Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Посебно ме иритираат опасниве цури од 12 години кои се мноогу опасни и одмаздољубиви и никој несмее да го чепне нивното дека си игра со оган.
    Па смислуваат разни глупости,те караат со овој со оној,се занесуваат,Хурем се мислат,јао што не ќе видам еј :lol:

    Ај тие не се ништо,ама пореметениве женишта кои се одмаздуваат во вистинска смисла на зборот?

    За мене тоа е болна и пореметена работа на луѓе на кои не им е убав животот,па им го уништуваат на другите :)
    Зарем ако повредиш некого тоа ќе те направи по-вреден и по-убав,по-голем од него?
    Ако му вратиш кога тој те повредил,ќе го обелиш образот?
    Туууууууууууп.
    Контра ефект мај лејдис :lol:
    Тоа ќе те направи само едно гоолемо себично и расипано говедо кое нема свој живот.
    Одмаздата е една голема глупост за ниски луѓе,тие што се вистински луѓе бре,тие што вредат нешто,ќе си се насмеат и ќе продолжат понатаму.
    Без одмазди,без ку*чење,без непотребни проблеми,само ќе продолжат понатаму.
    Тоа е филозофијата,пачаври едни.
    Кругот се врти ;)
     
    На mims-89 и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ја добив работата :dance: :party: :d:

    Не ми се верува дека одма ми се јавија а не тек утре. Сум им се пикнала под кожа :angel:
     
    На Umbrella22, sweet-star, Buttterfly и 68 други им се допаѓа ова.
  3. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    ти се плукнам во глупава среќа што ја имам...:)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Секоја куќа не е дом.
    Секоја куќа не мириса на топлина, хармонија, на тазе колачиња.
    Нашиов дом денес мириса на петочно расположение пронижено со летните звуци од радиото. Кујната ни беше премалечка на мене и сестра ми и за сите наши желби и идеи за готвење. Буквално се тепавме за ринглите од шпоретот.

    Мама имаше напорна работна недела, па решив да и приредам крцкаво, освежително изненадување кое знаев дека ќе и се допадне. Ги обожава моите ледени коцки од сладолед и неколку пати ја имам фатено навечер како ми краде од се уште незамрзнатиот сладолед.
    За да расположите некого не треба многу. Доволни се четири кесички сладолед и малку експериментирање и комбинирање.

    Ви испраќам од моите ледени коцки составени од четири слоја сладолед.
    Сладолед од чоколадо со парчиња чоколада, капучино, чоколадо и страчатела.
     

    Прикачени фајлови:

    На Elena69221, Buttterfly, Adi888 и 32 други им се допаѓа ова.
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.184
    Зошто јас по цел ден сум седела на компјутер? :^)

    Ај па да ви правам друштво Зет-домазет да го гледате, и тоа на двата телевизора во куќава. |(

    Ахх, ова турскиве серии им го испраа мозоков на луѓево дефинитивно.
     
    На Glossy-girl, Srekicka и Hkikica им се допаѓа ова.
  6. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Кај сте бе женски! Еве сум и јас, вчера се вратив од преубавата Грција. Ух, преубаво си поминав, најубав одмор до сега!

    Интересно беше да останеш будна до 4 саат ! Мислам, сум останувала будна и до тогаш, ама не во смисол не смееш да заспиеш затоа што треба да се качиш во автобус. И конечно се качивме во автобус, и знам дека викав дека ќе го спреспијам целиот пат, ама спиев само 2 саати најмногу. Океј беше атмосверата,пуштаа добра музика. (за разлика кога се враќавме, кој мизерии еј |( )
    И стигнавме во Пефкохори, ух очите 5 банки од колку продавници имаше :$ Не отидовме на плажа одма, касно беше. Отидовме поручекта, а водата БАЊА! Толку топла вода во живот не сум видела! Уживанции :rock: Ама едино лошо нешто беше тоа што имаше мноогу морски ежови. Јас два пати се боцнав, еве некои боцки уште ми стојат :doh: Бранови немаше многу, само третиот ден сабајлето. Ауу кавабанга работава ]:) Ах секако, тука беше и алергијата. Имам мала алергија од сонце, ми се појавува кога сум на одмор, на грбот и малку подоле од вратот. Ама преживеав фала богу, убаво си се исунчав!

    Сега мојот омилен дел, шопингооотт! Ма каков шопинг во Солун! Дојди си во Пефкохори да си се подновиш за ништо пари! Јас облека не си купив, не ми треба, ама си купив наочарки,шеширче,ланченце,апостолки, ууу ДРИМКЕЧЕР!!! Едно вакво.
    [​IMG]
    За да го прошетаме цел град ни беа потребни 3 вечери, баш сме се изнашетале!

    И како што се наближуваше крајот, ден пред да си одиме јас се разболев! Толкава среќа имав! Ај бев на плажа сабајлето, ама се вратив и цел ден бев во кревет, температува 38 :sweat: Фала богу што ми беше подобро вечерта, затоа што имаше еден куп тезги по повод Света Богородица. Кај грците е 1 недела порано. Тоа беше нешто ненормално, тезги без крај!

    Додека бев на одморов видов неколку лук-а-лајкс на некои личности кои можеби ги знаете,можеби не.
    Во автобус имаше една женска што личеше идентично со Стеф од TheFashionCitizen од јутјуб.
    [​IMG]

    После видов еден што личеше на Сајлар од Херои! Оу мај гад :x :inlove:
    [​IMG]

    Исто видов една што личеше на Тете од Лос Серанос, ако некој ја памети, и една што личеше на Ина, баш како на сликата.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ете така, ви кажав се што се деси, ова последното морав да го пишам! Адиос мучачас :hai:

    Edit. Сега се сетив дека сакав да поделам една слика од одмор со вас.
    Чисто хумористично, не се смеам така! И ако забележите поубаво испаднало ко да држам нешто во раката! (искористив 10 смајлиња, само замислете си дека се тука! )
    [​IMG]
     
    На PeaceLoveBasketball, Elennaa, happY-smiLeY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.196
    I don't want to live on this planet anymore :|

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  8. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Убаво си поминав на одмор...Хммм неможе да се каже перфектно,ама ајде...Кога ќе добиеш на одмор не да не може да се каже перфектно.. |( уште полошо е што и тука е твоето кутре кое не поднесува да му се приблужуваат луѓе и да го галат и р'жи...А кога ќе снема луѓе накај 7 вечер и сакаш да се бања и он ете ти проблем...Доаѓаат и несмеело да се бања куче,кај тоа туку и у кафичи е забрането...Епа со друштво во апартман ли да седам?! :fubar: Ама како и да имаше сончање ,шопинг и искачања дооцна навечер...Се разбира тоа ми го напраби убав одморот....Како и да е бар малце си ги напунив батериите... :!: ...Ај,ај доста ве замарав со мојот одмор поздрав женски :hai:
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Општо-познато, е дека не сум љубител на школо. Ама почнува да ме фаќа некоја еуфорија.
    Ги читам списанијата од супермарките, што се со тетратки, прибори, ранци, моливи, фломастери, дрндупки, триста тракатанци. Ми иде да се бутнам во списанието, и сè да купам.
    Тоа повеќе ме возбудува, отколку на шопинг да одам, за алишта.
    Сакам да одам во огромна продавница со тетратки, и да бирам, да бирам.. До утре сабајле.
    Порано едвај чекав, да се појави список со учебници, и нивните автори, пред школо. И јас да им ги соберам учебниците на роднините, и да барам дали, кој, како, што одговара. Па да го бришам, со гума. Да го мириснам! Го обожавам тој мирис. Па да видам што ќе учиме..
    Вака не ми е интересно. Од школо ни ги даваат, а цели распарталени.
    Најмала сум, од генерација до генерација, сите учебници одеа кај мене, и пак беа повеќе исчувани, него ли од овие од школо.
    Почетокот на учебната година, секогаш ми се најинтересни книгите. Нивниот мирис, како што спомнав.
    Ај едно пенкало вакво, едно такво. За наслов розево, за тире плаво.. Едноставно возбудена сум.. А после, сето тоа се губи..
    Првите листови на тетратките, ми се чисти, абе мислиш сум ги везела. Ама пролистај понатака, ко со нога да сум пишувала.. И наеднаш сите пенкала се губат, и почнуваш да бараш од еден, па од друг.
     
    На Sanniii, Stoimenovska, Waka-waka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Чувството да чекориш и висиш на конец е ужасно напорно, здодевно и страшно.
    Те притиска од сите страни и ти го забавува секојдневието до најголемиот максимум, за инает.
    Ти всадува умор во коските и во душата, ти всадува страв од неуспех...

    Овие неколку денови сум во огромна неизвеснот - можам да ја почувствувам како лебди врз мене, како ме следи насекаде, можам да ја намирисам во воздухот.
    Животот ми доаѓа до точка на крстопат, повторно, ова лето.
    Не можам да дочекам да дојде вторник само за да се разбие оваа неизвесност и неподнослива монотонија.
    А, ако вестите кои толку ме измачуваат и кои треба да ги добијам во вторник се добри, нема да има посреќна личност на Земјава од мене. Се надевам дека ќе се добри, после се, заслужив да ми се случи нешто добро, нешто фантастично, нешто кое конечно ќе ми го промени животот на добро.
    Па веќе и работата ми е пренапорна, постојано сум уморна - не можам да дочекам да поминат овие десет дена, па да го фатам патот за Грција, конечно!

    Морам јавно да им се извинам на две-три личности кои чекаат одговор во ЛП од мене - ќе ви одговорам утре, ветувам - уморот ме совладал, премногу. :hai:
     
  11. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Колку секси се чувствувам,не гарантирам дека тој некој ќе можи да ме толерира. :D
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не ми се верува.
    Не е куче за секој. Дефинитивно не е.
    Првото потомство на Рики, кученце на кое му се радувавме како на детенце. Го посетувавме додека беше бебе, а потоа еден период беше дел од нашиот дом, имавме полн дом со животинчиња, живи радости, убавина.
    И дојде моментот да му одбереме семејство, од сите понуди одбрав да биде роденденски поклон на другарка од нејзиниот сакан, другарка која препекуваше за куче со години.
    И.... сега дознавам дека она крие цели 3 недели дека го продала кучето.
    Чуствувам бес!!! :@
    Како може да се продава така куче? Мислиш пакетче орбит е, па ај ако не продај го и ќути не кажувај на никој.
    Планираше да сокрие? Што сакаше да направи?
    Си го продаде и си отиде на одмор.
    Напорно било да се чува куче. ц ц ц . А што мислеше плишана играчка дека ќе чува?
    Неодговорност.
    Неможам, ќе си пукнам.
    И уште не ни знам ни кај го продала, ни на кој, ни како е кученцето, добро ли е. Ти и даваш прекрасно поклонче за кое она сонува, и пишуваш 100 пораки како е кучето, што прави, а она после неколку недели пишува половична порака дека одамна е продадено.
    Грефченце мило, колку ми е жал само, чуствувам вина што не му најдов подобро семејство кое ќе му пружи љубов.
    Срце ми се кине...
     
    На Buttterfly, Neytiri, kate21 и 23 други им се допаѓа ова.
  13. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Уште неколку денови сум дома. Колку ли брзо поминува ова време. Отсекогаш ми велеа дека се што е броено- кратко траело. Сакам ли да си одам? Одново? Пак со некој кој ми прави да се чувствувам повеќе сама...? -Не. Не знам ни што ме чека. Не знам ни каде одам... Знам само што носам со себе.

    Не замислував дека животот ќе ми стане толку неврзан, далечен и осамен. Не сакам да се врзувам за луѓето, зашто на крајот си одам- ги оставам. Колку ли ми се беззначајни сите достигнувања кога со секое мое заминнување паѓам. Тонам. Но на крајот пак морам да почнам од почеток и да заблескам во очите на оние кои не ме познаваат. Оние кои ни јас се уште не ги познавам.

    Се плашам...
     
  14. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Го читам твоево мислење и се чудам...Какви се не постојат бре...Не да не се за кучиња...Воопшто...Ако веќе неможела да го чува подобро тебе да ти го вратела и да си му нашла подобро место него вака...Срамота бре,срамота...Мислат дека кучињата се нешто така пролазно,не чуствуваат ли љубов,грижа,одговорност и заштита спрема тоа невино душиче?!Башка таа чим има таков одност спрема животните сигурно ни спрема луѓето не е подобра....И со ова докажала дека не е дорасната,а и дека нема човечки особини ни квалитети...Уф се изнервирав и преку глава ми е веќе од вакви недораснати особи што не сфаќаат што се зборот ГРИЖА,ЉУБОВ,ЗАШТИТА и ОДГОВОРНОСТ...Е срам да ви е :swear:
     
    На Madonna, PeaceLoveBasketball и rossonerka им се допаѓа ова.
  15. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
     

    Прикачени фајлови:

    • happy_.jpg
      happy_.jpg
      Големина на фајлот:
      167,8 KB
      Прегледи:
      337
    На fallenangel, Elennaa, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Оваа ни е најдобра до сега , и англискиот и е каде-каде подобар од оние претходните :) А ти ако си толку убава пријави се. Ехее колку убавици има низ земјава, ама не секој сака да се пријави, а мислам дека баш ради тоа што на секоја ќе и наоѓаме мани не се пријавуваат девојчињата, не сакаат да им се потсмева цела држава ако не знаат перфектно англиски, а и не може секој да знае нели?... И затоа овие избори немаат кај нас популарност. Мис Македонија кај нас е ради реда.
     
    На Hkikica и Alesii им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Како да ви кажам.... Ако не си испаднат како апаш на личната карта, не ти е судено да ја имаш.

    Се пицнав лани, испеглана, нашминкана како за слика, наруменета точно за да испадне убаво на црно-бела слика, си бирав алиштенца, се спастрив и како човек отидов. Ме сликаа што ме сликаа, ајде, да речеме дека повеќе се бендисував од матурската слика, ете, дотолку љепотица бев. Пу.

    Ама нели, не личев на апаш и мораше да ми ја украдат. :geek:

    Си легнав ноќеска кај 3, до 5 и нешто бркав мушички, муви, буби и бубачки, таман заспав, заѕвони алармот кај 10, од земја ќе го џитнев. Нели, мора да вади Дузи нова проклета лична карта. Како станав, како го облеков тоа што го најдов прво, како косата само во едно ништожно репче си ја врзав, ми се стуткала, ми се измрсила, подочњаци уште толку понагласени, абе катастрофа бев бе... Не ги ни погледнав шминките, се замив троа, помадичка колку од навика и чиао. Пф си викам, зошто би, одиш со барање да ти ја дадат истата лк, нели, бараш ДУПЛИКАТ. По жешкото, бутканици, турканици, вреди ли уопште човек да се замара со спремање.

    АМА НЕ. АМА тој глупиот не ми објаснил дека мене пак треба да ме сликаат. НЕ.

    -И сега, ќе се сликаш вака, или сакаш после Бајрам? :emo:

    Знаете, тоа чувство ми помина, како кога одиш негдека на гости, лапаш и лапаш и мелеш, и наеднаш домаќинот ти вади вага и ти вика ај измери се. Е баш така се почувствував. :!:

    Налет и Бајрам и лични карти, ајде седнав, ајде ме фотнаа, ајде се прекрстив, и во мојот, и во нивниот памет. Со бебешки влакненца како антени од страните. Со коса каква што не ни одам до продавница. Ненашминкана. Од спиење станата. Со едно деколтирано блузиче. Сигурно и веѓите ми биле бушави. ;(

    За да ги уплашам потенцијалните крадци. ;(

    Наравучение: Полицајците не знаат да те разберат што ги прашуваш, така да не знаат ни да ти објаснат што и како треба. Затоа, шминкајте се и бидете убави во секое време. Не дека некој ќе се заљуби во вас, него може апансас ќе ве сликаат и ќе се гледате апансас фанати во наредните 5 години.
     
    На Buttterfly, Miss.Ricci, bittersweet и 28 други им се допаѓа ова.
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Чудна работа се случува кај мене на фб. :^)
    Во изминативе три дена почнаа да ми пишуваат многу личности кои ги немам видено мнооогу одамна или пак воопшто не сум комуницирала со нив... :^)
    На секое здраво од нивна страна останував со зината уста и се прашував што ли се случува пак сега? :o :?:
    Си изнаправив муабет со некои девојчиња,а од нив пак се изнаслушав комплименти од типот:
    Прекрасна личност си,комуникативна,позитивна,со тебе ми е многу пријатен разговорот... :?:
    Е баш се чудев.Си викам што е работава ова зафрканција,иронија некоја ли е што ли е...или пак навистина се почувствувале убаво по разговорот со мене? :?:
    Инаку на работата за жал не ме примија,но сепак јас си се надевам дека негде ќе ме примат,испратив на повеќе места cv.Мора некаде да почнам со работа,не може се на терет на моите или барем за да си имам за мене да си се подновувам почесто. :lol:
     
  19. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Чувствувам дека следува нешто . Ќе биде или толку многу добро што ќе умрам од среќа или ќе биде пропаст за СВА времена . ОСЕЌАМ .
     
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Дали ви се има случено да пишувате на некоја тема подолг пост и на крајот да го избришете :?:
    денес тоа ми се случува мене, абе милион пати почнав да пишам овде во сдк и на крајот место да го пратам, јас го бришам, незнам не ми се допаѓа тоа пто го пишам, а немам инспирација за подобро, деновиве некако за ништо не ми е гајле, кој што сака нека прави, нека збори, ма епсибир ми е.
     
    На Glossy-girl, Divinebutterfly и Hkikica им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.