Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Ако халуцинираш, не си сама :D
    Ме натера на минус сто степени целзиусови, во минус сто часот да отворам прозор и да се ѕверам во уличните светилки.... мошури снегче.... или па од што ми се спие не гледам како што треба.
    Ма љубов бре :inlove:

    С-уште-одамна-Д-им-К на МацаЛав и на Аја дека имаат исти аватари :)

    И како ми тргнало со аватариве :D СДК дека една девојка на форумов за аватар има една слика која летото ми стоеше на профил. Слика која тој ми ја „препорача“ и која на него ме потсеќа. И се‘ ме тера да ја избришам, ама нема. З‘инат!
     
    На MacaLove и funkygirl им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Момчево мое денес направи еден месец :inlove:
    Оно што приметив во овој месец е дека два збора ми се константно употребувани пази и внимавај, што за другите што за себе.
    Внимавам кога го пресоблекувам да не го шинам, пазам кога го бањам да не ми лизне од рацете, внимавам кога го дојам да не се угуши :sweat:
    За другите само им викам внимавај на главчето, пази рачето, пази ноџето и така во недоглед.
    Пазам и што јадам и што пијам, зелка, грав никако, љуто нема шанса(ооо а како би си каснала љуто)алкохол исто никако, кафе едно, и така цел ден пазам, ама како што секогаш бидува и многу пазење не е на арно, мора некаде да потклекнеш :lol:
    Така преска си седнав да гледам филм, земав една бомбоњера некој што ми ја донел, сите бонбони ги изедов, ми се усладија ептен, уште една си земав иста и тек после втората изедена сфатив дека сум докачила од тие шери бонбоните полни со алкохол :swear: и сега сум малкуцка поднапиена :)
    [​IMG]
    Сфатив дека колку и да пазам, внимавам сепак некаде ќе ја зае*ам работата, дали свесно или несвесно,
    нека му е наздравје на Матео млекото, само да не му се заслади бидејќи се надевам дека нема вака пак да згрешам :worried:
     
    На Marilyn-Monroe, MandyLane, Divinebutterfly и 21 други им се допаѓа ова.
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    СДК..... I have a funny feeling. :?: Многу чудно. Обично во вакви ситуации претходно би била многу повредена и лута. А мене ми е апсолутно сеедно. Ни малку не допре до мене, ко камен да сум. И се чувствувам одлично. :emo:
    Да, повторно ме разочара блиска личност во животот. Една од најблиските. Една од оние во кои сум имала неограничени количества доверба. Во други случаи ме болело што такво нешто ми се случува од некој најблизок. Сега? Сега......извинете на изразов, ама ич не ми чуе. :|
    Дали јас станав некој што нема осет, или не било толку важно па не ме повредило, или веќе до толку се навикнав на тоа да се разочарувам во луѓето, навистина не знам.....Она што знам е дека освен најблиските (читај: мама, тато, дада, двајцата Индијанци, тој до некаде....) никој друг не заслужува таков епитет. :!: Ама баш никој. И точка, крај на муабетот. Знам дека ова мислење дооооолго време нема да го сменам.

    Имајте убав ден, феминки!! :)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    СДК, тажна, тажна, тажна..... :worried: .

    Денес е денот на дрвцето, а мене никој не ми го честита именденот :wasntme: ! Скарана ќе ви бидам :P .

    Вака од утро си се мислам и си викам, ми одговара.
    Дрвце си е дрвце, си личиме. Ама тоа како поубаво да е од мене? Како посимпатично! И на крај се досетив :!: .
    Дефинитивно трупче, така повеќе одговара ^_^ . Е со него си личиме дефинитивно, така и по надворешниот, а најмногу по внатрешниот изглед. Тоа е тоа. :inlove: :inlove:

    Па повелете да ве честам благо. Ова мора да се прослави.
    Честам посна чоколадирана баклава (зашто моментот е посебен) и по една чаша вода, да не ви биде многу благо ;) .
    [​IMG][​IMG]

    Имајте си убав за кого работен, за кого неработен ден.
    :*
     
    На Gordana10, Divinebutterfly, Smilly и 9 други им се допаѓа ова.
  5. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Се отспав скоро 12 часа. :sun: Уф, за мерак. 8)

    И секогаш кога се враќам од тренинг си чувствувам како дома да не сум била цел ден, а јас само саат и половина.

    Ајде уште малку, па ќе одам да си ја закопам иднината, или да се засадам сама, со главата надолу, нозете нагоре!
     
  6. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Сезоната на моите кенкави денови започна. Лежам во кревет и пијам тони чај, супи, Прополки и слично.
    А пред да заспијам се давам во солзи, смешно и трогателно.
    Мизерна сум кога сум болна.

    Си го хејтам животот. Оди си грипу!
    (Ако некој дојде да ме убие, ќе му бидам многу благодарна.)

    [​IMG]

    Не секогаш треба да се ослободиме од болката, некогаш треба да научиме да живееме со неа.
     
  7. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Во Африка секое утро се буди Газела, која знае дека мора да трча побрзо од најбрзиот Лав или тој ќе ја убие.
    Секое утро се буди и Лав... тој знае дека мора да ја стигне најспората Газела или ќе умре од глад.
    Не важно дали сте Лав или Газела, кога сонцето ќе изгрее...почнете да се борите... :)
    Сдк денес го нема сонцето но јас ќе се борам со се што ми носи денов :)
     
    На Annie.mk1, Marilyn-Monroe, baguf4e и 29 други им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... во моментов имам желба да ве поздравам и да ви поделам дел од мојата енергија ...
    Во склоп со времето за сите ....

    http://www.youtube.com/watch?v=8SbUC-Ua ... re=related

    Уживајте ;)
     
    На MandyLane и Smilly им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Озбилна, со две реченици многу често ме погодуваш директива во сржта на моите чуства и мисли. Многу често.

    Син ти да го поздравиш и да му речеш дека ујдурма ти направил со тоа што те пријавил како Озбилна, ти не си Озбилна, ти си пред се многу ПаметнаЖена ;)

    Но не тоа сакав. Тргнав да напишам своевидна ода на зимата. А не знам ни дали сакам воопшто да и посветам ода. Она што би и го посветила е елегично, сиво, развлечено, натажено. Зошто толку многу не ја сакам?! Знам дека сеуште не стигнала но кога е сива и студена, ме убива во поим. Ја замислувам како љубоморно неисполнето женче кое нема ништо друго на работа отколку да им го расипува глобално расположението на сите луѓе наоколу. И да си ги трие рачињата од злоба и завист.
    Станувам а имам чуство дека не сум ни требала да станам. Го оставам носето да ѕирне каков е денот, се каам во истиот момент што сум го сторила тоа. Затворам очи, ги ширам рацете со надеж дека позитивниот пристап ќе ми внесе повеќе весели воздушни молекули во градите, но дури ни длабокото дишење не е толку длабоко колку што сакав да биде.

    Настинката ми ја залепи на грло, јас ќе ти р’кнам на чело. Зимо една зимосана. Немам воља да се дотерам ниту облечам ко човек. Ко жена. Имам потреба да се обвиткам со неколку влакнести електризирачки обвивки и наметнувајќи ја беретката да си отпцујам сочно по неколку серии на валкани зборчиња затоа што се што ми прави зимата се сведува на едно - чиста нервоза.

    Другар ми би рекол - мммех! Баш така. Ммммех!

    Зима не си добар љубовник, а другарка уште помалку. Не те сакам. Иш!

    А се трудам навистина. Но знаете како велат. Од толку трудење, стана само трудељубива но не и успешна.

    Врти, сучи, тоа е :)
     
    На Divinebutterfly и beached им се допаѓа ова.
  10. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    СДК..Дали сте слушнали за градот Виница и дали некогаш сте отвориле на интернет да видите како изгледа? :D :lol:
     
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Чуството, кога ќе смениш 6 автобуса, уште од сабајле, е катастрофалитично.
    Си одам јас на автобуска, чекам пола саат еден автобус, доаѓа, се качувам. Одам во школо, класната го потрефи мојот број во дневник, и мораше да одам да садам дрва во Мршници, како и да се вика.
    Отидовме, и ни викаат ајде симнете се, се симнавме, и одевме малце пешки, кога една ни вика, ама ова не е финалната дестинација, ајде назад во автобус. Ај конечно стигнавме, кога нит професор видовме, нит наставник видовме.. Едно време си чекавме некој да се појави, и видовме не видовме, се качивме по угорнина една, се симнавме. Нит дрва имавме нит ништо. И ај да се враќаме.. Кога, нема автобус. Ни рекоа дека имало само еден, и ќе стигнел за едно саат време. Чекавме еден и пол саат, и јас си се качив во еден автобус, си немав поим кај идеше, слушнав негде центар, ај викам ќе си влезам, немам намера уште да чекам.. Стигнавме во автокоманда, и неколку деца се симнаа. И си викам.. Елено, симни си се, барем знаеш од прилика кај си, си била тука којзнае колку пати, иначе којзнае кај ќе те однесе автобусот. И така си се симнав, па додека се разберам со мајка ми, од која страна да чекам, дали карши или не-карши.. Си се качив во автобус, си се симнав на бит пазар, и си викам.. Е сега и без автобус, знам како да стигнам до дома, иако има баеги станици. Ама, ме мрзеше да одам, и си се качив во мојот автобус, и еве ме стигнав. Конечно, сум дома. Памет за друг пат, не одам веќе никогаш, вака ме зафркнаа и во основно, нејќум пак да ми се случи.
    Отидов јас да поспијам, па да почнам да си учам. Вие останете поздравени. :hai:
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Постот на МендиЛејн како јас да сум го напишала, од глава до пети, од А до Ш.
    Вистина и мене вака ми се случува(ше) последнава година и искрено Септември беше период кога најмногу ми влијаеше, психички ме заморуваше, малтретираше, тортурираше.
    Но благодарение на луѓето до мене што навистина се грижат, научив да го преболам тоа и да го оставам зад себе, да не се грижам кој и што мисли. Луѓето ќе зборат и вака и така, немам никакво влијание врз нив, а помалку врз оние кои се такви без’рбетници што им треба некој да им го испере и исчетка мокот за да имаат „свое сопствено“ мислење за некој/нешто.
    Тоа е психичка храна на некои луѓе, црнењето на останатите со цел возвишување на својата личност, бедно и жално. А уште полошо е да слушаш туѓо мислење и толку да ти влијае за да го прифатиш како свое па да го проповедаш и шириш насекаде, да ги труеш луѓето со истиот вирус со кој си бил ти заразен. Нешто као зомби инфекшн...


    Него друго сакав да кажам јас во постов.
    Денес бато е болен, му направив чајче и појадок, го разгалив и размазив. Го утуткав во ќебуле како мало бебе и го стоплив. Надвор ми се допаѓа мирисот, ми мириса на снег. Се наполнив со воздушен свеж мирис, да да, сигурно комшииве ставиле филтер или нешто така што веќе воздухот не мириса на горена пластика и скапан картон.
    Утре ќе биде интересен ден, полн со обврски исто како денес, а осеќам дека и цел Декември ќе биде таков, нема да имам време за чувства и емоции.
    Шу обрвски! Шу!
    Сакам да поуживам во животот.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    ^^ Е Еленке и ја исто се изнашетав до Мршници,или како и да е вика,јеботе називот |(
    Може сме се виделе :D

    Знам дека за џабе се маткав до таму |( Нареден пат спиење домче,а јас и сега си планирам да си легнам,па ќе видам :)

    Поз до сите :hai:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Не сме отвориле на интернет да видиме како изгледа, туку сме отишле да го посетиме. :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Денес сите квичеа зошто сме биле на школо?! :o
    Па добро бе деца, сакате во сабота да одиме или не??
    Денов кој не го работеше денес, ќе го работи во сабота. Ние денес си учевме, сабота ќе си биде прописна сабота за нас... :D
    Часовите по 20 минути, плус два губевме... што да сакаме уште?! :^)

    И уште нешто сакам да кажам: ако секоја жена во текот на бременоста станува како нашата ценета професорка по историја, тогаш не фала, ме фаќа страв од бременост уште од сега...
    Навистина, жената се смена за 360 степени. Да се издишеш и неоправдан ќе ти напише... :!:
    А не беше таква. Хормони ли се, што ли е не знам, ама едвај чекам да замине на боледување!
    Она не се трпи веќе!
     
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    E денес ќе си окапам на фемина... Ќе ви здосадам да знаете...
    Се враќам во 3 и пол и не станувам од фемина...

    Ќе одмарам денес, само не знам од што...
    Непушачи, добредојдени сте ми на гости!
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.486
    Сдк какви се тоа тизери добив утрово...ако,ако...ммммх! Дениште средовско,средно горко и мрсулаво!
     
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми се смачи од кавгите низ форумов! :puke:
    Нема тема што досега сум ја отворила, а во неа да нема некоја караница, закачки некој и триста глупости.
    Читам, читам и се вознемирувам! ...некоја се налутила со тато, мама, бато или во полош случај со дечкото (тогаш е дефинитивно најизнервирана) па ајде на Фемина да се истури и одма коментарите, лупам "Tи мори будала си или каква си, оди легнувај без заштита и тука дојди прашувај дали си бремена! Па ние не гледаме на тарот, имаш интернет едуцирај се малце!!“
    Тука сме да се дружиме, да се забавуваме, да си помогнеме во краен случај!
    Како и да е, сакав само да кажам, а не да се направам паметна! ;)
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Животов ми мава уште еден шамар, свесно да очекуваш дека некој ќе снема.
    Швеѓанецов ми кажува многу сум јадела мајонез, од куртоазија му премолчувам, инаку ми дошло многу пати да му мавнам заушки, умен он на мама бу бу..
    Идам да сликам новинарка некоја, оваа мојава што го прави интервјуто без никаква визија какви сака да и бидат фотките. Ме убива во поим кога некој ќе ми рече ти си фотографот - Да мала јас сум фотографот, а ти ја правиш приказната. Што да доловам.. Гот ит?
    Ух срцево ми е ве пети, исчекување на абери. Морам пак да се потрудам да барам нова работа, ова некако млитаво ми делува, ај барем во CV ќе имам плус едно искуство..
    Животе смрдиш јебем те!!!
    Ама биг грилс донт крај? Нели? Како не!
    http://www.youtube.com/watch?v=agrXgrAgQ0U
     
    На Kitten и MandyLane им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денов е сив и очаен.
    Ладен и бездушен.
    Градов е полу-празен и нерасположен.
    John Legend пее во позадина. Целосно ми ги опушта сетилата.
    Се насладувам со бајадера, се стоплувам со чај со цимет.
    Топлинки на нозете и албуми со стари слики пред мене.
    Ме навраќаат на детството и на тоа колку бев грижливо чувана.
    Дојде време да се оддолжам.
     
    На Crixus, PrinceOfPersia, Smilly и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.