Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И она кога учиш се од почеток. Полна сум приказни, како некој да ми ги праќа луѓето за да учам, за да им се радувам за да знам дека постои и можно е. Авионски љубови кои траат 5 децении. Љубови кои знаат срамежливо и слатко да се фатат за своите 75 годишни рачиња и да одат на пивце и полжавчиња, љубов која се случува ненадајдено. Многу ми беше убав моментот кога Нуно и ја бакнуваше раката на Линда на која фалеа 5 прсти ама за него беше најубава дланка, и се буквално едно.. постоеа и функционираа како едно. Полна сум моменти.. како ново напишана книга. А да и си купив книги многу.. едвај чекам да ги читнам.. Светот е убав, а кога е љубовта присутна е уште поубав..
     
    На Buttterfly, antonina, SexyLady и 12 други им се допаѓа ова.
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.186
    Секое лето ми носи депресии ... Нема промашај.

    И ова не беше исклучок.

    Заклучив дека кога немам обврски, јас не знам што да правам сама со себеси. Немам хоби некое, едноставно преку целааа година го барам слободното време, а кога ќе дојде не знам како да го искористам најубаво.

    Уште точно месец до почнување на факултетот. Пред 2 години имав толкава трема, мислам оти полудев тоа лето. Не знаев дали ќе ме примат таму, па во студентски, се секирав за матурата, се секирав како ќе се снајдам во Ск, сепак јас бев едно мало, срамежливо, кревко девојче во секој поглед. Освен во карактерот. Тој ми е ко хороскопскиот знак, бик. :tmi:

    И лани пак имав минимална трема, иако не бев бруцошче. Оваа година, мислам оти дури и одважно ќе влезам на тој факултетот со крената глава и спремна пак да се борам цела година. Не дека се правам важна, туку оти веќе не се чувствувам толку повредливо од било што. Научив толку многу за себе во овие две години. Да, јас така си го делам периодот. Пред и после запишувањето на факултет.

    Оти мислам дека се променив доста во овие две години. Прилично доста.

    Порано бев многу срамежлива, дури и ме фаќаше трема кога требаше да зборам со други, непознати луѓе. Пак си бев јас самата, никогаш не сум била нешто друго, али бев многу очај за социјалните вештини. Имав и имам ужасна трема од зборување во јавност, тоа мислам оти никогаш нема да се промени. :D
    Али научив да зборам со секого на начинот на којшто ќе ме разбере.
    Во Скопје кога сум, никој не приметува дека сум од друг град. Зборувам литературно, без никаков нагласок или акцент што би укажал на нешто друго. Јбг, имам и западно коренче. Можам и западниве дијалекти да ги фатам без проблем.
    Научив самата да си ги завршувам работите, без да барам друштво од било кого. Добро, освен за шопинг, тоа дефинитивно не се прави сам. :D
    Претходно не можев да си замислам сама да патувам со воз, кој ќе ми прави друштво бе?! Сега дури и сакам сама да сум, да си ги средам мислите, или да читам нешто, да слушам музика за тоа време.
    Увидов колку ми се битни моите, фамилијата. Ми фалат многу во Ск, зошто без нив само не можам. Татко ми е најдобриот за мене, знае во секој момент дали нешто не е во ред, и што е најбитно, само тој знае да ме утеши, само тој. Така да, овие две години настрана ми помогнаа да сфатам дека само на нив можам безусловно да се потпрам и само ним да им верувам.
    Увидов дека добри колеги се малку, многу си го гледаат само својот гз, гледаат да се тепаат само за 10ки или за повисока оценка и дека ако не почнеш и ти да гризеш некогаш, ќе те направат ко овца за стрижење.
    Бруцоши, запамтете дека ретко ќе имате колеги од доверба, оти секој сака да е подобар од вас. Без исклучок. На факултетите каде што ќе имате конкуренција, само тоа важи. Нема колегијалност, газете кај стигнете, нормално во рамките на совеста. ;)
    Станав многу поцврста во овие две години. Некои ситни работи не ме дирнуваат ко порано, не ме интересираат работите од порано, едноставно можеби ја намалив мојава пречувствутелност. Станав можеби и малце кучка, али во ваков свет ама ич не ми беше потребно толку грижа за другите.
    А можеби и само така велам ... Уште размислувам дека некој ќе остане повреден со некоја моја постапка, али бар полесно е да се одлучам вака. Иако совеста не верувам дека некад ќе ми се намали, така сум воспитана.
    Си го сакам физичкиов изглед повеќе од кога било. Веќе 2 ипол години не сум ставила килце, или ако го ставам, го намалувам. Си ја сакам облеката, сакам како се облекувам. Дури и косата почна вака да ми се бендисува.
    Ментално појака, здравствено послаба. Крвта ми е добра, али железото намалено. Веројатно од лошата моја исхрана, каде што не јадам готвено, туку јадам се што не треба да се јаде. :(
    Се навикнав да учам побрзо од било кога, што да правам кога еден испит е 600 страни.
    Се навикнав да одам многу побрзо, автобусите не ме чекаат мене. :D
    Се навикнав да се нервирам ради љубовта, да плачам, да се репкам од ѕид (не буквално), али тој ми е многу мило човече. Мојот мир и мојот најдобар пријател. Порано не мислев дека со машко би се поврзала толку, али ако верувам во сродни души, јас мојата веројатно ја најдов. И еден бакнеж може многу да направи ...
    Паднав во многу депресии, што поради факултетот и паѓањето на 1-2 испити, што поради осаменост, што поради љубов, што поради немањето на верен пријател ... Бар научив ако паднеш дека не е крај на свет. Мислам на испит. Сега учам за да положам. Ако паднам, имам шанса. Имам колешка што мислам дека ако падне некад, нејзе ја чека кома. :D Патетика ...
    Имам и колешки, што кутрите за 10ка се спремни и од џигерот да си продадат. Уште една патетика ... За греота. Толку бре да бараш 10ка, а? Не се чувствуваш малце мизерно? Затоа почнав тие 10ките да ги гледам со недоверба и тврдам дека тие не знаат повеќе од мојата 7ца, 8ца па дури и нечија 6ка. Има луѓе што стварно учат да, али не сите со просек се подобри од 6ка која не е од лижење гз земена. Ги жалам кукачите за 10ки, ако не си ја заслужил, што ја бараш? ;)
    Научив и дека низ животот поминуваат многу пријатели, другари, али скоро никој го нема кога ти треба. Јас немам најдобар пријател/ка. Немам, оти се е од корист, никој нема да ме увери во спротивното.
    Ретко се наоѓа некој што нема да гледа да те зафркне, што е совесен и искрен.
    И да, многу сакам да се вратам во средно. Многу.
    Тоа не беа вистински пријателства како што се покажа, али си поминував најубаво во животов. Се смеев секој ден, бев многу позитивна личност.

    И сега сум, али мојата позитивност ја вадат само оние луѓе што заслужуваат.
    Веќе не сум дете, мислам дека со моиве размислувања сум била секогаш позрела од врсниците, па затоа светот не ми е толку розов ко порано.

    Али сум среќна и покрај се.
    Здрава сум, колку - толку, фамилијата научив да ја сакам најмногу на свет, нема ништо поважно од тоа, имам дечко кој многу го сакам, иако се караме, кој ме трпеше досега, а веувам дека во иднина, бар малце ќе му попуштам во тоа подрачје :D, факултетот оди супер, исчистени се двете години, одиме со сите сили на подобра трета, пријатели, иако неискрени, сепак се наоѓаат ...

    Ајде лето, ме помина и оваа година со депресија, али чувствувам дека и таа си оди како што ти полека си ги собраш парталите. Филмови од кај дечко ми извадив еден куп, тоа е моето хоби, нив ги обожавам. Ќе ме чека дедо со шахот за да ме победи. Мама со некоја кавга, која ќе заврши за 10 минути. Баба со некој филозофски муабет, или со некое рецептче за јадење, малото со карање за компјутер, и тато со пивце после ручек. Еххх ... едвај ги чекам новиве предизвици годинава, едвај!
    Али дотогаш, ќе ја убивам досадата со ова што го напоменав.

    Кога седнав да пишувам, мислев 2-3 реченици да сврзам само. Али очигледно пишувајќи сама си дојдов до последниов заклучок. Па така да, ќе ми опростите за замарањево.

    Битно, јас си дојдов пак до мојот колосек. :)
     
    На Strumfeta93, Sawyer, antonina и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Таткото на векот: „Таа е моето срце, јас сум нејзините нозе"
    Солзи ми надојдоа на очи ...Браво!!!! :clap: ;( ;( ;(
    Љубовта не се мери со предмети туку со дела :clap:
     
    На OneDirection, pamelche и Serafima им се допаѓа ова.
  4. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Преку глава со овие One Direction. Ќе се фатат за нешто тинејџеркиве и цел интернет е преплавен со нив. Не можам weheartit да отворам. Свашта. |(
     
    На thelittle17, Monna.Monna, calliope и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ги средував папките, полни ми беа со пораки. :)
    Пораките ми разбудија емоции.
    Со тешко срце ги маркирав и ги бришев. Една папка оставив со посебни пораки. :P
    Со многу форумски ликови сум контактирала преку пораки, некои пораки и сум ги заборавила, па ќе ја отворев пораката и си се смеев на тоа што сме пишувале кога ќе се потсетам.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Сдк дека се повеќе се разочарувам од се околу мене.Животот знае да биде толку непредвидлив и се да се смени преку ноќ.Повеќе не знам од кого што можам да очекувам.Не знам по кој пат ми е ова да се изгорам,ама мене очигледно не ми доаѓа памет.Колку и да се лажам дека не се замарам,сепак кога ќе легнам мислите надоаѓаат и ми го крадат сонот.Зарем е толку тешко во денешно време да се најде една квалитетна особа,која од тебе не гледа само некаква корист,па без разлика дали станува збор за дечко,другарка,роднина...Изгледа најновото правило за опстанок е колку си посебичен и поискварен,толку повеќе ќе успееш во животот.Но,за жал не сме сите створени такви.....
     
    На MaCa-J и IndieGirl им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.269
    Допаѓања:
    157.708
    Коа ќе чујам кажано со гордост - скопјанка, веднаш на ум ми доаѓаат вариетети на исклучителна некултура и простотилук,ете толку.
     
    На ozbilnazena, mims-89, JoxyTheFreak и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк дека некни бев во зоолошка и се разбеснив кога видов како само се однесуваат кон животните тие кои што работат таму.Кутрите па не им се криви тие за тоа што тие си имаат некои фрустрации и комплекси па да ги лечат на нив. |( Да можев сите би ги зела дома кај мене без разлика јкакво животинче е :D .Сега за сега ако успеам да ги убедам моите ќе морам да се задоволам со тоа да си земам дома едно мајмунче. :D Да прашам дали се продаваат и колку пари. :?: Толку ми беа слатки,како мали бебенца да гледав и сите да бараа малце љубов и грижа од нас која ја добија,но за жал тие таму ги натажија кога им се равикаа и нивната среќа се претворе во тага :( :devil: ми идеше да им се развикам јас нив,па да видат како е кога некој ќе ти вика над глава.
     
    На Ammy.Lee и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Сакаш да прашаш :lol: Иначе тоа е така затоа што не можат сите да бидат културни и да го почитуваат мислењето на другите, има најразлични луѓе на светов, затоа тоа е така. Ама сепак, живееме во 21 век и треба да се вразумат. :)
    Agree? ;)

    Иначе СДК дека многу ми е досадно и на моменти сакам да е Есен, да почнеме во школо.. :rain:
    Ама кога ќе ми текне дека ќе почнат домашните, испрашувањата, тестовите ... по убаво ми е дома! :D
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.456
    Не сакам да си ја предизвикувам среќата...уште не е завршен денов, ама еве ќе се осмелам да кажам дека денот е прекрасен :inlove: .

    Моменот кога ги отворив очите го зедов компјутерот ис е уклучив на скајп. Мама слави роденден :inlove: .
    Ок слави можеби не е соодветен збор бидејќи таа, јас, брат ми и внуците сме распрскани на четири страни и е сама дома. Но сепак е нејзин ден и сакав уште рано од сабајле да и повторам по незнам кој пат колку многу ми значи нејзиното присуство во мојот живот и колку си ја сакам.

    Малиов втора смена на работа, а времево топло па отидовме на ладна супа :P . И го удривме меракот но никако да ја пронајдеме вистинската. Нареден пат повторно ќе го смениме ресторанот...потрагата продолжува.
    Потоа он отиде да поплива пола саат пред работа а јас на плажа со една прекрасна личност со која сум сигурна дека ќе изградиме добро пријателство.
    И покрај долгиот туш сеуште го чуствувам песокот на себе..онака лепливо гнасно хахахах, не ќе да е лошо да удрам уште еден :?:

    Вечер на диета...нешто лесно, не се јаде многу на жешково.
     
    На slavica999, Ammy.Lee, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Минатата година ова време,се во животот ми беше поинаку.

    Бев многу возбудена а воедно и исплашена,едвај чекав да започнам со новата етапа од животот,со факултетот. Тргнав сосема сама и наидов на различни луѓе,секој со своја приказна и со своја цел.
    Денес,после една година,со гордост можам да издвојам 5 личности од истите кои не ги ни познавав а ми станаа мили за кратко време.

    Мојата прва година на факултет која се случи минатата година,ми создаде промени во животот. Го сретнав него,со него бев сигурна,со него бев заштитена.
    Денес него го нема во мојот живот,но моите 5 личности сеуште се таму,прекрасно е чувството кога ќе ти кажат дека им недостасуваш. Се чувствувам убаво,мило ми е што сум им оставила впечаток.

    Кога го пишував ова сватив дека летото завршува.
    Неможам да се пофалам со голема љубов,бидејќи не ја доживеав. Можам да се пофалам со многу нови искуства стекнати преку нај различни ситуации.Но тоа не значи дека не ми е убаво,иако не е завршено уште сега ќе си го зачувам како моето најубаво лето.Посебно ми е.

    Но не,летото не е мојот период.
    Есен,зима.. Тогаш цветам. Минатата година во есента се заљубив,минатата година во есента бев сакана.
    Есента доаѓа,а јас сум убедена пак ќе бидам сакана!
     
    На ripkata, NewGirl, SexyLady и 9 други им се допаѓа ова.
  12. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Беше далечна септемвриска ноќ... Полна месечина и чуден сјај во очите. Неописливо скокоткање во срцето. Пеперутки во стомакот. Бакнеж, прегратка и насмевка.

    Пак се ближи септември.. Можеби пак ќе има полна месечина ама не знам дали пак ќе има чуден сјај во очите. Дали пак ќе се чувствува тоа неописливо скокоткање во срцето?Дали пак ќе прелетаат пеперутките во стомакот? А можеби пак ќе има бакнеж, прегратка и насмевка. Само дали ќе биде се толку искрено како пред толку многу години???
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Да се биде сам и осамен, не е исто.
    Можно е да бидете сами, но да не се чувствувате осамени.
    А онаа полошата варијанта е постојано да бидете опкружени со луѓе, а длабоко во душата да се чувствувате како да сте единствениот човек на светот.

    Со тато се слушаме секојдневно, а одвреме навреме и се гледаме.
    Но, и покрај тоа што околу него постојано е згрижен персонал, и покрај целосната нега која ја добива во бањата, и покрај останатите пациенти кои таму ги запознал, вели дека му недостасуваме ние. Се слушнавме денес додека со сестра ми правевме макарони, а тој по телефон ни вели: Чувајте ми една порција за вечера. Мислевме дека се шегува, се додека не се појави на врата и многу пријатно не изненади. Патериците не му биле пречка да се качи во два автобуси за да си дојде дома. Само за да не види нас, да седне на тераса и да решава крстозбори додека слуша радио. Карпа човек е.
    Му фали домот, знам.
    Ама сѐ ќе биде, сѐ ќе помине.
    Само треба да се има сила и трпение.

    Да можам, би ги прескокнала наредниве месеци.
    И би застанала во времето кога сѐ ќе биде по старо.
     
    На Buttterfly, Strumfeta93, Juicy03 и 32 други им се допаѓа ова.
  14. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Главна вест на денот дека Џафери умрел. Тоа не вреди ни да се спомне, а не па толкаво значење да му се придава. Ај и ден на жалост прогласете глупави!
     
    На Lepaaa, rossonerka и fallenangel им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Летово комотно можам да кажам дека доминираше едно чувство кај мене - чувството кога не те држи место, имаш црвци во газот што би рекле постарите. :D

    Дали мојата интиуција претчувствува нешто (ова како срцекршачка, м? двете сме ракови, до тоа ќе е :?: :rofl: ), дали нешто навистина се случува што ме тера вака да збеснувам, поим немам. Цело време сум на штрек и чекам нешто, а поима немам што. Се дочекав летово, ама буквално се, од чекање изгрејсонца на плажа, збеснувања, излегувања, кафиња, до дочекување да ме ограбат, уште ми фали трудна да останам и да ја заокружиме приказнава за лето Господово 2012. |(

    Ама знаете, толку сум збесната, што не знам што попрво да направам, а само што ќе почнам, немам живци да го завршам. :^) Кога ќе ме спукаат бубите, си викам, ајде испаѓај надвор, оди, шетај, прави нешто. Оп, по половина саат, леле досадно ти е веќе, ајде, оди си дома и пушти филм. Океј, филмот е пуштен, а ни десеттата минута не поминала, јас веќе сум го исклучила. Ајде, батали, земи да читаш. Сто книги почнав и ниедна не ми го држи вниманието, пред некој ден од бес ја прочитав Пајажината на Климентина. :geek: Книгите ли се глупи, филмовите ли ми се глупи, се ми е глупо. На крај јас глупата ќе испаднам, обично тоа така оди. :D И ќе се изнервирам и пак ќе отидам некаде, ќе се акнам, да не седам дома, оти нели, црвците мрдаат.

    Арно им реков дома, дајте јас ќе ја рушам куќата, ќе ја канализирам енергијава.. :!: они мајстори запнале ќе викаат.

    Море бутурот ми е, ќе ми фали времево на црвци и досада за два месеца. :D
     
    На SexyLady, Monna.Monna, calliope и 11 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.621
    Допаѓања:
    43.236
    Пол:
    Женски
    СДК роденден и е на мајка ми.Младичка е и честитав 40ка со напишана порака на врата.Знам дека секое утро влегува кај мене во соба пред работа, па знаев дека ќе ја види и ќе и го разубави денот.И ја виде, ме бакна па и мене ми го разубави.
    Да ми е жива и здрава, само тоа сакам и да доживее длабока старост со сите радости околу неа.

    А вчера бевме на излет, се прокупавме, ги совладував сите мои стравови да влезам во вода.Се посончавме малце, јадевме во друштво на татко му и така уживанција цел ден.
    Морам да напоменам дека освен што го сакам него, многу ми е пријатно во друштво на неговите, никогаш не направиле да се чуствувам лошо, напротив, секогаш атмосферата со нив е толку опуштена...е како да не го сака човек кога излегол од такви луѓе!
    Одам јас во весела фамилија, јуху :D
     
    На SexyLady, PeaceLoveBasketball, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми се гади од дрскоста и бесрамноста на луѓево што кога ти требаат никаде ги нема (а не па да ти се јават чисто онака или пак за кафе), а кога нешто им треба нив и под дрво и под камен ќе те најдат


    [​IMG] на сите вас !!!!
     
    На SexyLady, Ammy.Lee и lovely91 им се допаѓа ова.
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Со смешка летам и се шетам. Среда е мој ден, цел живот го викам тоа. Среда е маж, плав и со широки раменици ама денес сум го зграбчила за муда како никој.

    Цел ден се вртам низ кујна. Мама купила тазе леб од Тинекс ама од оној нивниот, печениот, со крцкава кора. Денешната диета: леб со путер. За блага верзија мед, за солена сол. Ете толку е прост животот, тазе леб со путер и тоа е тоа. Кога сме кај путер, среќен роденден Џулија Чајлд.

    Јас од ден на ден посреќна. Брат ми повозбудена. Мајка ми паничи. Пред малку ми рече да не заборавам мед да јадам во Италија. На секое кафе кука дека нема да има со кого да го пие кафето. Ох мамче, ме смееш до бесвест.

    Опиена сум од среќа во мали количини. Во Кавадарци ќе има џез фестивал, се надевам ќе го посетам. Но тоа се планови за иднината. За утре, сакам да се возам во автобус без да седне до мене манијакален тип и да јадам баклава со фстаци.


    Дузице, читај ја Робинзон Крузо и Хајди, кај мене тоа е златното трио со Клементинка. И трчај гола на полна месечина, тоа ја стабилизирало душевната нервоза. ;)

    Nat King Cole и лежење на паркет во несредена соба до ниедна доба, the real deal my women.
     
    На SexyLady и Doozy им се допаѓа ова.
  19. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Се стокмив....

    Документи- CHECKED!
    Уплатници- CHECKED!
    Диплома- CHECKED!
    Пенкало- CHECKED!


    Епа wish me good luck.
    Се надевам дека ќе се снајдам утре.
     
    На ripkata, SexyLady, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Денес можеби, од целиот распуст.. Ми беше најсреќен ден.
    Нема посебна причина за тоа. Цел ден, ми помина во смеа.
    Мило ми е, што успеав неколку да расположам. И да ме расположат.
    Ви праќам насмевки на сите вас!
    Денес сум спешл селекшн расположена, и среќна.
    Ако од смеењето, навистина се продолжува живтот, јас ќе живеам вечно.
    Ве сакам сите, многу. :wasntme: :l: :l:
    И ќе одам да си легнам, додека никој не ми го расипал расположението. :wasntme:
    [​IMG]
     
    На SexyLady, cinderella5, PeaceLoveBasketball и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.