Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Тажен крај имаше ова прекрасно лето.
    Ништо чудно,такви се летата кај мене.


    Прво мислиш,на седмо небо си,најубавиот период во твојот живот,и после,големо разочарување.
    Веројатно вечерва добро ќе се изнаплачам како пред 5 години,веројатно повторно ќе ја имам истата тага во очите.
    Веќе се навикнав,и тоа многу добро се навикнав,и многу добро знам,знам како е еден период во годината да ти е секогаш ист.
    Шеснаести август е утре.
    Обичен датум за повеќето од вас.
    Утре ќе бидам одалечена со километри од местото на кое секоја година одев.
    Далеку од очите далеку од срцето велат.
    Хах,само не почувствувале на своја кожа.
    Ветувам,кога ќе се вратам на тоа место ќе ги однесам најубавите цвеќиња,ќе ги кажам најубавите зборови,но нема да подарам ниедна насмевка.
    Само солзи,безброј солзи...и веќе многу сум чувствителна на оваа тема кога се приближува тој датум..шеснаести август,ах.
    Тој датум....ме вознемирува :)
    И никогаш нема да можам да кажам колку многу ми недостига таа негова топлина.
    Не ме бива за поет јбг.Посебно не утре.


    Шмрк,шмрк,шмрк...


    Ветувам дека од ноември ќе бидам посилна.
    Тогаш ми е најдобро,некаде после мојот роденден на петти ноември,тогаш се ми е на место.
    Пак ќе се радувам како мало дете.
    И ветувам,од сега секогаш ќе се ценам себеси.
    Таква каква што сум.Нема да дозволам да паѓам.
    Пак ќе бидам среќна,сакана...како некогаш,знам,чувствувам ;(
    Таа што сум,Хелена.
    Таква каква што сум.
    Па макар и пак да најдам некој си од пичку си матер.
    Ќе си го сакам на свој начин,како што знам,по свое.
    Но ниедно машко нема да го замени тато.
    Ќе бидам силна,среќна :D
    Заради тато,заради први март и шеснаести август.
    Ги нема тие зборови,ги нема...неможам да опишам колку ми недостига.
     
    На Alesii, mims-89, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    6.688
    сватив дека желбите се едно а реалноста сосем друго.тоа многу ме разочара. денес се вратив на место каде мислев никогаш во живот нема да стапнам.ете по некоја игра на судбината пак се најдов таму.солзи ми потекоа кога се присетив низ се што поминав.последен пат кога излегов од таму се заколнав дека никогаш повеќе нема да се вратам.тогаш си заминав со солзи во очите целата расплакана.уф како само да заборавам колку бев повредена.кога заминував од таму се заколнав дека никогаш нема да дозволам некој пак да ме повреди.но денес кога се вратив душата ме здоболе,морници ми поминаа по тело но не затоа што сеќевањата ме удрија по глава туку поради што ја повторив истата грешка.а се заколнав,си дадов збор дека тоа ќе ми биде добра лекција за во живот но не испадна така.не научив од сопствените грешки а тоа скапо го платив.
     
    На SexyLady и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    "Вистинските пријатели се оние што се со нас кога ни се случуваат убави работи.Не подржуваат и се радуваат за нашите успеси.Лажните пријатели се оние што се јавуваат само во тешките моменти,со тажни лица и солидарен поглед |( ,а всушност нашето страдање ги теши во нивните бедни животи ..... "
     
    На fallenangel, Elennaa, Rubiii и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Големите очекувања ги носат најголемите разочарувања! - Факт
    Никогаш не очекувај премногу, не очекувај воопшто, за да не останеш со палецот во уста. ;)
     
    На fallenangel, kate21, Elennaa и 11 други им се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    И досадата веќе не е тоа што беше... :x Барав малку одмор, а сега, кога го добив на неколку саати, се жалам дека ми е досадно.
    Во секој случај, убав ден.Успешен, исполнет, да не кажам дека се надминав себеси. Лошото е,што секогаш се опседнувам со мислата дека не било доволно,дека може повеќе.
     
    На SexyLady, PeaceLoveBasketball и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  6. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Одам по улициве на градов и се чувствувам како странец. Се чувствувам како сите погледи да се вперени во мене, баш во мене, со прашален поглед кој вели „Која си ти? Што бараш тука?“

    А, јас плачам....

    Плачам за кучето што јасно го отсликува стравот, отуѓеноста, гладот, тагата и оди наведнато со главата надолу, барајќи барем корка леб, бегајќи од мене кога му се приближувам. Зарем не знае дека јас го сакам, дека јас сакам да му помогнам, да му подарам барем трошка љубов, која толку многу му треба, која никогаш не ја запознало?!

    Плачам, за човекот без раце и деформирани нозе што го поминува секој четврток седнат до фонтаната кај пазарот. Знам дека го заобиколувам како и другите, се правам дека не е дел од мојот живот, дека никогаш не сум го забележала... И никогаш немам оставено ни еден скршен денар пред него. Зошто ли гледам на тоа како понижување?!

    Плачам за природата која е уништена со секоја новоизградена зграда...

    Плачам за згазеното маче на улицата и несовесните луѓе кои го оставиле да лежи таму неколку дена, а јас ја преминувам улицата трудејќи се да ги оттргнам очите од речиси распаднатото тело...

    Плачам за врапчето кое моето куче го уловило или го нашло умрено во дворот. Дали умрело од безмилосната природа или го убило кучево кое толку го љубам, чисто од забава, од незнаење, поттикнато од својот инстикт? Сеедно, не заслужувало да умре така, не заслужувало да гледам со гадење во беспомошното здрвено тело...

    Плачам за работникот на седми кат во 15 ч. на +40 степени, а над него само ведрото небо и августското сонце...

    Плачам за растението во заборавената саксија кое овенало додека бев на одмор, а јас толку се трудев секојдневно да го снабдувам со вода, за да зеленее, цвета, живее...

    Плачам за сликарот и музичарот, кој живее во еднособно станче со своето семејство само поради тоа што просечните луѓе не знаат доволно да го проценат неговиот талент, неговиот дар....

    Плачам за пијаницата што се влечи по улицата, за наркоманот што си го заборавил и сопственото име, за девојката што си го продава своето тело.. Бидејќи скршнале од патот и ја изгубиле смислата на животот...

    Плачам за сите луѓе втурнати во оваа претстава во еден чин наречена живот.
    ТИ си актерот и режисерот на претставата. Повеќе инструкции нема.
    Еве ја сцената, светлата се вперени во тебе, публиката е тука...
    Што чекаш?! ИГРАЈ!

    Вечерва плачам за мојата неспособност, колебливост, безпомошност, незнаење...

    За себе.
    И за вас.
     
    На julie77, Moira, SexyLady и 4 други им се допаѓа ова.
  7. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    93.971
    Пол:
    Женски
    ден што носи-година не носи!многу сакам некако да ги видам списоците со планови на дедо боже,да си го најдам името мое и да ги ококорам очите,исто како на школски час кога ѕиркаш по оценки пред тромесечје!
    Се ставам себеси во групата на луге што веруваат во судбина!и точка.и кога мислиш дека и пркосиш на истата сепак е судбина!и ништо ама баш ништо не е случајно!ниту една болка и насмевка,и поглед и средба-само треба да ги претумачиме..
    Искушенијата прават човек да размислува..секојдневно..и кога се мислиш дал да стегнеш бурек или интегрален геврек,и тоа е искушение,не па ли да избереш меѓу две особи,два факултети,боја на чевли...абе свашта

    туку знаете кога значењето кога животот се осеќа до коскена срж?кога губиш и кога добиваш нов човек..се друго е лук и вода!..ај чао и извинете за неврзаниов муабет
     
    На julie77, SexyLady и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Оваа гордост е гадна особина. Најгадната.
    А бре ко немо говедо зинам да кажам нешто и ме пресекува од корен. Не можам, не можам да си олеснам, не можам ништо. Ме стега, не ми дава да дишам, а ме стега и некажаното. Само чекам да експлодирам во секој момент ко предуен балон. Баш ко балон кој од едната страна упорно го дуваат, а одозгора му ставаат камен за да видат колку ќе издржи. Да му се изживуваат на болката и маката.
    И кога ќе пукне или ќе биде смеење ко зелени или некој гадно ќе наебе.
    Ко мало дете сум. Час сум лута, час си викам „Па што?“ за една иста работа.
    И не, знам дека пак никому ништо нема да кажам.
    Постоеше период кога можев послободно да се искажам, кога барем мислев дека тоа се цени и му се придава некоја минимална важност. Сега не се ни мачам.
    Тоа е она што ме спречува повеќе. Џабе ќе јадам зелени и ќе ми биде бетер оти биле сфатени сериозно ко развиеноста на косовскиот туризам.

    А не се жалам па. Е како не, црн бил животот.
    Денеска си се обрукавме со другаркава за сите пари.
    Си чекаме автобус и се туфкаме само да не ни се падне некој од старите, оти отидовме.
    И среќа ни се погоди нов, брз, седат госпоџиците задоволни и дискутираат.
    Ми вика: Абе ти викам јас нема од Штуз (фирмата) раскантани автобуси.
    - Има бе, ене баш еден.
    - Не мори, читај, тој е на Самсунг. :D
    И пола автобус патос. Душа, ја побрка рекламата бе. :D
    Затоа после ни јас не останав должна. Средија госпоѓите работа и да прошетаат низ центар ајде. Другарицава се беше запнала да го видиме споменикот на Тоше што го ставиле и гледа од далеку:
    -Абе оној онде да не е?
    И се избацува Каљопа: Каде? Оној ли на коњот? Па што го ставале на коњ?
    Оф, кога ми текна само што плеснав, си се тешам со фактот дека 27 саати немав спиено.
    Ко срцекршачка станав, се` ви раскажувам, ко демек ве заболе. :D

    И така. Час сум ваква, час онаква, баба Марта може да ми завиди.
    Ме боли стомакот. Ми фали блискост, некому да верувам.
    Сега само би се смотала ко клопче во топла прегратка и би молчела.
    Не ми требаат зборови, не сакам ништо. Тишината е погласна.

    Мех, чурук невиден. За мене ПМС по се` изгледа и не постои. Јас постојано сум во ПМС.
    Се веам на 100 страни. Баш ко мислењево.
     
    На Strumfeta93, PeaceLoveBasketball, cinderella5 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Ми фали бубу!! Едвај чекам сабота!
    П.С ТРЕБА ДА УЧАМ ЕКОНОМИКА ОД УТРЕ!! :devil: :devil: :devil: :envy: :puke: Ми се повраќа! :swear:
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  10. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Заборавлив ден, меланхолично расположение....пред мене стои важен настан, и јас наместо да бидам радосна за утре, конечно одам Скопје, ќе си се запишам на факулет...мене ми е сеедно. Мразам кога на убавите работи им доаѓа крај. Уште повеќе го мразам фактот што тие убави работи кај мене прекратко траат.
    Го мразам фактот што дома имам два неотпаковани подароци за него....Уште повеќе го мразам фактот што сум огромна кукавица што не му ги дадов кога требаше...А најмногу го мразам тоа што тој никогаш нема да дознае дека сум купила нешто за него...А и да дознае, не верувам дека тоа ќе му значи нешто.
    Тоа е тоа, живот иде даље, со него, без него-мора да се живее. Само се надевам дека неговиот лик нема да го зафаќа целокупниот капацитет на мојот мозок и центар за меморија...Па треба да учам да му се сневиди, не можам само на него да мислам |(
     
    На PeaceLoveBasketball и SexyLady им се допаѓа ова.
  11. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Одмор,одмор,одмор...Ми требаше вакво нешто...Слаба ми е конекцијава тука и само ве читкам,а неможам да пишувам...Ви праќам гушки...Се читкаме за некое време :* :*
     
    На PeaceLoveBasketball и SexyLady им се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Јухууу, сега за сега сум трета рангирана на мојата насока. Само уште да се потполне квотата или да има минимум 20. :rock: :party:
     
    На Strumfeta93, Waka-waka, Elennaa и 15 други им се допаѓа ова.
  13. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Сакам да кажам дека сакам многу работи...е толку. :?:
     
  14. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
  15. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Ете ги пак шамарите..
    Се тешам дека тркалото се врти,па ќе дојдат подобри времиња :)
     
    На CIA, ViktorijaMari, Smilly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Денес седев во Вегера со љубово и срцето ми се скрши. Застана на стаклото еден бездомник и не гледаше толку тажно, му се познаваше гладот. Само што ја бев купила кифлата, без збор станав извадив 20 денари и му ги дадов заедно со кифлата. Луѓето ме гледаа. А неговите очи ме погледнаа толку срамежливо. Слаб, прљав, испиен, со тажен поглед.

    Убаво си пишав пред некое време статус. Чујте ги туѓите приказни, само така ќе сфатите дека вие сте една од најсреќните приказни. Може ќе почнете да го цените животот и да бидете благодарни и на она малку.
     
    На Buttterfly, 1209, Sara123 и 38 други им се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [​IMG]

    Се згазив од смеење на сликава, трагикомедии, ама чиста вистина! :rofl:
     
    На Sara123, Elennaa, Glossy-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    History repeats. Да не беше тажно ќе беше смешно.
    http://www.youtube.com/watch?v=_77HBgXyWRA
    Не вреди да се коментира, ама :!: само се прашувам дали некогаш ќе испратиме некоја на Избор за Мис што е способна барем две реченици напамет да научи на англиски за да се претстави?
     
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Го имам најдено најдобриот човек на планетава за да му ја доделам титулата најдобар пријател. Во секое време спремен да сослуша, посоветува и да понуди прегратка. Ми ги брише солзите, ме смее, ме прави среќна. Додека Тој, па тој после две години си легна на брашното и очигледно си ја живее бајката- Ма ајде, две години веќе ја имам, нема што да се трудам. Тука ми е и мама- најдоброто и највредното нешто подарено од Бога.

    Но, што вреди кога не поминал ден без да заврши без солзи и бес. Не памтам кога последен пат сум се насмеала. Сфатив дека кога дома не ми е во ред, никаде не е! Изиграна од пријател со кој израснавме заедно, искористена од две годишна пријателка, уништено другарство од Него, незаинтересиран татко, оставена сама на себе... А незнам ни зашто ги пишав како пријатели, кога очигледно не се?
    Невр мајнд. Ќе си очајувам колку што треба. Уништена сум, немам солзи.. Немо плачам, безволно се смеам, живеам поради мама и најдобриот пријател. Што ќе ми е животов? Да живеам во дом со пригушена атмосфера во кој се јаде само леб и одвај некое манџиче затоашто нема пари, да бидам сведок на викотници кои како ехо се одбиваат од сите ѕидови и ми го кршат срцето, да бидам на игнор од личноста со која сум две години, да ја гледам мајка ми скршена од болка и тага, да го гледам татко ми во два навечер после кафана во ненормално стање?

    Не вреди ништо. Но, сепак останувам насмеана и коректно поставена кон сите.
    Што биде нека биде. Јас завршив со моето. Испиена сум, изнемоштена сум, без воља сум за ништо.
    Незнам кога последен пат јадев, постојано слушалките на уво, кучето за ланец и цел ден шетање. Ако ништо друго барем од кога почна распустот имам симнато 18 кила. Јеј, веј ту гоу!
    И така, то би било то.

    Енд ши ливд анхепили евр афт`р.
     
    На cinderella5, Lolipop23, CIA и 4 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.127
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека темата Што би му кажале треба да ја преименуваме во Што би им кажале, па имаме тука девојки со толку удварачи што не им стига темата, нели за еден е, па бегаат од контекст малку.(Ако знаете на што/кого мислам ;) ) :rofl:
    Одамна не сум имала целодневна со учењето, па редно е и тоа да се направи. Да си седнам, да си се задлабочам, така ми е најубаво. Ама работава е додека да седнеш... Ајде ќе биде и тоа.
    И да ви кажам право кога читам некоја статија на нашиве страници и кога ќе видам дека стои сВаќања не го отворам повеќе. Ми кажува тоа се за писменоста на авторите, па да не зборувам за веродостојноста на информациите.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.