Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Не сум сама...Постојат луѓе кои се би дале за мене...Не плачам јас насмевката сеуште стои на моите усни...Никогаш нема да ме видите тажна, никогаш нема да се пожалам дека имам проблеми...Јас секогаш можам да кажам дека сум добро, тогаш веќе луѓето нема што да прашуваат...Јас сум добро и кога не сум...И се смеам кога ми е најтешко...И јас не го спомнувам него сега и кога ќе ме прашаат за него со насмевка на лицето одговарам ДА ТОА Е МИНАТО...Јас сум најјаката девојка за сите оние кои ме знаат како најслаба само за себе, зошто сите ме гледаат насмеана и се чудат колку е издржлива и како сето тоа добро го поднесува...Ама затоа никој не го слуша мојот глас и не ги гледа мојте расплакани очи во ноќта...Затоа што јас сум премногу издржлива...Никогаш не дозволувам другите да ми ја видат мојата болка....
    И Да нема да ти се одмаздам со лошо, туку со добро, за никогаш да не ме заборавиш и кога ќе помислиш на мене и ќе ми го спомнеш името да речеш: Незнаев што пропуштам крај себе ! ;)

    Туку друго сакав да кажам :D собир со другарките аген кај мене на тераса 8)
    Муабетче, кафе, сокче со мразче и сл :D

    Ајт имајте убав ден :* :hai:
     
    На Monna.Monna, cinderella5, Mrs.Cuper и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Вечер ќе :d: :d:, ќе се обидам со алкохолот да ја задушам болкава, можеби и ќе соберам сили да му го кажам на Х сето она што неможам кога сум трезна.

    За недела дена ми е роденден, немам некој посебни планови, можеби ќе отидам некаде со најбилските да го прославам, а можеби ќе ги викнам двете најдобри другарки и ќе пијам со нив.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.665
    А вака кога ќе се присетам...вчера коњ ми го попречи патот накај дома... 10 минути нечкање дали да му ја зашибаме од позади,со ризик мене да ме онеспособи на совозачко,а и да јебе шофершајбна. Прво си мислиш дека кафиќов многу се грижи за своите клиенти,па им става дрога во пијачките,ама после...трепкаш и сфаќаш дека тоа е само реалноста...Не друго,да трипавме толку,ќе бесе еднорог ебаго!Скопје е метропола лејдис енд џентлмен. Криво ми е што немам навика да сликам вакви ... о толку секојдневни ситуации по градов...
    Коњ бе,коњ...КОЊ.
    Прво упад у сопствен имот ти прават,а после коњ начекуваш на пат.
    Ајде универзуму,дај уште некоја лудост и да завршиме за периодов!
     
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    И толку чудно беше сето тоа. Јас тука, тој таму. Тој црно, јас розово. Одделени некој метар, а сепак засекогаш разделени. Тој сонце, јас месечина. Тој заоѓа, а јас се раѓам. Тој минус, јас плус. Тој корал, а јас хибискус. Нашата љубовна приказна беше тешко сфатлива комбинација, често еднострана пермутација, која никогаш немаше да стане една класична бајковна варијација.
     
    На anuskaNESTLE, Feminkaa, L-enna и 10 други им се допаѓа ова.
  5. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Колку е убаво кога денот ти поминува спокојно без ненадејни настани кои ти го пореметуваат текот на животот, без информации паднати од небо, во друштво на твоите братучедчиња кои се помали од тебе дури 15 години, гледате цртани, јадете сладолед, играте со топка, собирате бубачки од по парковите и тревата во која безгрижно легнувате. Сонцето не грее, децата не греат, убаво ни е.
     
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Конечно да се разбудам порано од 11 сато :$ Иако тешко, сепак имав повеќе време. Во фаза сум на чистење на собата, баги време сум ја запоставила :tmi: Ништо спешл да кажам, се' е исто. Деновите се трошат, не сакам да заврши летото :(

    Имајте убав ден, каде и да сте :hug:
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Да, да, да!
    [​IMG]

    Утре одам на лекар да видам што е работава што ме мачи и да си ги расчистам сите дилеми, или е едното или е другото.
     
    На Strumfeta93, Alesii и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  8. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Без разлика колку напорно и тешко ќе биде ,јас знам дека еден ден ќе дојдам до својата цел ,било какви препреки да има знам ќе успеам,зашто верувам во тоа и секако работам на случајот ... :)
    Можеби правам мали детски чекорчиња, но цврсти ,цврсти толку што ништо неможе да ме турне чекор назад. Јас не барав од некој да ме донесе на светов, но кога веќе сум тука сакам да бидам среќна и исполнета сето она време кое ми преостанува,моите конечни одлуки ги донесувам сама .
    Кога бев мала бев немоќна да превземам нешто ,но сега пораснав...

    Cheers за подобри времиња :d:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Што е со постарите дами и миленцата? Каква е таа голема љубов и желба да ги ставаат врз се` :^) ?
    Миленце врз плинско за варење кафе- останав без зборови :D
     
    На Buttterfly, Micheleljubov, Strumfeta93 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^ Мојата идна свекрва сакала да ми сплети неколку за во станот, не личело под телевизор и на трпезариска маса да нема миленца. Едно вртење на очи кога сум и дала, уште еднаш да не и текне ни М да рече. :D

    СДК
    [​IMG]
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ^ Еј, јас во чеизот од баба колку ги имам. :D За извоз, бујрум ако сте за миленца. ;)
    А миленце врз фрижидерот за замрзнување, оние хоризонтално легнатите, т.н. сандаци?
    Е тоа е врвот.
    |(
     
    На Micheleljubov, mims-89, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    ^
    Читам читам миленце, се мислам што е тоа :^) .
    Оно да ти било миље :D . Ние така ги викаме.
    А баба ми има едно ставено врз телевизорот и така едниот кош му се беси накај екранот (ме сфаќате нели) :D , и друго на истиот начин врз радиото.
    [​IMG]
    :D

    А она за миљето врз плинското се превртев смеејќи се кога прочитав :D .
     
    На pamelche и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ништо не е како што изгледа. Ни личностите, ни работите...

    Толку работи сите криеме во себе. Така да во денешно време можам да кажам дека е најтешка работа да процениш некого. Дури и да мислиш дека го знаеш сепак може да испадне дека е нешто сосема поинакво. Свесна сум и каква претстава некои луѓе имаат за мене и не ги обвинувам. Понекогаш со некои постапки можеби и заслужувам да мислат дека сум специфична, тешка на карактер, проблематична...Се тоа стои. Ама мислам дека за некој да го карактеризираш треба ти да си совршен и да немаш ниту еден недостаток а тоа е невозможно. Додека некој навистина не ме познава како личност и не очекувам да има некоја претстава за тоа што сум навистина. Нема да кажам дека сум преживеала којзнае што, патетики итн ама сепак си имам и јас некои свои причини можеби затоа што имам карактер каков што имам.

    Зборот ми беше дека никогаш не можеш да знаеш какви емоции и чувства се кријат позади некој човек. Можеби оние ладните и кои наизглед не се замараат, се замарат стопати повеќе од оние што така изгледаат.
    Walk a mile in my shoes or live a day in my life...
     
    На ViktorijaMari, DarkRose, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Oh yes it's a race, and I'm gonna win baby!

    Нешто мотивирана сум денеска за победи, во војни кои јас не ги започнав, во игри кои не ги завршив и во предизвици кои никогаш не ги достигнав. После се, точно е дека се каеш само за работите што не си ги направил. А јас можев да направам толку многу. Сеуште можам, ама подобро ќе беше ако почнев на време.

    Некои сумации и ретроспективи правам на животов, се убедувам дека никогаш не сум почувствувала љубов, онаква романтична, или ако по некој случај тоа што сум мислела дека е, се испостави дека навистина било љубов, дај боже никогаш повеќе да не ја доживеам. Ако завршува така и ме мачи периодично ко ПМС, за повторно да ми ги разбуди пеперутките во следниот момент, се додека не дојде некој ураган и ги уништи сите, не фала, убаво ми е и вака.
    Сите големи љубови завршувале трагично. Пфффф. Ако е така, не ми треба голема љубов, доволно ќе ми биде некоја мала, малечка, може дури и ситна ама убава, каде јас и мојот објект на љубов ќе си седиме на розовко облаче а околу нас ружи ќе цветаат и еднорози ќе летаат со виножита, без да треба да играме вистина или предизвик, погоди што мисли твојот партнер во моментот и кој прв ќе се налути.
    Во кратки црти-Доста ми е од драма во животов, сакам мир, макар го добила и со војна!

    Приказната каде во секој човек имало 2 волка, едниот лош едниот добар, преовладува тој што го храниш и такви биполар шит кои и не се толку шит, епа во мене има еден што се стреми кон внатрешен мир, медитација и максимално спиритуално задоволство без разлика на материјалното и еден тотално спротивен на него, материјален, фабулозен, хедонистички. Еден кој држи до традиција и еден кон револуција. А јас веќе не знам кој го хранам.
     
    На Strumfeta93, L-enna и julie77 им се допаѓа ова.
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од една случка денес, ќе ви раскажам една приказна.

    Си било едно орле... уште од мало, животна цел му било да го освои највисокиот врв на светот. И пробувал секој ден...секако имал многу неуспешни обиди, НО еден ден успеал.... се искачил на врвот од светот каде дотогаш никој жив немал стапнато. Застанал таму, изморен, но уживал во глетката и се гордеел со себе -Колку труд ми требаше да стигнам до овде!
    Кога одеднаш покрај него задогледал полжав. Неможел да си поверува на очите -Како успеа да стигнеш до овде!??? - го прашал.
    СО ЛИГАВЕЊЕ - му одговорил полжавот. ;)
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, Sanniii и 34 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.784
    Пол:
    Женски

    А во садопер?
    Бев ваква :o


    А да и во када имаше истата "дама". :rofl: :rofl:
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Смејте се вие на миленцата, еден ден ќе се вратат во мода па ќе буричкате во подруми за да бидете у тек...
    Дедо Боже ме сака, да не се подречувам со вакви изјави али вистина ме сака, и еве вака една јавна благодарност (знам дека ме чита) што ми го осветлува патот по кој тргнав да одам...
     
    На Lilit, ViktorijaMari, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Во последно време толку ми е измешано се' во главата, што се пронаоѓам во секој пост! Тажен, среќен... Сеедно! Се' е ко за мене напишано!

    Дури и во постовите во "Што би му кажале" јас мислам сите за дечко ми пишат! :D
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не знам како не им е мака врз домашен телефон да ставаат и на секое ѕвонење да го креваат и спуштаат.
     
  20. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    После долгата ноќ поради главоболка и :puke: , денес како друг човек сум ..па кога ми се отвори дизна за една генералка по дома ...сега свети се ама до кога :^) ..Дали си имате ''братче '' кое во рок од 5 минути знае да направи џунгла од исчистеното ? |( А дали си имате татко кој ќе направи вкусно јадење :P ама прашање е кој ќе исчисти после него ?! ...Не се жалам де :!: исчистив и сега одмарам со нозете во вис и ладна лимонада ..А да мама ја испративме малце на одмор па жената ќе се изненади изместено се по мое ..ама нема да се жали научена си е она ...Многу ми е мерак кога ќе ги растурам деловите од некој предмет па после тоа да си ги наместам по мое . :lol: :whew:

    Да не има некој носталгија за баба ? Да почувствува домашна храна и да има пред очи сардели за декор со пењоар ?
    Поволно се изнајмува една што цел ден се вртка како манекенка по дома ...А и да ќе заборавев другарка за муабет загарантирана ...Инфор - биро не и е рамно , ма FBI ,CIA не и се рамни ... :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.