Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Први септември сакам поради една причина.
    Почеток на месец е и интернетот ми е многу брз. :rofl:
     
    На Alesii и pamelche им се допаѓа ова.
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    За да се биде саркастичен треба да се знае што е сарказам ...
     
    На Alesii, chocolate.chick и Ognenija им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ако некој ми речеше дека еден ден ќе пробам торта која е комбинација од кисела павлака, сирење и мармалад, никогаш немаше да му поверувам! А не можев да си поверувам ни самата на себе откако синоќа ја пробав и увидов дека има страшно интересен и убав вкус!
    Како помала, кога и да му речев на тато дека нешто не јадам, тој ми велеше: Прво пробај, па после кажи. Човекот не е без причина ставен во групата сештојади.
    Веројатно од тогаш престанав да бидам скептична и да се муртам кога ќе ми понудеа некоја чудна комбинација на храна.

    Не знам зошто повеќето гурманите ги сметаат за луѓе со прекумерна тежина.
    Гурманите не се луѓе кои количински јадат многу, туку луѓе кои сакаат да експериментираат со вкусовите и да пробаат најразлични специјалитети. Не се врзуваат стриктно за одредена кујна, туку сакаат да пробаат различна храна. Секако, не зборувам за некои бизарни специјалитети кои се приготвуваат најчесто во азиските кујни, но нема ништо лошо во тоа да пробате поразлична храна од секојдневната.
    Никогаш нема да знаете дали некој специјалитет е вкусен, се додека не го пробате :)
    [​IMG]
     
    На Annath, bittersweet, CIA и 7 други им се допаѓа ова.
  4. TralalajkaXD

    TralalajkaXD Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Со големо нетрпение го чекам септември,( и не не сум нездрава), туку дека сеа сум прваче у Карев и сум возбудена. и + ќе излезам малце од дома. Доволно мајка ми ме замараше дека сум седела многу дома,ко стара мома, пи*ката ми ја отече. Е каде бе да искочам, у Чаир живеам еб*те. Ај да искочам со оние сељацине пред зграда што ми доаѓаат у стил: Ела маче да се подружиме... :fubar: Или па да искачам со оние свињите што ме замараат да им го кажам моето име.-Ако не ми го кажеш името,ќе те тепаме. И се свртев со поглед- Трај енд тач ми,бич :swear: и виде не и мавам рецка и си ојде домче. Не бе, најбоље да си одам со оние- старо купујем и никад да не се вратам.-Еј чиче,знам дека купујеш старо,ама ај за промена малце младо мевце, нема да штети. Да идам и да се спасам од овие дома.Татко ми по цел ден ме замара - Ај да се степаме,сакаш? или па -Сакаш да ти ги искршам забите?-Нејкеш? ааа се плашиш! хахаха :x ...Мајка ми секој ден ме нервира дека многу сум седела дома, да сум идела на чист воздух. И ај се договоривме со другарките да идеме на базен. Ја прашав,ми рече -Ќе видиме. Една недела помина од тогаш, ја веќе све договорена...толку пари ќе земеме, во толку ќе се сретнеме, и вечерта пред да идеме и отидов да и побарам пари и ми вика -За што пари, па ти нема да идеш, кој ќе ја чува сестра ти? :@ ...Е за што тогаш тука ми кукурикаш да сум искочела? И така сега, додека она иде на гости, се шетка низ град,си пие кафенце, јас тука ќе седам и ќе ја пазам малава да не се џитне низ прозор, да не се удави у шоља, да не ја киднапира некој (Дај боже) итн. Епа мила моја мамо, ако уште еднаш ми речеш нешто за тоа како не сум искачала ќе те фрлам низ прозор ! ....да,многу ми е интересно дома :geek: И ај да престанам со "фалењево",дека реферативе уште малце ќе станат колку Ајфеловата кула. Пис аут :hai:
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    И,... како да ви кажам, дека како да ви кажам е мојата омилена фраза деновиве. На сите им како-кажувам, многу ме мава филм со фразава. :D

    Значи, како да ви кажам, негдека низ спокојниве (добро де, се е спокојно веќе после Бугарија :rofl: ) летни денови и ноќи, измешани со овошни денови, тук-там по некоја кавга дома ќе падне, па пак ќе станат после и пак паѓаат, е така, се е спокојно, мирно... Животот се враќа лека-полека во нормала, се ла ви, некако, моментално преминав од тобогани на лејзи ривер, оставам да ме носи само, си плутам. :D И некаде измеѓу, ќе се најде мајка ти да прави топли кифлички, а ти и докажуваш дека за еден месец почнуваш пак со обврски, односно читај дебелеење, ма не бре брате. Се е против мене. :!: Не ги јадам бе, за инат, не ги јадам. Додека не се вратам вечер ќе ме држи инатов, после 2, 3, 4, сите теории паѓаат во вода, сите мои принципи си ги газам. Во врска со се и за се. Пу бе пу. ]:)

    Повторно, измеѓу, ќе се најде и некоја паметна амеба, која да може ќе ти влезе дома, ќе ти го изеде јадењето и ако треба, значи ако треба, ќе те бутне од креветот додека спиеш, ќе те истресе низ џам како партал и таа ќе си легне. Епа мацо, нече мочи то тако. |( Ма толку веќе ме лази мува за се, прво ја мислев, што и како... после си викам, тури доместос, овај пепел де. Ајт таму сите по дома, теј. :D

    Морам да почнам да трчам и да исфрлам бранчиња енергија на градскиот стадион.
    Морам да ослабам барем уште пет кила до крајот на септември.
    Морам да не јадам торта за роденденот на сестра ми.
    Морам да си најдам симпатија за озбилно. :!:
    И морам да престанам да се како-кажувам. Ит ис нат кул.

    Лааааа ви ан роооооуз, бе, ете така, тегнечки си медитирам како песнава. :D
    Додека не се најде некој да ме изнервира. ]:)
     
    На Hkikica, anabel-a, ceca-1 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Чувството кога ќе ти ја промашат фризурата. ;( ;(
    И сега чаре ??? :envy:
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Семејството ни се прошири за уште еден член :)
    :D Не родив де дете пак и вие што сте чудни :wasntme:
    СДК усвоив маче :inlove: :inlove:
    Е така де сакав, други чуваат деца а јас чувам и дете и прибирам животни по дома. Нешто не ми се раѓа во последно време :D .... тоа ми беше муабетот како одговор на превртувањето на очите на на на на....кого друг ако не свекрва :lol: :lol:
    Планирам да го направам како Гарфилд а мм веќе крои почасно место за него пред каминот :) .
     
    На tessi, Divinebutterfly, butterfly33 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Го прочитав постот на Трендафилка и морам да дадам скромен придонес во расветлувањето на дилемите колку ваквите "теории" за тоа дека девојчињата бираат дечковци кои личат на нивните татковци,имаат основа. :)

    Првин да си кажам дека ич не сум приклоничка на некакви си генерализации,статистики,стереотипи и воопшто не обрнувам внимание на вакви и слични статии,да не беше интересниов пост немаше ни да помислам на ова,ама баш ич.

    Е сега,кога веќе размислив за ова,морам да си кажам дека во мојов случај правилото се потврдува. :!: Нормално,следи образложение.

    И татко ми е добар човек(со илјада мани,според мене)како на пр.твроглавост,ограниченост,понекогаш ептен конзервативност..али не е тоа релевантно во случајов.Битно е што секогаш ми бил поим за храброст и сила,особено додека растев.Поприлично долго живеев со уверение дека може да испретепа било кој или да изведе некој којзнае каков херојски подвиг.Како помлад активно се занимавал со спорт,бенефитите од таквите залагања и денес се видливи на неговата конституција,кондиција и мускулатура,или барем остатоци од нив.Можеби е ген во прашање,но јас од секогаш сум се воодушевувала на неговата храброст и сила,во најразлични ситуации.Ме научи да пливам на деветгодишна возраст,ама најправилно со правилно дишење,според сите стандарди.Најбанален пример,но секогаш кога сум во вода не заборавам да го благословувам илјада пати. :* Пред да забегам,сакам да кажам дека не се однесува ова само за физичите аспекти,туку воопшто како личност е таков,не се плаши од ризици,прифаќа предизвици,иницира акција,дава поддршка,а се труди секогаш сам да наоѓа решенија.Барем во тој дел,стварно му нема рамен.
    :^) Малку и мене ме чуди дали токму со овие особини ја привлекол мајка ми,зашто иако сум сигурна дека е свесна за овие квалитети,не сум сигурна колку знае да ги цени.Зашто пак таа е чиста спротивност,треба да ја убедуваш,да ја преплашуваш,паничарка е и убеден сум дека си мисли дека сите мажи се такви.
    А не се :!: ,јас тоа убаво го знам.Сум сретнала прекрасни личности,паметни,културни,воспитани машки,али не можам да се навикнам на идејата дека е нормално јас да бидам похрабра или физички посупериорна од нив.Токму поради тоа,не можеле да излезат од полето пријатели и да преминат во нешто друго.Значи,не зборувам за феминизирани,туку така поинертни,попретпазливи,внимателни,слабечки...или пак не дека ме привлекуваат некој набилдани орангутани,мислам се разбираме......
    Според мене,сигурна сум дека никогаш нема да го променам мислењево,мажот треба да биде појак,посилен и похрабар во било кој смисла во однос на жената.Мое мислење.
    Според тоа,се вклопувам во примероците врз основа на кое е докажано истражувањето. :D
     
    На ViktorijaMari и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Мислам дека не треба да се споменуваат имиња на други социјални мрежи на форумов поради приватност .
    Пример : Во Модни критики -ти ја видов сликата и на фејсбук ...и сега некој ако го има за пријател корисникот кој го напишал ова можеби ќе ги пребара пријателите и ќе го додаде за пријател корисникот на кој му е упатено ова .
    Да не испадне дека сум капетан obvious ,само да си кажам онака :)
     
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    СДК им се восхитувам, а воедно и се чудам како некои жени успеваат да бидат успешни во секое поле.

    Абе мене работата толку ме исцрпува, што потоа немам сила за ништо... а богами и да имам сила, па време не ми стигнува. :doh:

    Затоа се чудам, како успеваат од една страна да градат кариера, а од друга да се грижат за домот, да бидат добри сопруги и мајки, добри домаќинки, па уште да имаат и солиден социјален живот, да прочитаат одвреме навреме некоја книга, да си посветат време себеси и своето тело... па дури и ете да бидат активен член на некој форум. Синоним за перпетуум мобиле. :bow:
    Се прашувам спијат ли тие жени воопшто??? Колку им трае нивниот ден... 30 часа??

    Навистина јас некогаш немам време ни ноктите да ги исечам. :lol:
     
    На Buttterfly, Divinebutterfly, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Што е тоа ask.fm што сите го зборат и за што служи? :?:
    Реторско прашање. Видов.
    Подебилно нешто немаат смислено од кога ја ставија онаа "Seen" опција. Одамна било. |(
    И следат драми:
    - Срце, ја сум таа од Четирце (село), ме памтиш ли?
    - Ејј, не знам, ај потсети ме?
    Next!
    - Говедо едно, затоа ли го имаш ова? Срам да ти е!
    - Леле не, срце, не! Другари ми се, па се заебаваат.
    :rofl:

    И уште се прашувам што ми е фалинката?
    А ќутите мишеви, усрали сте се.
    Па една Снуки ја оплодиле бре!
    Она портокаловото, празноглаво, налик на човек. Е, тоа ќе се размножи и ќе остави потомство!
    Млада и неоплодена ќе си умрам. Од маки! :!:
    Не, ќе се замонашам.
     
    На Monna.Monna, M.a.r.i.l.y.n, butterfly33 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. sashka8

    sashka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    СДК односно да прашам ;)
    Ние сме си повеќе другарки и едната ни се мажи. Јас многу бев возбудена и таква среќна, ама пред некој ден се собравме као да не покани и девојкава донесе само една покана и сите нас не напишала... е сега сакам да ми кажете ваше мислење дали е нормално сето тоа или јас имам право да се осеќам навредено или нз како да го кажам чувството :|
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Ако ве напишала сите нема за што да се грижиш. Можеби не сакала да си ги троши поканите, вас ве смета за поблиски и затоа сметала дека една ќе е доволна :)
     
  14. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    СДК си ја пореметив рутината. Си легнувам во 3, станувам во 4.
    Цел ден сум како зашематена. Дури ми се чини дека очиве не ми гледаат добро од толку спиење. Is that possible anyway? :wasntme:

    Имаме уште 13 дена до почетокот на школската година. И секое лето е вака, последните 2 недели гледам да ги искористам максимум што можам, гледам на календарот, бројам настани, планирам што кога, каде.
    И сфаќам дека уствари цело лето ми помина неусетно и незначајно, освен август.
    И сите планови што ги правевме за летово уште од Нова година си останаа неостварени, како и сите претходни.
    Се мислам дали и оние што допрва ќе ги правиме за наредното лето ќе останат неостварени или најдобро е да се држам до правило за тоа дека "непланираното секогаш излегува најдобро".
     
    На sweet-cherry, Foreveryoungiwannabe, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк дека ми е доста од тоа да седам дома и да шетам само.Сакам да си најдам работичка која што ќе ме исполнува целосно.Знам дека моите никогаш нема да ми кажат ништо,сепак сеуште ја трошам платата од последната работа која што ја работев и веќе 4 месец не им барам пари од дома,но сакам да сменам од монотнијата.Вака се чувствувам ко некој паразит кој што прави се само едно исто. Сегде каде што сум прашала до сега -го знаете фамозниот одговор ќе ви се јавиме и да,да сеуште се јавуваат абе ми се уби телефонот од ѕвонење,дури не знам каде побрзо да прифатам од што имам толку понуди |(.Ах зошто ли го учев и завршив факултетот се прашувам,можеби еден ден ќе ми се исплати но со оглед каква ни е ситуацијата во државата тешко. :worried: И така јас секој ден си се надевам дека негде,некогаш ќе почнам да си работам и дека ќе престанам да се чувствувам вака мизерно и да чувствувам дека паѓам во депресија :(
     
  16. sashka8

    sashka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    И заборавив да пишам кога беше веридбата за сите имаше место за нас не и не не покани туку после една недела онака само на седенка, знаци овоа е втор пат кога нема нешто за нас ;)
     
  17. milenna.torres

    milenna.torres Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    120
    Аман бе аман ...добра другарка има ? барем да ти послужи за нешто....не не нема нема другарка....цело лето знаеше кај мене дома да довага секој ден ...и ни еднаш да ме викне кај неа....демек реновирале..ахам да реновира си го мозокот...цело лето реновира ахам.....и сега моментот...си дојде нејзината другарка....се ,,сис,, е потпишана таа ,а не јас...ако милено глупава ако ти е верувј им ти на сите...сега ке те фрлат..ајде септември дојди..ке се забутам во книга и не ми треба никој....значи не никој..НИКОЈ..си ги имам мама и тато и сестра ми и кучето доволни ми се ме саакаат и не ме искористуваат затоа што најдобрата другарка е на одмор.....од бебиња бе од бебиња..колку блиски сме БИЛЕ..мајки татковци сестри сите сме биле заедно ..а сега ? и се појави нова другарка ахам мене ме нема.....истото ми го направи и претходната ...спиеше кај мене заедно бевме..не се разделувавме ..ама дојде друга и милена беше фрлена...како стара крпа...........не ми треба никој никој никој никој никој никој никој никој никој НИКОЈ :envy: и се лути кога и кажеш излегов со Дерпка....аман бе девојко температура качив плакајки додека ти доле се гушкаше со новата сестра ;(
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк среќна сум јас, ја гледам љубовта како ми ѕирка низ соништа, си собирам книги, едвај чекам да видам некои личности и да создаваме нови убави спомени, јадам топло домашно зготвено јадење од рацете на мама и тате, си се караме па гушкаме со сестра ми, возам точок не внимавам на камења па ме боли местово што служи за седење :lol: ама битно живеам како што јас си сакам и ми е мило.

    Гледам нови фотографии кај љубовта и се смешкам :wasntme: па се двоумам дали би се вклопила јас во неговите ситуации,луѓе,настани. Ме дрма некоја трема,позитивна :!: :D па пак се смешкам, ухх близнак сум си де во хороскоп таква сум.


    Се се менува, а убавите денови сами си доваѓаат, а лошите денови ... нив само треба да ги гледаме како школски час на кој ништо единствено што знаеш е дека ќе те скорне професорката и ќе добиеш слаба оцена, но потоа кога ќе ја поправиш оценката чувството е неверојатно.
    И на крај се е пак насмевки.

    Солзи и лоши денови ви благодарам што ме научивте да ги ценам повеќе ваквите убави мигови од животот.
    :bow:
     
    На Sara123, bittersweet, ViktorijaMari и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Летово помина...спомен тук-таму...
    Околу мене се само очајни обиди за пијанки кои "живот" значат и кои би требало да алудираат на незаборавно поминато лето. Па вистина, било незаборавно, особено наутро кога ќе почне да врие коњакот во желудникот!
     
    На eli25, CIA, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Да бе и јас од пред некој ден ги гледам дечишта ставаат линкови по фб со коментар - прашувајтееее!!
    Мислам втф :^) ?

    Srce moe...♥
    Samo tvoe...♥

    Па дури посебен шеар си направила за на ѕид |( .

    Многу си убава. Може да е запознаеме? Може да те аднам на фб? Претстави се. кој си ти.... блаааа
    Се чудам кој филм ги мава.
     
    На CIA, Divinebutterfly, calliope и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.