Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Пред 3години.. ова време... добивме лоша вест. Брат ми морал да прави операција. Не беше страшна операцијата, една од полесните. Луѓе, цел ноќ не спиев од грижи и утрото кога ми јавија дека се e во најдобар ред, заплакав од среќа. И веќе 3та година по ред тој има панагија - негов празик. Ете денес е жив и здрав и е заедно со нас. Му посакувам уште 100 години да живее. Го сакам најмногу :l: :)
     
    На Buttterfly, NEA, anabel-a и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    И така со излижани пети и прсти од играње, го дочекавме утрото а богами и првите сончеви зраци со кафе. Некој вади шминка и се става одма во лежеча позиција. Не бе ние, кафе си сваривме. Магично е!

    Не знам зошто но има нешто посебно во зората. Изгрејсонце и зајдисонце, двата најубави дела од денот. Страшно посебно се чуствувам тогаш. Мислам дека секое дрвце пред мене го видов, дури и мислам дека ги чув првите птичици од средно Водно.
    Не е битно.

    Многу сакам паметни ликови, оригинален хумор, позитивен пристап и убивачка интелигенција.
    А интелигенцијата не би ја мерела со бројчиња туку со понашање.
    Најептен сакам, кога секој си го гледа својот живот и не се замара со муабети од типот, ајде да ја разглабаме Перса и да ја осудуваме, пошто, смачено ни е од нашиот живот, па малку де да се позанимаваме со неа. А и у нашиот живот не дека има нешто за разглабање, па ајде, ќе направиме дистракција со други муабети.
    Не знам кој кажуваше, дека само на глупи луѓе им се главна преокупација други луѓе.
    Не се прај дека знаеш нешто и не си давај за право да зборуваш пред сосема шести луѓе за мене. Грдо е и тебе те праи глуп повеќе него што си мислиш. Тоа ЈАС што правам е моја работа, а не твоја.
    Ви текиња?
    Народен спорт у Македонија, секој све знае, и секој мисли дека е компетентен да коментира туѓи животи. Шо би рекол Миле Паника - што се мешаш у туѓ живот, ќе те прашувам ја тебе како да се поздравувам со другари. Губи се одавде бре! :D

    Колку е олеснувачки кога отвараш карти на маса, и си збориш опуштено со саати, и конташ, дека муабетот бил конструктивен, дека те опуштил, дека си научил нешто, дека те возбудило нешто и ужасно насмеало на самиот крај, или за време на истиот. И плус си решил многу ствари кои ти стоеле заглавени у грло.

    Одличен склоп на фаци. Одлични спонтани неочекувани средби потоа. Качување на шанк, пошто те жалат дека не можеш повеќе да одиш во штиклите и така на раце те носат од ѕидче на шанк. И тука му нарачувам на келнерот пијачка, седната на шанк :D

    Крцкање коски. Муабети за стари дани. Ретки се друштвата кои се у контакт и заедно од бебешки пелени. Оп стоп јас едно такво имам.
    Сто пати ми се насолзија очите, и потоа повторно ми се насолзија но од смеа. Посебни се, ги обожавам.

    Не знам како да ви кажам. На маките мои, ехо не им е потребно. Гомцата увек ги голтам сама. Да не се чуе ниту не дај боже му засмрди на некој. Ама кога сум посебно среќна, доџе ми да вриснем.

    Вчера еден другар ме глеа после долго време - ууууште ли си бре така болно позитивна?
    Јееее, сум ли?
    Па изглеаш.
    Фала и ти си добар :D

    Ако видите некој да сее меурчиња во облик на срце низ градов, јас сум таа!

    Среќен празник до сите муслимани! И дај бе частете баклава бе па бе па ;)
     
    На Buttterfly, DonMarko, ines.h и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Се повеќе и повеќе се нервирам. Аман, аман, аман нека дојде 22 и проклетата прелиминарна ранг листа што сите ја чекаме.
     
    На Adi888 и pupi.girl им се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Зошто има толку многу луѓе што не веруваат во пријателство меѓу машко и женско. Зошто мораат да шират муабети наоколку дека тоа се развива во некаква врска и да поставуваат прашања од типот колку време се тие заедно? Зошто ли ја кријат врската? Бог да чува значи :x . Носот не се пика таму каде што не го бери, брзо ќе биде скинат. Устата треба да си ја држат затворена. Нивните комплекси нема никогаш да бидат излечени... ќе си останата бедни, жални и катасторфални ...
     
    На ViktorijaMari, Alesii и Sara123 им се допаѓа ова.
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Неможев да спијам цела ноќ.Око не склопив.Ги враќав наназад спомените.Плачев.Перницата беше сабајле кога се разбудив сеуште мокра од солзи.
    И онака убаво Kasha си кажа во постот дека ноќта има две улоги,да создрава и враќа споемни.
    Тоа е вистина така.
    Само што легнав да спијам,некои луѓе ми застанале под тераса ми пееат некои турбофолк песни,шта да ви причам кад све знаш работава.Се зазори тие сеуште беа тука.Абе кутирите тие,разочарани од љубовта излеат беа,па си лечеа комплекси под тераса кај мене. Почнаа со ова : http://www.youtube.com/watch?v=xar1GA16nKI оф,оф.Абре жал па ми падна.Де што е ова,сите разочарани само од црните жени.Хахаха.
    Ајде пееа што пееа,не ми беа некое време интересни реков не ги слушам,ги ставив слушалките в уши и пробав да заспијам џабе.Се вртат спомени.Неможев да спијам.
    Овие под тераса ми пееат,од друга страна пак слушам дечко и девојка се караа.Тој идиотот и викат:Ку*во една носисе у пм!
    А таа пак: Носиме дома носиме дома!
    Абре театар што да ви зборувам.
    Се покрив преку глава,и реков ако не заспијам сега нема шанси да заспијам до сабајле.
    И ете ги повторно почнале другарчињава,http://www.youtube.com/watch?v=RYQlpDPBb9k.
    Nazdravite drugovi, sa mnom i sa tugom.
    Otisla je voljena, u zagrljaj drugom.


    Е толку ми фалеше да слезам и да им правам друштво.Е после ова стварно почнав да плачам како луда.
    Си се пронајдов.Па зарем требаше ова.
    Ајде батали.Сум заспала и самата незнам како.Се чудам.
    Пред да се разбудам се разбудив во перегратка,ги отворив очите.Гледам.Тоа било само сон.
    Сон кој никогаш нема да биде реалност. ;(
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    на сите припадници од муслиманската вероизповест им го честитам празникот Рамазан Бајрам :)
     
    На srcesrce и girl-miri им се допаѓа ова.
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Денес се тетовирав :rofl:

    знам квалитетот на сликата е никаков :doh:

    Едит: Тетоважава не е трајна
     

    Прикачени фајлови:

    • WebCamera.jpg
      WebCamera.jpg
      Големина на фајлот:
      10,2 KB
      Прегледи:
      243
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Собата ми е во хаос, а јас сум во уште поголем. Измешани убави чувства и возбуда со неред од мисли што да понесам со себе, во секој случај убави грижи кои ги посакувам секому.
    Свечено изјавувам дека 10 дена ќе ме нема од овде, ќе уживам и пијам коктелчиња на некоја бела песочна плажа подалеку од секојдневните обврски. Ве испратив и ве дочекав сите, дојде и мојот ред.

    Веќе го чувствувам нежниот мирис на морето и топлите зраци на мојата кожа.
    Конечно дојде и тој ден за мене.
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, kravce, Cacy и 20 други им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    нека е Честит празникот рамазан бајрам и се најубаво за сите :)
     
    На srcesrce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    This is a man's world BUT :!: it wouldn't be nothing, NOTHING without a woman or a girl.
     
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Силно светнал ден, Ашлинг не се трпи.
    Него, настрана нервози на сите феминки од муслиманската вероисповест нека им е честит празников и сите по 5 парчиња баклава на моја адреса!
     
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Добар ден на сите!

    Вчера супер си поминав и среќна сум :) Имаше некои работи, т.е. личности што не ми се допаѓаа заради некои нивни потези, ама ајде, да не мрчам. Убаво ми беше (со исклучок на тоа што црвената тетка ми дојде додека бев на свадба, баш како што и предвидов :^) )

    А денес, на мекици! На другар ми му се роди внук и пресреќни сме сите. Ни ја разубаве вечерта како никој :clap:

    Друго што сакав да кажам е мразам кога некој ми замерува што не сум му се јавила. А ако ти толку си сакала да ме слушнеш, имаш и ти телефон, нели? :^) Зошто мора јас секогаш да ти се јавувам? Јави се некогаш и ти, чисто за промена. Сите само нешто очекуваат од тебе и ако нешто пропуштиш да направиш, те гледаат како најголем грешник. Сакала да ме види. Па мајку му стара, ако сакаш да ме видиш, јави ми се и кажи ми! Знаеш, не ги фрлам гравчињата секое сабајле па да знам дека сакаш да ме видиш.

    Ма што ги вртам сите, мене ми е убаво, си уживкам во животот и среќна сум. Не се замарам со небитни работи. Ми викаат, непрепознатлива си, многу си сменета. Да, сменета сум and guess what:
    I like the new me 8)
    Лајф из гуд :rock:
     
    На anabel-a, cinderella5, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила колку магично било градчево наше, кога има reunion на пријатели што сакаат само добар провод и ништо више. Убавината е во чистата дружба, кога секој сака што поубаво да си помине. Е тука, градов има што да понуди за една фина, пијана, по малку лудичка ноќ.
    А и на моиве штикли најубаво им прилега асфалтот во Скопје, иако, секако, јас замислувам дека еден ден ќе тропкаат и на друго тло, долгорочно.
    Друго, малку како потресена сум од фактот што отварањето на Пиволенд ќе биде со Бајага. Нема зборови со кои конкретно би опишала што чувствувам спрема музиката на човекот. А за тоа е крив човекот што си ги будеше двете ќерки со Добро јутро џезери. И по навика, заради татко ми, секогаш кога печашам си ја свиркам Кад ходаш или Живот је некад сив некад жут. Разбирате ваљда, какви се тоа чувства, за кои ви зборувам.
    Ова е уште еден прекрасен неделен ден што мириса на мусаката на мајка ми, преполна со магдонос. Кафето денес се пие со две лажички шеќер, десертот е овошен и цел ден свири радиото.
    Прскам од енергија. Дај боже да потрае ова, па навистина да ја остварам желбата и да се запишам на кик бокс.
    ...обожавам недела.


    За малку....
    Нека ви е среќен празникот на сите од муслиманската вероисповест! :f:
     
    На anabel-a, Hkikica, Magnolija и 7 други им се допаѓа ова.
  14. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Цеца си е Цеца убава у секој сегмент каква и да е, у партали да е ке биде Цеца, добро бе вие шо сакате да се нареди лампиони да ви биде убава !?!!? Ццц немате врска од убавина па ке зборувате лелее не е ич убава шо таква коса си направила бла бла . Кажете дали не е убава ?
     

    Прикачени фајлови:

    На Divinebutterfly, ViktorijaMari и perlaa им се допаѓа ова.
  15. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Кој е тој Усул бе, мајка ми стално што ме тера да пијам со него?
     

    Прикачени фајлови:

    На CIA, Oxymoron, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    СДК нека им е честит Рамазан Бајрам на сите кои го празнуваат!

    Туку абе некако многу мрза ме фати денес. Не ми се станува од кревет. Ама сакам. Ни кафе си немам направено. А недела, најглуп ден у неделата. Стварно нема шо да се праве. Туку ај да си полежам уште малку и да станам кафе да се напијам и да повежбам малку. Нема бегање
     
    На Hkikica и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  17. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    If bitches could fly, my school would be a fucking airport.
     
    На Hkikica и Sara123 им се допаѓа ова.
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Абе ако го запознеш дај запознај ме и мене и мене од дома ми велата се со него да пијам, а појма немам кое е типчето :D

    Инаку утре ми е роденден :party: :party: многу се радувам и многу си го сакам роденденот секогаш со нетрапение го дочекувам.
    Уште сега сите ве поканувам на торта :^: :smoke:
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.666
    Комшиката од втори да престане да пржи пиперки на тераса. Мислам не ја сфаќам логикава. Пушти аспиратор,пржи си дома. Немој да ми кажеш дека ова не ти усмрдува и внатре?! Секако дека да и уште 30543059 станови околу тебе.

    Од другата страна на светот. За појадок кандирани ореви и мед со ванила. И ... ма ....уф.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Е ова е дефинитивно така! Затоа тој од кој само очекуваат на крај го јаде подебелиот крај.

    СДК ... утрово во црква. За адет и за убави нешта нели ... Убаво украсено лепче, вкусна пченица, вино за да биде комплетен адетот, свеќи запалени за себе, најблиските, драгите, пријателите, роднините ... две посебно беа за мене и братот. Дај Боже да тргнат работиве по вистинскиот пат да се радуваат и тие кои очекуваат од нас коцките да ни се доредат. Нејсе, нека е за арно за убаво, за среќа, љубов, бериќет ... најмногу здравје и хармонија.
    Него она што го видов во црква кое безредие се создава од жени, колку се страдни да земат и колку се занесени по некои народски, а не црковни и господови правила и обичаи, ма се разочарав. :x Дефинитивно ред и организација ни фали многу и помалку грабање повеќе давање. А оние адети не се од Господа, тој не бара ништо тој само сака да имате чиста душа, да ја кажете неговата молитва кога ќе си влезете во својата соба ... да верувате во себе и во она што ви дава надеж, а пред се да љубите искрено.
     
    На bittersweet, anabel-a, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.