Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    885
    СДК
    Дека не го видов.
    [​IMG]
    Е така не очекувам наредните денови да го видам, бидејќи ќе заминам Скопје. :rofl:
     
  2. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Aј Јуле сега почнаја сезониве, ќе коментираме сега почесто,само криво ми е што нема да има преноси,па ќе бараме стално стримови,ама се знаше дека ќе им се здосади на оние фејк фанови,одма се познава кој интензивно си го следи тимот,а кој има променливи мислења и не стои зад својот став ;)
     
  3. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Отсутна сум. Не само од од форумов туку и од самата себе.
    Сеуште неможам да си објаснам некои работи. Никогаш не сум била ваква.
    Место да уживам во последните денови од распустот, јас што правам?
    Седам дома и размислувам. :clap:
     
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Фала на феминките за честитањето :hug:

    Среќен празник на сите муслимани
    БАРАМ БАКЛАВА ВО ОВАА СЕКУНДА
    Добиеново не ме останава на мира.
    Позади мене живеат албанци сега мрсат брк со баклава :geek:
    Во моментов размислувам да им тропнам на врата :
    „ Јас сум Хитлер од комшии, дојдов по една баклава :angel: :angel:
    Ајде жити се, убава си како Неџла, подај една баклава, Господ здравје да ви даде, да ви се позлатат рацете. “
    E тоа би изгледало вака
     

    Прикачени фајлови:

    • kid 004.jpg
      kid 004.jpg
      Големина на фајлот:
      28,5 KB
      Прегледи:
      284
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Признај, ама признај дека си сакала да го видеш! :D


    Доцните часови во летните вечери поминати на тераса со мало мешано друштво, ме тераат да имам одбивност, да не кажам омраза, ма ми се гади од една-вечер-близина со другарчиња накај познаници. Разбирам муабет и се, ама отварање и споделување на емоции ми е крајно долно.

    Некогаш ми се дешава да сакам да се истресам пред некој, речи три пати у пола деценија, за после да се каам зашто некој знае макар најбезвезна работа за мене. Не сакам луѓето кои ги сретнувам во градот како дремат во некој кафич да ме знаат, попрво нека имат лоша престава за мене. Така е најчесто. Ама некогаш толку ми се иде се да повратам од мене, шо наместо олеснување ми создава поголема мачнина.

    Не, не сакам секогаш да зборувам за себе. Ми го убива денот, ми ја зема свежината, ја расипува суштината и ме прави пффф ма ме води назад во глупото шесто одделение.
    На моменти мислам дека ништо повеќе не ценам од тишината, од јадење смокви во дворчето и радоста околу калинката. Може ли некое чувство да не преобрати засекогаш, може ли некое чувство да биде момент?
     
  6. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Некои личности едноставно посакувам да се подалеку од мене. Добро де, личност ете, ќе го ставам во еднина. Не сакам повеќе да го среќавам, не сакам повеќе да ми кажуваат за него. Љубена сум и љубам, тоа ме прави пресреќна. А преку глава ми е од таа стара рана која никогаш не заздравува.

    Излези веќе од мојот живот! :@
     
    На cinderella5, Elennaa и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  7. rainbow16

    rainbow16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    22
    СДК среќен Бајрам на сите муслимани :)
     
  8. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ... моментот кога седите во кафана, скоро трезни, а песните во позадина се турбофолк, нели стандард. И не сте уопште слушач на таква музика, но кога ќе дојде на ред една песна, абе јас да сум го пишувала текстот не би можела подобро за она низ кое поминувам. Посебно два стиха:


    Nemogu vishe da zadrzim bol, ne pomaze tablete i sav alkohol ..

    Тогаш знаеш дека си го допрел дното. Кога седиш у кафаната, на масата околу тебе уште шест, седум души, а ти си само у друштво на цигарата и твоите бедови, и ваква песна те допрела како ништо друго. До тука нека е работата, оти вака веќе не се живее.
     
    На creshicka, Elenuskaa, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Не ги сакам и сфаќам луѓето кои не бегаат или бегале од часови,
    не ги сакам и сфаќам луѓето кои плачеле заради слаби оцени,
    не ги сакам и сфаќам луѓето кои се бедираат после паднат испит,
    не ги сакам и сфаќам луѓето кои заради неколку неположени испити оставаат факултет,
    но не ги сакам и сфаќам луѓето кои се срамат да кажат дека не дипломирале на време.
    Не ги сакам и сфаќам луѓето кои уживеани во својата егоистична реалност прават деца,
    не ги сакам и сфаќам луѓето што се неуспешни родители,
    не ги сакам и сфаќам луѓето што ги малтретираат своите деца.

    Не сакам секакви луѓе, зошто да се биде човек е многу повеќе од тоа да дишеш, јадеш, се движиш и зборуваш. Да се биде човек е многу, многу повеќе од тоа.
    Но сепак денес да се биде песимист е во мода, да се биде во депресија и на зелени бобици такоџе, денес е во мода да бидеш ултрасаркастичен демек ист Хаус или хипстер. Денес се во мода цветичи, и да пола град ги носи, од кои 70% незнаат зошто...
    И така, денес е во мода да бидеш се’, само не свој.
    [​IMG]

    И ето видиш, ако си оптимист одма не си во мода, ако си песимист тогаш си хипстер но си заслепен, а ако си реалист ондак демек си хипстер и си најјак...
    А у ствари, кој ку*ац оваа лепа рамка на наочари ја поврзуваме со некои си таму дечишта кои што се хипстери само затоа што тоа е во мода и добро им стои.

    Муабет ми беше друго, ама кога текстов почнува да ја губи смислата, ќе ги пуштам мислите да одат јабана, за некогаш повторно кога ќе надојдат повторно да кликнам „најави се“.

    Останете ми поздравени...
    ?.
     
    На Shelea, zarah, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    И пак јас, во ниедно време. Спиење-никако! |(
    Епа ај добро утро. :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Ноќта има две улоги - да создава и да враќа спомени.
     
    На Buttterfly, mysterious, Juicy03 и 21 други им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Потпис.
    И шпанско, и турско, и индиско и непознато производство. Има за извоз.

    И колку еден 15 годишник знае да сака до степен на самоубиство?
    Генерации до моега. Лигави, жуљави кенкала. Егоистични, а шути, со видик од радиус помал од сопственото носе што го пикаат кај што не треба.
    После на дедо ми сестра ти е крива.
    Ма душата ми иде на место кога ќе прочитам нешто паметно од тинејџер во најлуди години.
    Има надеж, си велам.
    Борете се ко последни Мохиканци, оти ојдовме у три лепе.

    Ах, да. И многу ми е мака кога индивидуи посегнуваат по она по кое плукале и се претвораат во она за кое ветиле дека никогаш нема да бидат. Кој? Ја? Ма нема шанси. Пу, пу! Да му веруваш на дедо.
    Ама Марфи е таков, back at you.
    А поголемо разочарување од тоа - амин.
    И тешко дека ќе ги гледам пак со исти очи. Самите ми/си ја срушија сета слика што ја создале.
    И мака ми е, и жал што на таков лош начин и со таков завршеток умираат во мојот живот, ама како сам што ќе си направиш, никој нема. А нив демек па ги заболе баш за мое мислење и мене да ми се докажуваат. Смешна Каљопо. Пресмешна.
    Ако, ми помага да сфатам колку им значи нештото и колку си се доследни себеси, зошто првенствено човек го прави нештото за себе, не за да испадне одржано pinky promise кон друг.
    А штом не се почитуваш себе да си стоиш на своето, како утре да ти верувам дека нема да ме извисиш? Како воопшто да гледам на тебе?
    Крај краева па, јас не им ги носам одлуките со нож под грло. :shake:
    Само оставам впечаток на ретардирана будала (дабл негатив) што им се замара дури си го ладат газот.
     
    На starbucks, Monna.Monna, Hkikica и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    По сите правила на Универзумот, моментално треба да сум потоната во длабок сон. Треба да ми се спие, многу да ми се спие и едвај да ги држам очите отворени. Но, дури и чичкото Универзум има свои лоши денови. И по целодневното шетање и вечерното излегување, не чувствувам ни трошка умор. А очите ми се поотворени од било кога. Зошто? Затоа што вечерва размислувам за многу работи.

    Велат дека летните авантури треба да завршат онаму каде што почнале. Треба да завршат тивко и без чувства, незабележително. А двајцата љубовници треба да се разделат со истата леснотија како и што се сретнале.
    Совршено добро го знам сето ова, јасно ми е како ден. И покрај се, решив мојата летна романса да ја продолжам на...каде, ако не на фамозниот факбук! Си се додадовме, си се прифативме, и се чатаме одвреме-навреме.
    Што сфатив?

    Сфатив дека кутрите Македончиња се како овци пуштени од трло надвор од нашиве граници. Се троши, се јаде, се пијанчи, се игра на шипки, се носи несоодветна облека и пакетче кондоми в џеб. Секој храбро му приоѓа на секој без страв од корпа, „ма ова е Сончев Брег, во секое време можам да речам дека сум од Србија или Романија“. И која сум јас да покажувам со прст, кога го правев, помалку или повеќе, истото. Се вратив овде со убави спомени, многу за раскажување и покана за пријателство за Дотичниот на факбук.
    Дотичниот срцекршач имал бенд, ги слушал Opeth, не бил тип кој секоја вечер одел по дискотеки и имал многу женски, уствари имал една посериозна врска до сега, повеќе преферирал седење по клупи и бил прилично религиозен. Но тоа овде, кај нас. Надвор од границите ставаше цртки за секоја плавуша на која и го бутнал јазикот до крајници и откачуваше на рап.

    Не обвинувам никој затоа што и јас го правев истото. Не ги обвинувам ниту Македонците, секој е опуштен малку повеќе на одмор. Муабетот ми беше, како тоа ние луѓето различно реагираме во различни средини, под различни околности, кога немаме страв од неуспех. Како би се однесувале во едно поинакво општество? Како би се однесувале доколку не постојат овие морални норми? Дали светот би бил подобро место за живеење кога сите би биле безобразно искрени и би нуделе бесчувствителен секс за добар провод таа вечер? Без никакви скриени намери и поставени услови? Што би било кога сите би го кажувале она што го мислиме?
     
    На ViktorijaMari и marama им се допаѓа ова.
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Мака ми е за мама. Со толкави рани на рацете не може ни лебот во рака да го држи, а онаа старана и текнало да прават јуфки денес.
    Женава се труди да не направи тензија, од околу да и каже што како, ама оваа не и се чуе.
    Шо дека има 70 години, поздрава е од мене и од мама заедно, заб нема извадено. Само пишти кога ќе треба нешто да се сработи или некој да дојде - тогаш е болна. Само лежи и спие. Навечер кога не може да заспие не го криви целиот ден што го преспала претходно - него притисокот. Да,да, притисокот што никогаш не и се качил ниту и паднал пошто сите дома ја чуваме како царица. |(
    Ми се смачи и фамилија и се. Нека си ги собере и она парталите и нека исчезне негде, исто на начинот на кој што го воспитала син и' да реши и по 20 години да не напушти сите.

    Ни солзи, ни молби, веќе ништо нивно не ме допира. Некој ќе рмба за друг да јаде.
    На улица да останам не живеам со свекрви и золви.
    Пак си викам, да потпораснам, да фатам некоја работа и мајка ми да види аир у животов, здрава и жива нека ми е. Со какво трпение и какви челични живци е таа жена. И се восхитувам.
    Би и' купила некое станче да одмара по цел ден, и би и купила многу саксии со цвеќиња, постојано да си ги средува и да ужива во нив.
    Ми се плаче кога гледам што и' прави оваа старава. Пред мене не смее. Сега ќе излезам у двор и низ нос ќе и извадам се само со еден поглед.
    Не се гордеам. Ниту со баба ми ниту со татко ми. Ниту со никој од овие будали со кои растев.

    Да се врти се околу тоа кој колку пари ти дал кога си немал - ако е тоа семејство тогаш јас мора да сум луда со сопствената перцепција за семејство.
    Не и' сакам ништо. Ни имот, ни пари. Се' нека си однесе в гроб.
     
    На la-chicka, Juicy03, FortuneTeller.xD и 12 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Почитувајте го секој совет кој доаѓа од понежниот пол. Некои од нив се толку скапоцени што заслужуваат да бидат запомнети засекогаш.
     
    На Unfaithful18 и Sara123 им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.572
    Пол:
    Женски
    Се мислам,како е можно да дојдов до ова дереџе.Не ги сакам вака почнатите денови,ама понекогаш тоа е навистина посилно од мене.Вагање и премерување,испитување и докажување ,гледањето на своите грешки и очајноста во неможноста нешто да се смени.Каде ли е крајот?Знам дека многу работи зависат од мене,ама како некој да ми ги заврзал рацете и нозете,не можам чекор да направам...само мозокот работи до усвитување....

    Понекогаш си мислам ,животот навистина ми остана должен...

    Туку,си ги гледам сликиве од одморот,навистина треба да се ослабне.И треба да се сврти нов лист.Да ја издупчам лажицата,да го заклучам фрижидерот,да јадам супа со кинески стапчиња,да ставам замки за мечки во шпајзот,знаете веќе...или да се врзам со ланци за термо печката,која и така стои непуотреблива,како вампирите кога е полна месечинатаи кога се плашат од своето преобраќање...и маж ми ќе спие со едно отворено око во случај да го замислам како шницла...проклета судбина...и покрај се ми се закачија и килограмиве иако маж ми вели ,дека е лесно да се биде згодна на 20, успех е да бидеш риба на 40,притоа значајно погледнувајќи ме....ха...црн хумор драги мој...

    Теми и дилеми во ова неделно утро колку сакаш,и како бре по ѓаволите успеваат жените да се сликаат да изгледаат поубаво на фотографии отколку во живо.Можеби и јас ќе се извештам за тоа еден убав ден :geek:
     
    На Peppermint, marama, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Денов ми започна лудо. :wasntme:

    Ме разбуди музиката на комшијата.
    Ставил на најгласно и сега цела улица се тресе.
    Ама остај тоа, музиката е тажна како за погреб, поточно како за во пеколот.
    И така си станувам јас, приморана да слушам глупава музика.
    Дури ја прашав мајка ми некој да не умрел.. :!:
    Излегов надвор да видам што се случува, го прашувам комшијата што е таа музика..
    А тој па колку што е богат, толку е и луд. :x
    Со сет памет ми вика, па види што убава музика.
    Доаѓа Луцифер ! :!:
    Па да.. затоа нас улицата ни е толку интересна..


    :hai:
     
  18. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.674
    некој луѓе едноставно се родени под среќна ѕвезда.се им оди во животот.исполнети,среќни и ништо не може да ги скрши.а јас кога ќе ги видам ми се иде да си ја мавнам главата од ѕид зошто гледам што се сум испуштила и колку сум можела да бидам среќна но не сум успеала.таква ми била среќата,да бидам кршлива и ранлива.
     
  19. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Сакам да кажам...Тие 7 дена без фемина,некако не ми беше интересно...Криво ми беше што немав интернет бар 30 минути во денот да се уклучев и да напишев нешто...Ама затоа сега го искористувам максимумот... :*
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.167
    Пол:
    Женски
    Ramazan bayraminiz kutlu olsun:) Честит Рамазан на оние кои го слават.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.