Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    СДК колку е само тешко да се дише, додека мрзата денови пише! :lol:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Пишале статус


    Па што мора да се запишувате, ве тера некој? Ете од такви како вас не ја бива младината.
     
    На eli25, Monna.Monna, anneyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141

    Каде можам да го прочитам тоа? Мислам, во која тема?
    Одамна не сум била на Фемина и ништо не знам, ајде упатете ме малце, ве молам. :wasntme:

    И од мене честитки. :)
     
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Kолку е тешка разделбата од своите сакани :( лелеее претешко е...
    Sакајтеги и ценетеги додека сте со нив,немојте ни случајно да ги навредите :( бидете со нив восекој момент затоа што еденден ке ви недостигат премногу,нивната насмевка,прегратка се од нив :(
     
    На Serafima, Lepaaa, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  5. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Зошто оние кои што ги сакаме, рано ни заминуваат, а некои кои не заслужуваат ни ронка леб остануваат на овој свет за да им нанесуваат лошо на луѓето, ЗОШТО ?! Не можам, никако не можам да го сфатам тоа. Ако постои Господ, зарем тој е толку неправеден ? Покрај се, ние сепак сме немоќни за да спречиме многу работи.

    http://www.youtube.com/watch?v=zY9uaWkD0IE
     
    На eli25 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Една слика вреди повеќе од 1000 зборови ;( ;( ;(
    [​IMG]
     
    На Serafima, Cacy, SOVRSENSTVO и 5 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    :D
    една порака од мојот мобилен беше доволна за да направи дар-мар во цела агенција и секој по нешто да има работа-финтата е игра на зборови :lol:
    од каде да знам дека за еден оглас е вистинит а беше изкористен како мамка, ке се јават 9 луге , мегу кои 3ца семејни луге-срцекршачка 8) ама знае и да размисли :!:
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Гледам блиски луѓе кои ги преживуваат сите мои маки, како да се гледам себеси, ама во забавена снимка. Викаат само јас сум ги разбирала, само разговорот со мене им помагал. Во себе си мислам, дали мојата судбина е само да помагам на некому? Ако, се чувствувам убаво. И реков: Ќе видиш, и ти ќе ја дочекаш твојата среќа :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^

    Кај срцекршачка, па и финтаџика си била и си знаела да изкористиш. :D
    Се гледа бе девојко дека немаш лоша душа, топ си кис4е, ама не можам да сфатам кај ги наоѓаш сите тие удварачи, па дај земи ме и мене еден ден со тебе да го збогатам малце мојот љубовен живот, кој во споредба со твојот е мизерен.
    И друго, уживај си во животот кој ти е максимално исполнет до секунда со медитации, курсеви, обуки, работа, дечковци и што уште не, не се замарај со ништо, само потруди се точно да ги пишуваш зборовите (имаме посебна тема на форумов се вика ,,правопис,, посетувај ја понекогаш) и кога ќе отвориш заграда, никогаш не заборавај да ја затвориш истата. :) :*


    СДК дека конечно почнав да се оспознавам себеси.
     
    На Monna.Monna, Dvolicen и Butterfly77 им се допаѓа ова.
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Многу е тешко да се отвориме некому, да му веруваме, да му ги кажеме сите наши милси, чувства, реткост е денес да имаш таква личност покрај себе, а при тоа да не си осудуван од таа личност, реткост е денес некому да ги кажеш своете потреби, проблеми на некој а да не добиеш грд збор за тоа.
     
    На Serafima и smiley-94 им се допаѓа ова.
  11. angel95

    angel95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    76
    Одамна не сум поминала време заедно со моите.
    Дали пречка беа нивните обврски,или пак моето одбегнување да зборувам со нив сега не е толку важно.
    Понекогаш чувствувам дека сум строга кон нив.
    Тие го работат тоа што ги исполнува,и јас немам право да им префрлам.
    Ми го дадоа најдоброто и најубавото детство што некое дете може да го посака.
    Спомени и траги од тоа детство ќе носам засекогаш со мене.
    Секогаш викендите како мала ни беа резервирани за некое семејно патување,било да е на некоја далечна дестинација,или на нашата викендичка.
    Шетавме заедно,се смеевме додека да не заболи стомак.Неможам да се сетам ништо лошо од тоа време.Иако бев нивно единствено дете никогаш не ме разгалија.Се трудев секогаш она што ќе го добијам да ми е заслужено.
    Ми текнува кога дедо ми ме учеше да читам уште на 5 години.Неговото оправдание беше дека неговото единствено внуче ќе стане професор по македонски јазик како него.А татко ми велеше не не ќе стане хемичарка .
    Не ми пречеше тоа воопшто.Како од тогаш да ми се роди љубов и кон литературата,но и кон хемијата.
    Ме носеа уште од мала во музеи,библиотеки и на некои места со голема историска важност.
    Незнам како да им се заблагодарам за тоа.
    И сега кога ги гледавме заедно нашите слики,ми доаѓаа солзи на очите.
    Дека не сум во право кога им велам да имаат повеќе време за мене.
    Дека и тоа кратко време со нив сега ми е драгоцено.Бесценето.
    Дека за нив секогаш ќе бидам нивното малечко дете ,и дека се трудат да ми обезбедат подобра иднина.
    Љубовта на родителите е бескрајна.Не бара ништо за возврат,ветува топлина во душата кога сме пред тешка одлука,ветува бакнеж во челото кога сме болни,ветува совет,ветува подржување во се,подава рака .
     
    На Serafima, ViktorijaMari, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека жалам за времето што го поминав дружејќи се со неа,и верувајќи и се нејзи.
    Просто и самата неможев да си ја објаснам оваа ситуација,уште мала кога беше ме ругаше се правеше цело време паметна,а јас наивна никогаш не престанав да е сакам.Колку и да глумев,јас сепак е сакав како сестра.А таа што таа плукаше по мене,како да фрла камиња по куче.Сама си го одбрала патот на својот живот јас едноставно неможам да и судам,и да е осудувам.Но ќе дојде време кога од мене ќе побара повторно да и бидам рамо за плачење.Сега после некое време,се срамам од фактот што досега јас е сметав за моја најдобра дургарка.Е мислев за многу добра,но ме разочара.
    И секогаш ме чудат прашањата,и едно од најчестите прашања поставувани во мојот живот :
    -Дали вреди да си добар,или дали секој заслужува да си добар?
    На ова прашање мислам дека никогаш не би можела да добијам конкретен одговор.
    Понекогаш и се чудам зошто повеќето мои врснички одбегнуваат да се дружат со мене,или можеби фактот што јас повеќе не размислувам како 16 годишно девојче.Од тоа што се чуствувам повозрасна искрено незнам.

    Друга работа,конечно после толку време го видов тој. Повторно живнав,се разбуди онаа волшебна насмевка во мене,се насмеав од се' срце.Видов и тој дека се смее.Навистина беше кратко,но беше и доволно слатко.

    А и да денес е денот за кој се грижеше вчера,понекогаш запрашајте се дали вредеше?!
     
    На SexyLady, Serafima, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Коонечно оздравев :tmi:
    Како инвалид се осеќав,како бабичка....значи алелуја :D
    воа супиштево чудесии прави. :!:


    И да,денес сваќам кој швалер сум била. Вчера му кажав се во лице,и ете,готово,некои би плачеле,би се трескале од земја ко што се вели,а јас си ги гледам црногорциве.
    Црни,убави,високи,па еден осмех ко ќе развлече јас готова,толку ми треба.
    Па сега тој нек си оди со Ѓуки,ме заболе уво.
    единствена позитивна болка ;)

    И одеднаш се спуштам на земја.
    Си правам пауза и си уживам во својата слобода,нема ваљда на 15 години да паѓам во несвест за машки ццц..... :lol:
     
    На Mia-K, pamelche и Lepaaa им се допаѓа ова.
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ама се изнасмеав. :D Отварам Фемина и гледам последен коментар од Srekichka во една тема. Си викам во себе, кога сум пишала овде. Арно ама тоа да ти била друга Среќичка и си се чудам покрај еден куп никови што се повторуваат ,,ангели,, ,,ѓаволи,, ,,малечки,, ,,слаткички,, и не знам какви, да ти имало и никови како мојот, а bay the way јас онака си го тропнав и ептен е глуп.
    Едно време мода беше да се превземаат веќе искористени аватари, е ај сега и никови. :D
    Нели некој предложи да се избришат профили кои не се употребуваат, ги има илјада, па вака во недостаток на никови и инаспирација, некои се принудени да ги преформулираат постоечките.
     
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Јас и не барам многу за да сум среќна! Мене толку малку ми фали и одма зрачам љубов!
    Не само кон него, туку кон сите! А деновиве сум баш љубовна. Нема посебна причина...
    Или можеби има...?! :wasntme:

    Како и да е, убавко ми е кога ќе слушнам убав збор од некој, како на пример сабајле од мама, кога ми рече дека е среќна со мене, дека ја исполнувам со секој мој успех!

    А сега тој, ми кажа денес сите го нервирале, таков му бил денот. Го прашав: И јас ли те нервирам? :^)
    И тој ми рече: Ти не! Јас тебе те сакам... :$

    Блескам задоволна од себеси, а и од нив кои се тука за мене, да ме исполнат кога мислам дека не е лесно да го наредиш животот како што треба!
    Сфатив, некогаш и без причина ни треба утеха, или само еден убав збор за да продолжиме да се бориме со помалце тешкото секојдневие, насмеани! :l:
    [​IMG]
     
    На Elenuskaa, SexyLady, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ме прашаа што е разликата помеѓу таа болка и оваа сегашната.
    Епа разликата е што кога тој си замина, за жал засекогаш, не се каев за ниту еден момент, не се сомневав за ништо и ме повреди само и само со тоа што си замина.
    А за тебе, се каам за секоја секунда што ти ја посветив,секој пат кога заминуваше јас секој пат го проколнував денот кога те сретнав и ми предизвикува болка секој момент поминат со тебе.

    И ова не се брои во обраќање кон него зошто се заколнав дека нема повеќе. Можеби здосадив веќе, ама морам некаде да се испразнам на мир, без да се сомневам дека ќе изгледам попатетично и од некоја Николас Спаркс хероина.
    Туку, засега се изненадувам во однос на тоа колку сум јака, можеби бидејќи не сум останала сама. Не сум некоја да плаче и да се убива по некого, ама побогу сепак сум човек и сепак 4 и пол години не се малку.
     
    На Adi888, SexyLady, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Погодете кому му е роденден денеска!?
    На една „ѕвезда“... :wasntme: Да не објавеа слика немаше ни да знам.
    Кога прв пат се појави со тоа надимакот Слаткаристика со тоа шоп, шоп Ш-О-П-И-Н-Г не беше страшен, си реков пролазна фаза ќе го снема на естрадата...
    Ама потоа тоа беше како еден вид на вирус што постојано се шири во компјутерите, па така овој си се ширеше во срцето на младата популација.
    Срамота е, срамота на секој што со онакви песни и зборови си ГО ЗАРАБОТУВА ЛЕБОТ.
    Не смее да се дозволи една јавна личност да зборува онакви работи, а сега ова е скоро секој пат во негова песна, а младите се повеќе користат такви зборови што повеќе се засилуваат како на пример гајле ми е, нејќум јас цензура.
    Пејач - не е.
    Песна - не е.
    Обичен човек по кој лудуваат тинајџерките.
    Не можам да сменам ништо, нека го слушаат нивни избор јас не го слушам, ама греота е некој што се потрудил да направи песна како на пример Калиопи, Владо, Каролина не го слушаат, а перверзнотии да.
    Нека го слушаат, ми се мрчеше, се испразнив.

    Whatever, роденден ти е, иако не те фаворитизира .
    Среќен роденден :)

    А да, вчера уште една годинка дојде кај мене, роденденот помина ама супер си го поминав, фала за честитките на сите. :*
    Не е проблем да напишеш една честитика за неколку секунди, а таа истата значи многу и знаеш дека некој се сетил на тебе.
    . :wasntme:
    Нека ми се множат годините и да се читкаме уште многу.
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јесен стиже, Дуњо моја...
    Сум се замотала во ќебе, и ладно ми е, со папучки на нозете...Од утре и долги пижами ќе си облечам за спиење!Мх бре, што е мераклиски вака, да не се потиш и да не отвараш прозор за зилиони комарци да ти влезат...Се чуствува мирисот на есента, да, да. :wasntme:
     
    На 1209, Serafima, Waka-waka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Аман бе од овие Кардашијан сестрите, значи го отупеа веќе стварно.

    На која интернет страна и да идеш значи сегде ги има.Сегде!
    И ај со нешто паметно да се занимаваа, фајде нешто од нив...
    Ова новото дете на Кортни, само што се роди и оп на телевизија.Некои познати толку си ги чуват децата, ги кријат, овие лејкиве пари праат и од децата.
    За пари и за слава и газот ќе си го продадат.Уствари Ким веќе си го продаде.


    Јас разбирам убава е, со облини, жена во секоја смисла на зборот, има сенс за стил и и све то, ама ова е претеризам мајке му.
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    http://makfax.com.mk/6/289812/arheolog_ ... na_gugl_rt

    Аиии машала. Не имало.

    :D

    Патем не разбирам едно - брауново движење у секој смисол. На шалтер односно пред него. Низ град. Кога има попусти. По дискотеки.
    Абе е*ате тоа, женско ли си шо ли си? Ако си кобила, да земеме ономатопеја да тренираме, а?
    Осет бре!
    Човек ли си што ли си? Ред нешто, дечки, ау. Тешка работа а? Доообро. Ќутам.
    А јас уште пазам, па и велам пардон обично. Се извинувам. Ќе може ли да поминам. Се извинувам. Пардон. Дозволете. Каааде бе?! Поточно, со кого бе?!

    И уште едно нешто што ми упадна у окце - прсти кои штрчат од отворена кондура. Мислам, затоа постојат бројчиња, девојчиња :wasntme:
    Мада последново ми е симпатично и си замислувам како си играм со прстињата ко на типкине доле на клавир, ждранг, ждранг, ждранг! :D

    Нема врска. Слобода народу. Нек се угоде. Пивце за живце и ајт на спиење. Конечно мирна ноќ.

    Хрррр :yawn:

    И ќе ставам предлог за „апдејт“ на смајлињата по новиот скајп. Прекрасни се, особено она што врти со очињата 360 степени.
     
    На bittersweet, antonina, caroline.costa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.