Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.445
    Термини термини термини...не можам да престасам ;( :emo:

    Ама за убаво е, од кафенце, коктелче и сладолед со блиски личности никогаш не е доста.
    Распустот мора да се искористи максимално и да се наполнат батериите со енергија за петтиот семестар од септември.
    Кога сме веќе таму...едвај ги чекам резултатите од четвртиот семестар, треба кај да е да стаса пликото.
    Како сака нека биде, јас сум на коњ што би рекла мама :rofl:
    Само уште неколку месеци и јануар крај со испити и стресови. Ќе си пишувам дипломската на раат и потоа крај и со оваа фаза од животот :d:

    п.с
    зачистив од сабајле низ куќа, ама ич не ми се пегла.
    И нема ни да пеглам, не се штрекам не сме голи има што да облечеме, здравје боже и утре има ден.
    Си испеглав косата, се нашминкав, си се нашлапав со антицелулитна...така е многу поодбро
    :!: Само една од предностите да си живееш без свекрва .

    После една година конечно ќе видам една добра стара другарка... тргнав јас :*
     
    На ViktorijaMari, Lepaaa, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    6.622
    Искрено немам волја да пишувам, немам волја да живеам, како подвижен мртовец сум искрено. На лицево не ми се читаат емоции, изгледам рамнодушно ама кога ќе дојде вечерта веднаш има нешто што ме тера на плачење и последниве два дена мислам дека се изнарикав за цел живот.
    Колку само може една единствена работа, ама сепак битна, да ти упропасти се во моментот.. и џабе е бе некој мене да ме сака, глава да дава за мене, па и милион души да трчаат по мене, не ми е важно.. Таа личност што ти е потребна, на таа не и е гајле за тебе. Тој се би направил за мене, а тој мене не ми значи ни ронка, додека јас се би направила за некој друг. Ама така е тоа во животот. И никако да се погоди.
    Незнам веќе што да направам, се осеќам.. мртво. Сите ми дадоа слични совети и повеќето ми се гледаат како разумни да ги применам, ама како да те оставам бре Стефане, како да направам пауза, како ЈАС да се однесувам ладно со тебе? Ајде, кажи ми. Па јас се растажувам срце ако не ми ставиш на фејсбук што се вика, не па за нешто повеќе, хитна нема да ми помогне. Затоа деновиве гледам што повеќе да се социјализирам, да гледам да те подзаборавам, по цели денови да бидам излезена со некој, иако знам дека во одреден момент ќе пукнам, ќе им се изнаплачам и после пола саат ко ништо да не било, ќе се смеам.. А кога ќе се вратам дома, пак го осеќам тоа тапо чувство во градиве.

    Насетувам дека и на другаркиве за некој ден ќе им станам досадна, затоа најдобро дома да си останам, да си се поплачам на мира и да ми помине.. некој ден. Деновиве, а воопшто и во досегашниов живот ова ми е едно најголемо прашање на кое му треба итен одговор и решение, а моментално го немам. И не верувам дека ќе го имам.
    Едноставно се чувствувам како срцево ми жари и има толку чувства за тебе ама сега има формирано еден слој од мраз над него и е студено спрема се што се случува. Не покажува дека го боли.

    Посакувам воопшто да не влезеше повторно во мојот живот, да не почневме да зборуваме воопшто. Посакувам засекогаш да се избрише оној датум кога повторно те сретнав.. 24 фебруари.
    Сакам да те избришам од мене.
     
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Зошто некои мислења како да ги читам по втор пат? :^)

    Туку сакам да кажам,си го пијам кафенцето со вас,ама после следуваат обврските.Ако,ќе си ги завршам.
    И сакам да кажам многу ми се допаѓа спалничкава,сакам вакви убави,да ти е мерак да спиеш :D Само да не останувам по цел ден во неа :D

    [​IMG]А и оваа не е лоша,истиот модел,ама други бои :) [​IMG]

    И со среќа на уписите на сите,дај Боже да се запишите каде што сакате.А и не се очајувајте,ако некој не успее,сигурно ќе дадат уште места.Ама јас знам дека сте паметни и ќе влезите ;)
    Имајте убав ден :*
     
    На pamelche и MacenceEna им се допаѓа ова.
  4. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Јас разбирам дека за два дена или таму колку е ден на АРМ, ама ова хелихоптериве и авиончињава главата ми ја пукнаа овие два дена со тие вежби ли, што ти ја знам.
    Десет хелихоптери од кои 8 воени и 2 помали и 3 авиончиња летаа може саат време над нас.
    Прво високо да скоро не се ни осеќа дека поминуваат, ама кога ќе се симнат подоле куќава се тресеше мислам :x .
    Мир да се немало еден ден бре. Се се наоѓа нешто да те ремети ... :|
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добар ден, ЏенЦки :) Малку го запоставив форумов откако се вратив од одмор, but I'm back :) Морав да се видам со сите другари и другарки по ред, да си раскажеме како сме си поминале, па да пиеме кафиња, да делиме импресии и тако то. Ќе се видам со едни, па другиот ден се вратиле другите, па ајде и со нив, па третиот ден дошле и третите од одмор... Крај нема. Ајде уште најдобриот ми другар да се врати од одмор и завршувам со ритуалните постодморски кафепиенки.

    Туку, СДК ја направив првата нарачка од интернет вчера и се радувам па, едвај чекам да ми стигнат дрангулиите што ги испонарачав :clap: Да е жив и здрав човекот кој ми го овозможи ова :D Жена како жена, имам ритуал пред секое купување. Познавајќи се каков импулсивен купувач сум, си се припремив психички и си викам во себе: Sexybaby, знаеш дека кога ќе почнеш да купуваш не можеш да престанеш, така да размисли што ти треба и што сакаш да купиш, немој да фрлаш пари на непотребни работи. И си почнав, си го порачав првото нешто што ми требаше, еден преубав часовник кој го меркам од памтивек. Па уште и на попуст беше, oh yeah ^_^ И си викам, епа штом е на попуст саатчево, чекај и уште некоја ситница да си порачам, и така се евтини. И така, таа „ситница“ магично се претвори во десетина прстенчиња и ланчиња :tmi: Плус саатот! Не бе не, џабе е се’. Се познавам себеси, знаев дека ќе се случи ова, па уште пред да почнам да нарачувам, се осигурав дека имам (прилично) повеќе пари отколку што треба :cash:

    Ах, бееее, пусти жени, пусти пари, пуст шопинг и пусто немање на самоконтрола :o Значи, свесна бев дека не треба да фрлам пари за глупости, и дека се’ што ми требаше беше само рачен часовник, ама пуста јас... Што да правам, визуелно суштество сум (т.н. жена) и сакам се’ што ќе видам. Епа, нека ми е наздравје, ќе си се сторам лична, накинџурена мома и ќе се дујам ко паун кога ќе ме прашаат од кај ми е ланчето, прстенот, саатот :clap: Ете, некогаш вакви површни работи како убав (и ефтин :!: ) накит ми причинуваат задоволство и ме прават среќна и не можам против тоа.
     
    На julie77 и cinderella5 им се допаѓа ова.
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Темата Модни критики е место за ваквите кои ужуваат да добиваат комплименти дека не се слаби, дека се згодни, убави, бла, бла. Не ми се ни влегува во неа. Предлагам им да ги ѕирнат само темите за Диети и слабеење, па после да пишуваат дека се дебели, а уствари тежат 50 со се кревет.
     
    На chocolate.chick, Lepaaa, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  7. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Напраив пица и не ми загоре!!!!!!! :party: :party: :party: :party: ^_^ :whew:
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека мастикиве за џвакање се потрајни од денешни врски.Ако можат да се наречат врски.Жими се најмило.
    Се сакаат,имаат неимерна љубов,пиштат срциња на фејсбук од сите страни,абре битно се љубат.Целиот град ( ако живееш во помал град) знае колку многу се сакаат,и само однеднуш нешто искрснува.И готово толку,не се сакаат повеќе.Згаснува љубовта.И гледаш тогаш фрчат статуси кај двајцата од типот, за љубов треба да се бориш да не се откажуваш. Да тоа навистина е така но само кога љубовта е вистинска.Па и од типот,не ми е криво што ме лажеш,криво ми е што мислиш дека ти верувам.А не ми се прават колку се сакаат,а ги гледаш за викенди секој од нив двајцата се мувал со друг\a.Е каква љубов е таа?! Зарем тоа нешто може да се нарече љубов.
    А знаете што е најтрагично што кога сите знаат дека се сакате,и неизмерни се сликите на фб со љубениот.И тогаш навистина сите ве сожалуваат,ајде срцка ќе пројде...Тој\таа тебе не те заслужува,заслужуваш ти подобар. И што би рекле старине свако чудо за три дена па така и со болката.
    Викендот ја\го гледаш срцескршениот во кафиќ со друг\a се мува.Е толку била љубовта бре.
    Е искрено преку глава ми е од вакви лигуши.Нека научат еднаш да сакаат,па после нека пишуваат онакви срцепартелни статуси и песни.
    Цел свој живот,го пишуваат на фејсбук како да им е дневник. Лошо.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Кој ке учи на оваа време м ?? Овие ипитите што не ги оставија за во Септември :?????
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мила: Мамо најмногу те сакам.
    Тој: Ќе успееме.
    Сестра ми: Ми фалиш, те сакам.

    Ете ми ја суштината на мојот живот.

    На поставеното прашање што е среќа, еден пријатели одговори- избор.( Луѓето ќе вложат многу повеќе да изгледаат мизерно и да бидат тажни, отколку сеќни. Затоа среќата е избор).

    Јас денес избирам срцево да ми ужива во аритмијава на Љубов и внимание..

    Денов обоен. Ќе си земам да читам книга, и ќе ви кажам читајте ги постовите на Шилеа во врска со жртва и Љубовта, имате што да научите зошто се искрени и реални.
     
    На Buttterfly, 1209, NoellePage и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Нема определено време за учење ;) Кога треба тогаш ќе учиш. Некогаш ќе се погоди преку цела година да имаш за учење и шо? ЌЕ си одлагаш? Плус само еден пат е тоа за запишување,па запнете се еднаш,нетуку се жалете.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.268
    Допаѓања:
    157.701
    Дали мајката на Аце личи на Анџелина Џоли?! Дилема ми е цело сабајле...
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    СДК дека денес сум пресреќна. 4 години и 4 месеци поминати со анѓелот мој. Кога ќе се сетам што се сме поминале, колку убави моменти, колку пати ми бил рамо за плачење, колку пати ме тешел и ми помагал да се исправам од тешкиот неуспех, не знам што би правела без него.
    Среќна сум што имам ваков човек до мене. Го сакам најмногу на целиот свет :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Lepaaa, Anja98, Unfaithful18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Толку многу муабети неискажани со одредени личности на кои им дојде редот, и денес има да ги стројам сите и по незнам кој пат да се изјаснам дека јас ја мразам златната средина, не сум за, и не подржувам и не сакам оговарања на другарки меѓусебно а пред сите глумење на најмили другачки.
    Животот ми е предобар за да јас се замарам и трошам време нерви из борови за ваѓите идиотски муабети и оговарања, значи денес иако немав време за вас во последните неколку месеци, еве ме, само зашто сте прекрасни со мене, ама тоа не ви дава за право да ми дробите цели два три часа додека пиеме кафе или пиво како тоа дргарството веќе не е тоа тоа, еми не е!
    Јас си имам прекрасни луѓе до мене, другари до срж, го имам и дечко ми, кој ми е најдобар другар, се уверив во тоа по незнам кој пат, и денес одам да им оддадам почит на овие мали луѓенца, зашто биле тука за мене, и знам дека сум им сега потребна, но мојата цел е денот да си го направам добар, со смеи и шали, а не со нивните малограѓански размислувања и патетики и тупење се за едно нешто.
    Кога ќе бидам колку тоа сум напредувала и каква личност сум горда сум и си се смешкам онака најслатко, нека пукнат сите, јас живеам живот 360 на час, живеам за мене и моите до мене, секој ден сум среќна, секој ден има нови работи кои ме прават среќна, имам луѓе кои ме љубат искрено и без болка, и затоа Господе фала ти, не можам повеќе да посакам, другото што следува во животот зависе само од мене и мојата амбиција, и знам дека ќе успеам, можеби побавно, но успехот не ми бега, зашто сум упорна и храбра, а успехот го привлекува тоа!
     
    На Monna.Monna, ViktorijaMari, Angel.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ги жалам црнциве,по цел ден на плажа шеткааат по сонцевоо демек за да продадат неешо,амаа се испекоаа ко ражничи на скара :D :|

    Седам на лежалка и наеднаш пред нас застанува црнец со чадори за на дожд :!: :rofl: :rofl: и вика:Hello my friends,hello my friends ,umrella ,umrella...и такаа цело времее.
    Абе жално е се печат по цел ден на сонцево ,аамаа како го викаше тоа се скапав од смееење,и после одма во момент незнам мозоков кај ми ископа ми текна на песнава,незнам самоо од кај ја ископав.... :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=YhIgSk-g ... re=related
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    СДК дека си ја легнав малечката да дремне, си направив цедевита, си ставив многу лед и си земав розева цевка. Се нацртав пред компјутер и малку да искулирам на фемина, моето вистинско место за опуштање во изминатиов подолг период. :*
     
    На pamelche, MacenceEna и Lepaaa им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Носи ги на Марков манастир. Па на Козјак, ау обавезно мора на Козјак. Ау на Матка носи ги. И на жичара.
    Ама жичарата не работи, Водно е затворено.
    Ау да бе. Епа тогаш на Пантелејмон тоа мора да го видат.
    И Свети Спас. И на пивце у чаршија.
    И обавезно нели на плоштад.
    На пло - што? Таму не ги носам, таму им стаам марама на очи и ги вртам три пати у круг, бројам 5 - 10 - 15 20 - 25 - 30 и викам GO! Коа ќе осетиш мирис на ќебапчиња, кажи ми дека си на лице место.

    Шала на страна, стварно има доста што да им се покаже на странциве кога доаѓаат. Ама да не се лажеме, прскачки кичови тоа не се!
    Страшно ми се гади од сите кои стојат покрај фонтаната, праат гужва и се сликаат пред неа. Не можам да опишам колку многу :(

    Кој народ сме, мх мх мх. Со убава земја, која гордо им ја покажуваме на странци.

    Јас утре со тапани и леб и сол, шопска и ракииче ќе ги пречекам моиве гости. Сакам да осетат нешто што кај нив нема - македонски менталитет, топлина, страв од промаја, и...пак страв од промаја :lol:
    Ацо и компанија им ги оставам на оние граѓани кои брзо забораваат, и се сликаат поред неа.

    А грлово ренде, битно ренде за шопска неам.
    Ќе да е од промајата.
    Ма сто посто.

    [​IMG]
     
    На Buttterfly, green.eyes, 1209 и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... тој чукнат момент кога упорно, трпеливо и послушно стоиш во редот пред банкарскиот шалтер за да ги платиш сметките, и дотична мини-теткица ти бара лична карта, за да посведочиш дека си во сродство со носителот на неплатени тон сметки.
    |(

    Добро мори жено, добро бре административни правила, кој ве измисли волку глупави?
    Кој непознат ем неарен во паметот ќе чека 30 минути и ќе ми ги плати сметките? Ако некој сака да ми го стори тоа зло, бујрум, нема да се бунам.
    Многу ми е шубе кога ќе слушнам - ама такви се правилата. :!: И ми го кажува тоа со некој авторитет и сигурност во муабетот, чиниш открила алхемичарска загатка.
    Па глупави ви се правилата, сменете си ги. |(

    Летото си одбројува и се тенчи, јас едвај чекам да го испратам.
    Добро е, се држам. На сета манџа од проблеми, нервози и високи температури, зачинети со трескање на врати и урлања за исклучување на климатизерот и светилките, за да не' не акне дамла од следната сметка за струја, добро е.
    Уште само да се помолам да не бараат лични карти во банка, па некој непознат да се смилости и да ми ја плати. :D
     
    На Buttterfly, Springy, Monna.Monna и 28 други им се допаѓа ова.
  19. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Минатото е минато, останува таму некаде далеку, заробено.
    Без разлика мене постојано ме следи и ме повредува.
    Дали со случаен поглед , или пак намерен збор .
    И велат времето лечи се и дека се што е лошо ќе помине а забораваат дека спомените остануваат , остануваат како лузни , длабоки лузни кои долго време болат се додека не се појави нова за да те натера да ја заборавиш старата ....Во меѓувреме пак ретки се тие кои ќе ти понудат барем една прегатка ,една насмевка ама искрена и малку надеж за утре ...
     
    На julie77 и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.567
    Допаѓања:
    251.980
    Како да издржете Овошен ден во диета?
    Плаќајте сметки!
    Проверено!
     
    На ludoto19, Doozy и Trendafilka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.