Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Вечер, во боја на меланхолија и орхидеи. Си добив книга на подарок, од другарка преведувач, со потпис - За најсјајното сонце што моите очи го виделе. Солзи ќе ми потечеа.
    Си дремевме збрани кај Куршумли ан, со пиво и бадеми, зборувавме за Нас, за небото, за можностите и љубовта што не’ одржува. Ќе оди во Турција на работа. Ме изненади нејзината храброст да остави се’ тука. Но, и тоа е жртва што мора да ја оствари, ме наполни со чудни емоции. Кога ми рече дека во мене гледа Жена како која би сакала да биде, а е постара, морав да ја изгушкам и да и заблагодарам што нејзините очи така ме гледаат. Достоинствена била да стане од калта, да се исправи и да доживее нови победи. Нема, нема поубаво нешто од инспирирана вечер. Со кротки луѓе што те полнат со позитивна енергија и веселост.
    Иван ми купил подарок, не ми кажува, ми се смее во врат, ми кажува како ја љубел момичката на балкон и турнале саксија со цвеќе пред некој случаен минувач пред зграда. Приказни. Се наполнив со туѓите емоции вечерва! Чист медиум. Слушам еден нов бенд, се заљубив во нив, зобам пита со сирење и меко ми е на срцето. Многу меко. Во него има врева, има џагор, има самотија, има страв.
    Има сомнежи, има бол, има радост.

    Секое ново будење, за мене е предизвик за да опстанам со љубовта која ми е дарена. Да се направат малечки нешта за големи подвизи. Да се пее и кога срцето плаче. Да. И тоа го имам почувстувано, кога дента кога почина вујна ми, имав настап во Хавана. Никогаш нема да ја заборавам таа катарза, тој вулкан од емоции што експлодираше и памтам дека низ солзи испеав неколку песни, а дечкиве од бендот, ме бодреа цела ноќ. Знаев, тогаш дека музиката ми го лечи срцето, дека пишаниот збор ми го спасува умот, дека Љубовта ме прави жива.

    Му ветив. Негова сум и мој е и ова ќе биде тестот што ќе ни ја предодреди судбината.
    Обично не верувам во такви работи, но сега сите емоции ги ставам на еден куп, и сами зборуваат. Треба да се бориш за Љубовта. Да ја одржуваш како ретко цвеќе.
    Што и да биде, тука сум.
    И со срце и со ум.
    Ова е мојата нова музичка опсесија, бендот од Русија, Tesla Boy.
    Уживајте во најмекиот синт поп со современа продукција, момци што пеат за љубовта.
    http://www.youtube.com/watch?v=SNocoUr-1NM
     
    На AnaKarenina, L-enna, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Море вечерва дури 24 гости имаме :D ДА не беше толку касно,кафе ќе ги почастев...Па и не не поздравуваат,само онака...

    Јас иначе денес барем си купив нешто,да се порадвам и јас :D Си ја купив блузичката со пеперутка што ја меркав ^_^ Па сега мерак ќе ми е да си ја носам :) И после една случка денес,си се чудам како упорно скокам и си викам можам,ќе успеам.Убаво од една страна,ама и опасно :!: И ова не е само за оваа работа,туку многу пати ми се случило. Па,барем пронаоѓам пат и решение,ако згрешам,сама ќе згрешам,барем нема да ми е криво да речам требаше вака или така...
    Ајде,добра ноќ ви посакувам :*
     
    На Adi888, pamelche, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Моментот кога цел стан ти мириса на запршка во 1 саат по полноќ, а виновникот за тоа е некој од комшиите, кој најверојатно ја користи евтината струја до максимум.

    Како и да е 10 дена сум сама дома, моите се на одмор, уживанција во боја. И да најбитното е што ќе можам конечно да учам на глас :P :D
    Како и да е имајте убава вечер, јас отидов да уживам во мирисот 8)
     
    На Alesii, cinderella5, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  4. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    885
    СДК
    Многу ми е тешко, зошто го чувствувам овој гнев секогаш кога ќе ги видам???
    Уште утре и се надевам дека барем една добра година нема да ги видам, море цел живот не сакам сурат да им видам, знам дека ако останат заедно јас секогаш кога ќе ги видам вака ќе се чувствувам. Се научија секој ден да излегуваат, јас уште утре ќе излезам дека и е роденден на една другарка и веќе не, сега за сега немам сила повеќе.
    Се прашувам што толку згрешив за вака да бидам казнувана, посакувам се` од пред една година и пол да заборавам и да почнам од ново. Вака џабе се обидувам кога тоа чувство на омраза и кон двајцата од ден на ден се` повеќе се зголемува. Ахх посебно ти Горан, заради кој такви комплекси си набив, уфф бре те мразам и се надевам дека се дупло ќе ти се вратит. Се мразам и себе си што не ставив крај мартот минатата година кога рече- ама на никој не кажуваме, тогаш знам дека ми идеше бокс еден да ти мавнам, посекако ништо не ми значеше, а сега бокс самата да си мавнам.
    Доста е веќе, доста, утре се надевам дека нема пак да гњавам со овие двајца, а знам дека ќе ги видам и после ќе треба пак тука да кукам а не сакам повеќе, немам сила. Едвај чекам да одам Скопје и таму се надевам дека нема да ги видам.
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Мажите поголема љубов од фудбал немаат, денеска за сигурно тоа ми се потврди. :nod:
    Отидов на фудбал во маало да гледам, играл на другарка ми братучед и, викам ај добро и онака немам друга работа, и отидовме.Сега следеча ситуација :geek: :
    Стојам така пицната, средена и остало, гледам до мене еден типац така симпатичен, и го меркам цело време, овој си се загледал во фудбалон, ни да мрдне, ни да претне, ко муле некое бе. :D
    Абе мислам да почнев стриптиз да му изведувам немаше да запримети. :rofl:
    Па и јас па тајминг најдов кога да гледам машки. |( :lol:
     
    На Elennaa, CIA и pamelche им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.672
    Не ги сфаќам луѓето со оваа агенда,
    Понеделник- Хавана
    Вторник- некое кафе,често е тоа Излет или локалните Ред кафе,Евридеј (абе нејќум да генерализирам,ама од оваа околија ми водат ваков живот)
    Среда - некаде по чаршија
    Четврток - Сектор
    Петок - некаде на јадење,па у чаршија
    Сабота - Колосеум
    Недела - Парадизо
    Тоа е таква повраќаница од вкусови и нешта, тоа е чудо едно. Критериум,нада. А друго, ај млади сме, ај лето е,ама имаш куќа?! Не ти се седи малце онака дома,да се релаксираш,да си одмориш,да размислиш, да си гледаш филмче, да си читнеш книгиче, да си седнеш на балконче,штурчиња има. Ај тоа зимоска, сите по дома,па праат некои си гезмиња,филмови,па ладно и све тоа,ама... константа на живеењето?! Или циганското,ајдеее... Плус, за што работиш,за излегување леба ти?! Алал. Или тоа се вика интензивна потрага по дечко?! Јас сериозно не разумем... Социјален живот,да,огромно,да,ама ова е више поише гледам фаци,слушам муабети и нешто ми се случува,натрипано се осеќам,него ли сопствен живот што живеам. Значи да речеме,ти цело време глумиш живот. Сепак сме луѓе кои уживаме во нашите навики, а твоите се...безкуќлук?! Мора нешто да не си поднесуваш по дома. Џитосај ја таа ваза у дневна што те нервира.

    И не излегувам веќе во Галерија 8. Протестирам. Истите кои ми искачаат по Сектор,се цуцнале у Галерија 8... кхм. Блује ми се. Нејќам да ве гледам. Ќе си одам во Дамар и Менада како еден период кога си затерав,фала многу,пријатно,а не дека па и таму е нешто поарно. Рака на срце,си сакам пребран народ,сакам да кажам народ кој не глуми... едноставно речено... Не сакам трендови, не сакам моди,не сакам минливости во работи во кои не треба. Зошто не сте такви кон наука бе луѓе?! Зошто?
     
    На Buttterfly, mims-89, Springy и 16 други им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Натрапници су меџу нама.
    Ај сите фино и лепо у знак на солидарност и форумска слога, да фатиме да го солиме форумов со наши сезнајни и егоистични постови. Ама мора во секоја можна тема да не има! :!:
    Кој пропушти тема - испаѓа. И има вошки.

    Или не, ќе си направиме нови профили и ќе се натпреваруваме која повеќе мислења ќе испрати во еден ден. Победникот добива затапени прсти и испукана кожа.

    Мајке ми, треба да се постави некој лимит за нови членови, ама сериозно!
    Дури и мене, што милувам да си се мешам во оф топик дискусии, веќе ми врие лонченцето.
    Е интересно е де, али молим те Ајнштајн, чисто се сомневам дека за секоја тема имаш коректен одговор кој мора да го сервираш уште од првиот форумски ден оти ние цел наш беден живот сме чекале такво просветлење и љубавни савет.
    Тек па кога скриеното катче ќе се отвори... :o :wasntme:
    Сезамови порти.
     
    На mims-89, Lov3, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Прекрасна забава на Струмица Опен Фестивал!!!
    Нокаут, па Харис, па Агушеви на крај! Врв!
    П.С и вчера беше добро. Утре очекуваме најдобро да биде!
    Навалете народе во Струмица на улица :lol: :lol: :lol: :lol:
     
    На Cacy, cigarce и pamelche им се допаѓа ова.
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Си ветив дека нема да се покаам за работите кои сум ги направила, ама кога сум таква кретенка едноставно не можам а да не се покаам.

    Ете така.
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.556
    Допаѓања:
    251.854
    Освен ако не ја изгубиш, или ти ја украдат пак, не дај боже :lol: .
    Се бара чесен апаш на мојот пасош, ќе ве молам :D .
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Некам никој да ми недостига! Посебно не маж. И не сега!!! Па почнав и да си признавам дека ми недостига, или он ме натера да си признаам со тие некои негови зборови кои не очекував дека ке ги слушнам! Не од него. И така. Ми недостига. И малку ми фалеше да му вратам да и јас одвај чекам да те видам. Ама не. Не е он за тоа. Не го бива него за тоа. Нека си остане тој тоа што е у мојот живот. Така најдобро се разбираме
     
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Пријателите никогаш не се далеку. И кога ќе отидете кај нив и нема да ги најдете дома, нема да ви биде жал за потрошеното време...
    ...затоа што сте го посветиле на својот пријател.
    За пријателите секогаш ќе имате време и секогаш ќе имате што да им кажете. Ништо од она што ви го кажува нема да ви биде безначајно. На пријателите не треба да им се правдате за нешто што сте направиле, затоа што тие имаат доверба во вас и ќе ве разберат.
    Настојувај никогаш да не го повредиш пријателот или да не премолчиш нешто што би можело да му биде важно.
    Пријател е оној кој ти допушта да се менуваш, те променува и изненадува. На пријателите секогаш имаш што да им подариш. И никогаш нема да ја гледаат вредноста на подарокот. Со пријателот може да го поминеш целиот ден во молчење и низ молкот да препознаеш дека тој ти се посветил само тебе.
    Пријател е оној кој ти е поважен од себе. Ноќта непроспиена заради него треба силно да те одмори.
    Заради пријателот ќе се откажеш од патот кој си го наумил затоа што знаеш дека најдобриот пат е кога си со него.
    Со пријателот заеднички се грижите за другите. Кога зборуваш за него, очите ти сјаат. Во пријателот никогаш не можеш да се разочараш затоа што твоето срце секогаш ќе го оправда. И кога ќе падне, не се двоумиш дали ќе најде сила да стане. Ти знаеш дека ќе успее.
    Пријател е оној кој секогаш може да смета на тебе и обратно.
    Пријател е оној кој веќе не можеш да го разликуваш од себе.
    Пријател е оној кој во своето срце ја носи твојата песна и ја пее кога и сам ја забораваш нејзината мелодија. Ценете си ги пријателите, затоа што се ретки!
     
    На Sara123, Aleks96 и Dvolicen им се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    денес посебно убав провод :)
    Aбе мене многу мажи ме гледале :^) :rofl: Hе, најсериозно, денес баш ја анализирав таа ситуација, инаку, ретко кога се замарам кој ме гледал, дали оној ме шмекнал со лево или десно око итн итн. :D
    Cреќа што дечко ми е мутав од таа страна, па не забележува ептен :D или па може и си ќути :) Kако и да е, убаво е да те гледаат, јас не се бунам, ех очите се за гледање, немој па никој да не се врти по мене, тогаш е проблемот :D
    и тоа жени ајде отидов да си го гушнам креветот, да се комирам, кома на векот да се сторам :)
     
    На Sara123, JuLleE и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Like...more than ever.
    Мразам лажни ветувања.
    Не ради мене, за мене нема да е ни прв, ни последен пат некој да ми ветил нешто, а да не исполнил.
    Туку оти првенствено тоа е побивање на сам себе, на свои зборови.
    Неистрајност, може е па not giving a shit about given promises, но во секој случај, ме оддалечува.
    Убаво рекле: Don't make decisions when you're angry, and don't make promises when you're happy.

    Мех, секој за себе, да не тупам, и онака што и да пишам нема никому ништо да значи.
    Демек ако пишам - готово, сите ќе се трогнат и ќе ми изградат споменик кај што сум седната со лаптоп на коњ и вечно ќе ми се клањаат оти сум им ги сменила животите на подобро. :D
    А јас сум ти уствари безгласна буква.

    Добра ноќ/утро.
     
    На Monroe, Strumfeta93, Magnolija и 7 други им се допаѓа ова.
  15. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Либе ме буди да го носам на работа. Мрзливи ни се рано на сабајле викендашкиве автобуси. Така се впрегнав со меше пред мене едно 10мин и успеав да се бутнам в кола некако :lol: Да ми кажеше некој колку време ќе ми треба дури да седнам, да се наместам, да ставам појас и да тргнам, не ќе го верував, ама дојде и тоа време за верување. Најдобриот дел, црешата на тортата, или за мене преливот на тортата кога бебе ме клоца мене, а јас ја клоцам гас педалата. Мала жртва за љубов, иако либе е предупреден дека за 2 недели нема шанса да застнам зад волан-тогаш само ќе уживаме и чекаме.
    Туку др што ми беше на памет со чекањево, е со фестиваливе на отворено тука,тоа гужва, тоа народ, се туркаат, а мене ми се оди ми се плаче,ама со меше сме приморано и оправдано отсутни.
    Си ја видов и мајче вчера, (благодарност до г-дин Скајп) и цела со мераци кажуваше што му купила на бебуш. Ма нема сомнеж дека ќе биде супер-бабичка.Таква жена немам до сега сретнато.Среќна сум што сум имала и имам пример какво треба да биде налик едно женско човечко суштество достојно за восхит и отчет. Само ми паѓа жал кога ќе ја видам како понекогаш заборава да земе издив,да сфати дека се е потрошно(освен таа наша Љубов и потреба од еден за друг), а и ние се трошиме со годините и треба да си се причуваме,а не целосно да се заборавиме.
    И да, чудна е состојбата која не обзема, од потребата за нашите најблиски и најсакани. Да занеме дека се тука, или таму некаде и дека се добро, дека трудот им е ценет, признат и незалуден, дека се сакани преку живот и смрт...и недостигани до најголеми длабочини.
     
    На Buttterfly, bittersweet, Sara123 и 20 други им се допаѓа ова.
  16. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.674
    кое време е а сон не ме фаќа.заборавив како е да се спие навечер
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Е... и јас многу се изнервирав кога го прочитав ова,и морав да пишам .
    А бе што човек е таа девојка :o ..го добива на поклон и поради неспособност го продава..па така бре она утре и со сопствено дете..ќе го добие ќе и плаче..ќе треба да се грижи за него и оп ќе го даде на друг. :fubar: .А посебно што го продала и за тоа не кажувала - грозно ..па тоа е за секаква осуда..подобро да си ја признаела својата неспособност и да ви го вратела кутренцетоо..а вака..уф да ја знам би ја плукнала во фаца и никогаш повеќе не би ја погледнала... :x
    (извини за бесот ама стварно се згрозив) :puke:
     
    На Sara123 и Alesii им се допаѓа ова.
  18. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Каков Сплит, какво море какви бакрачи. Охрид му е мајката бе! :D

    СДК 2 - Абе сум се испечила, сум фатила рак боја. Се ме печи упм. :@ + ми дојде пола месец порано, па неможам да влезам во вода :swear: Има поголем баксуз од мене? :^) Не верувам.

    Ај се враќам Крушево на 25ти па се читкаме.
    Поздравче. :* :hug:
     
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Ако ве почастам една утринска песна? Многу ја сакам, баш си ја слушнав сабајлево.

    https://www.youtube.com/watch?v=TwI46jv1iYU

    Јас сум спанка. Малце ми се 8 часа спиење, а 12 пак да спиеш на ден.. не е на арно. Си мислам, ако станам во 10 (а после тоа знам дека ништо немам што да правам), подобро ми е да спијам отколку да дремам на компјутер. Ама не. Вака ми велеше сношти тој: Ќе си најдиш причина за да се разбудиш порано. Читај книга, пиј кафе, пишувај си нешто, заврши им на твоите некоја обврска. Најлесно да се разбудиш е помислата дека имаш цел во денот која треба да ја постигниш.

    ~ Причината денес ми беше телефонски повик кој ме извести дека од крајот на септември почнувам да работам. Ќе биде хиперактивно! :dance: Весела паника имам, само за убаво нека е! ^_^
     
    На 1209, Trendafilka, Alesii и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Потполно се согласувам со Глоска...
    Девојкава и не е толку лоша...имало и бетер и бетер збореле англиски...незнам зашто се што е подобро од вас го потценувате...А ако толку си подобра ти зашто не идеш ти да се преставиш...Како и да е девојкава оди да добие искуство сигурно нема она да биде прво место бидејќи тука не влијае само убавината туку и политиката...
    СДК2
    Ммммм...Капинки... :clap: мамче како ти текна да ми донесеш капини и така немав овошје,а ме мрзеше да купувам....А како знаеше дека несакам диња и лубеница зашо ги прејадов ти текна капинки...Абе мајче си мајче.Е ептен те сакам....Башка мирисот на капинките е неодолив...ептен ми е убаво... :mm: :mm: ....Епа ве чекам на капинки,сите диеталки,а тие кои не сте ќе правиме тортиче од капини.. :!: :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.