Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Има ли подобро од нес, милка со лешници и излежавање пред компјутер ?
    Неееее. 8)

    не дека не се излежавам секој ден, ама денес ми е посебен!

    И Мајли:
    [​IMG]
     
    На Smileeee и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  2. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Јас уште сега почнувам да жалам за летото.
    Цел ден сум на долги ракави и чорапи, прстите на нозете ми се лед.
    Ах што не сум се родела во Бразил па секој ден да си шетам со кратки фустанчија, да имам убави облини и бронзен тен..
    Што е тука е, да почнам полека да си ја вадам есенската облека.
     
    На Serafima, Libera и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.130
    Пол:
    Женски
    Јас, онака скопски кажано со еден многу лежерен тон, не се замарам више. Е не. Ми пукна главата, она мисли го, ова мисли го, демек мислител сум по професија. Ама тоа изгледа хоби ми е.
    Идело, не идело, тоа е, ако јас го мислам цело време не ќе се смени. Ееее па.
    Ми рече мајка ми на Дузи да се угледам и да не се нервирам толку. И редно е да ја послушам, па не е се црно, имало и некоја сива нијанса. :wasntme:
     
    На SexyLady, IndieGirl, Serafima и 8 други им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.806
    Допаѓања:
    11.263
    Пол:
    Женски
    Не сум многу активна на форумот, ама во слободно време се уклучував за лице и коса, на почетокот секако и анксиозност, ама сега чудна работа вртам, вртам и само кај темата бременост сум :wasntme: . Не сум бремена :!: , ама убаво ми е кога ги читам идните мамички ^_^ :angel: :l:
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Налет.
    Ден, полн негативности.
    Болка.
    Рани.
    Некогаш ми иде да кренам раце од се.
    До кога ќе можам да трпам?
    Најбилско семејство ми се.
    Не заслужуваат ни да мрднам со прст за нив.
    Воопшто.
    А јас мрдам со двете раце и нозе.
    И ме уништија.
    И иако ме имаат всушност ме изгубија.
    Целосно.
    Додека мојот живот е пред мене.
    Не сакам да ги истрошам нервите сега и понатаму да ги немам.
    Понатаму...
    Ако некогаш стигнам до таму.
    Не сакам.
    Не сакам да се претворам во ниеден од нив.
    Никогаш.
    Пу
    Пу
    Скраја да е!
    Многу глупави 24 саати.
    Налет.

    http://www.youtube.com/watch?v=a_Am4cHMBKM
     
    На SexyLady, cinderella5 и eli25 им се допаѓа ова.
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Држат вода твоите глупи муабети. Јебига, ама така е. Држат вода веќе некое време. И сега кажи ми, што ќе правиш со водата? Ќе ја испиеш, а знам дека си жедна, или упорно ќе ја држиш додека сама не ти се лизне меѓу прсти? Прави што сакаш, голема си. Јас те гледам веќе некое време. И знаеш што? Не ми е јасно како еден човек што е толку жеден, има вода во раце, и упорно не ја пие? Прво си мислев дека е од инает. Сега си викам, дај боже да беше инает. Ти си таков човек. Одиш сама против себе. Се што е сложено успеа да направиш, а најпростите работи ги утна. И ти нема да се смениш. Така да држи си ја водата уште колку време сакаш. Јас веќе нема да те барам, биди сигурна.
     
    На SexyLady, Monroe, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Сакам да кажам денес се навршуваат 100 години од раѓањето на Џулија Чајлд, дури денес на Google насловната страна на пребарувачот e во знак на почит кон оваа важна, значајна личност која остави свој печат, белег во кулинарската историја, во нејзина чест е снимен и автобиографски филм со маестралната Мерил Стрип која ја толкува улогата на Џулија Чајлд.
    Во чест на оваа личност по повод денешниот ден 100 години од нејзиното раѓање топло го препорачувам да го гледате филмотhttp://www.imdb.com/title/tt1135503/ нема воопшто да згрешите доколку го погледнете овој прекрасен забавен и интересен филм, посебно го препорачувам до љубителите на храната филмот и готвењето.
     
    На mims-89, Hkikica, Mayyya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ако постои нешто што ми ги тренира нервите до даска, тоа се алчноста и неблагодарноста.
    Мхм, и ти на тате си му побарала 4000 за патики, али он ти дал 50 евра и си даваш за право да кажеш дека човекот не те сака? Дека е покварено и скржаво ѓубре?
    А кој трчаше бре кога кршеше нозе и правеше операции?
    Кој ослабна и опадна од секирање дали ќе можеш да ја исправиш убаво ногата, м?
    Ама не, он за тебе не се грижел.
    И веќе ми пукна филмот. Па добро бре, па мојон за мене да не се грижи?
    Татко да не е што 18 години не се погрижил да види дали детето му е живо и здраво?
    Дали има да јаде? Да се школува? На суд да му влечеш бедни 3500 денари месечно?
    Некој што по улица минува покрај тебе и врти глава ко да си тотален странец?
    Не дека и јас чувствувам потреба да застанам со него, ама сепак на моменти боли.
    Па да, вам ви фали нешто. Да не случајно немало кој да ве одбрани ако ве закача некој?
    Па и немало кој сред зима да ве собере да ве носи дома. Сами низ снег сте пешачеле.
    И немате вие татко што на секоја ваша смешна и бедна прдешка вика „Молам сине?“ и не ви дели совети од искрена, машка гледна точка, и не ве поддржува во секоја бесмислена глупост,, па и немате кутрите кому да се обратите кога ви треба силна машка прегратка, сила и поддршка.
    Не, јас го имам тоа. Мхм.
    О колку само би ценела барем 1% да имав од тоа суштество наречено татко.
    Па за 1000 денари плус или минус ќе се потресувам и правам проблем.
    И не, и построг да е, не ви дава за право да го плукате, зошто кога и да ви затреба било што, тој ќе е првиот што несебично ќе пружи рака.
    А кому јас и сличните на мене ќе се обратиме?
    Кој мене, ко дете единче, ме прашал дали ме закача некој? Дали ми се допаѓа некој, па да ми даде совет како да се однесувам? Кој мене ми се радувал на матурата? Кој утре ќе ми се радува на дипломата и ќе ме пречека со широко отворени раце? Само мајчето што единствено го имам, а вие жалете се дека прадедото и комшијата не стигнале. Оти родителите, браќата и сестрите се небитни што се таму, тие по дифолт мора да се таму со нова кола за вас, зошто инаку не ве сакаат.
    Кој, ако некогаш се омажам, ќе има до мене да ги извршува должностите на таткото?
    Моментот за кој речиси секое женско сонува кога таткото ја предава нејзината рака во раката на момчето, во мојот свет не ни постои.
    Ќе го има таквиот, да го наречеме, татко и кај мене, ама тој не ми е ништо освен разурнувач на нешто свето, а тоа повеќе боли одошто теши.
    А за некои е ништо невообичаено оти знаат дека го имаат, па затоа 1000ка им е поскапоцена.
    Туку кој не знае како е, никогаш нема ни да разбере.
    Само ќе испадне смешнава кучка лае за да ја сожалуваат, ништо не и’ фали, па сега тоа не е ништо чудно, еее какви проблеми има по светов, таа за тоа се жали. Been there.

    Неблагодарници едни.
    Сте осетиле вие отсуство на татко, па се дрзнувате да се лигавите за бесмислени работи. |(
     
    На Robert.Langdon, SomeWhere, Buttterfly и 46 други им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Пуштете ми ја целата среќа на светот. :)
     
    На bittersweet, kate21, Serafima и 23 други им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.997
    Допаѓања:
    123.762
    Значи мразам копии! Ама ептен.Зар до толку нема замисла како сака да изгледа невеста?Зар не и е ќеф (ако веќе сама не знае) да се потруди да си најде нешто на нет.?Па твој ден е човече,биди единствена,а не (моја :devil: ) копија.Значи до толку се напнав,мада маж ми ми вели да сум била горда чим решила да ме копира.
    Ама не :!:
    Исти чевли,иста фризура,иста шнола,ист фустан -само што немало иста чипка,очајно барала,иста декорација во хотел,исти покани,исто фото студио и сето тоа гордо ми го кажа-дека сака свадба како мојата |( Сестра ми ме искара дека да била на мое место ќе кажела ова,ќе искоментирала она,ама не можев бре :x Само бев ваква :o
    Бре,ама младина,некреативна,неиновативна само да види нешто и-така сакам да биде! Што да се очекува друго,пак........

    Туку денов |( ,тапа ми е ама озбилно! Дали дека не се напив кафе :yawn:

    Друго-не можам бе ја без него.И тоа сакав да ви кажам,дека го сакам,до бескрај.Вчера и завчера му бев лута,ама ептен.Го гледам синоќа,што ќе прави не му зборувам,си легна во 10 човекот :lol: Ми омекна срце кога го видов заспан,сеуште со грижата на вина на лицетои не ме трпеше срце -го разбудив за да го гушнам силнооооо,и така си заспавме :)
    Решив малку повеќе толеранција,а не се да си ставам на срце.
    Изгубив 2 дена во лутење,иако нема назад,а тој не сакаше да си ја признае грешката,ама приметив дека му е криво што направил така.Место лутење-само љубов :nod:
     
    На Strumfeta93, Artemission, SexyLady и 12 други им се допаѓа ова.
  11. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Потполно се согласувам со calliope.
    Му се лутат на татко си што не им дава пари за облека,за патики.
    Ма ти се мочам во патиките,јас живот би дала сега тато да е тука со мене :fubar:
    И сега што,не ги сакал,што им е работава? Или можеби тие повеќе ценат едни најк патики од својот татко,кој ги израснал,кој ги учел да бидат луѓе? Нека размислат прво во кого е проблемот,во нив или во нивните родители?
    И што сега ако мене мајка ми ми купува најк,ако имам адидас патики,кога татко ми не е тука,да ме заштити,да се радува на моите успеси?
    Ја би сторила се,буквално се,би се жртвувала себеси за татко ми да се врати.
    Одамна го преболев тоа,но ми се лоши секогаш кога кутрите се жалат што нивните родители не им купиле блузичка.
    Ма немој да ме јебеш бре. |(
    Па јас би им купила,само да престанат да кукаат.
    Нека научат да ценат што имаат,аман веќе...
     
    На calliope, MaCa-J, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    СДК, чисто апдејт за еурокрем вљубениците - Агроплод е пак наш! (ова ко „Солун е наш“ :D ).
    Свислион ја изгуби парницата, па акциите им се одземени и вратени на државата :clap:

    СДК 2: Проговорив..... :wasntme:
     
    На Lolipop23, Hkikica и Elennaa им се допаѓа ова.
  13. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Леле.....Многу ми е досадно.
    Од една страна сакам да почнам во школо,а кога ќе ми текне на учењето сакам дома! ;)
     
    На MaCa-J му/ѝ се допаѓа ова.
  14. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    Сакам да кажам зошто има многу груби луѓе што не почитуваат мислење на другите? :?:
     
    На Ivi05 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Денес е ден за полирање недостатоци. Ахам. Се разбудив со помислата дека имам неправилен нос, истакната брада, ситни бебешки влакненца на челото, вишок кг. И сето тоа спласна ко суфле кога си ја разбистрив мислата со сочна праска и книга, кога сфатив дека утрото ми е исполнето со вчерашните вкусови, сокови, мисли и емоции.

    Ме разбуди Тој. Вчера бевме на вечера на суши. Фасцинирана сум од едноставноста на вкусот и убавината на храната. Како да јадеш мини богатство. Богами и така е. Морав да забележам еден феномен. Сите што ќе им ја донесеа храната, си ја чкрапаа со мобилните?!
    Ок, и јас не јадам суши секој ден ама АМАН. :|
    И ок. Амбиентот ние си го создадовме. Гушкање вечерно, после тоа шетање низ градов наш и мекост во очи. Си признавме кои сме си, еден пред друг, по којзнае кој пат. Уште неотиден, ми недостига. Го стискав вчера во кревет како да ќе го пуштам и никогаш нема да го видам. Чудна е таа психологија, ти се спрема телото, срцето, душата, на непосакувано отсуство, но и силно енергетско присуство.
    Ќе направам некој мил појадок денес, ќе возикам точак и имам потреба за некаква духовна исповест. Знам и како да го остварам тоа. Храмот го имам во себе. Се вика Љубов и слуша и кога другите се глуви. Срцето мое.
    Убав ден, нека ви биде полн со радости.
    Јас, имам многу планови, но реализацијата зависи од куп фактори. Се будам полека и ми станува јасно која сум.

    Единка што постои и убаво и е.
     
    На Buttterfly, Trendafilka, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ... на крајот од денот, сепак ... добрите луѓе привлекуваат добри луѓе.
     
    На sleepingbeauty, Strumfeta93, CaperucitaRoja и 10 други им се допаѓа ова.
  17. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    СДК дека ретки се луѓето што ја ценат добрината.
     
    На Serafima, Divinebutterfly, PeaceLoveBasketball и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    За сите девојки што сум ги имал, знам точно да објаснам зошто веќе не сме заедно. Не ми била убава, не била паметна, немало муабет, се облакала ко' циркузант, другарките ме напаѓале, била некултурна, не сум знаел што муабет да и правам, и така до 101 и назад. Ама за оваа последнава не знам што да кажам. Знам зашто не сме заедно, ама не знам како да го објаснам. Затоа кога ќе ме прашаат, во старт ги сечам и не им давам да ми редат глупи прашања. Им викам: ќе бидам брз околу тоа, никогаш повеќе со некоја како неа. И чудна работа, никој не ме прашал зошто. Ко' да знаат дека немам одговор...
     
    На mims-89, moonlight-girl.55 и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.269
    Допаѓања:
    157.708
    Живописност на женското тело и различната своја перцепција на истото,но најчесто нерационално високо, истенчено, со пози на похотност кои уриваат во вода нечија еволуција како личност. Градирањето на жените,веројатно оди просто...по градите?! Не очекувајте убав свет каде анималните умисли го вртат светот.
    И се некако се прашувам дали е јаве, вруќа панталона,памучна,со се учкур у дискотека?! А?! Абе и тренерки топ стојат,па не ги носиш зимно време на излегување у град,па уште и со чизма,по можност бела со црн патент... Веќе кога сме на темата.

    Животно училиште,со голема партиципација. Одломки од душа и себични побуди.
    Убавината на се тоа е,топлината која ја носи поглед кој се претопува со бојата на морето,веројатно кога ме создавале моите имале идеја да ме создадат од морска пена,карпа и малку мермер. Неидеална, но со силна припадност кон длабочините до степен да ми се собере кожата и да почне да пука,и оп... некое нимо рипче кое ужива во својата бесконечна слобода...додека не биде лапнато.
    Утринска свежина со познати дланки во коса,кафе и спокој. Вољата и игнорантноста кон глупавоста веројатно се клучката која светот го става во позиција на подносливост.
    Нешто кое ме дразни и веројатно ме фрла во тежок апсурд се погрешните средства за просење на внимание. Дозволи да бидеш забележан, дозволи да бидеш мразен и отфрлан,не по друго,ами по добрина и исклучителност,но не се труди да бидеш разбран. Не можеш да удоволиш на милиони,од проста причина што луѓето ги сакаат луѓето само кога се мизерни,тоа не го сакаат само твоите родители. А до тогаш, можеме да го читаме Коељо и да сонуваме романтично.
    Проста дефиниција на женски пријателства која никогаш не ја сфатив и не ја забележав толку силно до скоро е... ако ти е другарка која те сака,најверојатно се чувствува супериорно над тебе. Ни широкоградоста,ни слободоумноста...ништо не помагаат,освен ако не сте дијаметрално спротивни,па дури и тогаш своите избори ќе ги смета за далеку подобри.
    Не знам,можеби грешам,но важно ми е какви личности привлекувам околу себе,особено од спротивен пол... кога бега од критериуми и изнудува воздишка на попаленост и ништо повеќе,да речеме дека ми се подповраќа од истото... Како сега да те гледам,со кои очи да те гледам кога зализга низ брдо?!
    Мислам дека не се остава секој да биде среќен. Може да е среќен кога убива...па не го толерираме...

    Ако треба да го бојам со музика,веројатно звучи вака...
    http://www.youtube.com/watch?v=hR6xErbrBmk
    Налик тажно,но идејата е оној балкон, јас,тој,бескрајни дилеми, една вистина, една мисла. Месечинка која се аби, чувства кои растат. Под плашт на слобода која те фрла во некој зен за кој не си ни знаел. Си трепериш тивко.
    Ако треба да го бојам со бои, калеидоскоп е изборот.
    Убава енергија добивам од сонцето,од луѓето од кои учам, од оние кои пронаоѓам многу причини за да ги сакам...

    Не сум видела добро од жена,како и да било. Ниту една не сакала да ме запознае со се уште несигурен дечко,а ниту пак со нивни другари. Да објаснам, те купуваат, за себе си да се продадат по поволни услови потоа,а ако тебе те изнесат,веројатно ќе го видат оригиналниот продукт и тоа е тоа...

    Поздрав фемики,внимателно чувајте се една од друга.
     
    На zarah, Strumfeta93, renata77 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Во денешно време човек на тераса да неможе да си искочи и раат да си седне ...па тоа кога ќе те лупне директно во ноздри мирис на манџа , па на кромид , те на некои други манџурии ... Одсега строго со штипка на нос по дома ќе шетам да не ми текне случајно нели да си седнам на тераса .. :^) Ако ништо друго барем знам кој што има за ручек . |(
     

    Прикачени фајлови:

    • 5050308_700b.jpg
      5050308_700b.jpg
      Големина на фајлот:
      66,4 KB
      Прегледи:
      209
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.