Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    "Оти, во заслепена љубов никогаш не ти се останува без него. Како трн да си носиш в срце.
    И тогаш и својот живот не си го гледаш без неговиот. Не можеш ни да си замислиш дека го имаш.
    Како некој друг да живее со твоето тело.
    Останало проклетството: на секоја жена да и треба некој на кого ќе може постојано да мисли и да го чека...."

    Петре М. Андреевски
     
    На vitomir, snake, Lady-Cha и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Тежок живот програмерски.. :D
    Ај лав ју мачкици!
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    СДК дека не навредувам, ама на некои не/луѓе мора да им вратиш со навреда за да видат колку грдо звучи тоа. Иако, нема да се опаметат. :x
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    11.976
    Пол:
    Женски
    Епа ај за арно нека е новава тема :)

    Ќе напишам, ќе избришам, пак ќе напишам. Чувствувам празнина како дрвцево жално пред мојов прозор.
    Што да правам, што да чинам??
    Маалово мое замрело. Жива душа нема. Само уличните светилки. Како град на духови. И мене ме завлекува атмосферата
    А јас си имам некоја желба да се дотерам. Да си бидам секси на самата себе.
    И оваа вечер ќе помине со пуста желба само.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Ако има нешто што мразам повеќе од пача, тоа е фразата „Абе па, за наши простори супер е.“

    Воспеваме кичерајски проекти, третокласни комичари, партиски идеологии и мислиме дека сме џет сет ако имаме повеќе бишки од комшијата. Па до кога?! Станавме филмски зомбиња што стрвно трчаат по последното грамче мозок на подот, како тоа да ни е најголемото достигнување досега. Толку време се чекаше да се мрдне од нешто, од статус кво, од мизерија, и кога се тргна (иако во многу лош правец) и тоа го дочекуваме со широки срца и окезени до даска. Муабет - битно нешто да се дешава.

    До кога ќе се сметаме за ретардиран народ а ќе бараме меѓународна афирмација? До кога просекот ќе ни биде одличен успех, а се што е ново ќе биде дочекано со аплауз само затоа што е ново, а тоа што е срање е небитно. Не сме ништо помалку вредни од еден американец, шпанец, свирипичанец. И додека сите што се радосни зошто земјава конечно земала правец (вметни facepalm) ќе се радуваат на се и сешто, јас ќе си земам за право да го критикувам тоа што сакам, и ич уво не ми чуе за ако некоја лигла/лигле ме нарече медиокритет пошто си пљукам по своето. Пљукам по тоа што не ми се допаѓа, ама нели, тоа си е пустиот менталитет. Поздраф4иња.
     
    На vitomir, JoxyTheFreak, mims-89 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Анкета
    За колку луѓе можете да кажете дека ви се вистински пријатели?
    ....
    Ја видов анкетата, па ајде си викам да гласам. И, кога добро подразмислив знаете која опција ја изгласав?
    Првата - ниту еден. Да, да, после дооолго размислување наидов на мислење (кое е уствари вистина) дека нема вистински пријатели. Таквите луѓе се еден во милион, а дали ти ќе ги пронајдеш - твоја среќа.
    И така, БиЈу разочарана од фактот (со кој до душа веќе се помири) си ја изгласа првата опција.
    Па, да, сите имаат се само заради корист со тебе.

    Арно имаше Сесилија напишано во темата за квоти
    „Пријателство без користни цели е можно само меѓу луѓе со исти приходи“ ...А Богами, денешно време, сите сме на различно „нивоу“ , т.е. секогаш оние испрефриганите будали се погоре.

    Викам јас нема свет на овој свет....
     
    На vitomir, SanjaBucka, Sarasweet и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    ^Вистински пријатели постојат, немој да се разочаруваш. Само треба време за да ви се спојат судбините, што би се рекло. А кога ќе ги најдеш, немој да ги пушташ. ;)

    Од анкетава сфатив дека имам барем тројца луѓе во животов на кои можам да се потпрам во секое време и невреме. И сум ептен среќна заради тоа. Реткост е, мајке ми. :)
     
    На vitomir, SanjaBucka, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    Sorry for everything, Sorry for hurting you...
    I'm sorry for my existence, I don't deserve anything on this world.
    The Happiest day of my life is the day when I die.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Викендов започна со исклучување на мобилниот телефон и тотално игнорирање за мојот inbox. И тоа од едноставна причина што некои луѓе (читај колеги), ја злоупотребуваат технологијава па си дозволуваат за било какви глупости и во било кое време да вознемируваат и да ми крадат од времето за мене и моето семејство. А тие што имаат вистинска причина, ќе знаат како да ме најдат.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Part one-finished.
    Завршив она што се бараше од мене. Дадов се што требаше да се даде, направив се што можев......е сега иде вториот дел (за мене најтежок)-чекањето некој друг да одлучи за твојата судбина!! :devil: Дали ќе те биде или не!!! :swear: А ништо не ми е потешко кога ситуацијата бара некој друг да одлучи за мене. Станувам страшно нетрпелива тогаш :@ . И, да, ќе ми треба многу поддршка и разбирање во периодов што следи. Моја среќа што сите мои најблиски и најсакани луѓе истата ми ја даваат во неограничени количини 24/7 (зашто ме знаат каква сум :$ ) и се надевам полесно ќе го поминам периодот на исчекување.

    А ако испадне се како што треба, т.е. онака како што јас сакам и планирам......охохохохооо, има да частам и да славам, мајке ми!! :D

    :rock: :dance: :party: :beer: :d:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Аххх...Само што се избањав и многу ми олесна.. :) Ќе си поседам уште малку на Фемина па после ќе спијам бидејќи утре рано ќе одам во Гевгелија....
     
  12. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам СЕ ВРАТИВ :)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Епа дојде денот и јас да ве почастам за роденденот. Да, денес ми е роденден.
    Пред точно 17 години, исто така петок, во утринските часови започнал да тече и мојот животен часовник :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    Бидете ми поздравени и имајте убав викенд.
    А јас отидов со моите најсакани да го прославам најдобро што можам мојот ден :)
     
    На Rock-a-Fella, Strumfeta93, Serafima и 8 други им се допаѓа ова.
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Си чилкам со мојата најдрага колекција на песни од една од пеачките кои најмногу ги почитувам -Дафи :) . Имам 40 минути да се релаксирам со чај и добра музика и потоа ке се спемувам за излегување. Но не излегување во стилот на тешки шминки екстремно високи потпетици, и шкљ фризури. Сива туника, розе хулахопки, црни чизми до глужд на ниска штикличка и минимална шминка. Топ комбинација за место каде ке има лесна музика, дечко на гитара и затемнета атмосфера, со преубаво друштво. Имајте убава вечер феминки мои најмили и ве поздравувам со една од најубавите песни некогаш направени. Љуби вас Црешичката црвена. :*

    п.с. Конечно после толку време најдов колешка која е зачленета во Авон и си ја нарачав мојата стара љубот. Спрејот за тело од цреши. Од кал да е цреша да е :D
    http://www.youtube.com/watch?v=mjwuhAX0YNg
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Дефинитивно сфатив дека таму не треба да се вратам. Многу фактори денес ме спречија да отидам и решив да се откажам.
    Не сакам да ги видам нив, нека останат во минатото.
    Но, решив да не се откажувам од она што сум го почнала. Зошто да бегам од нешто што сама го избрав?
    Останувам до крај! Она што не можам да го сменам ќе го прифатам како такво и ќе научам да се справувам со тоа. Нигде не е совршено, нигде нема да ми биде подобро.
    И зошто да не покажам дека сепак сум храбра?! ;)
    Сепак, кога сакам можам се!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    СДК дека отидов во провод убаво да си поминам :P
     
  17. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    3.133
    Пол:
    Женски
    СДК дека утре конечно ќе се наспијам ко човек :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Strumfeta93 и Wild.Child им се допаѓа ова.
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    СДК еми напредувам.
    Имаше заболекарот планови за во април, мај па можеби и јуни, а сега веќе се договараме тоа да биде за неполн месец. :rock:
    Решив вака петочно да си се почастам, бидејќи беше доста напорна недела.
    Бев да го вкусам фамозниот италјански тост од Мекдонлс. Првиот беше гаден, вториов пат исто така.
    Го почастив и брат ми со мини подарок. Кинеско, но ќе заврши работа.
    Морам брзо да дејствувам. Потребно е да приредам изненадување, многу добро.
    Ќе биде! Не се откажувам.
     
  19. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ауффф, во последно време воопшто не ги пратам македонскиве телевизиски канали.....ама некогаш морам. Пример, станувам сабајле, мајка ми гледа “Журнал“ на Сител. Се наперчила Јована посабајле, што допринесе за мое дополнително расонување, бидејќи ми е јако антипатична.
    И ете го потоа неизбежниот дел....кратки вести. А на вестите анкета во врска со државните службеници....“Како граѓаните се задоволни од начинот на кои функционира едно-шалтерскиот систем?“.
    После анкетава, а и за време на неа се запрашав дали само јас чекам редици, дали само јас се расправам со неефикасните службеници, дали само јас ја гледам гужвата во МВР.....или пак можеби само јас халуцинирам :D
    Не, сериозно не интересира......дали си викаат избрани луѓе на интервју, со веќе спремна изјава или пак ги сечат сите оние кои се незадоволни |(

    Македонија- земјата во која сите граѓани имаат едно мислење :wasntme:
     
    На Miss-Independent, SanjaBucka, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Конечно после дваесет години од мојот живот каков таков поминат, после дваесет години барајќи нов почеток некаде далеку, некаде каде што никого не познавам, каде што ништо незнам, конечно после толку години ми се оствари желбата за нов животен почеток.
    Утре за прв пат во мојот живот ке зачекорам на прагот на некој нов живот, кој ке знам како да го градам понатаму.
    И да страв ми е , жал ми е што ке оставам луѓе зад мене, ама Јака сум и знам дека сум и знам дека ке успеам, и знам дека некаде таму далеку е мојата среќа. Знам дека таму ке ме грее сонцето на некој свој начин ке ми ја дава неговата топлина.

    И додека срцето ми се дели на два дела утре храбро ке се качам на автобусот и ке го започнам моето долгоочекувано патување. За кое незнам какво ке биде, но знам само едно - каде ке ме одведе.

    Факт е дека таму кај што ке одам ке немам никој освен мало братче, мајка и очув кои ме чекаат, но не губам надеж. Не. За мене доволно е што брат ми ке расне со мене, што ке ме гледа додека расне.

    Факт е дека живот оставам овде, на ова мало парченце земја, но таму некаде создавам нов живот. Веќе знам како да го создавам, со мој спреј изграфиран.

    Се што можам да кажам е - Му благодарам на живото што ме научил на многу работи, и што покрај се ми дада ваква шанса. Му ветувам дека нема да го разочарам!

    Сакам со секоја искра од среќата моја што ке се раѓа таму, да им праќам на луѓево што ги оставам овдека. Можеби некои од нив за брзо ке ме заборават, но знам дека ке има и такви кои со некоја блага насмевка ке се сеќаваат на мене и ке ме чекаат да дојдам пак.

    Тивко со срцето барам прошка на сите кои сум им згрешила. Но и гласно ке се молам, и борам и давам среќа и мир на тие што до крај останале со мене, но и на секој еден што му е потребно .

    Сакам утре насмевка на лице да видам кај моите најблиски што ке ме испратат. Сепак секој крај е почотек. Секој нов ден нова шанса. Сакам мир да понесам. И ке понесам.

    Кај и да сум ке се навраќам на ова парче, ке се навраќам кај сите што ми оставиле длабок впечаток.

    Тоа е што е . Секој со свој живот. Секој си го гради својот. Дојде моментот каде што јас сум таа која мора да застане цврсто на нозе за да изгради од утре цврсти темели за еден нов храм.
     
    На Adi888, snake, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.