Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Нема ден да не влезам во влезот на мојата зграда, да не поминам покрај нивната врата, да не ја почувствувам болката на мајката на едно мало дете и 2-месечно бебенце, поради прерано изгубениот сопруг. А тој, нека му е лесна земјата, беше едно фино младо дете, културен, згоден... со жена му беа заљубени како паровите во турските серии. Станчето уредено тип топ, имаа навидум преубав живот. Но, тоа е животот. Суров. На 34 години го напушти овој свет поради неизлечива болест.

    Кога ке чујам дека некој починал на таков начин посебно се растажувам, едвај се воздржувам да не заплачам. Имав сестра која почина од леукемија. Иако не ја знаев, се родив одкако таа почина, сепак тоа ми е болна тема, многу ми е жал, премногу. Понекогаш се прашувам каква би била, како би изгледала, кој би и бил момче, како би било да се караш со некој за седење пред компјутер... Да се разбереме, си имам уште една сестра, жива здрава фала богу, и од неа имам две прекрасни внучиња без кои не можам да си го замислам животот. И благодарна сум за тоа. И благодарна сум што моите се сеуште живи. Влезени веке во шестата деценија од животот -период кога би можело било што да им се случи. А сеуште имаат многу време до пензија. Сеуште треба да работат физичка работа, на 50 степени да минат долг пат пешки за да стигнат до работното место. Наместо единствена преокупација да им биде што ке се случи денес во Зет Домазет, тие барат начин да сврзат крај со крај, да платат трошоци за факултетот кој никако да се стегнам и да го дозавршам. Идиот, неблагодарно копиле сум јас, ништо друго. Не заслужувам ни одмор да ми платат, ни ништо. Тие кои се секогаш со мене, ме поддржуваат, бодрат, се жртвуваат... А јас што? -само гледам да си купам нови чевли, нешто гардероба... неблагодарна..

    На време или не, го сватив тоа. Ке ги исчистам оние 2 испита преостанати, ке си најдам работа, нема да бирам бидејки имам голема желба да олеснам дома финансиски. Само Господ да ги проживее долго, да можат да видат што сум постигнала, да си помислат дека жртвата цел живот се исплатила. Само здравје и долг живот на сите мои блиски, и ништо друго не ми е битно. Се плашам од смртта многу.
     
    На Buttterfly, 1209, Moira и 52 други им се допаѓа ова.
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ако се воведе опција да се смени никот, ќе се пишам Невестe, оти Невеста е зафатено, а неактивно. Сач а шејм. Така, фенси е името и денеска во продавница ми се обратија со „Повели невесте?“
    А невестево, шта да ви причам. Во еден смешен шорц, хардкор црна маица, остатоци од шминка и отскочни папучи од кои рипка кога оди. Чиниш готик домачица. :wasntme:
    И така, ќе ми се обраќате со „Невесте. СП до Невестето“ итн. Мх!
    Па макар никогаш не станало невесте, невестево ќе го држи никот. За инат! :!:

    Инаку поштувам мушка жена.
    Не да личи на, рецимо, Харис Џиновиќ (ко демек он е дефиниција за алфа мужјак), туку да е таква силна и независна. Непатетична. Да ја боли патлак иако го нема, и ич да не ја боли што го нема.
    Ко девојката на шведскион демек плејбој принц.
    Е тоа е жена! Малиов рипа наоколу ко петел демек ќе се тепал, а тие го сокршија од ќотек, дури не се убаци женска му и ги реши. Тројца! Ако не ја жени, педер е и спие на таван со коса полна вошки.
    А подолу ѕиркаат три последователни вести за непрежалниот развод меѓу Кејти Холмс и Том Круз, па дали се разведувале, дали останувале заедно. Новинарска дилема.
    Е добро де, гив дем а брејк.
    Некогаш треба време да се најде сродна душа, некогаш се наоѓа веднаш. Некогаш мислиме дека сме ја нашле сродната, некогаш сфаќаме дека тоа не било тоа. А може па подоцна да сфатиме дека сме грешеле и дека сме ја пропуштиле истата.
    Некогаш сродните души се среќаваат во погрешно време, на погрешно место и се разделуваат поради погрешни одлуки, за на крај да завршат со некои помалку сродни и предоцна да сфатат дека може направиле животна грешка. Но никој никогаш не признава, па гледаме таблоиди полни лажна среќа и гламур, а празни срца. Само знам дека веќе човек и кон сам себе не е искрен. Се плаши од самопризнавање и самоповредување.
    Загледав баш една сцена од филм/серија, што и да беше, дедето на смртна постела раскажуваше на лекарите околу себе за жената која никогаш не ја заборавил, а се венчал за нејзината сестра.
    Мех, старите генерации и нивните стројници, колку само љубов имаат уништено.
    Има стројници и во поново време, се нарекуваат демек другари и делат фенси „корисни“ совети.
    А дедево ме натажи. Толку сиот живот биле близу, а не ја осетиле потребната блискост.
    Се скрши и тогашната му жена кога случајно слушна преку врата.
    И? Зошто толку животи бре се уништиле и не биле комплетни кога цело време биле на дофат на среќа, а упорно самите ја пуштале толку лесно да им се лизне од раце?
    Од кукавичлук! А Каљопа т.е. Невестето, вечно ќе ја мрази таа особина. И неборбените слабаци!

    За крај, да се уверите дека не е се` така црно, да ви покаже невестево една неверојатна понуда ко што нема ни во Топ-Шоп.
    Може и најјакото нешто после Шонко Нери, Џонтра Волта, Алка Поне и Алпа Чино!
    [​IMG]
    Ми требаа дури неколку секунди да скопчам за кого се работи. :D
    На здравје!
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, bittersweet и 26 други им се допаѓа ова.
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека едвај чекам да се спасам од миењево чинии. Миј, миј, пак полн мијалник. |(
    Вчера излегувам да пружам алишта и ја гледам жицата на комшиката празна. Пружам ред пешкири, одам до дневна да се јавам на телефон и кога се вратив по 3-4 минутки имав што да видам - жицата до мене полна, а јас гревна 2 саати пружав 5 пешкири за на крај пак да не се пружени ко што треба. Компирите денеска црнци ги направив.
    Не ме бива за домаќинка ама ич.
     
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Навистина сме чудни, се нешто ни фали, секогаш велиме ах уште ова да го имавме и супер ќе беше, после некој период ќе дојде и тоа и кога треба да речеме сега е супер, ние велиме ех уште ова, па уште она и така до бескарај се нешто ни фали, никогаш не сме задоволни од тоа што го имаме, а кога ќе го изгубиме жалиме и кукаме дека не сме знаеле да го чуваме :!:
    Не сум сретнала до сега личност која не се жали дека нешто и фали, сериозно, ниедна личност до сега не ми рекла, ма се е во ред, се ми е погодено :?: се мислам дали и постојат уствари такви луѓе, и каков е нивниот живот, без проблеми :?: :?:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Досадно ми е тука бе, досадно ми еееее!!! Неможам, како да ме гуше гратчево, како да ме гушат улицит, кафиќите, луѓето, муабетите се!!! Да неможиш да излезиш така како шо сакаш, да не речам нормално, да седниш на кафе со тој шо си излегол и да не иде се некој на 5 мин да те прекинува у друштвото со тој шо си излезен! Нема бе такво нешто тука. Сите со сите се познават, сите мора да дојдат и здраво да ти речат, секој знае се за тебе, дури и работи кои и самата не ги знаеш аман! И фала му на господ шо кругот на другари ми е ептен намален и немам работа да седнам со некои и да делкам безвеза муабети само колку да пополнам време. Ама ете тука, ако сакаш да се видиш и да си направиш фин муабет со некој кој ти е драг и близок не оди по кафиќи или такви слични места. Затвори се дома и шо сакаш прави, зборувај, смеј се, плачи...бар нема никој да те замара. Некња одам на базен, а толку многу не ми се одеше, ама ајде немав отидено од пред неколку години и отидов. И си се соблекувам јас да одам да се бањам, и замисли бе, ми иде една, шо имам направено два реда муабет у цел мој живот и ми вика ааааа абе ти си ослабнала. како? од шо? Прво сакав да и ја треснам една, после сакав да и смислам на брза рака некоја диета, ама се откажав. Неможам веќе. Стварно не ми се прават такви муабети со сеирџии. Се насмеав и влегов у базенот. И така си пливкам јас и едно девојче пак. Дојде да ме праша какви ми биле ноктите и кај сум ги правела. Лелеееее. И така јас само си не намокрив 10 мин, фино лепо си излегов од базенот, се забришав, го наметнав на мене фустанчето, си испушив една цигара и правец дома. Абе незнам шо луѓе се тука бе незнам. Се за некој друг се замарат, се за некој друг се зборува... Бев месец дена у Грција и никој ама баш никој не дојде и не ме праша зошто горниот дел на купаќите ми е розев а долниот жолт. Зошто ноктите ми се вакви или такви, зошто денеска стомакот ми е помал а утре поголем, зошто каде и шо. Никој бе луќето си прават најнормален муабет, јас незнам шо е тука проблемот, фале уште да те сликат коа ќе излезиш со нова фаца у градот. Јас кревам раци и неможам веке! Господи те молам прати ме на некое понормално место!
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    За кутрите македончиња нема светла иднина. Буквално. Струјата поскапе.
    И мислам протестиве ќе беа помасовни доколку родителите практикуваа бркање на гулабчињата од гнездото на време, за да има маса што ќе го осети поскапувањето, а не трчаат со книшките во рака и само боцкаат. Таман и ќе беше намален процентот на мамини синчиња па ќе си можев и маж да си најдам, не за друго.
    Ама ако, додека владее старото градење на куќишта со 3 спрата, за синовите со снаите, нека поскапе струјата па да видиме како ќе ги греете.
    Ејјј прост народ бре!
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Еј луѓе, само што се запрепастив. :|

    Си правев јадење, и додека се печеа компирите, седнав на статичниот компјутер. Сестра ми го оставила профилот на фејсбук отворен, и мене така досадно, а и гладна, за да не грицкам некои глупости во кујна, си викам, де да видам баш што си пишувала со другарчињата. И отворам, не знам со некое другарче од школо, муабетот им е... што да ви причам. :D Детево на крај ја прашува, дали има брат или сестра за да си игра и да не и е досадно дома. Сестра ми вика дека има, да, дека се вика Дузи. Детенце ко детенце, отворило на профил кај неа и ме нашло.

    Е потоа следува прашањето од кое мене ми се смрзна крвта - А зошто имате различни презимиња? :o Ама сестра ми, само искулирано му одговорила, па она имала друг татко, па шо, па сестра ми е. :!:

    Значи ќе се испорасплачев, од некоја милина што ми дојде, најозбилно ви кажувам. :D Не знаев дека знае, а и покрај тоа што има неполни 9 години се носи со тој факт мноогу добро. Знаете, откога е родена, никогаш не сме дискутирале на таа тема, секогаш сум била ДАДА, а таа била чикен, кромпир, потејто, мрсулче... :D Никогаш на никој не сум рекла имам полусестра, сум викала имам сестра.

    Ама најмногу ме запрепасти фактот што, НИКОГАШ, ама НИКОГАШ до сега, а сум ја карала многу, и плачела и била казнета поради мене, ама ниеднаш не ми рекла или не ми пререкла нешто околу тоа, да ми рече, која си па ти, не си ми сестра и немаш право да ми кажуваш. Ме изненади колку била она порасната и созреана за нејзини неполни 9 години. Јас најмногу не навлегувам во таа тема, дека нели, дете како дете, знае да фрли стрелички кои буцкаат, не сакам од мала да и го отежнувам мозочето со непотребни работи... :worried:

    А она... Еее, ти мислиш по бандери се мава, а она по жиците да ти одела! :D

    Веќе не ја карам оти не чита.
    Некои работи не се учат од книги.
    Можам да кажам дека од сестра ми ќе биде многу добар човек некој ден.

    п.с. Сега за роденден ќе и смислам некое гоооооооооолемо изненадување.
     
    На Buttterfly, Hipster, 1209 и 52 други им се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    3начи толку не поднесувам распрдени, размазени, испуштени од контрола - мрсулки, да просто да земеш да ги акнеш од земја од што се бесрамни и арогантни.

    Eден примерок од овие погоре, некогаш ќе ми го наруши видикот ама така иритантно делува, се шета ко амеба наоколу, не идела во школо и бегала од дома па со недели ја немало, ми се пофали дека имала 80 мувачи, what else. |(
    Cе подновувала од Jumbo и останати места со по некој примерок што ќе го џапоса од рафт, и згора на тоа па и се фали.
    Mорееее . . . баба ми (бог да ја прости) убаво ми раскажуваше како ги шлапале со ластегарка по прсти кога ќе направеле некоја шала на час, овие денешниве - допри ги, ќе се распостелат по земја, ќе урлаат за да привлечат пажња во радиус од 850 метри мислиш црниот дроб си им го откорнал.

    Aко ако, нек је све дозволено, нек се све проба, подобро нели ко помали да видат како е за да знаат како треба или не треба. |(
    Па и ова ко ќе го слушнам од некои т.н родители . . .


    Cлатки се, мили се дур се малечки. Jас за дечиња душа давам, нема нешто поинтересно.
    Kо ќе пораснат и ќе глумат бате и батина ваквите - оди трпи ги.
     
    На Monna.Monna, PeaceLoveBasketball, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Пак јас. Окапав више по темава, бан мавнете ми.
    Што би рекле за досадиве ко мене по кумановскиве села „Јајца ми ги отекоше, балони ми биднаше.“
    Ама јас бре живеам за овие петарда моменти.
    Навидум глупи, а ме исполнуваат со позитивна енергија која неверојатно многу ми е потребна.
    Ми фали онаа, како ја викаа модерно, БФФФ или Бест Факинг Френд Форевр, ми замина на месец ипол. Не е многу де, ама празно ми е без неа.
    Затоа секој ден си висиме на нет и си праќаме видеа од желки што се парат. Па што? :D
    И во контекст на муабетот што го вртевме, ми текна онаа смешна песничка од Дизни, на Селена и Деми и кроз зафрканција и’ потпевнувам:
    Да бе, сега вака разделени сме ко она "You come from here, I come from there..." и наредниот момент се огласува таа продолжувајќи да пее. Мајчина, и таа ја знаела. :D
    Па кога ја рокнавме ко зелени, ја скапавме.
    Онака...како да се изразам...емотивно. Ко шабанска песна за срцепарање и ломење чаши. Само што нашава беше ретардирана.
    Па што? Бре немој, бедес репутација ќе си нарушам. Што ја немам.
    И ете, таков ситен гест ме развесели. Имам една петарда со која перфектно се надополнувам.
    Без збор, само со поглед, па дури и без него некогаш.
    Перфектно ја знам, перфектно ме знае.
    И дури се спремам за да му ја шетнам малку, седнав да одморам од скокање наоколу и да го напишам постов, па си ја пуштив песничката до даска.
    Мајка ми мина и се прекрсти од кои брутални крајности во кои уште побрутални крајности сум отишла.
    А мене, ко перфектен опис на нашето другарство, ми се уврте во глава оној стих:
    I'm kinda like you, you're kinda like me,
    We write the same song in a different key.
    It's got a rhythm you and me can get along.

    Баш такви сме, тежок оксиморон со огромни примеси на синоним. Невозможна комбинација.
    Спомнав еднаш, ќе спомнам и пак - а бре на сите ви го посакувам ова чувство на другарска топлина. Повеќе ко сестринска му доаѓа.
    Наредната сабота се враќа, а тогаш тешко неа.
    Или тешко мене, зависи која појако ќе стегне. :D

    Денеска сум дете.
    Довиџења. :hai:
     
    На Lepaaa и LilBaby им се допаѓа ова.
  10. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    И покрај сите глупости и срања што ми се случуваат во животов сепак се чувствувам убаво.
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Секој маж има по некој гол, по некој промашај и една статива. Е таа статива, највеќе боли затоа што за малце ќе беше гол.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Бевме прееска на терен што е познат во цела агенција како тежок женкар-беше да ми помогне за склучување на зделка за полесно, и се разбира 50-50 делиме, ама ги оставивме лугето да размислат
    и на вракање назад-во агенцијата дури и седнавме во едното кај злате,и ме почести пијачка,и не ми дозволи да платам :!: ми рече дека девојка кога е излезена со него, тој секогаш плакал(јас си извадив пари, и му реков дека не ми е ниту момче ниту маж за да ме чести) а за накај дома ми кажа дека не се плеткал со колешки-и како по обичај, ми вадеа колегите афери дека ми се допагал сум го сакала :D ама јас ИГНОР 8) битен момент беше кога почна да си ја раскопчува кошулата-а јас онака директно во очи го гледав и само му реков закопчај се и се закопча :D демек фраеров ке ме запали со тоа види ме колку сум згоден-а кога ми кажа што е жена му по професија-логопед и директор на тој оддел каде работи, а има ваков маж(магистар по економија и швалериште прва класа) јас :o :x и дури рака ми пружи -ко демек да пукне, а после во агенција кога стигна-јас пред него стигнав, и ме праша дали ме сакаш, ама како колешка :D пошто му кажав дека сум раскрстила со љубовта :)
    абе не може тој со мене, а особено НЕ со тие финти-познавам еден ист ко него-само неженет е само Муслиман, ке заглави еден ден, ама ПРЕДОЦНА ке му биде, за жал
     
    На Monna.Monna, Lepaaa и cinderella5 им се допаѓа ова.
  13. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Дузи морам да кажам браво за тебе и за сестричката. Тоа ПОЛУ воопшто не е битно кога се работи за брат или сестра. Го коментирам ова бидејќи многу скоро дискутиравме со една другарка за еден случај со еден другар кој, се познаваме 3 години и дури сега кога најмногу се зближивме ни раскажа дека помалото братче му е од различна мајка. Никогаш, ама баш никогаш го нема наречено полубрат, го сака со ист интензитет како што се сакаат двајца браќа, така што никој не би ни претпоставил такво нешто. Му се воодушевуваме нему, а сега и тебе ти го кажувам ова :)
     
    На crazylady, Monna.Monna, Anna-Banana и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Има ли нешто поглупо од Ask.fm на фејсбук? Одговорот е едноставен-нема! Тој профил служи за на дотичната личност што го отворила профилот да и поставуваат прашања,било какви,и притоа тој што го поставил прашањето да биде анонимен... и кога веќе си напраил такво нешто дај одговарај искрено...а не,можда,не ти кажувам,зашто па ти да знаеш или ај на чет... не е тоа финтата... кај па овие што даваат глупи одговори,па да видите какви прашања има :o убиј боже. Најглупа работа на свет
     
  15. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Внимавај што посакуваш од дното на душата.

    Ќе ти се оствари. :!: :?:
     
    На srcekrsacka, PeaceLoveBasketball, Stoimenovska и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Пак јас луѓенца :)

    СДК не знам што е со мене во последно време, ама бре луѓе се сменив 360 степени (уствари 180 де, ако е 360 значи сум се вратила на истото :rofl: ) До пред 2 месеци, немаше вечер да не заспијам плачејќи и тажејќи за мојата лоша среќа, за посраната ситуација во која се наоѓав и уште се наоѓам. Се смеев само пред другите и глумев среќна, а во душава плачев. Во глава ми се вртеа само песимистички мисли и пополека снагата ми овенуваше.

    Овие 2 месеца, пак, се најдобрите во мојот живот. Ништо не е променето, освен јас самата. На подобро. На многу подобро. Сфатив дека имам многу на што да се радувам и за што да бидам среќна. Сфатив дека солзите ништо добро нема да донесат. Секако, моментално олеснување да, но главно се знак на самосожалување. Излегов од својот оклоп и се чувствувам убаво. Излегувам, шетам, се смеам и не сум пуштила ниту солза. Се прашувам од каде оваа промена, кога не ми се случило ништо особено за да ја поттикне? Се’ е исто, ситуацијата во која се наоѓам непроменета, но луѓе, ЈАС СУМ СРЕЌНА! Семејството ми е здраво, живо и на број, Тој е до мене и ме љуби бескрајно, го љубам и јас, имам луѓе околу мене на кои можам да се потпрам, иако малкумина... Па што ми фали? Ниту едни пари, ниту работата од соништата, ниту ништо на светот не може да ми го пружи ова што го имам. Ова вреди многу повеќе, всушност - ова нема цена.

    Се радувам за се’ што имам околу мене, сфаќам колку многу значи сето тоа. И никогаш веќе нема да дозволам да ме надвладее чувството на немоќност и безнадежност. Тешко е, не велам не, тешко е да се издржат тестовите што ми ги задава животот, ама упорна сум, ќе истраам. Ќе издржам, ќе се препотувам, ќе се потресувам, ќе треперам, но на крајот ќе излезам победник. Знам. Морам. Можам.

    Среќна сум! :)
     
    На crazylady, Monna.Monna, PeaceLoveBasketball и 5 други им се допаѓа ова.
  17. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Како само намирисувам некој кој е очаен за љубов и за мажачка :) Стигнале некаде кај 30те и сеа на секоја цена,на било која девојка/маж одма гледат како потенцијален сопатник,а не некој со кој ќе си дадат време и да се запознаат, и да си се допаднат и да видат-одговараш или не. Зошто тоа брзање,не е страшно да си сам на 30. Општеството ли е тоа кое после 26-7 одма те става во категорија-стара мома/ерген и тоа те потиска или пак е до самиот тебе. Зарем не ти е битно да го засакаш и да видиш каков човек е ? Сепак и со него,ако има здравје ќе поминеш доста години,ќе си оформиш семејство,неможе да земеш било кој. Сеа баш скоро една позната 29-30 години,по фејсбук се нашла и се допишувала со некој,за еден месец,отиде кај него и си се армасаа,и тој накај 30 беше и неможев да се изначудам. Од кај знаеш каков е,зошто таа огромна желба да се задомиш по секоја цена? Или па зошто сите,свесно или не,кога ќе видеме некоја околу 30 години,сама се прашуваме шо не е во ред и го даваме тој тажен поглед,демек на сожалување? Ние(општеството) ли ги правиме очајни за мажачка или пак тоа иде од самите нив? Хм..
     
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Убави и интересни ми се романтиките, ама јас поретко ги возвратувам. Понекогаш во тој поглед се чувствувам како да не вложувам доволно во врската, а тој пак си сака изненадувања, како што често ми ги прави мене... Завчера седнав на полноќ да си напишам ред мисли в компјутер... и испаднаа 3 сати откако ја ставив последната точка. Сабајлето возбудиво го испечатив сето тоа, купив плико, отидов во пошта. Му напишав писмо. Денес треба да му стигне.. освен ако стигне во погрешни раце :doh: (мислам, куп љубови се испишани, не сакам никој да го прочита освен него!) Мислам дека ќе се израдува... :)

    *
    Вечер посветена на Буковски, за неговиот 92ри роденден ќе се собереме во истоимениот кафич. Никогаш не сум излегла Пештани, па ми изгледа возбудливо. Меѓувремено, ви препорачувам да го чуете ова. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=FQNmu1Q9NzA
     
    На 1209, Stoimenovska, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    " Среќата ни го продава она што мислиме дека ни го подарува "
     
    На srcekrsacka и pamelche им се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Случајна средба со личност која не ја познаваш,претворена во кафе и отворен муабет од нејзина страна и тоа како ме натера да седнам и да размислам за некои работи.
    Беше искрена со мене (барем јас така мислам),ми кажа овде згрешив јас немој да згрешиш и ти.
    Овде успеав јас,потруди се можеби ќе ти успее и тебе.
    Нормално овде следуваат твоите прашања за кои никој нема одговор.
    Живот бе...

    Не за џабе рекле "Човекот е добар судија за туѓите грешки а лош адвокат за сопствените"
     
    На Hipster, crazylady, Monroe и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.