1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    После долго време на исто место.
    Има и повеќе од недела од кога го оставив морето,плажите,уживањет..а никако да се привикнам на секојдневиот живот и обврски.
    Е сонцето не го оставив,т.е. оно мене не ме остави.И нека го има што подолго.
    Со него си имам садо мазо врска.Колку повеќе ме мачи,колку повеќе пржи,ја толку повеќе уживам да го осеќам на својата кожа.
    :sun:

    И на вас ви се вратив.Носталгична,ама се вратив.Тука најлесно се пребродуваат кризите.
    Here we go again.
    Back to life,back to reality. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=Hkp7a1LNiv8
     
    На bittersweet, Ema.Sk, kate21 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.983
    Пол:
    Женски
    ЈАс иначе се подзамислив за она што можам да го добијам или изгубам,се надевам сеуште да имам шанси,а не да изгубам се ради него.Се правев ради него,жртвував некои работи,ама што кога некој незнае да ги цени...Сега ќе си ја пробам среќата за таа работа :)
     
    На Miss.Ricci и Libera им се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Еј да, кој ако не јас и мојот иден свекор! Значи во навика му премина да ме зафаќа во незгодни ситуации..
    Пу бе, пу!
    Телевизорот во собата на либето мое за чудо се расипа. И ајде, што ќе правиме, ќе идеме во спална кај неговите да гледаме телевизија. Му реков, "Седи да не им падне на памет да се качат да си легнат луѓето, седи тука ќе слушаме музика мора ли тв да гледаме" Он, "Какво качување нема шанси, кога се качиле во 10 саат моите на спиење?" Па и ме убеди, си реков вистина, пред 2-3 саатот не се качуваат ама баш никогаш! Добро! Отидовме, си легнавме, ја ногата преку неговите(по навика), ами не се качи вештерот во 10 саатот да си легне?? А? А? А? :fubar: Стои на врата како светец, ореолот некаде си го изгубил по скали "Сине, јас дојдов да си легнам". :angel: Да? Дојди легни си меѓу нас мили свекору, има место ќе те гушнеме, ќе те стоплиме, ме бива и за приказни раскажување, ќе ти ја кажам таа за змејот со 12 глави..... :talk:
    Абре баш тогаш во 10 саат му се приспа маму му. Туку ништо како фурија низ врата да ме нема, та и телефонот си го оставив на кревет...не а друго да си послуша музика човекот... |-)
    Уште од сега се само незгодни ситуации со него, а тек ако живеееме заедно, па можам да замислам што би се случувало.
    И уште нешто, внимавајте што посакувате, може да ви се оствари!

    И сакам еден килограм сладолед, овошен.

    И сакам море!
     
    На Monna.Monna, Doozy, Ema.Sk и 15 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.805
    Пол:
    Женски
    Доста ми е од фрази од типот на:

    „Леее какви сте, вакви/такви/онакви...“

    „Како може ова/она/тоа да ви се допаѓа?“

    и сл. |(

    Е така бе, можеме...немаат сите среќа да бидат (ванаби) плава крв ко вас со префинет вкус ...

    Некои и уживаат во животот за промена, место да се трујат со огорченоста која ја манифестираат преку мрчење за се`.

    Тоа ти е...
     
    На lovely91 и pupi.girl им се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Денес анализирав еден човек. Човек кој сам седеше на една клупа, со чевлите собуени и уредно поставени веднаш до него. Си зборуваше сам со себе, мавташе со рацете и наголемо се објаснуваше со лик кој тој и единствено тој чисто и јасно го гледаше пред себе. Потоа, внимателно ги зеде чевлите од земја, една по една, ги бакна, ги помилува и повторно внимателно ги остави како што беа. Луѓето поминувајќи го загледуваа, некој му се потсмеваше, некој со чудење го гледаше, но си врвеа. Јас, пак, немо го гледав од мојот прозорец и размислував. Размислував што толку страшно му се случило за да дојде до овој степен, за толку да го загуби разумот. Скитник, со празно шише вода до него, без денар во џеб, со искинати пантолони. Што ли му го предизвикало тоа лудило?

    Се замислив за работите поради кои јас „полудувам“ и поради кои „не можам веќе да издржам, ќе полудам“. Едно големо ништо споредено со човекот кого го набљудував. Постојат толку неверојатни човечки судбини, толку тешки маки, толкава сиромаштија и неправедност, толку тешки животи... Се почувствував ништожно што воопшто некогаш се жалам за она што ми се случува. Зошто и самото тоа е ништожно споредено со човек кого разумот одамна го напуштил, човек кој што само Бог знае што претрпел.

    Во ова тешко време вистинска способност и уметност е човек да не го загуби умот, во вистинска смисла на зборот.
     
    На Monna.Monna, monni.t, Pirana и 13 други им се допаѓа ова.
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    Многу сакам некогаш кога ќе имаме своја куќа со билдеров ,ваков ѕид со фотографии да си имаме ......

    Сплот помеѓу уметност , креативност и спомени .
     

    Прикачени фајлови:

    На Trendafilka и teddybear им се допаѓа ова.
  7. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Премногу размислувам. Никако неможам да се ослободам од своите сопствени мисли. Мозоков незнае да се одмори. Си мислам... некои луѓе, што ли се постигнале, колку ли работеле за да си обезбедат себе и своето семејство топол дом и храна. Помислив на своите родители, колку ли се жртвувале за да ми го пружат она што го имам денес а јас сепак упорно настојувам со своите желби. Сите сакаме ајфон, лаптоп, нова гардероба итн. а некои само сакаат една кришка леб. Помислувам на скитниците, на оние без покрив над глава. Ние имаме се, се што може да се посака, само не сме свесни на тоа. Од денес - одлучив - ќе ги прекратам моите настојувања и желби и ќе направам се за да ги направам моите родители горди.

    Aјде, доста беше со ова "emo" расположение.
     
  8. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Си викам ај да не критикувам јас кога се зачленив овде секој пост си го правев во боја :lol: се додека не ми кажаа уствари што е работата :lol: си ги прочитав правилата и фино лепо се придржувам кон нив . Но ова е веќе претеризам се некои нови теми се отвараат а го отвараат личности од 14 - 16 години раскажувајќи за како да одлучат помеѓу семејството и дечкото кој го ‘‘познаваат‘‘ 3 месеци , па со прашањата дали можам да забременам од плунката на дечкото и тоа НОВА ТЕМА НОВА!!! Дали да пишеш , да им помогнеш за проблемот или да ги упатиш таму каде што никој не сака да биде испратен ??? Што е работава ? :?: Како и да е ништо од работата така бар мислам рекоа ќе се јават но немам надеж некако така што ќе пројдам уште еднаш низ огласите . :hai:
     
  9. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.635
    Сè, сè.. само да не се заразиш од SongPop. |(
    Пичку матер,
    кај отидов, кај се запустив..
     
    На Doozy и simon4etooo им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Луѓе што е работава?? :tmi: Ивана ли од нашиов форум?? :|

    Нека почива во мир! Не можам да поверувам :x ;(
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.805
    Пол:
    Женски
    Дека не можам да поднесам како тоа мораше толку теми кои поттикнуваат дискусија да се заклучат поради некое офф топик препукување, насилно “повампирување“ на темата Скопје ВС Провинција.

    Па добро бе мајку му стара, до каде со такви размислувања? Жени кои сакаат од к*р на к*р да дојдат до поубав живот ги има од сите градови. Како што си има од Скопје, така и од другите градови. Исто така, оние кои имаат амбиции и гордост со пот и труд да го постигнат саканото ги има од сите места, не само низ Македонијава, туку и низ светот. Глупо е на форум да му се суди некому за тоа каков е според потеклото, анонимно е, не објавуваме семејни стебла...а има некои и кои со самото тоа што купиле стан во Скопје се нарекуваат Скопјани и ги омаловажуваат тие од другите градови, па дури и од својот роден град. Секакви психи има.

    Ама па и вие, не се вреѓајте одма, не им паѓајте на нивното ниво. Со таков круг на луѓе имале прилика да соработуваат, шо да праат...тоа мн зборува и за нив како луѓе. Покажете се дека сте граѓани на оваа земја достојни за почит, независно од тоа каде се родиле. Затоа што има и обратни ситуации. Мене еден сопственик на фирма кој e од друг град, чистокрвно и по двајца родители, ми го спушти на интервју: „А вие Скопјаните, мрзливи сте, не работите, пребирате плата, тука ви е се`, отсекогаш ви било“ иако темата на муабет во тој момент воопшто не соодвествуваше со обем на работа, услови или плата. И шо требаше да му речам? „Абе ти сељаку неизживеан, со самото тоа што го кажа се покажа дека си поминал брда и долини да се напикаш во Скопје и мислиш дека си постигнал нешто колосално.“ Не, туку си заќутав и неодредено се насмевнав под мустаќ, така прават оние попаметните и подостоинствените.
     
    На DeMelo, Salome, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    СДК дека денот денеска знаете како ми почна?
    Си станев 10 часот, и радуј се ЗорО нема никој дома, кога отидов во спална брат ми спие тука, пм, добро, после иде си баба била излезена и иде отпорува вратата хааххахаха :D , и брат ми само што стана и ме праша кај е брат ти, и јас и кажувам еве во дневна е, и почна, ти нормален ли си бе, јас 15 години те гледам, ти така да ми праваш, од ништо не си скратен еј застрами се, јас ти давам пари да излегуваш а ти? Утре-други ден ке зимаш и дрога што ти е, само им даваш повод на комшиите да зборуваат, и јас некако ја смирив и кажа дека пушел брат ми и јас само и велам ајде деееееее, јас кога Ви кажував Вие не ми верувавте, значи чекаше комшија да ти каже дека внук ти пуше, а??
     
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.783
    Допаѓања:
    17.794
    Јас па чекам да дојде 3-ти септември, па така шмекерски да улезам у школо. 8)
     
    На Monna.Monna, Elennaa, Elenuskaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Ова ме потсеќа на деновите кога однапред се спремав и се средував за првиот ден во школо.А за тоа време постојано на repeat ми беше песнава која дополнително ме мотивираше :mm:
    http://www.youtube.com/watch?v=ohFZjmr5RfU
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Значи кога ќе го слушнам Влатко Илевски косата ми се крева нагоре |(
    толку антипатичен човек, многу ме нервира, ич не ми се допаѓа, нема ниту една салам песна |( |(

    Туку сонцево ме уби бре луѓе, премногу е жешко :sweat: :sweat:

    кој некаде спомна дека сака сладолед :?: ако направи нека ми прати и мене :D

    Едит: Што мислите за овие картички, ги правев за да можам на нив да ги прикачувам обетките :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ...
    моментот кога ќе дознаеш вест, бившиот со светска фејмос фаца ми ти џет сетерка ... :worried:hock: :rofl:

    Офф кога ќе слушнам пак лоши вести за гасење на живот ... тешко дишам. :(
    Живот со една единствена цел, смртта.
    Треба да сфатиме дека треба да го поминеме што побезболно, што полесно и што поисполнето со љубов ама ... тешко ни оди на сите. Тука сме минливи ... таму вечни.
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    убав ден со саканиот и се,убави свои планови со саканиот ден и оооооооооооооооооооооопп :@ некој ке каже несто сто ке се направис дека нисто не си мислела за себе со саканиот :tmi:
    да бесе коментатор ајде де,ама не си бре :devil:
     
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Животот е мало зрно кое што секој момент се троши полека,но сигурно.За жал неосетно ни минува секој миг од него,а додека се свестиме за жал некогаш е доцна.Во ова време на стрес и нервоза каде што материјалното го покри духовното не обрнуваме внимание на вистинските вредности на животот кои што се изгубија во лавиринтот на лагата,лошотилокот,агонијата,завидноста,користољубивоста на нас-луѓето.Додека некој е гладен,ние се жалиме дека не сме излегле овај ден на кафе.Додека некој се бори за живот,ние се жалиме дека сакаме куче од 500 евра,а нашите не ни купуваат,додека некој родител плачи за своето дете ние се жалиме зошто не ни се јавил дечкото во последниот половина час.За жал за секоја ситница поради која што се нервираме секој ден неосетно поминува во нервоза.
    Животот е капка роса која што час ја има,а час не.Тој е тркало кој што не врти де горе де долу,премногу е мрачен и суров.Ни носи тестови кои што мораме да ги поминиме без разлика колку и да е тежок.Од секој неуспех ние мораме да излезиме посилни и поведри бидејќи ако не е така машинеријата и бесчувствителноста ќе не уништат.И покрај сите подеми и падови кои што ни доаѓаат ние да сме со главите горе,да одиме храбро кон секоја тешкотија и проблем.Со верба во себе да успееме да станиме подобри личности за нас и за тие околу нас.
    Таква личност беше Ивана мили мои-личност која што и покрај сите проблеми што ги имаше го сакаше животот,се сакаше самата себе и сите околу неа.Беше полна со ентузијазам,енергија,среќа во своите очи во кои што се криеше преголема љубов,но и страв од тоа што и носи утре.Сепак таа никогаш не се жалеше како и е ,дали ја боли нешто,како се чувствува,секогаш беше насмеана и подготвена да помогни на секој на кој му требало помош.Таква беше нашата Ивана-девојка од која што зрачеше позитивната енергија.Енергија која што сакам и ви порачувам да ја има во сите нас секој ден,барем така ќе живее во нас вечно и никогаш нема да згасне нејзиниот живот.Со тоа што ќе се сеќаваме на неа барем еднаш во денот е доволно за да знае дека била ангел на земјата кој што е сега на небото.Ајде и ние да го сакаме животот поради неа и да си дајме шанса себеси,а и нему,да живееме,сакаме,постоиме.Ајде да почниме да го живееме секој ден како да ни е последен со правење на најдоброто за себе и за сите околу нас.
     
    На eli25, bittersweet, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.
  19. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Гледав еден филм и не можев да се воздржам, а да не се искажам.

    Филмов ме натера да размислувам како навистина ништо не е сигурно во животов. Во овој момент сум тука, а во следниот.. којзнае?
    Жално е тоа што толку работи оставaме недоискажани, недонаправени. Ги повредуваме луѓето што најмногу ги сакаме, без никаква намера.
    Почнав да се прашувам кога последен пат сум кажала те сакам, кога последен пат сум дала топла прегратка и навистина сум го мислела тоа? Кога последен пат сум им дала до знаење на тие што најмногу ги сакам, колку ми значат и колку само јас би била изгубена тие да не се овде до мене?!

    Е, тоа е мојата, а верувам и нашата најголема грешка. Го земаме животов здраво за готово и оставаме се за утре. А кој од нас се запрашал, што ако нема утре?! Што ако денес ми се случи нешто, ако срцето престане да ми чука, ако повеќе не ги наполнам градите со воздух, ако повеќе не ја почувствувам крвта како тече низ моите вени?

    Што потоа?! Ќе се почувствувам изгубена, ќе се каам зошто сум оставила толку работи до половина, зошто почесто не сум љубела, зошто...?

    Уште еднаш се докажа дека животот е тркало кое непрекинато се врти и се што можеме ние да направиме, е да се молиме да ни донесе убави работи.

    Сега ти, случаен читателу, исполни ги градите со воздух и оди кажи им на тие што ти значат едно искрено те сакам. Почувствувај се жив :f:
     
    На calliope, kate21, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Со душа чекам да дојди понеделник ^_^ White sensation, Битола во бело, заедно со David Morales. :wasntme: Совршена журка за затворањето на Бит фест.

    http://www.youtube.com/watch?v=DT0BD9Xb9_s
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.