Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Можи неќи да ја изеди :lol: :rofl:[/quote]
    Само јас ова го сфатив во перверзна смисла? :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Да.
     
    На TheKiketoo, Juicy03, chocolate.chick и 4 други им се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Се изгубив некое време од форумов зошто не знаев што да пишам ...

    А додуша и не ве читав да бидам искрена читнав до некаде гледам вас различни работи на секоја од нас се случуваат . На некои поубави на некоја понеубави работи . Но на крајот на краиштата Животов е убав !
    И не , не е секаде розево секогаш , поточно никаде не е само розово . Колку порано тоа си го сфатиш толку помалку ќе си патиш .

    Идеали нема !

    Нема идеален Живот ни пак идеален маж или жена , идеална работа , врска , брак , семејство ...
    Колку и некои луѓе да изгледаат дека имаат се------ немаат .. Времево што помина ми помогна да го сфатам тоа ако имаат материјално немаат духовно , ако имаш среќа во едно ќе немаш во друго .
    Така е преодредено да биде , не е до нас . Секогаш постои баланс , кој никој не успеал да го избегне ...

    Чудно , но секогаш чуствувам дека ми фали нешто . Се прашувував дали ќе го постигнам дали некогаш ќе доживеам да се почуствувам потполно во секоја смисла на зборот .
    Ќе се трудам , да ми биде што е можно подобро идеалот не го барам не повеќе . Ќе го барав да знаев дека ќе го најдам но на крај сфатив дека неам шанси не за друго зошто не постои , а јас не можам да го створам зошто не зависи се од мене .
     
    На crazylady, Juicy03, Magnolija и 5 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.117
    Допаѓања:
    67.117
    Пол:
    Женски
    Не можам повеќе, ипак сум само човек. Колку можам и јас да поднесам? Колку?
    Те молам Боже, те молам, не можам веќе. Солзи почнаа сами да ми се сливаат, немам сила повеќе. Стварно немам сила, а не знам ни каде да ја најдам. не сум ни мислела дека може до овој степен да се дотурка. Не можам себе во очи да си погледнам, а не па...
    Колку човек може да се смени за кратко време... Колку јас сум можела да се сменам. што мислев дека имам цврст карактер, што мислев дека имам свое јас... Едно нешто... Уф колку ми е тешко, немам веќе зборови, немам ни кај кој да се искажам, да се посоветувам, се во себе, се таложи само...
    Се раскинувам, на два дела, полека, ама сигурно...
     
  5. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Исплачи се, тргни си ја тежината од душата. Верувај помага. :)

    Инаку Сакам да кажам сакам да имам повеќе ѕвездички ии црвено цветче ;( :lol: :rofl: :rofl: :tmi:
     
  6. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.673
    се плашам да бидам среќна,се плашам зошто после таа среќа ме чекаат солзи.
    вечерва сакам да се исплачам да ми олесни на душата ама не можам.солзите како да ми пресушиле.
     
  7. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ау ау ау ау ау!!!!!!
    Ке полудам, имам топче застането на грлото, ептен ми е тешко, немам причина, ете така од внатре, нема на кого да се исплачам, дома ако почнам-и тие ке почнат да липаат со мене, на другарка нема шанси ;( :worried: :( ;( :worried: :(
     
  8. butterflly

    butterflly Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    isto mi e i mene :(
     
  9. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Сакам да кажам дека е 6 сабајле,отворив Активни теми,на втора страна ја прочитав "Вашата прва менструација",a под неа "Што ви се пие во моментов ?" и ми се згади. Добра ноќ.
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Денес ми еден од оние обични денови,отприлика знаеш што ќе се случи.Само што мене ме фаќа пмс-от.Тој да ти има големо влијание врз мене,мојот маж и на секој жив створ кој ќе се осуди да ѕирне во "змаевата пештера",се додека змејот е раздразлив,гладен,плачлив,бубуљичав и отечен.Секој можен претставник на човечкиот род е како елен на патот,изненадно осветлен од фаровите на брз автомобил,изненаден,збунет и веројатно уплашен од моите реакции на сосема ообични банални ситуации.Секоја смисла за толеранција ја губам,самоконтролата е како расипана кочница.Понекогаш се фаќам себе како штракам со заби како крокодил ако некој ми застане на жуљ :tmi:

    Во нормални услови кога одам да купувам во маркет,си ја отварам секоја купка,гел,читам налепници и упатства,губам свест од њушкања по омекнувачи,се заковувам во редот со играчките и фантазирам за барбики кои во време кога бев мала ги немаше.
    Се сеќавам имав само една кукла и тоа без коса,
    Половина час бирам најубави банани,сливи или што и да е,па се изнаприкажам со касиерката за убавото време,Ама кога е пмс уфф..баш тогаш пред мене ќе има колички наполнети до врв,или ги заебат па отидат 20 метра понатаму баш пред тоа што ми треба,деца кои врескаат,девојките кои ме убедуваат да пробам од ова или да купам она за да добијам тоа.Луѓе кои мастики купуваат со картица,некои забораваат нешто па цел ред чека,баш тогаш ќе снема трака за фискална,па мора да се промени...е тогаш се препотувам...

    Се на се во деновиве со мене треба да се постапува како со експлозивна направа,внимателно и да знаат кога да се повлечат.Нека ме затворат во соба и одвреме навреме нека фрлаат по некоја чоколадичка,колку да преживеам :D
     
    На Lepaaa, LilBaby, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    По втор пат на темава, се изнапишав толкав реферат, па го избришав.
    Некаде кон финалните реченици, сфатив дека најгласно зборува неискажаното.
    А утрово ко да е створено за логично размислување.
    И листање низ стари мислења од досада.
    Мех-ех, се изначитав очајни обиди за лажно морализирање во потрага по ореол.
    Зошто? Не знам. Веројатно биле генерална проба за прикривање на вистинското лице.
    Самоконфликт. Едно мислиш, а друго пишуваш, само за да оставиш впечаток на Светец, иако во сенката ти се рефлектираат роговите. Смешно.
    Без прашалничиња над глава. Немам образ да плескам небулози за личности кои не ги познавам лично и доволно. Самоелиминитајте се.

    Ме чека интересен ден, од возбуда не можам ни да заспијам. :inlove:
    Можеби и нов пресврт, нов пат, помалку трнлив.
    Јас се научив да ги вадам трнчињата сама. Почнав и да не ги чувствувам, да уживам во болката која ја задаваат и да барам уште, само за да се самотестирам колку можам да издржам.
    А можам, но, зошто би?
    Доброволно отстапив. Сега други ќе одат по моите патишта, ќе се губат во моите магли и ќе го слушаат ехото на моите чекори, очајно пробувајќи да ги стигнат.
    А ехото лаже, никогаш не иде од вистинската страна.
    Може само ќе налетаат на избледени капки крв, зошто јас таму оставив долга, крвава трага.
    Трага по која не се враќам. Тоа веќе не е мојот пат.
    Но сега веќе не е ни битно.
    Проклетство!
    Лажам.
    Можеби...

    Ново утро.
    Добро нека е. :sun:
    Држете ми среќа! ^_^
     
    На tweety26, Magnolija, Sara123 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    СДК....

    Прво - роденден ми е и не знам зошто сум толку возбудена, тоа пеперутките оро ми играат во стомакот :wasntme: Имав прекрасно будење од мажулето, ме дочека со кафе, прегратка и желби за многу внуци. Ах бре мажу, јас децата ги родив, па до внуците стигнавме :lol: Здравје само....

    Не знам што ќе правиме вечер...ми се мота нешто мојов, ко да „кова“ некаков план, ама па може и ми се причинува. Да не испадни утре да ви се жалам како немаше изненадување, демек „требаше“, а тоа врска да нема :D

    Второ - многу изгубен случај сум.....заборавив дека на вчерашен ден, пред 3 години, бев приморана да кажам Да на неговото прашање, оти се наоѓавме на сред езеро и немав избор |( Или Да или Снаоѓај се како знаеш до брегот. Да се разбериме - ќе се снајдев, не дека не, ама немаше да се снајдам во животот без него :l:

    Имам важни поводи за частење, да....повелете драги мои, од мене толку, од Господ повеќе за сите!

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Buttterfly, Annath, Neytiri и 47 други им се допаѓа ова.
  13. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Утрово го испив своето нескафе со баба и дедо. :coffee:
    Ги прашав дали сакаат,прво не знаеа што е тоа,и после дедо рече Еме напрај ни и на нас од тоа скафето со млеко :D
    Му одговорив добро дедо одма ќе ти донесам скафе :)
    Ах толку ги сакам,заслужуваат тие многу љубов и почит,не само нескафе :)
    Среќна сум што ги имам.
    Незнам што би правела без нив,тие ми го разубавуват денот.
    Само дедо знае да ми вика Еме,и кога се караме тој ми вика Еме :angel:
    Денес баба му рече кажи и на внуката колку ја сакаш.Никогаш не ми го имаше тоа признато.
    Само рече:Внуче ко куче,како можи да ја нејќам,таа ми е се и почна да ги трија очите демек му се нарасиле,а за прв пат го видов мојот храбар дедичко да пушти солза.
    Тогаш сватив колку сум среќна и сакана.Иако ме кара и ми вика тој ме сака секогаш :hug:
    Знаете?До сега не паметам дека мојот дедо ме бакнал,тоа го стори годинава на мојот роденден.Почуствував таква заштита како никогаш до сега.
    На 10 Август му беше роденден,иако се вади дека не знае кога бил роден само за да не части :lol: му направив големааа торта за неговите 77.Заслужува тој нека..
    Не касна бидејќи била со фил,но му беше мерак.Баба го изеде неговиот дел :)
    И така,мерак ми беше да го споделам ова со вас.И сакајте ги своите баби и дедовци и кога сите ќе ве караат и ќе ви викаат тие ќе бидат тука да ве одбранат.
    Имајте убав ден :hug: :hai:
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, bittersweet и 37 други им се допаѓа ова.
  14. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    И уште еден напорен ден, добро можеби нема целиот да е ваков :wasntme:
    станав т.е. ме разбудија во 5, мртов да е ќе стане од нивното дрдорење :talk: станале за на работа и додека пијат кафе :talk: под прозорецот :devil: и како сакам да спијам после, уствари можеби и најпаметно ќе беше и да не легнувам ич, до 4 се запишавме на фб со другарка :tmi: туку ајде било па поминало :D

    Ги испратив брат ми и мајка ми на работа и незнаевв што со себе, повеќе не ми се спиеше. Пуштив Тв нема ништо 100 програми ги извртив и ништо не најдов, за појадок да правам рано, уствари ептен рано беше, па се моткав низ куќава како дух :wasntme:

    ми текна си направив нес кафе, и си седнав на тераса, гледав како денот се буди, сонцето како полека се раѓа, 1000 мисли ми се вртеа низ главата, нешто за работа, за дома и секако за Х.
    си тонев во мислите и не ни приметив дека скоро 3 саата сум седела така, се
    додека сестра ми не ме отргна и ми седна во скутот, така сонлива, косиче разбушавено.
    и место да ми рече: Добро утро
    таа вели: Што ми направи за појадок :D
    ја погледнав и си помислив: место сестра ти да прави појадок она ужива во тишината :)
    и намачкав 2-3 рибанки кремче и чаша млеко.

    и ветив дека ручекот нема да го заборавам :!:
     
    На Ammy.Lee, eli25 и Sara123 им се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Кога еден ден седев замислена во чекалната на болница, за некои резултати, дојде еден дедо со бабичката и така збор, по збор, започна разговорот.
    Значи, колку мудрост се крие во тие луѓе, а ние некако ги заобиколуваме како ние знаеме повеќе, поусовршени сме со технологијата... Навистина знаеме и сме доста напредни во се, ама она што тие го имаат, ние никогаш нема да го имаме, или пак многу ретко.
    Прво комунукацијата, искреноста во очите и зборовите, не криењето на ништо... А за разлика од нив, ние сме крути, толку крути, што уште не сме се скршиле.
    Да, го немаат нашето современо искуство на достапност на информациите, но имаат достапност на душата. Знаат како да го започнат разговорот, а да не биде нападен или пак без врска, туку со само искреното зборување од срце, како нивните зборови да милуваат. Просто, те фаќа мерак да ги слушаш, да им се восхитуваш на она што го имаат во срцето, онаа несебична љубов, која кај нас современите млади скоро ја нема.

    А дедото ми даде една убава поука:
    - Никогаш чедо, не биди намуртена, туку секогаш насмевнувај се. За да не речет другите: Денес времето е облачно! :!:

    Од таа малечка средба научив многу.
    Првиот чекор, можеби најважниот од се е нашата насмевка. Кога неа ќе ја усовршиме од срце да ја даваме на сите, како тие бабички и дедовци, тогаш сме на нивниот пат.
    Затоа насмевнете се и тогаш кога ви е најтешко.
    На вистинскиот пат сте :) .

    [​IMG]
     
    На ripkata, bittersweet, kate21 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.390
    Допаѓања:
    103.193
    Пол:
    Женски
    Ме расплака во канцеларија бе девојче, ваков беше и мојот најмил дедичко. Никогаш не покажуваше емоции, никогаш не не бакна, но секогаш знаеше да не седне во скут и да ни раскажува за неговите времиња. Ах колку ми недостига, ми недостига таа љубов која чинам со никого нема даја доживеам повеќе, да му раскажам за се што ми се случува. Секогаш си велам ќе одам во село и на гробишта има се да му кажам, а штом застанам пред камената плоча збор од уста не ми излегува, знам дека не е таму во црната земја, туку некаде на небото со ангелите ми испраќа светлина и надеж. Иако знам дека не е таму се чувствувам празно што одамна не сум отишла до местото каде за последен пат го видов неговиот лик. Сега стои пред мене неговото напатено и збрчкано темномуресто лице, со најдлабоките и најсините очи на светот, со најмеката коса исчешлана секојпат во истиот правец. Ми недостига да го видам застанат пред мене во неговото омилено одело и капутот, со чешлето како секојпат пред да излезе од дома си ја замазнува косата. Сега имам само еден дедо и две баби, но од ниту едниот од нив не добивам ни трунка од неговата љубов. Овие можеби и повеќе ја искажуваат од него, но чувствувам дека неговата љубов беше единствена.
    Течете солзи полесно ќе биде покасно, течете за сите тежини кои ги чувствувам деновиве, за празниот новчаник, за немата соба, за изминатите денови, но најмногу од се за Дедо ;(
     
    На Juicy03, Ammy.Lee и antonina им се допаѓа ова.
  17. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Немојте премногу да го молите Бога за нешто што мислите дека ви треба. Кога на крај ќе го добиете, ќе сфатите дека ви било многу подобро и без него...
     
    На Miss.Ricci, Serafima и julie77 им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.778
    Пол:
    Женски
    Вчера нашиот мал принц наполни една годинка. Му посакувам уште долго, долгоооо да ми е жив, здрав, среќен и позитивно луд. Тоа дете има неверојатна енергија.
    Детски роденден, среќа си играа па не слушаш многу пискања. Кога ги гледам сфаќам дека јас сум далеку од моментот родител-дете.
    Д. ми вели- Леле колку го сакаш малиов, ајде ние да си направиме едно. Еј дали си ти луд или? За дете треба многу откажувања од лични задоволства, а мене сеуште ми е убаво да сум дете, па друг да се грижи за моите задоволства.
    Зафатениот би дошол со мене на роденден, како мој партнер, момак... а каде е девојка ти во овој муабет?
    Братучед ми ме кара не сум знаела да си играм и да манипулирам со момците. Е не знам, премногу сум искрена.

    Да се вратам на роденденов. Убаво и насмеано, со најубава торта некогаш видена, па и највкусна. Малиот почна да кенка од толку гужва ама знам дека е искрено сакан од сите.
    На крајот ние децата по 20, 30 години си поигравме :wasntme: :lol:
    Мали живеј ми до 100ка!
     
    На Monna.Monna, Adi888, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... ахх вие две погоре :devil: ако фе фатам ]:) :) ... Ќе биде се, само малку тактика и свое ЈАС. ;)

    СДК ... ете лесно ми е да советувам други, а себе ич.
    Приметувам како стареам (читај ми идат годинките нагоре) толку повеќе мекнеам, во душава. Совеста многу повеќе ми делува ... емоциите иако никој не ги гледа се се повеќе присутни. Хуманоста пак ме прати ко верна другарка. Кој сака нека рече се фали, се преценува, измислува ... кој ме знае знае, ама искреноста ми е во генот и крвта. Се раѓаме со основни црти во карактерот кои голем дел не случајно ги наследуваме, а со тек на време или ги губиме негде по животната патека или ги надградуваме и јакнеме. Човек со ваков ментален, емотивен склоп само знам денес тешко опстојува. Ама веројатно најдобро преживува.
     
    На bittersweet, Serafima, CaperucitaRoja и 5 други им се допаѓа ова.
  20. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    3.337
    Пол:
    Женски
    Како да лебдам во облаци, како заробена меѓу огледала со искривена слика, а незнам ни самата дали во позитивна или негативна смисла.. Конфузија од сите страни, драма која што самата си ја создавам, и веќе и доброто изгледа лошо, а лошото-добро, се е толку бесмислено..
    Лаги, ама бели лаги, а од толку многу што се веќе станаа и црни, зарем јас се претворив во се она што ми се гади кај некој човек?? Маска за пред другите, а веќе почнав и да ја навикнувам на себе, дали е тоа маска, или веќе сум јас.. Како да сакам се да си искомплицирам, а може да ми биде толку едноставно и лесно, ама дали со едноставноста ќе бидам задоволна? -Не , сигурно не, веќе почнав да се навикнувам на се што ми се случува, а свесна сум дека за тоа главниот ''виновник'' сум си јас. Постојано ги правам истите грешки, кои како да ми годат, а не штетат.. На моменти имам толку многу емоции во себе, а на моменти осеќам огромна празнина, што не можам да ја исполнам и да сакам. Мразам што сите имаат некои очекувања од мене што не сум ни сигурна дека можам да ги исполнам, притисоци-кои што за нив се само обични зборови, молби.. Мразам што останатите ме доживуваат на начин на кој што јас не се доживувам себе си, ме ''креваат'' до небо, а забораваат дека не сум светица, туку обичен грешник како и сите други. Се плашам само дека тие што имаат премногу очекувања од мене, ќе бидат најмногу разочарани. Не сум дала никаков повод за некој посебен третман, само барам нормално да ме третираат, ама па и поимот НОРМАЛЕН е широка и релативна категорија, па како за кого..
    Премногу рационалност за едно утро, а не сакам да размислувам и анализирам толку длабоко, па не сум се напила ни 1 кафе :D
    Денов изгледа премногу нормално, и не сакам да го расипувам со психо-третмани, туку се што сакам во моментов е едно убаво кафе, и ништо друго, кафето е доста едноставно за промена од се друго кај мене :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.