Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    Кога човек мие садови сваштарии му паѓаат на памет.[​IMG] Од умор нозете не можам да си ги приберам една до друга.Навистина мразам кога се молерисува а нема никој ни едно кафе да ти направи |(

    Сдк ниедна приказна во живототне не завршува со точка,дури и кога себе ќе се убедиме дека баш тоа сме го направиле.Точки постојат само во книгите.
    Спрема тоа во очекување на точката,може да ти пролета дел од животот,а за кој покасно ќе жалиме,зашто,од целата таа приказна,тој единствен дел ќе биде залудно изгубен.
     
    На kravce, cinderella5, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    http://www.youtube.com/watch?v=i41qWJ6QjPI
    Си го гледам настапов и си плачам како мало детенце.

    Ме пореметија предменструалниве хормони.
     
    На L-enna, CIA и ilipili им се допаѓа ова.
  3. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк дека секој миг му се молам на бога за тој да биди среќен.Да му се решат сите проблеми,да му се оствари планот кој што си го има замислено.Тогаш конечно ќе биди мирен и ќе може да си ја планираме нашата иднина без да бидиме зависни од некого и од нешто.Офф колку е само тешко кога си зависен од се околу тебе и не можеш на рает да си планираш и мозокот да ти биди во лер.Сакам и ние барем еднаш да не мислиме на 300 нешта пред да направиме нешто. Убав ден денеска,тивок,мирен,топол.Ги сакам ваквите денови кога можам да размислувам за се што ќе ми дојди на ум и да сум во таква состојба што да ми рече да одам кај него одма би летнала.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Да не го мислите, грижливата бактерија закачена на мене од раѓање се појави од некоја страна. :!: Таман се чудев и се прашував кај го снема човеков, да не е на печалба некаде отиден, да не работи нешто паметно, да не решил да се надогради професионално, некаде да тргне со животов на 45 години... Абе многу претпоставки ми дојдоа во памет.

    Бактерија ко бактерија, кога не треба, се појавува. Проливеста е оваа. Таков си е човекот, простичок троа, ама како знае да го одбере моментот, чудо некое. Повторно мојата интиуција и повторно претпоставката дека ѕвонел додека едно пола месец немав телефон. Којзнае кои мисли му минале на драгиов бактеР (така викаше сестра ми како мала), дека можда сум киднапирана, убиена, имам некоја забрана да му ѕвонам, го игнорирам... Паха, ха, ха! Будала.

    И имам речено и пак ќе речам, како знае да ме изнервира самиот број кога ќе го видам на екранот, а тек па да се јавам. Па да почнам да го слушам со проповедите, како нели, стандард, овој не чини, тој не чини, сите не чинат, тој чини.

    А па ако го ,,израдувам,, и му кажам дека ме ограбија додека броев ѕвезди на плажа :D , ќе ја пријави мама во Социјално дека не ме чува. Заборава дека тој никогаш не ни ми дал пари за на одмор, за телефон, за новчаник... а уште помалку памти дека одамна пораснав и знам да ги разликувам добрите и лошите тетки и чичковци. И тие од Социјално. ;)

    Лета ли магарето, лета.
    Ми се расипал софтверот бе. Нека си мисли. Онака си е приглуп, може ќе му текне да пријави кражба во Полиција. Да биде одговорен родител кога веќе другиот не е и ме пратил САМА на одмор. Во апашка Бугарија. |(
     
    На LilBaby, lunicka, ViktorijaMari и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Полека полека и јас почнувам да ги осеќам финансиските проблеми за кои отсекогаш слушам.
    Досега целосно сум под капата на моите, дури и за жваки што се вели за 30ден барам за да си купам.
    Ме нервира оваа состојба.
    Ми требаат пари за секогаш да си имам со мене, неможам веќе пред секое излегување од дома да се стегам да побарам пари. А таква сум што колку и да имаат моите, пак ќе ми биде некако глупо да барам пари од нив.
    Дај боже да ја добијам стипендијата па и јас малку да живнам и да не се осеќам глупо секогаш кога излегувам.
     
    На marama и 1209 им се допаѓа ова.
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Недела како недела. Досадна, монотона, сончева но сепак сива.
    Веќе незнам што со себе.
    Прво се жалам дека имам обврски, а кога немам, се жалам зошто ги немам? Е таква сум јас, ништо не ми е погодено, и баш затоа си страдам толку. Незнам кога сум била задоволна со тоа што сум го имала, секогаш сум сакала повеќе и повеќе и повеќе...и така до бескрај.
    Сите ми кажале дека е нормално, дека тоа ни е во крвта на сите, да се стремиме кон се повисоки врвови, дека човечкото око е ненаситно. Дека и кога се е во ред, ќе се најде нешто што ќе ни пречи, што ќе ни биде трн во око. И вистина е.
    Само што кај мене ситуацијата излегува од контрола.
    Во секој случај, не сум таква, да седам без идеја што понатаму, да не дејствувам во ниедна насока, без никакво напредување, да стагнирам. Не, не го можам тоа. Барам предизвици, акција, ризик, авантура. Таква ми е природата.
    Само ми е жал што, понекогаш и покрај целиот труд, и покрај солидниот, дури и перфектниот резултат, јас сум незадоволна.
    И барам уште, и уште...
     
  7. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    И јас да честитам Бајрам на сите муслимани, и Преображение Господово на нас христијаните.

    Уф каква превкусна баклава сум каснала прееска. Шербетот имаше некако вкус и на ванила, прстите ќе си ги изедев од сласт :lol: Алал да им е на комшииве.
     
  8. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Некои не си го ценат трудот,не се ценат себе си. Не знаат да си кажат цена каква шо они посакуват,каква шо заслужуват. Дозволуват другите да им лепат етикети. И после се жалат и не биле задоволни. Цени се себе си,покажи си заби,не дозволувај да те дават на разпродажба.
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ако постои некоја која ја мава поголема носталгија од мене нека ми каже слободно,ќе ја поканам на кафе.
    Значи во последно време неможам да кренам глава од моите мисли,се нешто како за инат ме враќа во некое одминато време,и за да биде уште полошо сонувам како живеам со старата куќа :fubar:

    Ама тогаш во едно минато време,јас имав среќно детство (или барем јас така си мислев).
    Имав двајца родители...
    Имав дечко кој што ме сакаше..
    Затоа толку ја мразам оваа проклета недела,како да е створена за да ми создава немир на душата.
    Како да е створена да ми ги отвори сите неизлечиви рани,море како да им става сол бре,за да ме пецкаат.
    Нека помина овој ден и нека не се повторува.

    Има денови кои се забораваат.Денови во кои не сме успеале да зацртаме нешто ,со што би го паметиле тој ден,но има и денови кои остануваат во наше вечно сеќавање,денови кои оставаат трага меѓу листовите на нашата животна книга,денови кои одбележуваат,и потсетуваат на наше уште еднодневно постоење.
    Е таков ден сакам,ден кој што ќе ми ги промени нештата.
     
    На green.eyes и Ann.94 им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.609
    Допаѓања:
    43.179
    Пол:
    Женски
    СДК дека муабетов ќе испадне „што се филма оваа“, ама гајле ми е превртувајте очи ако ви е ќеф, ама јас пак ќе си кажам!Понекогаш сум желна за знаење.Еве пред неколку саати седнав со намера да прогуглам за Мона Лиза, поради книгата што ја читам, а завршив ни јас не знам каде.Значи обожавам да си читкам се во врска историја и сакам да ми има толкав капацитет мозоков, за да запомнам се.Не за да се правам паметна, туку чисто за моја душа, зошто ме фасцинира минатото на Земјава, мислам сегашноста и иднинава мене воопшто не ми се импресивни и радо би се родила на друго место во друго време.
    И место да земам да учам Технички својства на дрвото, јас зјапав во статија за идентитетот на Мона Лиза.
    Знаете ретко можам со некој да дискутирам на овие теми, а тоа проклето многу го сакам.Се сеќавам на една вечер, пред некој месец, кога во станчето си седевме ние трите цимерчиња, едната девојка 100% посветена на медицината, другата филозоф до срж, а јас љубител на тешки теми, со намера да учиме за престојните колоквиуми...не само што не научивме туку не се ни наспавме, зошто добри 7-8 саата решававме чудни прашања, делевме мислења и наши лични филозофии, ја поминавме историјата, уметноста, медицината, религијата, духовноста...од мубетите тогаш, наредниот ден се разбудив со некои други погледи на некои нешта, побогата духовно и се чувствував попаметно мајке ми.
    Е ова ми фали и тоа како.

    И друго, поздрав до Штипјани и нивните пастрамајлии.Еве си мезам една што ми ја пратил мојот драг тетин за поздрав, знае тој колку сум љубител на храна.Патем имам кажано дека го обожавам повеќе од мојата тетка.Човек, огромен како карма, ама со срце толку меко, човек не може,а да не го сака.
     
    На Buttterfly, Lolipop23, ViktorijaMari и 8 други им се допаѓа ова.
  11. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    гнкагнѕхиоаоп афњј... тоа сакаше да ви го каже мојата помала сестра која во моментов ме полудува бидејќи не ме остава да седнам ни пет минути пред компјутер и ми чкрапа по тастатурата. :@ Ама бебе е колку и да се лутам многу ми е слатка и кога ќе го видам нејзиното насмеано фациче со неколкуте забчиња ми се подобрува расположението. :inlove:

    СДК дека ептен добра било да спортуваш секој ден. Требаше порано да го сфатам тоа, ама од сега нема лабаво :!:
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Синоќа се случи нешто што треба да остане запишано во историјата. Ми рекоа дека имам дебели нозе. :o Цел живот сум прчка слаба, и ненормално пробувам да се здебелам, и сега кога конечно го направив тоа несакајки, ми велат дека уште едно килце повеке нема да ми стои убаво. Отидов на одмор со 50 кила, завчера мерам, 54 :o како бе така? Блејм ит он д гиро енд леб домати и сирење- најубавото јадење.

    Како и да е, денеска бев на еднодневно капење во Ставрос со мајка ми и една моја братучетка со мајка и. Незнам како вие денес го поминавте денот но јас тоа го направив вака:

    Чиирс
     
    На Waka-waka, pamelche и starbucks им се допаѓа ова.
  13. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Нема ништо подобро од попладне поминато со баба и дедо. :)
    Ми кажуваа колку плачеле кога сум се родила,прво внуче сум им.Најмногу очекуваат од мене.Се надевам дека секогаш ке се гордеат со мене,и дека ќе дочекаат да ме видат како ќе успеам понатака во животот.
    Да ми бидете живи и здрави уште многу години. :*
     
    На anabel-a, Juicy03, Anja98 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Може ли да ти земе памет, дечко/девојка без памет? Кај немаат свој, па уште и твојот го бараат...:)
     
  15. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Добро е кога човек повторно ќе почне да мечтае и сонува.. :)
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк ме фаќа носталгија :( :worried: А некогаш музиката на насиот Тошка ми ја полни душата :(
     
    На ozbilnazena, Hkikica и pamelche им се допаѓа ова.
  17. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Некои ќе помислат,оваа луда е,ама јас веќе не можам! Бев на одмор ваму таму,на езеро на планина,на море... ама последниве недели у Скопјево стварно не се седи :x не е ради времето,се залади убаво е сега барем може да се спие ама ми фалат некои активности... да бидам со нешто зафатена,да одам на тренинг,на курс,во школо... да ми биде исполнето времето... колку што го барам преку година слободното време,толку сега го неќам...компјутер,фејсбук јутуб,гледај филм,телевизор,серија,јади,спиј,пак на ком...не можам веќе! Сакам сега во средно,мерак ми е за новата средина,нови наставници,нови соученици... одвај чекам да дојде 1 септември :) знам дека покасно ќе зажалам за оваа реченица ама моментално тоа го сакам :) не можам по цел ден да се досадувам и само да јадам...кога ќе ми дојде памет да ослабам :sweat:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Моментот кога најдобриот другар ќе си фати женска ... :!:
    Све је у редум додека не почнат тие љубоморни сцени и објаснувања зошто,како и кај сме излегле... |(
    Детиште едно!!
    (Ma да и јас сум малку џелоус,признавам :$ )

    ..
    Значи ако уште некој видам со книгиштево во раце !! Seriously, again нешто со популарноста во стилот на Twilight или? Americans,Y U read only cheap bestsellers?! "

    [​IMG]

    Мртва болна,со страшна забоболка, триста ќебиња врз мене и вклучено греење(пошто тука е како Декември) ќе се дружам со документарец за Никола Тесла.
    Се читаме.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Конечно сфатив зошто мајка ми одгледува цвеќиња, иако секогаш сум мислела дека освен тоа што служат како украс, се бескорисни.
    Но, јас по навика секој ден кога го вадам дворов ги полевам и неколкуте саксии што стојат празни до чешмата.
    Знаете, онака, патем.
    И денеска гледам - цветче! ^_^
    Колку е само убаво чувството кое ме обзема. Сум вдахнала живот во тоа растение.
    Можеби ќе гледате на постов со потсмев, но јас се осетив како да сум направила чудо. 8)
    Добро де, со мала помош од природата. :)
     
    На Lolipop23 и XMaN им се допаѓа ова.
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Тепав на хан!!! :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.