Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Откога реков дека јас подобро ќе седам дома, отколку да си го губам и трошам времето неквалитетно, со чурук луѓе, така и направив. Пред повеќе од еден месец, изгубив неколку драгоцени саати гледајќи и слушајќи глупости кои искрено, ми ја вреѓаа интелигенцијата. Крај, тогаш си ветив дека тоа е последен пат во животот јас да заборавам на себе и на моите интереси, а да слушам други.

    Не сум ни смотана, ни глупава, напротив. А сум окружена со толку океј и нормални луѓе, што навистина не знам како сум можела да ги игнорирам. Излезе дека уствари, да, сите луѓе се многу фини и сакаат да минат квалитетно време со некој нормален. Уште повеќе сакаат да минат време со некој што знае што и како прави во животов, а нема главна цел да седи и да оговара дали некој одел накриво или зборувал смешно.

    И би, навистина, еден многу интересен месец оттогаш. :) Реков дека ќе се видам со сите стари и заборавени пријатели, дека ќе се дружам со секој кој ќе изрази желба да го направи истото со мене. Испадна дека луѓе за дружба има на претек, навистина. Не ми е досадно, а како и да ми биде, кога реков дека ќе гледам секоја вечер да бидам со различни луѓе и на различни места. Можда нема ништо ново, но со самото тоа што слушаш разни зезанции, разни мислења, некако повеќе се истакнуваш самиот ти, во твојот мозок самото твое мислење станува поважно отколку порано.

    НО, едно големо НО. :!: Лесно е да најдеш некој со кој ќе испиеш кафе, тешко е, многу е тешко да најдеш вистински пријатели. Баш беше тоа тема на муабет вчера... Ако се јавиш во три по полноќ кај некој, и му речеш, еј, слушај, абе јас отепав човек, што да правам... И тој ќе ти рече епа ајде, зимај мотиката, идам јас, ќе го закопуваме, е тоа ти е пријател. Нели, да не се разбереме погрешно, ова е метафорички претставено, ама е убаво човек да си го постави прашањето.

    Јас знам дека имам барем 5 прекрасни луѓенца кои иако на моменти ме нервираат, ги нервирам, не се гледаме толку често, некој со брачни обавези :D , некој учи, или не знам што, знам дека нема да ме остават на цедило кога најмногу треба.

    Е тоа е многу битно, да знаеш кој си ти, кои се тие до тебе и дали сте на иста фреквенција. И благодарна сум затоа што сум една од ретките кои можат да кажат дека имаат повеќе од еден таков човек во животот. :)
     
    На Buttterfly, bittersweet, SexyLady и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Често пати сите знаеме да се пожалиме и да го бараме времето кога сме биле мали, кога изгребените колена ни биле единствената болка, без притоа да помислиме дека и ова време некогаш ќе го бараме.
    Младоста ќе ја бараме. :!:
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Е, инспирирана од постот на Дузи, СДК дека јас одамна одлучив времето да си го минувам со оние мои драги луѓе кои се бројат на прст, ама вредат.

    Арно ама :!: денес добив повик од една „другарка“, поточно познаничка со која одамна се немаме видено. И’ требаше помош од моја страна за една работа и не можев да ја одбијам (проста јас), незгодно ми беше, па и’ реков ај ќе дојдам. Леле луѓе, главава ми чури од 233059845634759 непотребни информации што ми ги изнакажа! Па како раскинала со дечкото (кој BTW за неа беше само идеална прилика за мажење, пошто е многу богат), па како сега требала да бара нов потенцијален маж, па како имала 28 години и веќе времето за мажење и поминувало, па како неговите не ја сакале... Бла, бла, бла, бла, бла... :talk: Се запрашав што ли сум имала заедничко со неа за порано да се дружиме онака, чат-пат :tmi: Се напнав, искрено се напнав и ме фркна глава, едвај чекав да си одам од кај неа :x

    Ај што се изназборе, ама тоа што го збореше бре! Морал партнерот да има пари, пошто како ќе живееле од една плата :^) Вредела многу таа, за да ја имаш неа, мора да имаш со што да ја издржуваш, зошто женската сака да шета, да патува, да посетува нови места и да запознава нови култури... :punch:

    Ама ако, кога не знам да проценам кај кого треба да отидам и да му помогнам, а кај кого не, никој не ми е крив. Сама сум си крива. Јас и мојата наивност и пуста желба да им удоволам на сите. И после ваквиот празен, беден и безначаен муабет, уште еднаш си го потврдив моето: Останувам само со близок круг на луѓе кои вредат. И овојпат навистина ќе биде така. Колку и да звучи следново самобендисано, ќе кажам: Само неколкумина се вредни за моето внимание. Не сакам, не сакам и не сакам да слушам празни, самобендисани, материјалистички муабети кои не се вредни за моиве уши да ги чујат. Крај. Ставам потпис и печат :nod:
     
    На cinderella5 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.603
    Допаѓања:
    43.165
    Пол:
    Женски
    СДК не сакам да покажувам слабост пред моите, не сакам да плачам пред мајка ми, никогаш, но што кога ме боли?
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    ПА излези на прошетка или демек да купиш нешто,па прошетај си се сама и олесни си ја душата.Некогаш и прошетка сама или со некој близок помага многу :) Ќе ти се тргнат колку толку лошите мисли...
    Пошто знам колку е лошо да ти се плачи,ама да не си дозволуваш поради другите околу тебе...
     
    На Adi888, eli25 и 1209 им се допаѓа ова.
  6. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Навистина се најдов помеѓу два огна. Да изберам дали да бидам со 2 личности, или со целото друштво. :worried:
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    Ах бре,колку е напорно да си жена...сите од тебе нешто очекуваат од тебе.Кој храна ,кој пеглани маици,а најново е нивното барање да не седам толку на интернет. :?: А не можат да прифатат дека јас сум ти една обична жена која поминува прилично многу време на компјутерот,подраг ми е интернетот од шпоретот,ама кога направам оброк ми трошка не останува. :wasntme: Затоа апелирам до моиве еднаш засекогаш да сфатат дека јас не сум комшивката В. ниту Л. Затоа оставете ме намира да си пловам низ интернетот.И не бунете се додека имате полн тањир. :!:

    Туку сакам да ви кажам како се повредив.Нели сум во фаза на молерисување и се нешто треба да се пребрише,и така занесена и запотена ,налетувам со раката на срча од стакло.Којзнае колку време дремела под садоперот ама ете денеска најде да има блиска средба со мене.Ме исече на десниот показалец.Раната не е голема ама е длабока.Прописно искрварив дури да успеам да ја сопрам. ;( .Ама го гледам тоа од ведрата страна.Имам шарени фластери со пингвини,пилиња..и кога погледот ќе ми падне на исечениот прст,одма ме разведрува и покрај болката.Откако ги открив тие не се враќам на оние во боја на кожа,кога веќе се гледа нека се гледа од километар.
    Постов не е паметен,ама таква ми е фазава молерајска :D

    Вашата ранета (скоро) деветтопрстеста Луничка :hai:
     
    На Cynthia, Lepaaa, eli25 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Моментот кога одиш на факултет и професорката те прашува кој ти е омилен цртан филм а ти се осеќаш како прваче на првиот училишен ден.
    - Па, па, па.. Кау енд чикен.
    Професорката : Раскажи ми го. :geek:
    |(

    Btw, "everywhere you go, take the weather with you" NOT!
    Посебно не, кога се возиш во автобус 3ипол саати, у позадина шалта Славица Чуктераш со Живот ми одузми а климата наместо да дува ладно, дува топло.
    Па и како да не можеше да биде полошо, по Славица Чуктераш на ред беше Жељко Самарџич.
    Јас си знам како ми е... :(
     
    На Micheleljubov, LilBaby и pamelche им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... малку по малку дојде некоја промена во животецов. Ако не се менуваат суштински работи тогаш промени си го амбиентот и ќе живнеш. Мојата мала соба 6 со 3 ... си го менува изгледот, боите се јаки ама важно мене ми е пријатен амбиент за уживање посебно со кафенце пред лап топ, одмарање, кафе муабетење ... седење и размислување, нанање. Се надевам дека ова ќе повлече и др промени, на подобро.
    Иххх ^_^ ... си ја гледам собава, не сте свесни колку е сега сензуално провокативно, привлечна за да се ужива во најпосакуваната и најекспонираната работа во свет :wasntme: ... :mm:
     
    На bittersweet, Neytiri, CaperucitaRoja и 9 други им се допаѓа ова.
  10. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Денов ми е прекрасен, иако уморот испарува од мене.
    Надвор дури има и млада месечина, прекрасна е. :wasntme:
     
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, Neytiri и 27 други им се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    че че ре ре че че че ре ре че че че че. Видете, цел ден си потпевнувам и ништо продуктивно не правам. Сум влегла во некој троа латино троа кубански филм и ништо повеќе не ме интересира освен ју туП. Фали уште да станам да денсам низ соба па да осетите земјотрес од највисок степен. :D

    Има еден комплет книги во матица што просто морам да го имам, ама парите ги немам. Ќе се потстегнам малку и ќе го добијам. Впрочем, како и секогаш кога ќе се запнам по нешто. :lol:

    Друго што да ви кажам? Баба ми побудалела. Јас сфаќам дека секое живо суштество има фалинка, ама тоа бабето мое претера овој пат, скоро 90 годишна, и ќе имале гости па кај што едвај оди се опентарила на скала круши да бере за гостите. Секако дека паднала, па дедо ми кај не гледа па и ќор едвај ја однесол во кревет. Ама што да ви причам, луда фамилија. И уште ми вика па добро бе бабе битно набрав круши колку толку. Нек си каснат комшиите, а таа дали може да умре, ич не е битно. Цела среќа само скршеница има. А бе да и отидеш и да ја потуриш со една кофа вода од бунарот, да се освежи така малку и да не и текнат друг пат глупости :!: И сега го прашувам дедо ми што прави баба, како е, ми вика што да прави лудата од ќош в ќош само стенка, и се смее на цела мака :D Абе ги сакам повеќе од се. Двете баби и двајцата дедовци, сите се откачени и луди ама ги сакам најмногу.

    Ова е навистина луда куќа. Убаво ги терав моите да си студирам психологија или психијатрија, тие не па не, а до сега со се што се случува сто пати ќе имав диплома земено :D


    Ова животов тотално није фер. :D


    Доста дрдорев за денес, одам да уживам малку па да си легнам порано, утре сум на работа(4ти ден).
    Леле, многу сум досадна ама многу ми е интересна реченицата, и вчера и викам на другарка ми аууу касно е одам да спијам на работа сум утре ахахахахаха. :rofl: не оти морам да спијам де, ама многу фенси се чувствувам така кога зборувам. Просто, ко да пораснав, а уште сум прцле(мислам душевно не физички :D ), во срцето човек, во душата дете. :emo:

    Ај имајте убава вечер.
    Хагс енд кисес.
    :hug:
     
    На Buttterfly, Neytiri, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Сега си потврдив дека го имам најсмешното кутре на целиов свет...Ах бе душица моја,да не си ти незнам што би правела...Многу те сакам :inlove: ..Му лае на татко ми :^) :rofl: со топче у уста да си играат и станува татица со весник демек ќе го тепа(иако нема душа за тоа)..Овој коа се испаничи скока на двосед до мене и се спика у мене со главата и предните нозе ( со неговите 40 кг ) ,и почнува да ме лиже (демек помош бара) ..
    Коа почнавме да се смееме дома и овој ко демек забораиле да го караат одма почнува да се олабавува и мрда со опашкаата...Да беше чоек глумец ќе беше 100%...Крофница моја.. :hug: .Се нервирам како не го сликав да ви го покажам...Туф бре Алеске,ама си слаба у реакции :fubar:
     
    На Divinebutterfly, SexyLady, Glossy-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Jaс сакам да му се заблагодарам на Бог што направи да бидам тоа што сум денес,тоа што ми дозволи да го видам,да бидам опкружена со тоа што го сакам,да го слушам тоа што го сакам од пред една недела па до сега и засекогаш,ТИ БЛАГОДАРАМ ШТО ДОЗВОЛИ ДА СЕ СПООЗНАМ СЕБЕСИ.<3
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сега ќе ви раскажам една приказна, многу поучна :) .

    Си бил еден цар кој имал еден близок советник, но тој не бил советник колку голем пријател. Взаемно скоро за се се согласувале, само во едно нешто царот многу не го сакал. Што советникот имал еден израз дека се што се случува во животот се е добро.
    Толку се лутел царот што едвај чекал погоден момент за да му го покаже спротивното.
    Така еден ден заминале на лов. Од невнимание царот си го повредил едниот прст, при што останал без него. Толку се налутил, но и расположил што конечно пронашол причина за да го каже својот став во право време. Му се завртел на советникот и му рекол:
    - И ова е за добро?!
    А на тоа советникот одговорил:
    - Да честити царе.
    - Кога е така, веднаш во затвор, да видиш дали е за добро или не - одговорил царот.
    По неколку денови повторно заминал царот на лов, но тогаш се случило нешто страшно. Ги престретнале канибали и сите ги зеле освен царот, зашто имал недостаток, еден прст помалку, а тие не јадат луѓе со недостаток.
    Враќајќи се кон дворецот, си го вратил своето сеќавање на својот пријател, кога му рекол дека се е за добро, па дури и лошото.
    Не влегол во својата соба, туку веднаш заминал во затворот да побара простување од својот пријател. Кога пристигнал дури и клекнал на колена да го моли својот пријател за простување што не го разбирал, но најмногу што го затворил во затворот.
    На се тоа, пријателот му одговорил:
    - Не се нервирај честити царе, зашто и ова што го направи е за добро. Зашто, ако не ме испратеше во затвор, јас денес немаше да бидам жив. Ќе ме изедеа и мене, па немаше да бидеме заедно.


    Кога оваа приказна ја прочитав некаде низ интернетов, ми се вратија многу спомени. Ги гледам во себе и навистина им се восхитувам. А таму во срцето што да видам:
    Една голема библиотека.
    Шаренило од безброј книги со различни наслови и различни наликани корици. Која од која поубава. Фино и чисто наредени, од најголема до најмалечка. А на работната маса една нова книга која сеуште стои недопишана, а постојано се пишува.
    Да, постои една голема книга од неколку томови. Со црни корици, со темни букви и тешки зборови и спомени. КОја се дели од сите други. Но, постојат и други со убави наслови, со прекрасни дезени на кориците и со светли букви.

    Првата можеби малечка, но носи наслов Детство.
    А во неа илустрирани сликички, смеи, смешни размислувања, детски игри, солзи за изгребаното колено и скинатите нови хулахопки. Потоа тука се убавите сликички на седенките со баба и дедо. Разговорите кои останале засекогаш, но и многу совети кои никогаш не се забораваат. Уште се тука празнувањата на Нова Година, новогодишните пакетчиња, прекрасните играчки и караниците со даде, кое да биде за мене, а кое за неа, лизгањето со најлон по снег, па и по зелена трева, а дома, викања, викања колку што сакаш, за позеленетите фармерки и искинатите тренерки.
    Ете тоа е книгичката Детство.

    По неа иде големата. Онаа црната која изобилува со болка, страв и солзи. Но и покрај се и таа е убава, може не внатре, но однадвор е голема и зафаќа прилично место на полицата. Што значи е вредна.
    Таа е именувана како Болка.
    И иако навистина исполнета со болка, но сепак исполнета со совети кои вредат непроценливи богатства.

    По неа иде онаа што се вика Образование, а во неа што ти не. Од смеи и шали по училишните ходници, сликички од први симпатии, разговори и црвени обравчиња од само еден збор не од него, туку од другите. Уште се тука учењата и неразбирањето на лекцијата, па маки, па размислувања, што утре ќе правам? И така и таа книгичка си е исполнета со многу спомени, кои останале врежани во неа.

    И тука сега иде една друга книгичка, наречена Љубов.
    А пак таа најколоритна од сите. Испишани тетратки со срциња и имиња, цртежи со вљубени парови на тетратките и блокчињата, први изневерувања и први солзи за недостижниот, бегања и лажења на родителите дека сум кај другарка, а јас со него, први излегувања во природа заедно и прекрасни мигови на топлина и љубов...
    И така и оваа книгичка си е исполнета со мнооогу сликички, ама убави. А сепак завршува со убав крај. Пронаоѓањето на љубовта, вистинската љубов.

    Потоа иде нова книгичка наречена Брак.
    И во неа убавини. Слики и убави зборови од саканиот. Ноќи поминати заедно и воопшто не разделени, утра кои изобилуваат со прекрасни будења на топли зборови и бакнежи, па непреспиени ноќи и бдеења над мене или над него во болест, жртвување на своето, за него или тој за мене... И една голема слика на човек кој безрезервно сака и се жртвува за мене!

    И така секој ден, миг по миг, збор по збор, реченица по реченица... се пишуваат нови книгички.

    Едно знам. Дека секоја си има своја убавина и навистина е дека се што се случува се случува за добро.
    Порано си поставував доста прашања:
    - Зошто го учам ова кога нема да ми користи?
    - Не ми треба да учам да месам пример просфори, зашто нема потреба од тоа?
    - Зошто пак го читам ова или го слушам кога не е добро или пак е добро, ама мене не ми користи?
    А денес се тоа го сфаќам.
    Ако не го учев тоа училиште кое не ми беше потребно, немаше да го знам тоа што го знам денес, а ми е од голема полза сега.
    Да си ја послушав бабичка, денес ќе знаев да месам најубави просфори. Ама ете будалетинка, што сум разбирала!
    И се што слушав како пример дека некој направл вака и вака, а било добро, денес ми е од полза што го знам или што ќе го практикувам во иднина.

    И да ве посоветувам како сестричка, за некои помалечка, а за некои поголема.
    Навистина се што се случува во животот е за добро. И да е нешто најстрашно, смрт или болест, па е за добро. Зашто сме добиле една лекција повеќе на издржливост, за во иднина посмело и похрабро да се бориме.
    А до помалите сестри:
    Учете, учете се што ви се овозможува. Она што ве учи мајката, никогаш нема никој да ве научи. Или она што го знае бабата и дедото, можеби иникој не го искусил и не го знае, а вие ја имате таа можност да го научите. Затоа не губете го времето и учете, да не си останувате со празни раце вака како мене за некои работи.

    Зашто со тоа, пишувате уште една книга во животот и ја збогатувате вашата библиотека во душата. Ја украсувате со уште една книга, со уште еден скапоцен бисер :) .

    Простете многу се запишував :$ .
     
    На Monna.Monna, bittersweet, Libera и 19 други им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Sdk deka site dobri devojki se omazeni,ostana samo oloshot,naletuavam na edna dama i pravejki muabet mi kaza deka e mazena,isto i na druga i taa isto,a tolku bea fini,pristupacni,otvoreni za komunikacija i se razocarav,znaci sve sto bilo asalno se omazilo!
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ги прогласувам Велешани за најубави мажи/машки во Македонија. :wasntme: :$
     
    На sadangel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    И јас се подновивв ^_^ ....Си купив уште едно масло за стрии ХА-ХА! |( Кој ќе се масира секој ден уште неколку месеции :@
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Жал ми е за луѓето што не знаат што сакаат. Искрено ми е жал. Далеку од тоа дека мене сите коцкички ми се наместени, моментално да бидам искрена ни рубикова не ми е рамна со се на сите страни, ама јас имам цели во животот. И да, дел се нереални и фантазерски ама јас си верувам дека ќе ги исполнат.

    Не ми е јасно зошто прават нешто што не им се допаѓа. Па еден е бре животот, почни да го цениш. Да имаш речиси се што ти е потребно и ти да се жалиш на тоа што го немаш, за мене тоа е разгалено дериште што не знае да си ја затне муцката. Ох батали.

    Посветувам квалитетно време на јамб и разлистување списанија. Моментално сум посветена на Сенса, едно одлично српско списание без реклами на секоја втора страна и прекрасни слики кои ми ги скокоткаат сите сетила. Дополнително имам Vh1 Classic, absolutely non of today's hottest new hits. И убаво ми е.

    Го знаете она чувство кога купуваш нешто и викаш ова ќе го чувам за нешто посебно? Епа откога најдов цел куп празни тефтери кои би можеле да бидат искористени уште одамна за нешто, се откажав од посебно моментот. Овој момент е посебен, кога се потам позади колена, кога мачката лежи на рамката од прозор и сонува за ѕвездите и кога имам прслуци низ цела соба. Посебен за една миризлива свеќа од Солун која ја пазев како очи во глава. Ој што убаво гори.

    Баталете тоа чекањето за посебен момент, направето го сами секој момент посебен.

    Боже, се чувствувам како баба од македонски народни приказни...
     
    На Buttterfly, bittersweet, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Животот на ромите не е лесен ама тие за дружба се би дале ..Си прават свадби кои траат 3 дена ,имаат озвучење кое се слуша преку 3 мааала а на крај се читаат подароците ..Рамче 600 денари , тој 500 , оној 1000 итн ...Ние да отидеме кај нас со 500 денари ако не те изгледаат криво сите сватови сосе шесто колено заедно или ако не те истераат грз преку глава ...Може немаат многу ама затоа за убави моменти се снаоѓааат ..е сеа малце те иритира кога ќе видиш дека некој проси а после прави свадба со 600 души али полека и ние го добиваме тој менталитет ..живееме од денес за утре ..Па кога ќе видиш додека ти се мислиш дали да потрошиш 50 евра изминале 3 дена а нема спомени од планирање тоа дефинитивно :!: ...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.