Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Како престанувам да поштовам твитерашица?!
    Така што почнува да си слика екстремитети,аксесоари (да де,види ми дланка,види ми огрлица,ахам...дур ја сликала огрлицата го сликала деколтето и нозете,раката ја сликала,ама и ногата гола), храна и така натака... Сфаќаш дека зад тој твитерашки живот не стои реална остроумност и способност за сарказам,ами гнев и потреба да биде физички, сексуално воспевана. Така порано ја поштовав челава ти мама,а сеа е само...жена, ништо поразлична од останатите... Да и понатаму ќе тресне нешто смешно,ама тој гол стомак, врат и све останато што се не и видовме...не ми оди од глава. Фејк бич.
    Ма да има и такви кои масовно ги тролаат дека се опасни твитерашици,а се болви,со его.
    Сексуалната репресија си прави чуда од твитераш! ЧУ-ДА!
    Порано имаше супер твитераши,а тогаш дојдоа жените и идиотите и ...заебаа работа. Порано си викав едно време,паметен народ се влече по ова твитеров,јас не сум многу паметна,ама тресам зелени,ама дур да го искуцам,јас ќе го заборавам! И дур јас се решам да твитам за своја душа,се накотија такви со силна потреба за социјална прифатеност каде све оди по системот на реципроцитет,следи,да те заследам, фејвни, да те зафејвам,ретвитни да те ретвитнам, и со она глупо ФФ или у превод, моуд за длабоко лижење на задник... Отиде све на квантитет... И не дека стана поразлично од фејсбук и цуците што ми пишуваат у инбокс, ај лајкни ја сликава ако сакаш. Да,сакам, да ти ја опалам една.

    И кажете ми дали во изборот на Форбс за највлијателни жени у свет,драги ВЛИЈАТЕЛНИ твитераши и твитерашки,видовте опасно сексуљава жена?! Јес да се старки,ама ќе им видиш у очи и тие многу брчки дека ни во младост не биле лепи и убави,ниту пак имале време да се мажат со секакви кремици. Можда и политика е у питање,ама бар се лижеле на правото место,а вие на секакви разно разни кретени, па после ќе паламудите за вас УМНИТЕ и останатата проста раја.
    А и да,не се ни хипстерки... може некат биле хипици,ама и да биле,тоа било прекрасно и скроз прифатливо. Сексот направил прогрес...додека пак сегашниве,ригидни створења го немаат...нада,ништо... и затоа се напнати и се...хипстери и нервозно пишуваат...

    Штом некој не е социјално прифатен и сексот му трокира... по дифолт оди на твитер,за да оргазмира на секој фејв и ретвит и тапшање и све. Чест на исклучоци.И после не сме биле тапшачи,ич бе,ич. И оди демантирај ме,коа ќе ти видам профил со 5000 твитови за месец и 3000 следачи и 2900 што следиш...Да се квалитетни, у просек секој да пишува по 1 твит дневно,сакаш да кажеш дека имаш време да прочиташ 3000 твитови на ден?! И ај демантирај ме,ај!
    Ако некад твитам,квалитетно ќе си ги изберам и овие и оние и ќе си јадам гомца за своја душа,ко шо си јадам и во реалноста и тука и дома и на ручек и со пријатели и рандом и со повод.И ете,тројката од лап топот ми летна, од што сум у право. Срам ми е да затвитам во овие услови...

    И све тоа...и чао! :D
    Цел ден се инѕам како шлакната.
     
    На MSkorpionka, Marbella, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум им придавала значење на романтичните вечери.
    Кога прославувавме 5 годишнина од врската, сите не прашуваа во кој ресторан сме резервирале.
    Наместо тоа, ние направивме една ноќна, туристичка вожња низ Скопје, па по прошетката, испиеното кафе, театарската претстава и филмот во кино, завршивме на лесковачка кај Вили во ниедно време по полноќ. Ниту јас носев свечен фустан, ниту тој лептир машна, ама си поминавме прекрасно.

    Го сакам кога после некоја кавга ќе се појави ненадејно кај мене пред врата.
    Па без многу разговор, ќе се качиме во кола, ќе отидеме во единственото тобако кое работи во 3 по полноќ и ќе купиме сончоглед и кафе во хартиени чаши. Ќе седнеме сами во парк под млада месечина, додека само неколку случајни минувачи ќе поминат покрај нас. Најпрво ќе паднат неколку извинувања за зборови кажани во афект, а потоа ќе се прават планови за во иднина и ќе се разглабаат најразлични теории и филозофии. Ќе се занесеме во разговорот, па ќе си речеме: Шшш, шшш, ќе разбудиме некого. Ќе свртиме неколку кругчиња додека слушаме радио, а по неколку топли прегратки, ќе се разделиме.
    Ќе го пречекам утрото на тераса поради несоницата, и ќе се запрашам: Од кафето ли ми е?
     
    На Hopeful, Buttterfly, Monna.Monna и 52 други им се допаѓа ова.
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Стварно нема смисла више воа :!: :sweat: :sweat: :sweat:
    [​IMG]
     
  4. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Прекрасен ден за shopping :rock:
     
    На marama, Glossy-girl и Sara123 им се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Епа доста го критикувавте де. Јас го сакам. И кога пече, и кога ме поти, и кога смигнувам со очи и ми се прават брчки на чело, дури и кога имам кругови околу очите од очилата за сонце.
    Зашто тоа е единственото кое ми ја згрејува душата и ме тера да се насмевнам без причина и единственото поради кое птиците пеат повесело.
    Shine Darling, shine!!!
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN8146.JPG
      DSCN8146.JPG
      Големина на фајлот:
      236,8 KB
      Прегледи:
      491
    На Annath, Monna.Monna, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК она чуство кога ќе застанеш пред фриждерот и се чудиш дали да јадеш или не,дали благо или солено :lol: Потоа наеднаш ти се смее,па за неколку секинди ти се плаче |( Потоа на некој му се издереш без веза ]:) :tmi:

    [​IMG]
     
    На cinderella5 и Sara123 им се допаѓа ова.
  7. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Да ми кажеше некој дека животот е толку суров кога ќе пораснеш, никогаш немаше да барам да пораснам. Кога би знаела дека 18тата година носи толку многу обврски, донесувања на важни одлуки и уште милион работи.. А ти, ти се жалиш зошто татко ти, ти викал што не ти е средена собата, што секоја побарана работа ти е на "изволте" , што мама и тато се секогаш, за се,позади твојот грб и ја чистат прашината која ти ја оставаш, што никогаш не си мрднала со прст да се потрудиш сама, затоа што (пак) -тато и мама се ти удоволиле. Се да имаш и пак да се жалиш и да бараш уште и уште и уште и уште, материјалноста никогаш не те задоволила, нема ни да те задоволи. Можеби немам ниту пола од материјалноста што ја имаш ти, но имам љубов, луѓе и родители што ме почитуваат и сакаат таква каква што сум. И не, не сум се пожалила задоволна сум и со тоа што го имам, затоа што сама се трудам, сама го постигнувам тоа што го сакам, но со труд не со седење во место и чекање на туѓ грб. И пак ќе се борам за утре да биде подобро од денес, јас немам родители со високи функции,кои би ми го одредиле факултетот и работното место,но мило ми е што сама си ги одредувам. Немам се што сакам, но имам се што ми треба. И не барам повеќе, среќна сум и вака дури и повеќе отколку што треба.
     
    На Adi888, kravce, Monroe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Читам и неможам да се изначудам искрено.
    1.Ми се мрси косата, морам да ја мијам секои 3-4 дена :@
    2.Дали знаете антипреспирант кој има дејство 3 дена :?:
    3.Имав однос , не го стави во мене , не сврши во мене дали сум бремена |(

    Одговори кратки и јасни
    1 и 2 ИСКАПЕТЕ СЕ !
    3.КУПИ ТЕСТ
    ........................................................................................................................................................
    Друго нешто.Сега сум академски граѓанин.Примам честитки :D
     
    На Monna.Monna, anneyy, babybelle и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Епа си станав тетка! Две девојчиња близначиња си дојдоа на овој свет! :party: :dance: Им се брзаше да го видат овој бел свет, па подранија и затоа се како мачиња сега.. ама ќе си пораснат! :)
    [​IMG] [​IMG]
     
    На Hopeful, Buttterfly, fallenangel и 47 други им се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    СДК денес прв пат се скарав со колешка од работа. Аирлија нека е!
    Многу рано почна, ама неправдини не можам да гледам. НЕ И НЕ!!!

    Осум жени требаше да се менуваме на пауза за ручек која почнува од 11. Една по една. По правило паузата трае 30 мин., но така немаше да стигнеме сите... ќе требаше некој без ручек да остане.
    И нормално, која и да отидеше, се враќаше најбрзо што може, максимум по 15 мин. се задржувавме.
    Отиде госпоЖата и ја чекаме, 15, 20, 30мин... нејзе уште ја нема... сите почнаа да зборуваат, на жените почна да им се слошува, 1 часот стана, а тие уште не појадувани... и јас, иако веќе бев, почнав да се нервирам, не и е првпат така да прави. И ете ти ја после 40 минути доаѓа, па се шушка, вртка, ракавици бара, не седнува веднаш. :swear:
    Мене ми пукна филмот и и’ се обратив -Па добро бе ****, нели е срамота, имаш ли малку човечност во себе, овде некој ќе умира од глад и ќе му припаѓа, а ти пауза ипол ќе си тераш.
    Леле луѓе божји кога почна да вика, како немало врска, која сум била јас да и кажувам, тие 30 мин. биле нејзини и таа ако сакала така ќе седела во гардероба, ама ќе си ги искористела до крај... ц,ц,ц :x
    Сфатив јас со кога си имам работа!
    Другите почнаа да ми намигнуваат, да не се расправам, ама никој ни збор не и рече... иако знам дека истото го мислеа. Зборуваа пред тоа, а нејзе в лице, никој не сакаше да и каже.
    Тоа уште повеќе ме налути. :!: Јас бев јадена, тоа го направив од што ми падна криво за другите, а тие си молчат ко ’’п*тка под кошула’’.
    Па си реков ако ви е, кога дозволувате некој будала да ве прави, трпете и утре истото ќе биде знам!
     
    На Neytiri, kravce, Lepaaa и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Или ќе кукам за пролет или за есен, можеби затоа што зимата и летото подеднакво не ги сакам.
    Постои нешто поетично во нив, мирисаат на промена; те обиколуваат или златни лисја или магнолии; се будиш или заспиваш; и чудо некое колку ме потсеќаат на ... книга!

    Се потсетив на една Јапонка која читаше во едно интересно кафуле на, чинам, грчката граница беше. Додека автобусите и луѓето дигаат галама, ќе излезеш од неговата друга страна и ќе бидеш на рамно со годишното време. На пејсажот како ефекти да можеш да му ставаш, летни или пролетни, доцноесенски, леденсозимски и секакви, по твоја душа. На нејзиното и така мирно лице, се читаше катарза, нирвана, длабочина во бледо шаренило.

    Па да, Есен, дојди ми весело. :)
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, princessputnik и 25 други им се допаѓа ова.
  12. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Токму пред еден месец ми го приреди изненадувањето. Одпатува до градот каде што бев за да бидеме заедно. Непредвидлив е животов мајке ми, кога најмалку очекуваш се случуваат најубавите и најлудите работи.

    Среќна сум. Ме исполнуваат тие, ме исполнува и тој.
    Кога сум веќе кај нив, ха, пак ќе зборувам за нив. Незнам веќе колку постови им имам посветено на милите мои. Овој пат за откриените тајни, за разговорите до раните утрински часови и споделените совети од претходните денови.

    Ги сакам, го сакам. Кратко и јасно полна сум со Љубов :l:

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На marama, kate21, Lepaaa и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    На teddybear и 1209 им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.446
    Допаѓања:
    91.773
    Пол:
    Женски
    На 1209, MSkorpionka, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.505
    Пол:
    Женски
    Знаете ли дека огромни се шансите бројот на ненајавени гости, да е еднаков на бројот на црвени точки на вашето лице, од насилно извадените црнки, 15 минути претходно?
    Јас знам.
    ah, well...
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Значи денов е ужассссссс.... барем за мене........ Брат ми е во болница, дедо ми паднал, ломмм ;( се ннаправил, а јас паднав на испит................................... Неможамм веке, неможамм..........ми доаѓа да се откажам од СЕЕЕ, од факултет, од СЕЕЕ!! Немамм сила, нема..... неможам,,,,,,,,,,,,,, ;( ;( ;(
     
  17. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
  18. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Најголем предизвик е да се погледнеш себе си низ туѓи очи.
    До пред две години, јас потполно никому не верував. Исполнета со верба, секаква, освен таа дека јас ќе можам себе си да се предадам на друга личност, да ја третирам како своја четвртинка, половинка - безразлика. И Боже, семожен си! Тука најмногу искреност човек ќе ми пронајде, во таа реченица. Почнав да слушам зборови обратени до мене што пред тоа само сум ги читала. “Ко ќе су околу тебе нешто во мене ме терат ко да морат да се покажа во најдобро светло...’’ Не го рече тоа Селма. Всушност, нова соученичка поради која сега на Бога би му паднала на колена од благодарност што ја запознав. Ми ја врати вербата во луѓето. Тогаш, чинам, почнав да им зборувам на другите за приватниот живот, за оној дома, со фамилијата. Но нешто ме кочеше, и тогаш, кога се чувствував преродена. Не ги кажав најтемните тајни, никому. Само да знаете колку сакам да имав храброст да зборам за тоа. Со кого било. Затоа што денес тоа го направив, со некој странец што го запознав на омегле. И кога завршив, ме праша дали ми е полесно што сум се искажала. Му потврдив и ми посака среќа, ми вети се ќе се среди, па се исклучи. И толку. И што е најдобро од се, никакви чувства не ми пробуди што така само се исклучи.
    Конечно светов го гледам со други очи. Ама буквално. Не ми е веќе се црно или бело. Некоја сива нијанса нон стоп ја шетам и се гледам себе си како рефлекција во секој. И не се приврзувам. Уживам сама, нааааајмногу, и прелевам од верба за иднината. Ми се чини дека созревам, бебешки чекори, но барем се движам.
    А, кој сака колку сака нека суди. Себе си си забранив да изигравам жири комисија. Од сега не се грижам што мислат другите за мојаа изведба, затоа што се е привидно и секогаш го гледаме тоа што најмногу ни одговара да го видиме. Пред некој ден, си помислив дека Лана дел Реј пее умерено, моја интонација, и ајде и јас да запеам со неа. Се задавив колку биле ниски нотите. Или пак Аврил, цел живот мислам дека ги досегнува највисоките ноти. Без проблем си го дружев радиото завчера.
    Затоа што пред половина година можеби некој по улица ќе гледаше светец во мене, а по некој месец ѓавол. РЕЛАТИВНОСТА! Само ја заборавам.
    Уживај си, си викам, се е минливо. И конечно се придржувам кон своето правило, дека сами си одлучуваме дали ќе сме расположени или не, и дека ние и дозволуваме на надворешните фактори да влијаат.
    Повторно си најдов себе си role-model, што не е Џеф ниту Хејли. Сега сама себе си си се дивам.
     
    На kravce и Bright им се допаѓа ова.
  19. butterflly

    butterflly Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    milo mi e za tebe sekogas za bides tolkuu srekna :D
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    4 Години со либето, денов нема простор да не биде убав.

    [​IMG]
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.