[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Станав некој опасен мразач или по најново хејтер |( мразам слики од каде вечер, за забава и другите издебилизирани (кој ми е зборов :^) ) сајтчиња шо штракаат, а уште повеќе па луѓето се тепаат да се фотнат ко да ќе ги има на насловна у Вог. Напучени девојчишта и мажи со замижан wanna be јебачки поглед, ма иде бре у ... :fubar:
    Друга работа што ја мразам,а ја приметувам кај многу жени околу мене таа една работа, да го трошат секој денар на партали, а да не вложат ни денар од таа сума на некоја поквалитетна козметика. Мори на лице го ставаш тоа, од пазарине ли се купува, 300 глупости ќе фатиш. Ама не, она е битно најдотерана, а лицено што и е партал не е битно. Не озбилно, како не им е страв да ставаат секакви глупости на лице, на очи и на уста, пак цената не е толку битна во случајов битна е како е запакован производот дали секој што ќе помине на тезгата денес може да го отвори и да го чепне, дали стои на сонце по цели денови ... ама на кого зборам ја бе, кога побитно е да се опрчиш во манго 5000 одколу да дадеш 1000 денари за некоја квалитетна пудра што ќе ја користиш 3-4 месеци :x
    Ајт таму, да не си легнувам сега со негативна енергија морав да ви ја исфрлам вам. Жал ми е за тој што ќе ја префати ама морав некаде да ја пренесам :tmi:
     
    На Ema.Sk, Monna.Monna, JuLleE и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека душата ми се исполни утрово кога го видов брат ми. Цел месец раздалечени не е воопшто малку. Ненормално многу ми недостигаше. Веднаш срипав од кревет кога мајка ми ми кажа дека се вратил.
    Едноставно знам дека целиот живот ќе имам некој на кој можам да се потпрам комплетно, да му кажам се` што ми тежи и да ми помогне во секое време, а и тој ме има мене. :)
     
    На Mygirl, teddybear, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [​IMG]
    Е богами и ја не би.
     
    На Lov3, Elenuskaa и pamelche им се допаѓа ова.
  4. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    ...А мене ку*ац боли ко ме мрзи а ко воли :)
     
  5. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    дека се разочарав,преголема конкуренција за во студенските домови.. ах како ли ке биде
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.432
    И така јас заљубена,на лулашки,ми купи хуба буба мастики... И што да кажам?! Нема што да кажам... А не дека не ми рекоа дека сум личела на заљубена. Е може,не викам не.
    Шта ја знам,кад ништа не знам...заљубена,ми пее мојта улица...

    Maaлски сме во стрес. Чекаме дури 5 бебиња во ист термин,крај на август.Колку ќе биде интересно кога хорски ќе ги слушаме слатко како си плачкаат,па до година ова време кога ќе проодуваат. Лилееееееј,убост. Подмладок! Време беше! Ама редов бега и накај мене море мамата,го молам да ме прескока уште едно 7 години,фала! Ај нека е со лес и да јадеме мекици. Туку ко што сме едно коцкарско маало,ми се чини ќе се кладат кое ќе превари и што марка ќе биде те што пол!

    И дневна доза мрч...бришење на СИМПАТИЈАТА,бившиот и кој год и како год од фејсбук е најмизерната и најнезрелата постапка која може некој да ја направи. Толкаво манифестирање на чувство на немоќ,а воедно вресок за бедно внимание,не сум видела.
     
    На Ordinary, teddybear, LilBaby и 5 други им се допаѓа ова.
  7. MissPagane

    MissPagane Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    Ај, уште само вечерва прам пауза од диети. Од утре пак ќе топам салце. Еден е животов. :D

    [​IMG]
     
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Он мене шц. Потпрен на ограда, со топографска карта од родното село изгравирана на чело, и шц. |(
    Со поглед ме испрати и изеде дури да влезам во продавница.
    Сега ко Срцершачка малце ви се фалам, да видите дел и од бурниот живот на невестава.
    Јас стварно не ги делам луѓето, туку ги делам манирите и однесувањето.
    А со упорно ш`цкање што ќе ме освоиш, готово. Веќе и ме забремени, а утре се пораѓам. Со тројка!
    The power of shc almighty!

    Са друге стране љубави, срцки ми се бабине и дедовцине во она Брачен Судија.
    Како кротко, прекорно и со доза на хумор се расправаат.
    Им натежнале години, маките им извираат од борите, а тие делуваат така мило и исполнето.
    Сакам така да остарам. Да се пречкаме на шала со дедето мое за ситници, да си работиме по дворчето низ кое ќе ни трчкаат внучињата и да се правиме стари фраери пред нив.
    Да се докажуваме кој е поголема фаца, дури мајка им и татко им ни се кикотат од страна.
    Е, дури тогаш, сиот плод на нашата љубов и труд низ годините, ќе биде видлив и исплатлив.
    Тоа е љубов за извоз. Докажана и вечна.
    Те сакам? На збор? Не верујем. Посебно не сега, кога секој може толку лесно да ги каже ко да се безвредно клише без никакво емотивно значење.
    Ако ги расфрлаш така на секого што малку ти покаже емоција, сметај дека никогаш и не си сакал/а искрено, и не знаеш кои светови и можни комбинации од спомени и емоции се кријаат зад тие два збора, па ги делиш ко од ракав. О, тешкото.
    Посебни зборови наменети за посебни личности?
    Ахам, тогаш тешко тебе штом секој втор го сметаш посебен.
    Мех...што знам пак јас?

    Уживај брат, дели "љубов" на што повеќе. YOLO.
    Од таквото YOLO до forever SOLO, границата е тенка.
    Фала на пажња. :bow:
     
    На teddybear, malechkata, Lov3 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    И мене не ми е арно,во 4 саатот учам да ја свирам хепи брдеј ту ју :D


    Edit:јејј ја научив :rock:
     
    На Sanniii и Doozy им се допаѓа ова.
  10. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    И не беше поентата што тој ја научи да љуби, нити тоа дека беше само негова, а после тоа као по закон изиграваше мангуп сред светов и ја откачи, као “малава шо ја пројдов”. Нити фактот дека таа од инат стана најубавата девојка у градот и за да му докаже дека може подобро од него, се омажи со најфамозниот бизнисмен у државата и изгради кариера што не можела ни да ја сонува. Поентата беше што тие се сакаа. Се сакаа како никој до сега, ама од инат не си го дозволија тој луксуз да бидат заедно. Ма што беше тоа битно, бог да чува. Не беа заедно и крај на приказната. Ама битно он не испадна папучар пред другарите од маало, а она не беше малата што трчаше еднаш по него и молеше за љубов. Што вие бе па, вие демек се разбирате од љубов…
     
    На martinuska, teddybear, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ова е едно од тие утра кога буквално се ти е усрано . Но не треба да биде така затоа што во текот на средбата со потенцијалната работа треба да бидеш насмеан , среден затоа што првиот впечаток е најважен ама увек . Се смрзав бе лето е уште каде бе ? Јадење со сила , успат и едно две, три цигарчиња и да се расонуваме . Овој ден е битен . Битен за мојата иднина се надевам . Но некако сум внатре срушена како зграда пропадната . Знам дека ќе оставам добар вечаток не ми е проблем тоа но како ќе биде остатокот од денот зависи само од него . Не сум расположена за тупење на главата затоа што се собраа обврските а и доаѓа неговиот ден и зошто да си го упропастиме со оваа непотребна љубомора ?? Битно ми се налакирани ноктите ќе се средам како да сум најсреќната личност на цел свет и пичам а за другото му оставам на бога . Со среќа .
     
  12. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Евее ме и мене.Мада цело време бев со вас... :lol:

    Инаку СДК дека ништо ,ништо ,амаа башш ништо не може да биде подобро и поубаво од шопинг.... :^) Т.е. можат и некои други работи... :^) :^) но ,зависи... ;( :( :doh:
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    И пак на истото место, со кафенце и глад за денов. Незнам дали толку ми годеа деновите, колку местото, мирисот и луѓето околу мене. Незнам дали беше прашање на случајност или можеби подлабоко значење што треба лично да го впијам и по тоа да продолжам. Милион мали ситници, знаци, инспирација за исто толку мал милион почетоци.
    Си ја земав Малиот принц со мене, а таму наидов на еден куп обетки, прстени, привезоци, па и макети со ликот на малиот принц. Како да се договорил универзумот овој пат мене лично да ми угоди, да ме внесе во занес онаков, филмски, па би се чувстувала како да е баш тој мјузикл што си го замислував. Зашто и музиката беше повеќе од задоволителна, легнуваше на деновите, онака како песокот лесно се прилагодуваше на брановите. Незнам дали и помалку филмски ми беше патешествието низ Италија, низ Eat, pray, love, со сцената на сите маслинови дрвја во дворот каде што претстојував, или можеби и италијанскиот што се слеваше низ прозорците, од соседниот апартман. Доволно колку за потполен ефект. И можеби Грците не беа Италијани (бидејќи Италијаните беа постари, семејни мажи), во просек доволно згодни и секси колку за плакнење очи (штета што се педери нели :wasntme: ), ама достојни за улогата на Џовано и неговиот брат близнак.
    И незнам, навистина незнам, зошто не постои правило, барем во така интимно, љубовно и инспиративно место, келнерите не служат полуголи. Ете тоа беше главниот недостаток...или можеби само мојата желба да впијам повеќе преку очи, додека ги држам прстите над чинијата вкусови.
    Се вратив неколку години наназад, на една стара Јас која со љубопитни очи шараше и боеше и љубеше, макар и најмалото ливче од најмалото цветче, детски и искрено. Исполнета, подготвена и во подем, да го љубам и овој свет, реален и груб.
    За крај, се вратив во мојот убав кревет (каде нема да ме боли врат) и сонував за подоброто утре, со двете опции за подобро работно место, кои со раширени раце ме пречекаа дома.
    Еден куп убавини!
     
    На Monna.Monna, lunicka, Peppermint и 17 други им се допаѓа ова.
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ха. :D Пишала во групата Убави Мисли, Мудрости на фб Ne mi go digas vise sea so praime... !. :^) Ој па опрај ја. цц. Свашта.
     
    На Lov3, Alesii, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Ете,дојде и 21 август.И сега што?Сега само ќе го чекам 1-ви. :|

    Многу брзо ми помина распустов,многу.Како вчера да беше 10 јуни.Не,нескам да заврши.Толку убаво си поминував,што...не ми се верува дека за 2 недели пак истата приказна од пре 6 месеци :( Ама ајде,ми останаа спомените.Ќе си се сеќавам јас на нив.И кога ќе ми дојде да си пукнам од мака ради физика и хемија,ќе си се сетам дека ништо не е вечно и дека распуст пак ќе дојде :| Ама кога? За 1 година ;( Е тоа де...Ама битно јас си го искористив максимално распустов,си се одморив,ги наполнив батериите и слободно можам да кажам September,suprise me(in a godd way) ;)
    :bow:
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Мал филџан горко турско и денот може да започне.

    Промаја насекаде низ дома, ама овој воздух ми треба. За неколку дена ќе мафтам со двете дланки и од нив ќе излегуваат срценца љубов се’ до другата страна на светот. Ќе биде тоа фантазерско, тажно, среќно, полно со исчекувања доживување. Го мислам. Не можам да речам дека е розево, но е барем во вишна боја. Негов нов свет, мој исто така.
    До мигот на заедништво. The time is now! И Молоко така викаат. Доста време помина. Морам да решам доста важни работи. И притоа да не го изгубам својот свет, сексапил, углед, свежина, постојаност.
    Работење на себе. Најтешко е себеси да си се прекоруваш и истовремено слушаш.
    Вчера во парк, со Радлер и точаци, боси нозе, ми кажа дека ме обожава што сум во допир со природата, што не сум штиклосана и не ми пречи да пиеме пиво на трева, да возиме точаци и да качуваме угорници. Знае дека обожавам да дишам асфалт, но и да стискам домати до процедување низ нива. Селско-градско суштество. Благодарна сум за тоа.
    Девојка растена како цвет, блиску до тротоарот. Му спремам малечко бротче и авион од хартија со слатки зборови да го греат додека сме далеку.

    Вечер одам во кафеанче да замезиме неколку битни муабети со колеги, да договорам пат за Хрватска, да си го гризнам душичево едно трипати и да си ја ослободам сета мисла. Кога сум со луѓе што ме разбираат, и кога молчам, се’ е кажано. Многу нешта не се совршени, но зарем светот е? И поради тоа и си го сакам опкружувањето во кое сонувам, се будам и работам.
    Љубам, значи и постојам.

    До наредни мигови, поздрав.
    Ш.
     
    На Lolipop23, Sara123, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  17. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Не ми се свиѓа што бурекот го крстиле БУРЕК.
    Амброзија звучело каде-каде подобро... :D
     
  18. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Нокаут, Бајага и Елементал на Пиволенд ... Јас и чашката пиво ќе се дотепуваме од 1000 причини за крај па се до Ако треба да е крај и Тишина и тако даље .. баш фино!
     
    На 1209, Magnolija и Sara123 им се допаѓа ова.
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    3.372
    Иако бевме најдобри другарки пред две години, тоа по запишување на факултет се смени.
    Никогаш скоро не се гледавме, и кога ќе се видевме случајно, муабет од 5 минути, али никогаш барем не сме се одминале.

    Не знаев дека тооолку многу работи и се случиле за ова време, како ни таа што не знаеше за мене.
    По 4-5 саати муабет, се потсетив на старите времиња, и уствари увидов дека на сите им фали тоа време, кога си бевме безгрижни и будали. :D

    Иако ми е мило и за другите две мои другарки од средно, и тие си имаат свои новости и свои очекувања, али најмило ми е за оваа, сепак таа иако сега не ми е, ми била на времето најдобра другарка. :)
     
    На Hkikica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    ... сонував сокол! Иако сум била натежната со торби од патување, иако подоцна сфатив дека треба да се вратам по куферите; тоа беше еден чист момент на леснотија. Ама оваа леснотија беше без сомнеж, немаше ниту сомнеж за сомнеж, туку мала струичка низ телото, стравопочит и продолжување по патот.

    Летањето би требало да не направи безтежински во постоењето, да ни го затегне задникот од толку дигање, универзумот да дејствува со центрипетална сила околу нас, за да се намалат трошоците и да прелетаме, едноставно. Над се!
    Летањето би требало да е чувство како оноа кога ќе го сфатеш дека ти го нема мобилниот :D шо би рекла Калиопе.

    Не знам валеријаната колку помага, ама песнава го дава посакуваниот ефект :)

    http://www.youtube.com/watch?v=rCjlJ02jHb0
     
    На calliope, lunicka, Peppermint и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.