Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Ај сега на лице место да видам и проверам дали во пивото е вистината...

    Толкав ли алкохоличар станав што почнав сама дома да си пијам?

    Зошто бре Господе не ме создаде без чувства, зошто мора вака да се мачам, да биде или не. Ќе повредам ли некој?
    Зошто да ми недостига некој! Не сакам бе!
    Сакам да ме боли Станка за се, да си ја ладам по цел ден....

    Им завидувам на некои што можат така, да не се замараат за ништо живо...
    :bow: :bow: :bow: Еве им и поклон до земја!

    А, убаво си бев дете, девојка, која и беше важно да излезе и да си помине убаво. Ма забава немав пропуштено. А, сега?

    Сега демек заљубена. НЕ, демек туку сум. Прв пат ја оставив мајка ми сама во продавница за чевли и заминав дома за да бидам со него. Која будала ејј... После ја пропуштив нај јаката забава во градов. За да дремам по паркчина со него..ццц Верверичко, каде сии ?? Алоо, земја зове?

    Само молам Бога ова на арно да излезе. Не ми е криво за ништо.
    Го сакам. Знам дека ме сака. Ама...

    Проклето нека е ова АМА, аман !
     
    На Loritaa, Springy, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Не за џабе рекле Балканскиов менталитет е посебен.
    Посебен е, мамето!

    Смешка е, ил плачка, ама за алфа, мачо балканац, срамота е да има женска со образование!
    Мхм, сра-мо-та!
    Посебно е срамота да имаш женска која е на праг на магистратура, која ти ги исполнува сите хирови и ти ги трпи сите сељачки испади, само затоа што не знам што видела во искомплексирано говедо ко тебе, кое едвај завршило средно со двојка!

    Не верував дека од збор до збор ќе се вртат баш тие муабети што кружат ко демек вистинити.
    Е, вистинити биле. Со свои уши чув и со свои очи ги видов типичните претставници.
    Даме и господо, јас присуствував на најпростиот разговор ever, во кој се вртеше муабетот дека жената во нашево општество не смеела да е попаметна од мажот. Никако. Nuh-uh.
    Како инаку тој ќе ја вртел?
    И поради тоа што е срамота, лепотанот крие дека женска му ќе магистрира!
    Ама затоа на широко се фали колку ја варал и колку му се лепеле празноглави лепотици.
    Баш со тие зборови.
    Логика на типичен, искомплексиран сељак:
    - Брат, лошо може правам што ја влечам *името на глупата* вака, ама згодна е братко, надворешна појава се гледа кога ќе излеземе, нема на чело да и’ пишува дека има магистрирано.
    - Хехе брат, така си е брат. Ја стално сум викал вакви приглупи да си вртиш, него некоја ко твојава да те надмудрува брат. Со паметна жена не се живее, не можеш да шврљаш по млади пи**ња, вака ќе и’ купиш некоја ситница и ќе ќути, ќе ти се откачи од к*р, нели брат?
    - Па многу нормално. Не се е**м ја со дипломата бе брат.
    Ко навиени го вртеа муабетот цело време. Брат, разбираш.
    А со таква што едвај завршила основно, има само во газот за пари да се дупиш, ебате простиот! :@
    Проста, ограничена, бетонирана амеба . За денеска само се живее, а? Брат?
    - А мислиш ли ти лепотан утре да формираш фамилија на која треба да обезбедиш пристоен живот?
    - Што ти е па тебе? Ќе се најде некоја глупа со богат татко хехехех, нели брат?
    *Смеење двајцата ко зелени*
    И? Селска идила. Празноглавата лепотица ќе ја опашува комшијата, лепи ќе мава 20 годишни пи**ња цел живот со парите на жена му, децата нема да знаат мрсул да си избришат. Мх!
    А, да напоменам, девојка му е убавица! Сон во секоја смисла на зборот. Измислена.
    Ако јас останев уште 5 минути, утре сабајле ќе ме имаше на вести. Гарант!

    Наравоучение женчиња? Правете се прости и празноглави, за да ве сака балкан бој.
    Зошто верувајте, со тој мозок, утре погорд ќе е кога ќе изјави „Жена ми беше празноглава ороспија, брат, на сите даваше брат, ама ја ја скротив брат, јас ја направив човек, се` и’ пружив и сега на мој грб е, пизда и’ материна простачка“ и ќе се чука у груда од гордост, отколку да каже „Жена ми е магистер и е на еднакво ниво со мене на секое поле.“
    Лепи, на прав пат си! :clap:

    Нека звучам ко алапача на селска чешма, ама ми пукна фитилот веќе од вакви филозофии.
    Сериозно размислувам за замонашување. :D
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, Neytiri и 33 други им се допаѓа ова.
  3. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Оваа ноќ не е обична, барем не за мене...

    Што се случува? На што се должи ова мое расположение, кое патем трае со денови, месеци, да не речам -години? Што планирам да правам, да кријам? Да кријам цел живот? Не можам да ја носам маската доживотно, кога - тогаш ќе пукне. И, што понатака? Каде..?
    Очигледно е дека треба да ставам прст на глава, до каде оди мојата психа, почнувам да се плашам, ова не е добро..

    Факт е дека ми е потребна помош, и тоа голема. Да, и факт е дека немам храброст да ја побарам истата. Немам храброст ни да зборувам за моите проблеми, а зошто е тоа така? Зошто?
    Која кукавица се крие во мене, не можам да се отворам ниту на еден форум, форум каде што сум анонимна, никој не го знае мојот идентитет. А зошто?
    Се плашам од критики, од етикетата што ќе ми биде залепена? -Никогаш не сум била кукавица, секогаш сум се носела со последиците од моите постапки... Ако бев тука кога требаше да се гордеат со мене, ќе бидам тука и кога ќе ме осудуваат и ќе ме плукаат.
    Ха! Да! Јас !? Јас, што не можам да се отворам на еден форум, што не можам да проговорам и откријам ништо повеќе од моето мени, "Што вечеравте денес", "Што денес за ручек"...
    Не знам, можеби се плашам од вистината, од одговорот што ќе го слушнам. Ма јас никогаш не сум се плашела од зборови, тоа не личи на мене... Јас не личам на себе!

    Не знам што се случува, не можам да обвинам никого, свесно ги носам сите одлуки, свесно си ги испишувам страните од книгата на мојот живот со црно мастило, кое требаше да биде во сосема трета боја! Животот требаше да ми биде "розев", ги имав сите предиспозиции за тоа! И сеуште ги имам, да, има останато некоја искра надеж во мене, можност да се сменам. Да се вратам на старата патека, па кој знае, можеби мојата ѕвездичка ќе блесне со стариот сјај. Да бидам старата Јас, да бидам успешна во работите кои ми беа приоритет, а сега ги ставив како опција. Опција за лузери!

    Некои работи никогаш нема да си ги простам, немам срце да го направам тоа со оглед на моите постапки. Некои работи во животот не се враќаат, некои не се ни купуваат. Јас на тие работи им ставив цена, и се продадов. Ги продадов работите кои никогаш нема да можам да ги вратам... Тоа се случува кога ќе си го издадеш телото и душата под кирија.
    Смешно!

    Не знам кога се претворив во вакво суштество, и уште еднаш се прашувам, ЗОШТО?
    Факт е дека носев голем товар на мојот грб, и сеуште носам, но тоа не ги оправдува моите постапки. Не можам, и не смеам да се вадам на тоа! Сакав одмазда? Сеуште сакам одмазда? Дали вреди за да си го обелиш својот образ, да ја одбраниш твојата чест, да правиш вакви работи? Во друг случај, јас ова би го мерела со лудило!

    Не за џабе рекле, крвта не е вода... Еднаш додека бев помала, татко ми ми кажа: Ти не си мое дете, ти си ќерката на Ѓаволот!! И најверојатно, човекот бил во право.
    Имав се` што едно девојче може да има, добивав се` што ќе посакам. И сеуште добивам, единствената разлика е што сега скапо плаќам за се`!

    Не знам... Сакам и морам да ги исправам работите, се каам, сакам се` да биде како порано. Сакам да имам светла иднина пред себе, да се борам за нешто во животот, нешто за што вреди да се живее. Мислам дека сеуште не е касно, т.е. никогаш не е касно за промени, не !?

    ...И повторно се враќам на истото, многу зборови, а ништо не кажав...

    Јас ќе си останам тоа што сум, некој од вас можеби ќе изгуби време да ме прочита, сега сум свесна дека грешам и барам помош, но утре се ќе си биде по старо...
    Знам, се познавам доволно добро.

    Се мислам дали да го почнам новиот ден, или да ги облечам пижамите?
    Добро утро, или Добар ден?
    За кого како, на некој му се темни, а на некого допрва ќе му се раздени!

    :l: :l: :l:
     
    На Trnche, marama, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • 5103245_700b.jpg
      5103245_700b.jpg
      Големина на фајлот:
      13,9 KB
      Прегледи:
      322
    На Anja98 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. milenna.torres

    milenna.torres Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    120
    од сега сме колешки :*
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Човек губи додека е жив..
     
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Два-три поста, малку винце и коњак, и четири часа подоцна, сета позитива ми отиде у материне.
    Којзнае какви психички проблеми ќе помислите дека си имам. :D
    Скролајте и понашајте се ко да не сум го пишала ова, оти веројатно за неколку часа, наспиена и трезна, ќе се пцујам себе за постов.
    Ама, сега не ми замерувајте, коњакот и виното во/од мене зборат. :lol: :D
    И неќам да ги сопрам, нека си кажат. Тие се најискрени.
    Само да не биде не сум кажала. :!:
    Сабајлево, за прв пат во животов, јас проколнав.
    Веројатно и последен.
    Душата ми се стегна и сета болка од неа излезе на тој начин. Од срце беше, длабински.
    Не сакав, ама колнев. Колнев ко стара мајка што го колне Бога зошто и’ го земал чедото прерано.
    Од немоќ.
    Знаете, ко она "Rudeness is the weak (person's) imitation of strength."
    Е, тоа.

    Силиве ми се веќе при крај, а испитот само што почнал.
    Фала на питање, можам сама. И морам сама.
    Ќе се бориме заедно, всушност значело „Дури можеш, ти бори се со/за мене, а кога јас тебе ќе ти требам, ќе ти се посерам и ќе ме (с)нема.“
    Иронија, м?
    Ко демек не знаев дека Марфи е педерче.
    Ама, Марфи е педерче за сите. Ќе дојдат сечии 5 минути.
    О, да, проклети да сте!
    Да молите и да преколнувате. Да ве удри кај што боли највеќе, а да сте немоќни да смените.
    Двојно да ви се врати ко бумеранг и да ве боли до срж, а да бидете беспомошни.
    И никогаш да не ги почувствувате среќата, љубовта, исполнетоста, мирот и спокојот кои ми ги земавте. Барем дури не ви простам. А тоа нема да се случи!
    Да стоите сами на раскрсница ко муви без глава, а да нема никој за помош и патоказ. Никој!
    А по таа раскрсница да мине оној Васе гомнарон со камионот полн свежо истресен измет од нечија септичка јама, и да ве прегази! Два пати!

    И без ласкање, не персирам никого, зборувам во множина.

    Ајт, добро утро т.е. ноќ за мене.
    Бегам дури не сум се разјала што не треба. :D
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    Еден обичен телефонски разговор сношти по не знам кој пат,ми ги нацрта некои работи.Конкретно за пријателството.Да се биде пријател во секое време за мене е навистина нешто свето.Да се глумело цело време,од корист,можеби,за мене е крајно нечовечки,И тоа и се докажува по милионити пат.А чудно е што секогаш повторно ме повредува, до срж.Нека каже кој што сака ама вистински пријател не постои.Барем за мене.Можеби моите очекувања се големи ,не знам.А зошто мислам дека не постои?Да образложам на кратко.

    Сите сме имале разочарувања,ситни и крупни,сплетки и интриги.Нема да го набројувам ни оговарањето позади грб,позајмувањето пари и изигрувањето психолог.Овде ќе зборувам само за една работа.Човечката мизерија во својот најголем и најтенок и најпрефинет облик.Човечката мизерија која секогаш сум ја доживеала од сите оние за кои раката во оган можев да ја ставам,за кои трагав да не се такви,да се слични како и јас.

    Затоа сите битки сама ги бијам.Тоа е моја тежина и мој крст.Моја слабост и моја јачина-кој како сфати.Сама.Ама животот така ме научи.Да само на себе можам да се потпрам.Причината за тоа е можеби ситница,која никако не може да помине покрај мене.На ситници.За крупни работи не сакам ни да размислувам,калкулирам и мозгам.Зашто луѓето на ситници паѓаат во моите очи како покосена трева,и тука испливува сета беда и мизерност на нивниот дух.Но тоа не е причина јас да не верувам во пријателството.Верувам дека постои ама ете за жал јас не сум една од среќничките на тоа добитно ливче,наречено пријателство.
     
    На M.a.r.i.l.y.n, Lolipop23, Stoimenovska и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Незнаев колку ориенталната музика и одговара на мојата личност се додека не пуштив една песна по грешка и ја ислушав до крај, од тогаш оваа музика е лек за моите нерви, секогаш кога сум под стрес, некаква негативна трема, нервозна и потресена само една песна може да ме доведе во нормала и неверојатно да ме опушти... Ја засакав оваа музика премногу, таа е мојот лек. Не е единствената музика која ја слушам, но само таа ме враќа во нормала...
    Денов ми започна со ваква музика и се надевам дека ќе ми е цел ден без нервози :mm:
    Ве поздравувам и имајте ми убав ден :*

    http://www.youtube.com/watch?v=MBVjkNYxnGY
     
  10. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
  11. Bela.a

    Bela.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    31
    Толку мн обврски така да не знам со што прво да почнам.Немам сили да се борам од поччеток за нешто,немам.Ама ако сакам да опстанам морам.Сепак добро ке ми дојде одморов што следи,ке се одморам,ке се опуштам,малку подалеку ке бидам од се.Остана само 1-2 за мислење што понатуму,каде,како,а јас паметната сеуште незнам,кобожем има време....Како и да е долгиов одмор добро ке ми дојде,и благодарение на овој одмор повторно ке се видам со саканите пријатели.. :)
     
  12. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Како усрана сојка сум :|
    За прв пат возев во град 2 часа. Се препотив, вода се сторив.
    Абе овие возачиве мултиталенти се. И музика слушаат, и зборат, и пцујат, и возат.
    И имаат време да те измеркаат и да ти свират. Кога стигаат. Абе сум го фатила воланот не го пуштам :shake: Нозете како ча-ча да играм, лево па десно, па горе ... Бог да чува.. Па уште ми свират. Ме гледаат некој неписмењак вози, што свират , маме им нивно шоферско

    :D

     

    Прикачени фајлови:

    На Loritaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сдк:

    Денес сум реален песимист. Така ми започна денот и изгледа така ќе биде.
    А темата: смрт.

    Сдк само, дека таа е единствениот гостин кој доаѓа без да се најави.
    Ако ние брзаме на сите страни, таа знае да не пресретне во најнеочекуваниот миг.
    А со нас што ќе понесеме?
    Еден кош леб за по пат, станот и куќата за која работевме ден и ноќ, парите, облеките и обувките...
    Најтрагично е што за нив не работиме и нив не ги градиме духовно. Кога се она што го имаме и го споделиме со оној што нема, само тогаш ќе изградеме духовно живеалиште.

    Сдк:
    Научив дека душата е најисполнета, тогаш кога дава, а не кога зема.
    Непроценлива е насмевката на нечие лице :f: .
     
    На feferona, crazylady, Divinebutterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  14. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Иако штом стапнав во Скопје инстантно сфатив дека не го сакам, денес максимално го вдишувам денов и уживам во него. Се наполнив со позитивна енергија, ги исполнувам деновите, се гледам со најблиските, почнувам да го планирам секое делче од животов.

    Сакам да се запишам на зумба, сакам да одам на шопинг без да се чувствувам криво што сум ја испеглала картицата, сакам секој петок безгрижно да мрдам со колковите на латино ритам, сакам да го видам.. Сакам да уживам пред повторно да ме обвие Скопското сивило што ме потсетува дека треба да им се вратам на обврските.
    Сакам...
     
    На Lepaaa, Springy, Magnolija и 3 други им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.781
    Пол:
    Женски
    Како мајка ти ќе те натера да пиеш чај? - Стани ти сварив чај, ај пред кафето испиј го чајот, ако не ти се пие сама и за мене ќе направам чај. Ама одамна е сварен ај мамино испиј го. И крајот - Е од тебе ќе умрам пиј го чајот!!!
    Сакаш, не сакаш ќе го испиеш. Добро е што не оди по мене со чашата :lol:
     
    На tweety26, Serafima, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Анимацијава ја направиле само за да ни го разубават денот. :)
    http://vimeo.com/14592941
    Има многу убави нешта на овој свет, само :!: треба да знаеме да уживаме во нив :)
    [​IMG]
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    93.920
    Пол:
    Женски
    добро дали постои некаков начин дотичнава Кардашијанка да исчезне од медиумиве?
    Во ред,згодна е убава..ама ме отру човече!
    Па и глупиве медиуми немаат што да објават и само за неа и сестра и и внуците пишуваат,ама
    баш сите..кај и да отворам за неа има текст и слики-револуција во движење
    И додека таа се чуди дали да го пие утринското кафе во париз или на хаваи или да доручкува појадок со 17,5 калории,деца умираат по светот од глад и болести а за нив никој не се грижи..парадокс
    фали уште во ударен термин на Дневник да кажуваат колку пати мочкала денес и тали и титнал дечко и..
     
    На Abby му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Се исполнивв денес в крајјј :D

    Ме примијаааа на факултет, ДРЖАВНААААА ! :party: :party: :party:
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, Neytiri и 36 други им се допаѓа ова.
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Она што најмалку го очекуваш се случува,кога не си подготвен,кога најмалку очекуваш....Кога мислиш дека се завршило тогаш се започнува ,мислиш дека е крај а всушност е нов почеток кој го припрема животот.
    Не се знае што се ни подготвува животот и каде не носи. :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Си се изнапишував во личниот дневник кој си го спуштив за на компјутер, си кажав се што ми лежи на душата, а сега, кога отворив да видам дали стварно се снимало се изнагледав хероглифи.... очигледно со печатни букви не требало да пишувам.. ама незнаев, си викам добро е, ми олесна се изнапишав, а баш сакав да ми стои тоа што го пишував... ;(

    Eдит:
    Очите мои плачат, како што плаче секој тон одсвирен во таа песна.... ;( ;( ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.