Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Не те знаев долго и стекнав погрешен впечаток за тебе. Немав време да ти докажам каква личност сум, да станеме блиски пријателки поради пријателството на нашите дечковци. Жал ми е што кога дојде за први, те мачев по ридовите. Не знаев дека си болна, мислев проблем е тежината. Те мислев за мрза, а ти си била само внимателна. Со физичката активност, со храната. И правевме планови како ќе одиме на одмор заедно.

    Ти и дечко ти ми бевте совршен пар. Ти, зашто беше борец и покрај сите потешкотии, а тој што откако те запозна, те прифати со надеж дека болеста нема да ве раздели. Киснеше за тебе по болници, ама не се откажа. И знаеш што ми кажа пред саат време? Дека те сака најмногу. Дека ради тебе е сменет, станал посериозен. И кога зборуваше за тебе, стануваше друг човек. Ја немаше таа недозреаност, правеше сериозни планови за вас двајца, убеден дека ќе доживеете многу години заедно. По само неколку месеци, беше подготвен за жена да те земе.

    И сега, кога ми зборуваше за тебе со толкава насмевка и се гледаше дека секоја помисла на тебе го прави среќен, си помислив - Тоа е љубов. Не обрнуваше внимание дека состојбата ти е толку критична, не гледаш, не слушаш. Се смешкаше и велеше - Ќе биде се` во ред.
    И после само половина саат ми кажуваат дека си починала. Како бе душо? Зошто го остави? Имаше сила да се бори за двајцата. Знам дека и ти го сакаше. И не те знаев многу, ама солзи ми се тркалаат по лицево. Те имам на ум насмеана и ведра. Ти даваше смисла на неговиот живот.

    Ќе го чуваме, не се секирај. Биди уверена дека секогаш ќе те сака. Тој велеше, немало зошто да се срами од љубовта. И сега, неговото срце ќе чука за двајцата вас.

    Почивај во мир. Нека ангелите те чуваат каде и да си.
     
    На Buttterfly, Biljana-mk, martinuska и 73 други им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Koга би имала можност,да се вратам назад,точно знам кои работи треба да ги поправам.

    Некој ќе каже не се каам за ништо во животот,така требало да биде,но јас верувајте се каам за неколку работи. Кога би се вратила назад никогаш не би им дозволила на некои луѓе толку да ме повредат,на време би се оттргнала од нив.
    Некој ќе каже "Ништо не е погрешно ако тоа те прави среќен". Моите блиски ми рекоа дека тоа ќе ми биде грешка но јас како слеп за стап отидов до крај,за да се изгорам и конечно да сфатам дека биле во право.
    Можеби ништо не е погрешно доколку си среќен,но кога некој упорно ти укажува дека грешиш,седни размисли и види дали би вредело.

    Денес со брат ми правевме муабет за некои работи што ни оставиле белег.
    Поголема рана на душата од тоа да пораснеш без татко верувајте нема,знаеш дека е жив но ве оставил.
    Се присетив на еден момент кога бев помала,си играв со машките пред зграда,едно дете ми кажа "Еј мајка ти и татко ти се разведиле (и ми се смееше)",со плачење отидов дома моите пиеа кафе,им реков кажете ми дали се разведовте,мајка ми ме прегрна и ми кажа "Немој да плачеш,гледаш дека ние сме заедно". Но тоа не траеше долго. Мама го роди помалиот брат и се тоа заврши.
    Знаете,секогаш недостигала таа празнина. Мама никогаш не дозволила нешто да ни недостасува но и брат ми ми кажа "Знаеш,многу работи не можам да и ги кажам на мама,да беше тато овде него ќе му се доверев". Ама ете....

    Некој ќе ми каже,незнаеш да се однесуваш спрема машките,немој така ќе ти смета во животот,но никој од нив не знае дека тоа го правам од страв.
    Од страв дека некој ќе ми го направи мене истото што татко ми и го направи на мајка ми.
    Ете затоа,страв ми е дека ќе бидам тепана и малтертирана,страв ми е дека ќе бидам понижена и исфлена како куче на улица.

    И така..
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, TennisBabe и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Сакам да знам дали си доволно силен да живееш со неуспехот, свој и мој, и сеедно да стоиш на работ на езерото и да знаеш дека неуспехот е само настан, не личност.
    Не ме интересира каде живееш и колку пари имаш, сакам да знам дали си способен да станеш после ноќ исполнета со тага и очај, уморен и до коска исцрпен и да направиш се што е потребно за да ги нахраниш своите деца.
    Не ме интересира кого познаваш и како си стигнал до тука, сакам да знам дали си способен во оган и во жар, на дожд и сонце да стоиш покрај мене.
    Не ме интересира каде си или што си, ниту со кого си соработувал.
    Сакам да знам што е тоа во тебе самиот што те тера да продолжиш напред во моментите кога се останато се руши.
    Сакам да знам дали можеш да бидеш сам со себе и дали навистина ја сакаш таа личност кога си во минутите на празнина...
     
    На kate21, 1209, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ехее, дојдов да продрндам, ама со овие неколку поста над мене, ме замолкнавте. :|
    Па моиве работи толку небитни изгледаат во споредба со тоа...
    I know the pain tho.

    Ај, да ја размрдаме ситуацијава.
    Ако пред неколку дена присуствував на ропак муабет парти од машка страна, сега присуствував на опинок муабет од женска гледна точка.
    Why always me?
    Ако оние ропаци трчаа по празноглави убавици со богати татковци, опинциве од цури не го извадија Кикица од уста и фактот како би го земале од онаа “ороспијана“ Ирина.
    Ма, нозе скрши и тој по вас. Те го иде чартер само за да ве запроси.
    Се разбира, ултимејт планот е да забременат кога ќе начекаат прилика и маж.
    “Срцка, нема машко што ќе те одбие ако му фатиш тактика, а штом го фатиш, ако си сакаш убав живот, ќе се жртвуваш малку и ќе си забремениш, и така.“ Така?! Што бре така?!
    Кој бре мајчин? До таму ли треба да одам за да задржам некого?
    А другиве што не се богати и празноглави? Мачките во скут и шибај, м?
    Среќа машкиве беа доволно паметни или ептен занесени во фудбалот, па не им опалија по некоја.
    Ебати денешниве стандарди за љубов и брак и сѐ по список, ебаго.
    Иако, да ви кажам, не ја сфатив толку сериозно. А и како би сфатила сериозно една 26 годишна која се потпишува Малечкото Сонценце и нема дури ни пенкалце кренато во животот?
    Меех, алапача сум станала.

    Од позитивната страна, друштвено проследен Ел Класико, победа за мерак и неизбежните кикиритки со пивце. Мирисам на малинки и ноќно капење. :inlove:
    Поубаво нема! :sun:
     
    На Monna.Monna, M.a.r.i.l.y.n, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сте го имале моментот кога седите во прв ред во публика, и кога некој на сцената се врти и ви пее само на Вас? Јас го доживеав, и знаев дека мене ми пее, се топев и претопував. Го чкрапнав неколку пати со апаратот ама повеќе сакав да уживам и да го гледам отколку да сликам. Љубовта е магија. Тврдам.. потребно е некој да знае да во ја пренесе таа магија, ќе биде вистинска доколку еден на друг сте искрени со чувствата, ќе ве понесе..

    А јас не знам кај сум и што правам, знам дека се менувам и дека сум се заглавила во Љубовта..
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, mims-89 и 34 други им се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски

    Море 100% си во право,се се покварило во денешно време,незнаат да ценат и еден вредносен систем што имаат,се е удрено на корист само. А и љубов? Потсјети ме шта то беше љубав...
     
    На calliope му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Многу ходници во мене,се обидувам да ги освојам.Во таа вечна потрага по самата себе,понекогаш се губам во нив.И тогаш долго со стапалата ги опипувам патеките,барајќи барем некое познато светло...ми се случува да се исечам од скршениците на поразот,на стравовите и несигурноста,и тогаш како дете се гужвам во некој ќош и плачам...и знам кога сум заведена од погрешни ветрови со месеци тапкам во место,заборавајки на старите предизвици.Колената ми се извалкани со кал,а главата исполнета со пајажина...
    Згужвана во својата лушпа,заборавам да ги раширам крилата..
    Ах [​IMG]
     
    На teddybear, Peppermint, Magnolija и 7 други им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Сношти месечината беше посебно мистична. Како за возење во кола со пуштено тивка џез музика. Како за детективски филм, а јас од оние ликовине со пиштолче во чорапа до бут... :^)
    Бев вчера до селската чешма (е де, подземна вода извадена со моторче :D ) и по пат си размислував на времето баба ми со коњче како си одела со бардињата по вода. Па си се замислив и со носија, македонска традиционална. И имам мерак да облечам еднаш барем во животот таква. Ама нема...бидејќи баба ми сите свои и ги подари на друга внука.
    Сакам да ги ставам рацете на некое меше во кое спие бебе. Преку нивната топлина да му пренесам, колку многу љубов го чека на овој свет.
    Вчера имав прекрасен ручек. Пржени модри патлиџани па потпечени со сиренце, краставички посебно и кисело млеко. И се замислив. Јас, како постојан нејадач на благо, зошто би морала да ги трпам сексуалните замисли за предигра од западот. Па ниту сакам чоколаден прелив, ниту шлаг. Би замачкала некој дечко со кисело млеко, најозбилно. Ем секси, ем вкусно...барем за мене :wasntme:
    Ете ти тема за мислење денеска...
    [​IMG]
    +[​IMG]= :wasntme:
     
    На Monna.Monna, Salome, Peppermint и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Ако некој сака да биде дел од твојот живот, ќе се потруди тоа и да го оствари. Затоа не се оптоварувам со тоа да сочувам место во моето срце за некој кој не се ни труди да остане таму! :shake:
     
    На Peppermint, Lepaaa, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Свеќички, шише најцрвено вино и Титаник на екранот. Ние поседнати на тепих, ама колку е меко и колку ни е удобно, дури неверојатно е. Бајадерата што ја направив ја снема за 5 минути. Јадачки сме ние 3, нема преговарање. Душо најмила, не се секирај ти, се ќе се среди... зарем не си поминавме најубаво? Си знаеш дека јас секогаш ќе го влечам рајот поблиску до тебе, иако можеби некогаш стомачниот вирус ќе ми биде најголема кочница.
    И уште еднаш да помислам лоша придавка за тебе, казни ме! Затоа што не знам кој друг би се разбудил во 5 наутро да ми ја држи косата додека повраќам, да се затрча да ми покрие и да ми ја стега раката додека не заспијам.
    Засекогаш ќе се држам за твојот совет, дека никој не ги заслужил моите солзи и депресии, и се ќе помине, јас си одлучувам дали низ се ќе поминам насолезена или со заби. Сега ти го праќам истиот совет, и нема потреба да ми речиш “те мола не спуштај..’’ Ако треба и цел ден на телефон ќе зборуваме чим тоа ти дава утеха. Многу научив од тебе во животов, ако ти тоа не го знаеш! Бескрајно сум ти благодарна. Те запишувам во моето срце како втора сестра :)
     
    На Libera, Monna.Monna, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.599
    Допаѓања:
    43.158
    Пол:
    Женски
    СДК никогаш веќе нема да си дозволам да ми остане испит за во август!Толку ми е мачно за учење, само што ја земам книгата и ми се приспива моментално, ми паѓа енергија, се чувствувам омалаксано...ах проклет да е.
    Него, синоќа си ја навиткав косата и си легнав таква, со надеж нели дека денес ќе ми биде убава, петочно, ама место тоа добив фризура како на моето куче. :^)

    Сакам да можам да си дозволам да им подарам на моите, ако не повеќе резервации за викенд на планина.Знаете ние никогаш немаме отидено на фамилијарен одмор сите заедно, освен кај тета во Белград, јас немам спомени од играње топка на плажа со мама и тато, од пливање со тато додека мајка ми вика по нас да не одиме далеку...не се жалам, јас и брат не сме желни за одмор, макар било тоа до Охрид, ама ете ми фалат такви спомени.А моите цел живот работат по цел ден, прекувремено, безвремено и никогаш не си дозволиле, ни викенд, а камоли повеќе, е затоа ми е криво, сакам да можам да им подарам одмор, сега, за душа и тело, зошто заслужиле.И од првата плата, ако ја имам и ако ми биде доволно голема, тоа и ќе го направам, си ветувам.
    Е затоа не ја сакам државава, не сум патриот по стотипат ќе кажам, не дека не ја сакам како земја, туку толку ми се повраќа од политика, од злобен народ, од сиромаштија, а сето тоа ја прави државава.Па колку и да е убава физички земјава, неможеме со толку маки да ја видиме убавината, не ни дозволуваат да си погледнеме подалеку од носот.
    И пак ќе кажам не се жалам, затоа што немам, имам за основното, ни мене ни брат ми не ни било скратено, ама се жалам зошто, знам на кој начин за тоа основното е заработено, а ме боли што татко ми си ги остави коските во работилницата, а мајка ми здравјето по конфекции и пак едвај, да се врзело крај со крај.И простете ми, не сме само ние, знам дека најголем дел од населението е вака и затоа ќе мрчам, колку ми душа сака!

    Доста од мене неповрзани муабети.
    Одам да бдеам над книгата :yawn:
     
    На Monna.Monna, thinkerbell, happygirl и 10 други им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Sdk sto narod sme nie? Samo se zalime,plata mala,nema pari,drzavata ne cini,narodot e zloben i bla bla bla.dajte malku da bideme pozitivni nasmeani,toa e ubavinata na zivotot.
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Страшно нервирање за нечии постапки, мешање во семејни работи, доаѓање еднаш неделно или во две недели и расипување на ред.
    А тој? Ме фаќа паника, го одбројуваме секој момент, ѕиркам во соба со страв, а кога ќе ми текне вчера со какви милни очи ме гледаше и не даваше нозе да му измијам.
    Последни моменти, навраќање на спомени... кога се нервираше зошто сум ја скратила косата, кога се нервираше зошто мајка ми подвикнала малку на мене. Кога ќе отидевме во село и на секој еден му кажуваше со гордост ова се моите внуки и мојата снаа.
    Кога ќе ми текне колку ме нервираше на моменти деновиве, а потоа кога ќе побараше чаша вода се свестував дека тоа е неговата болка и страв. Му се читаше од очите.
    Како се мачеше да станува од кревет за да не не мачи нас да исфрламе после него.
    Од вчера си го бареше часовникот и ги одбројуваше часовите.
    А сега е паднат, склопчен како бебе, со затворени очи.
    Те молам немој денес да ти бидат одброени, немој.
     
    На M.a.r.i.l.y.n, Peppermint, minne-mouse и 3 други им се допаѓа ова.
  14. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Нема ништо пострашно од викот на децата по изгубениот татко.. уште го слушам,уште ја слушам нивната болка.. и во такви моменти,мислиш колку ти и другите околу тебе сте неблагодарни. Се однесуваме мислиш имаме вечен живот. Колку малку љубов даваме,колку малку им кажуваме на другите колку ни значат,колку малку се трудиме за да бидеме ние среќни и во хармонија со себе си. Сите проблеми кои си ги имал,сите глупости со кои си се замарал,се ништо во споредба со болката и викот на тие деца..
     
    На kate21, Lolipop23, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Јас немам зборови со кое би си го опишала моето комплетно разочарување.
    Ликови, спомени,моменти кои заедно ги градевме останаа во минатото.
    Стави ја маската на лице и глуми пичка.
    Не се замарај во животот, еден е.
    Гледај само тебе да ти е убаво и врти си ги работите онака како што сметаш дека е океј,а не како што е правилно.

    Наточи си пијалок,
    стави си кармин и среди се.

    Епа да.
     
    На lovely91 и kravce им се допаѓа ова.
  16. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Моментот кога зјапаш во рафтот со благо и незнаеш што сакаш.
    А пак ако е мала продавничката и продавачката ти го следи секој потег и здодевно те чека да се одлучиш... ]:)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Прослава. Собрани цело семејство. Разлика у размислувања.

    Зет ми: Кај е другар ти сега? Има со кој да шета?
    Јас: Отиде да јаде вафли у Мартини. Сам е.
    Зет ми: Како тоа сам?!
    Јас: Па така, си ја зема книгата и кулира со кафе и вафли. И си чита.
    Зет ми: Абе тој мрднат ли е? Сам у кафана со книга?! У ова време?!
    Јас: А?!

    :D

    Другар ми (со први впечатоци од земјава): Сите социјализирате, страшно многу. Ако немаш друштво не искачаш. Јас бев единствениот сам седнат со книга. И еден Шпанец. И ме гледаа ко од Марс да сум паднал.
    И зошто секој муабет ви се врти околу некој друг? Немате ли други теми на муабет? Колку што успеав да разберам од масите околу мене, сите збореа „кој, што, како, со кој“. Аман бе, немате други теми за муабет?!
    И да, ако немате минимум десет чинии на маса, тоа не се рачуна ни ко јадење, а?
    Чекај, стој....уф карши мене само што чекори мојата future ex.

    :D

    Морам да кажам дека има добар смисол за перцепција. Дури и се исплашив колку многу е во право.

    Тоа е тоа.

    Скопје сиво, смог колку сакаш, а овие со циркусот го тупат искрено. Некогаш ми се чини дека се протестира само колку да се прави нешто. Мое некое тапо чуство за празнината на нечии постапки, а можеби се лажам. Можеби имаат вистински цели.

    А и не е битно. Битно нешто да се прави. Ама зошто не се направи нешто кога можеше да се направи? Е тоа ме прави тажна. Луѓето пре ќе изберат да мрчат за нешто у кафана отколку да ги дигнат дупињата им убави и навистина направат нешто околу тоа.

    А и јас не сум понекогаш ништо поарна. Само, јас сум таков човек. Пасивен, релативно, кога се работи за мене, и кога ќе ми светне, тогаш станувам и правам. И обично тогаш ми искачаат стварите како што треба. Па си велам, така можеби треба. Нешто таму у воздухот ми дава знак дека сега е вистинскиот момент.

    Ерго. Џабе ако некој ви кажува, прави вака или онака, ако самите не го почуствувате тоа, не може да искочи на арно.

    Не за џабе се рекло дека водолиите се ужасно интуитивни. Епа ете. Се докажа по не знам кој пат.
     
    На DeMelo, M.a.r.i.l.y.n, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Последниот пост на нашата Ивана, таква беше и таа....секогаш наоѓаше причина и време за да покажи љубов и разбирање кон другите...

    Ивана, не научи на една голема лекција - секогаш да бидеме храбри и да не се откажуваме.

    [​IMG]
     
    На Annath, Monna.Monna, Trendafilka и 10 други им се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ?! ;( ;( :o
    Ете, ете животот што е... Ништо, буквално едно големо ништо.
    Се пресеков кога прочитав. Незнам што да кажам, многу ми е жал. Нека и е лесна земја, душичка. Не можам да си поверувам што пишувам.. Денеска те има, утре те нема.... Налет
     
    На kravce, cinderella5 и L-enna им се допаѓа ова.
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Велат дека нашиот ИЗБОР, подоцна го нарекуваме СУДБИНА!
    Но што ако немаш избор?

    Што од маки, што од жал, денес наседна.
    Да барам правдина, очигледно треба да се откажам.

    Повеќе од празнина, немам што да додадам.
     
    На Hayley, L-enna и kravce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.