Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... кога читам научни статии како девојките барале партнери кои наликуваат на нивните татковци, ми доаѓа да рикнам од смеа.
    Јас како ова малово [​IMG]држев палчиња мојот партнер да е сосема спротивен од наравот на татко ми.
    Да не се разбереме погрешно, татко ми е добар човек, со милијарда маани :D (за мене лично), нема трпение, не умее да сослуша, не ризикува никогаш, некои недозволиви работи од домаќинството ѝ ги препушта на жената :^) , не умее да закова една шајка во ѕидот, мајка ми иницира, а тој послушно следи, од старт според кажувањата на мајка ми не поседувал никакви џентлментски манири (тука веќе сериозно се прашувам со што ли ја освоил нашава зелена тиквичка :?: ), претпоставувам со сеирџиство и неговата уникатна техника на трачарење, ѝ се видело интересно, што ќе квачи беспотребно со комшивки, еве ѝ го најдобриот другар за сеир и кавги со телевизорот (да драги луѓе, моите родители се караат СО телевизорот, не за него)...

    И така гледајќи го ден за ден, знаев дека не сакам дечко / маж ни приближно како татко ми и сериозно не ми е јасно како никнуваат тие статии.
    :D Барем во мојот случај се апсолутно неоправдани.

    Кога го слушам како зборува за иднината која не' очекува и начинот на кој ги крои плановите, начинот на кој планира и размислува и дејствува, не останува ништо друго освен да се восхитам и да бидам благодарна што го познавам, што го имам, затоа што е еден од ретките.

    Жената е столбот на семејството, на домот, таа е секогаш поагилна, поиздржлива (иако однадвор не изгледа така), таа е медијатор, смирува тензија, оправа 19 работи истовремено... но во мојот случај сосем сум сигурна дека мојот партнер е столбот на нашиот иден дом. Иако однадвор не изгледа така.
    :D

    И сум среќна, сосем среќна со тоа сознание, дека за промена, мене некој ќе ме чува и заштитува и иницијално ќе ги турка работите напред (секако со моја помош), наместо да е обратно, како во случаите кои ги гледам наоколу. :)
     
    На Buttterfly, JuLleE, la-chicka и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Добар ден, убав ден :)

    Денес се разбудив со болки во стомакот какви што одамна не сум имала. Се чудев што да направам, па ми текна: чај од нане го смирува стомакот. И за прв пат, наместо веднаш да посегнам по апче, си направив чај, го испив и ми стана подобро. Па се запрашав зошто секогаш кога ме боли нешто, веднаш отворам во фиоката кај апчињата? Отсега ќе гледам да ги елиминирам болките на природен начин, само ќе треба ептен да се намачам кога станува збор за прв и втор ден од циклус, кога буквално јајнициве ми се кинат :sweat:

    Туку, СДК колку ми беше убаво вчера кога се размуабетивме во друштво за тоа што би правеле кога би фатиле лото. И тоа не било какво, туку она international lottery (станува збор за преку 200 милиони евра :o ) Па кога почнавме, ќе купам ова, ќе изградам она, ќе одам ваму, ќе одам онаму... Влеговме во филм 300 на саат. И таман кога бевме во екот на фантазиите и кога замислено гледавме кон небото и си замислувавме колку полесен би ни бил животот во таков случај, другар ми ме истреска од земја со зборовите: „Да се вратиме во реалноста. Sexybaby бара работа, Е. волонтира за никакви пари, Б. се труди што побрзо да ја напише магистерската за да може да најде работа“ итн. Ми се сруши се’ што замислував како кула од карти. Не сакав да се вратам во реалноста, сакав уште малку да поуживам во тој замислен свет.

    Да се разбереме, парите не ја прават среќата, но не ја прави ни беспарицата. Кога би добила лото, искрено не знам што би правела со толку пари. Знам само дека дека мене ми треба само малку, ми треба само за пристоен живот. Не како во фантазиите за да градам палати и да одам на Малдивите со приватниот авион, туку да имам само една пристојна месечна плата со која би си ги задоволила основните потреби и повремено по некој каприц. Толку.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Има неколку работи што ми го разубавуваат денот.
    Слика во рамка на мои 4 години, а сестра ми 1. Трач-рубрика со другарка ми, гушкање со внука ми, маубетче со сестрите, леден чај на тераса која го гледа крстот на Водно, мојата малечка библиотека во дневната.
    Без било која од овие работи денот не ми е тоа тоа. Во нашето ново катче со љубовта, ќе ми фалат некои од нив, само таму се надевам дека ќе пронајдам нови. Време е за промени, па конечно и јас созреав.
     
    На calliope, marama, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Морам да споделам неколку светли моменти од вчера, МОРАМ! Идеме во (не е битно), си седиме на коњопој, доаѓаат 3 девојчиња, ми вика едната може ташната тука да ја оставам? Нема проблем и викам, после неколку минути, имаш упаљач? Имам, еве ти. И ОП си се ставија со нас да си седат бе?!? :^) ВАКВО СТАВАЊЕ У ЖИВОТ НЕМАМ ВИДЕНО, мислам имам де.. али АЛО ЈАС ВАКА? НИКАД!! Мислам, како се дрзнат на такво нешто, немаат осет? Нема врска тоа, едни позади пијани, издрогирани шо и да беа, се качуваа на маси играа, го буткаа дечко ми позади, едната го фатила за гз и се дере на другава, леле го фатив леле го фатив? И шо ако си го фатила за гз? Ко Господ за муда не си го фатил?
    Има уште, идеме у(Не е битно) седиме у парови, и само една се избацува во бели хеланки, без гаќи, гол стомак и му играше на к*р на другар ми. Ја гледам женска му, не знае што да направи, а овој МОРОН па уште си игра со неа, и на крај оваа си заврши работа имавме бесплатен стриптиз и си отиде? Не знаете колку жал ми падна за девојчево ми вика и сеа како да изреагирам? Шо да направам? А што можеш?
    СДК како би се чувствувале во таква ситуација,што би направиле во тој момент? Би се испотепале со неа?Би останале на страна како идиот и да чекате она да си заврши работа? Би се искарале со дечко ви за личности што се очајни по внимание, спонзоруши и очајни да седнат на сепаре? :devil: :@
    СДК како би изреагирале ако вашата другарка му се пушта на дечко ви? :^)Хмм.. Интересантно. Другарка ебате, или.. „Другарка“? :^)
    Немам коментар веќе, I guess, некои прашања не заслужуваат одговор. :x
    Епа добро утро на сите!
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Sdk deka ima mnogu isfustrirani,samobendisani devojki vo Skopje,samo niv nekoj gi iskoristuva,kako toa samo maskite sakaat seks,a tie ne,i koga ke procitam a ete go saka samo da me legne i cao,otkaga ke ve legne pa posle kukaat kako bile iskoristeni,a kako toa ve iskoristil? I na kraj kraeve zasto dozvoluvate da ve legnat? Izvinete ama sami ste si krivi.
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Бате ја утна темата мислам :lol:
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Телефонски броеви,
    јавувања,
    огласи,
    читање огласник, заокружување, пречктрување.
    Не знаев, ма не ни замислував дека барањето живеалиште ќе биде олку тешко и напорно :tmi:
    Имам еден цел список со броеви, за секој случај да не ѕвониме некаде двапати, а се случи и три пати на еден ист број да свртиме :!: па затоа сега сите бројки на едно место и на проверка.
    После ќе си ставам маска со глина да го одморам лицево малку, време е за некое третманче.
    Ноктиве вчера ги лакирав, ама ме фати некоја желба за шлакање, па можда ќе се шлакам после.
    И тоа е тоа, живот џаболебарски.
    Стани, седни на компјутер, прошетај малку, јади, седи, спиј. Па пак истото.
    Ќе го барам еден ден сето ова. :hai:
     
    На Cacy, Glossy-girl и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк со полно стомаче ќе си седам и ќе си гледам цртани филмови на youtube, ми се сака ептен.
    А они нека одат по кафиња во кафулиња и нека ги болат ножињата во штикли :mm:

    Убаво ми е уште сум си дете :rofl: 8)
    Денес така се чувствувам.
     
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Мразам да пеглам :@ :D

    Обожавам да го слушам Френк Синатра ........чиниш шетам по некоја улица во NEW YORK и се наеднаш станува романтично и магично.
    тоа
     
    На antonina, tigerlady, Hkikica и 3 други им се допаѓа ова.
  10. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    СДК ретко кое машко те гледа со почит во денешно време.
    Ако си привлечна мисли дека си од тие лесно кои можат да ги добијат .
    Ако си добра мисли дека си наивна и глупа,па ќе можи триковите кои ги користи на некои 16 годишни да ги користи и на тебе.
    А ако си играш игри со него ,тогаш си како што треба.
    И знаете што е најтрагично ? :!:
    Што јас не знам да си поигрувам со машките па тие си поигруваат со моето срце.
    Доволно е и пред било каков физички контакт да се случи,кој не би го дозволила доколку видам дека некој е таков,доволно е емоционално да допри до мене и ме уништува максимално. :(

    Зошто не е се така едноставно па да не мора ние луѓето да глумиме нешто што не сме?Некои се претвораат во фраери како светот да е нивни ,манипулираат со тебе,си го пумпаат егото пред другарите-како демек брате види каква риба имам во план :^) . И секако кај мене не одат далеку таквите,но зошто се осекам повредено,зошто толку брзо залетувам ,зошто толку многу сериозно ја сфаќам љубовта? :worried:
     
    На tessi, Alesii, calliope и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Убав ден :) Не за друго денес ми е родендееееннн :^: :^:
    Многу ми се чудни луѓето кои не си се радуваат на роденденот, не го слават макар и за најблиските едноставно не уживаат во својот ден. Денес е мој ден уживам, цел ден сум си насмеана и расположена, јадењето е спремно, пиењето е во фрижидер, свеќичките се спремни и сега со нетрпение ја чекам тортата да пристигне :) Го обожавам овој ден повелете на торта и два - три реда муабет :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Strumfeta93, kate21, Ognenija и 21 други им се допаѓа ова.
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Veni, vidi, vici...

    Ouuu yeah!
    8)
     
    На anabel-a, Hkikica, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Аххх...сакам да кажам толку многу работи,ама само овој пат се ќе премолчам...некогаш така е најдобро... :worried:
     
    На Alesii и Sara123 им се допаѓа ова.
  14. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    И после само жените биле комплицирани и по малку чудни.
    Како да го сфатам тоа што кога дечко ми се спрема да ја мие колата,во меѓувреме му се јавува другар и му вели-еве ќе ја перам колата,помини ако сакаш... :^) и за чудо или не, другарот доаѓа.
    Да ја перат колата. :?:
    Кое задоволство го наоѓаат во перење кола,толку пажливо,со триста различни сунѓери,и уште толку специјални сјаеви за кола.Дали е исто како на девојките што им е задоволство да пијат кафе и да се жалат и фалат една на друга,или да одат заедно на шопинг?

    Вчера се запрашав тоа,кога за прв пат му помогнав на дечко ми во перењето на колата.
    Да,можете да замислите колку пазев да не го завртам сунѓерот од другата страна од таа што може да и излезе бојата на колата :?: а тој сто пати ја помина со тоа сунѓерчето грижливо и нежно како со...како галење со девојка :|
    Девојки,не сте единствени со кои дечковците се фини и нежни.Знаат да бидат многу нежни уште со една именка од женски род.
     
    На Alesii, calliope, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  15. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    СДК дека треба да се прифати вистината. Каква и да е,прифати ја! Зар е подобро убава лага отколку лоша вистина? Ајде сега,затоа што не ни се допаѓа вистината,ќе го обвинуваме другиот. Тој другиот е виновен што така испаднале работите. Па ајде плукај го,навредувај го,проколнувај го.
    Соочи се бе човеку! |( Наместо да го обвинуваш другиот,побарај ја вината малку и во себе. Пронајди ги и своите слабости,не само туѓите. Лесно е да кажеш дека другиот е виновен за се,а ти светецот,ни со прст не си мрднал,а си останал повреден.
    А сега,откако заврши се,раскажуваш наокулу како ти е супер,како си го тргнал товарот од тебе.
    Епа нели само ТИ повреден си излегол од ситуацијава?
    Како и да е, ме учеле, за кавга се потребни двајца.
    Ете толку.
     
  16. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Не сакам да дојде трети септември не сакам :(
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Пред 4 години од овој свет замина блиска личност.Бев дете, болката ме скрши.Избегав од дома незнаејќи како да реагирам, за среќа покрај мене беше најдобрата другарка.Плачев без престан,подоцна и солзите пресушија.Тешко е кога потпората која што ти е многу потребна наеднаш ќе ја снема.Не се гледавме често, таа беше во друг град, ама ги поминав најубавите мигови со неа, таа ми го правеше летото.Баба, се сакаше да направи за своите внуци.Ми фали, и ден денес пуштам по некоја солза, но таков е животот, суров е.Камо да можев да го сменам.

    http://www.youtube.com/watch?v=cjVQ36NhbMk
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека многу ми е досадно ,ама многу.Се прашувам како ми помина летото :^) ?Како вчера да завршивме со училиште и еве го повторно се наближува :@ .Но ,што е тука е ;)
     
  19. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    СДК дека арно ми вика татко ми: Ќе ме бараш ти мене. Е и така е! Денес си станав со таа мисла. Дека ќе го барам тато и овие времирња. Ама некам да му признаам. Ќе барам за година, две да си спијам до 3 ч попладне и да си станам и да си легнам пак у дневна. Ќе го барам времето кога без да му речам на секое ми шушнуваше пари во рака. Ќе го барам времето коа ме оставање по месец и кусур на одмор, а и малку ми е. Па си се прашувам јас сум неблагодарна или сите се такви? Јас незнам зошо другите неќат да одат на одмор со своите? Досадно ќе им било? Епа мене не ми е. Цел живот после секаде сама треба да одам некаде. Добро де не сама. Со некој. Незнам кој. И така јас цел месец бев сама на одмор и последните десет дена си плачев и тажев конечно да дојдат моите за да се подружиме сите заедно. Убаво ми е бе со нив. Ме носат кај шо сакам, ми дават се шо сакам ама тука се до мене. Аахх си мислев тогаш Ангел грл шо ќе правиш ти за година, две кога ќе МОРАШ да се вработиш? Неќам да пораснам. Сакам да си останам девојчето на тато и да добивам се што ќе посакам и да си се смеам со него, и да си се гушкам со него, и да си се зезам со него, и да му се лутам кога ќе направам ЈАС некоја глупост. Толку брзаме за да порасниме, а на крајот жал ни е шо летаат годините. Е така е. Ќе те барам јас тебе тато да си знаеш!
     
    На anuskaNESTLE и Alesii им се допаѓа ова.
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Бре бре ова вожњава ме истошти. Пусти човек си вика кај ја најдов кај ја запустев девојкава ;(
    :D
    Неписменоќа левел 3000. Он вика лев жмигавец, јас десен. Он вика кочница, јас гас. Он вика застани јас тргам. Налет .
    Врв на сето беше што он е смирен како ништо да не се случува . Како топ да си возам. :D
    Набилдал тоа живците изгледа :muscle:

    Инаку аман жешко оди си !! :drunk: :sweat:
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.