    Подобро е да бидеш среќна и слободна,отколку да си во relationshit.
    Тоа некои не го сваќаат,ама јас го сваќам,и тоа добро. :)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Најубаво чувство на светот е тоа кога на некој друг му го разубавуваш денот, бидејќи знаеш дека си направил нешто добро.




    И да, едвај чекам да поминат овие две недели - две многу важни работи треба да ми се случат и не знам како ќе издржам додека не го дознаам исходот од првата и уживањето од втората.


    И да, цела Ракометна Репрезентација на Македонија е во Струга, си плакнев очи уште синоќа - ве поканувам на турнири. :D
     
    На Serafima, Lepaaa, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Си ја убивам тагата со песните на Балашевиќ. Ахх колку се вистинити и преубави текстовите на песните :x
     
    На pamelche и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  8. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    [​IMG]
    Фала му на бога што ми подарил мајка што има разбирање кон мојата луда глава, и што ги поддржува моите понекогаш несватливи идеи и избори. Фала ти мајко што ми дозволи да бидам своја, и да го живеам мојот живот како што посакувам.

    Те сакам мамо!

    http://www.youtube.com/watch?v=xhOyJzpDwqc
     
    На L-enna и anneyy им се допаѓа ова.
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Шубо си се искапив :inlove: Така убаво сум ја размирисала бањата што се чувствував како во рекламите на Марија со Бонуксот :D Се туширав, а околу мене се појавија цветни градини, планински воздух, извори... :inlove: Мммм убавини :mm: :D
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас мислам дека вечерва ја достигнав кулминацијата на романтичноста во мене, што посакав вечно такви ситници да ме прават толку среќна.


    Ај што го одбегнавме Вили, Каспер веќе не можевме. Си седнавме на една клупа пред рандом зграда, јас фатив вифи од истата, и така го делевме хамбургерот додека течеше нашата Инсејшбл на лав сонгс. Таква топлина ме спотера кога го видов сјајот во неговите очи, ниеден ресторан и пари не можат да ми ги подарат овие обични а толку посебни моменти затоа што се преполни со љубов. А јас лебдам вечерва ...


    :l:
     
    На Buttterfly, Bright, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека конечно отварам очи и сфаќам колку сум била „заслепена“. Ова вечерва беше дефинитивно врвот.
    Свечено ветувам дека веќе нема да се затрескувам со шу*аци. Посебно не година ипол, накај две. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=gGtkcxTY ... re=related

    Мора да се пивне нешто утре, во чест на ова мое расчистување со себеси конечно. 8)
     
    На CIA, ViktorijaMari, Lady-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Да отспијам и одам да си ја земам дипломата. Конечно, конечно. Во среда започнува нова етапа во животов ми. Малку сум возбудена и ми е страв, ама нормално е.
     
    На BlackSwan5, Smilly и pamelche им се допаѓа ова.
  13. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Сакам да кажам дека целиот народ почнат е да слуша Турбо фолк...Насекаде околу мене се слуша некоја неквалитетна музика, на која сите креваат раце, сите пеат и се мислат дека се некој фаци.

    Во овие три месеци од кога е почнато летово, секое излегување дали во Охрид,Струга,Вевчани,па дури и Кочани,Виница се слушаат таквите песни, кои јас не можам да ги поднесам и знаете што ми се дешава почнувам да се закуќувам само заради тоа....

    Веќе ушиве не ми поднесуваат таква музика,а дури почнувам и луѓето да не ги сакам заради музиката!

    Ми се гади во срединава во која што живеам, ми се гади од менталитетов на луѓево и до разбирањето што е квалитет!
     
    На faye, mims-89, Srekicka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    Не би сакала да го употребам овој израз на ваков начин, зашто е тежок збор, ама искрено мене пак ми се гади од луѓе што ги вреднуваат и оценуваат луѓето според музиката што ја слушаат. Нели битното во човекот беше карактерот, душата? Нели изгледот, стилот, начинот на облекување, музиката што ја слуша или филмовите што ги гледа не го вреднуваат човекот?
    Зар сега јас, ако сум претпочитувач на хорор филмовите, треба да не ги сакам и уште полошо да не ги поднесувам и да ми се гади од луѓето што гледаат драми, романтични филмови или комедии. Или од оние што сакаат евтини филмови? Некои филмови се сметани за најглупави, мутави и евтини, но сепак добиле толку оскари. На некои им се допаѓа, на некои не.
    Секој има своја идеја и слика за тоа што е убаво, квалитетно.

    Не дека сум некој јак турбо-фолкераш, не ги знам сите песни на памет, не киснам по биртии пеејќи лепша од ночи, ама си признавам дека знам да кренам чаша со винце и да наздравам на некоја песна со друштвото. Слушам и тоа, слушам и рок, слушам и поп, слушам хип-хоп, а во последно време откако се запознав со некои другари почнав и џез и реге да слушам во нивно друштво. Едноставно се адаптирам во средината и друштвото. Одам на рок журки во Хавана, на турбо-фолк на Аца Лукас во Метрополис, на транс на Грејтест Хитс, одам и на хип-хоп журки во 69...

    Туку не, се додека луѓето вака се вреднуваат, никаде не сме тргнале. И после се жалиме дека не не ценат ради ова, ради она....
    Ајде сега проценете ме мене што личност сум според музикава што ја слушам ако не. Можеби сум срамежлива, или пак сум дволична. Или чим слушам Аца Лукас сигурно некогаш ќе ви забијам нож у грб...
    А други пак може сметаат ако слушам рок дека ќе си забијам шприц у вена, али нема везе.
    Да слушам она што другите сметаат дека е најдобро да слушам, за да мислат најдобро за мене нели? Батали што мене ми се свиѓа, не смеам да си го срушам егото и лицето во општествово...
    Утре кога ќе поминувам по улица да не се гадат од мене...
     
    На Divinebutterfly, marama, Salome и 7 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.130
    Пол:
    Женски
    Во последно време не знам дали да плачам или да се смеам. Дали да плачам поради тоа што го направив или да се смеам поради тоа што не го направив. Не ми е лесно. Ич.
    Фала Богу за другарките.
    Не, да имаш само маж не е доволно, некогаш другарките далеку повеќе знаат како да ти го дигнат духот.
     
    На mysterious, Serafima и Smilly им се допаѓа ова.
  16. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Денес беше еден убав ден, доделувањето на дипломите, или ин инглиш Graduation. Не знам како е кај другите, но ние имавме сини капи и наметки кои ги носевме во текот на целата свеченост и на крај ги фрлавме капите. Баш онака убаво и официјално да се простиме од школото и по добро да го запаметиме. Сето ота е зад мене, мо длабоко во моето сеќавање ќе останат разните случки, било тоа да се добри или лоши. Сепак, тоа е местото каде што ми поминаа 4 години од животот и каде што сме научиле многу работи за него. Не зборувам само за она во учебниците, туку за работи кои не натерале да созрееме и да се оформиме како личности кои што ќе можат да стојат на свои нозе.
    Од една страна жалам што заврши средното и ќе ми недостигаат училишните клупи и сите школски дешавки. Но од друга страна сум пресреќна што нема да гледам поедини личности, заради кои школото го гледав како место каде царува лицемерието. Сега се од високото добро утро па уште од сега ни едно здраво не викаат. А мене многу ми е гајле... Пукнав за нив, ко божем живеам од нивното здраво.
    Имав и неколку пријатни изненадувања. Добив пофалница за континуирано одличен успех и редовност. А за тоа најголема улога играл мојот успех од државната матура (најдобар во класот и еден од најдобрите во Карев). Не дека ќе ќе биде од корист при уписите ама ете мене многу ми значи.
    Сега започнува една нова етапа од мојот живот, нешто што се вика студентски живот. Оптимистички гледам кон иднината и се надевам дека и понатаму ќе имам успеси во животот на секое поле.
     
    На antonina, cinderella5 и Serafima им се допаѓа ова.
  17. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Тоа чувство ..
    Кога знаеш дека си пронашол некој што те сака, те поддржува, те заштитува, те развеселува и од среќа расплакува, те гушка постојано, те изненадува, те бакнува, те знае како личност, те разбира, те почитува и ќе продолжи да те сака, заштитува, развеселува, расплакува од среќа, гушка, изненадува, бакнува, знае, разбира и почитува.
    Уште сум мала за големи работи, знам. Но среќна сум што пронајдов некој ваков и ќе бидам среќна колку и да трае, бидејќи овие моменти се реални и ќе останат долго со мене. Можеби нема да трае многу, но сигурна сум дека ќе трае доволно за да го имам најдоброто време со некој што го сакам и што ме сака. Сите тие спомени, моменти поминати заедно, за нив нема да жалам ако сето ова прекине.

    Нема да жалам за љубовта која ја споделувавме постојано, за изненадувањата кои ми ги правиш - иако знаеш дека мразам изненадувања. Нема да жалам за прегратките кои ми ги даваш кога зборовите се излишни, за бакнежите со кои ме заќутуваш кога се караме. Нема да жалам за филмовите кои ги гледам и ти ми се смееш кога плачам за секоја ситница таму и во животов. Нема да жалам за твоите нежни раце, кои ме чешкаат кога сме заедно.

    " Нема да жалам, бидејќи знам дека ова е реално, јас и ти сме реални, вистинити. Колку и да трае, а се молам за повеќе, знам дека го имаме најдоброто нешто - јас те имам тебе и ти ме имаш мене. И кога ќе прекине, ќе те имам и ќе ме имаш, во меморијата. Доволно е тоа, некои немаат ништо. "

    [​IMG]
     
    На marama, dancing.queen, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Немате појма кое задоволство е да се врати човек преглднет,од шетање, а дома го пречекуваат со огромна пица,од омилената пицерија.
    лала лала ла!
    Нејсе,од ''предобриот'' избор на квалитетна програма што го нудат каналиве,завршив на детските. :$ Ах.
    Одамна немав свртено натаму,и ми врати преслатки спомени.Кога бевме мали,со брат ми,секоја вечер пред спиење( Попај го даваа,накај 10)што беше касно за нас, па едвај се трудевме да ги држиме очите отворени.Знаеше да заспие,па јас го будев да го гледаме омилениот цртан. :) Деца...

    Го наполнив стомакот со пица и две чаши леден чај од праска,но не ми светна ни еден метеор од 'дождон' во очите. :doh: Гревови...

    И по некое чудо,мене понеделник ми е сладок,како шеќерна волна.
     
    На Elichka и pamelche им се допаѓа ова.
  19. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Зошто луѓето се толку злобни?
    Зошто немаат ни грам почит спрема некого?
    Зошто секогаш мора да навредуваат, ако се почувствуваат помоќни?
    Љубов нема во никого. :| Сите си гледаат само за себе.Себичност има насекаде. |(
    Не пропуштаат прилика некого да навредат,да понижат.Зарем толку ги исполнува тоа?Зарем толку ги исполнува да гледаат како некој се мачи додека тие го газат.Зарем немаат тронка човечност и совест во нив. :x Зарем тие се совршени?Зошто секој не си го гледа својот живот.Зошто сите се занимаваат со туѓите животи? :^)
     
    На danika му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Не овие луѓе не знаат за осет. |( Не знае кога ќе те навреди |(
    Вечерва се почувствував како зрнце. Сакав само да се соберам и да излезам од соба. Да ме нема на кратко. Луѓето треба да те сакаат каков што си. Сакат, смрдлив, инвалид, болен.. Секако треба да те сакаат.
    Моите маани се мои, не мора никој да ги кажува. Не пред други Тажна сум некогаш посакувам да не бев човек. Да бев зрнце.
     
    На Divinebutterfly и SexyLady им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.