Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    СДК...никогаш во животот нема да кажам дека немам среќа! НИКОГАШ! Денес една случка која ме однесе на работ на смртта ме поттикна на тоа. За влакно ќе бев во другиот свет или ќе имав тешки повреди. Се се случи кога требаше да идам до продавница со точакот. Јас не знаев колку е стрмен патот кај тетка ми и се улитав и заборавив да закочам. Доле на крајот од патот имаше имаше шипки и голема бездна. Срцето ми сопре и помислив дека никогаш повеќе нема да се вратам на овој свет. За среќа тато мој беше таму. Ме повлече за раката и отиде точакот, а јас си испружив на земјата. Поминав со малку благодарение на Господ. Си ја шинав раката и сега ме имам мала болка, го пишувам постот повеќе со лева и коленото ме боле едвај одам. Помислата кога знаеш дека една случка те делела од работ на смртта те тера на оптимистички мисли, но и на солзи во твоите очи. Да не беше тато мој денес јас немаше да бидам овде со вас и да го пишувам постот. Сепак, да му се помолам на Господ! И заблагодарам на тато :)
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На sweetyy1, Stoimenovska, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк се молам да се случи нешто и да исчезне facebook и сите оние социјални глупости поради кои веќе не личиме на луѓе кои умеат пристојно да комуницираат.

    Секој ден добиваме по некое "изненадување" од луѓето кои ги сметаме за блиски.
    Ќе си се молам за подобра иднина, Бог знае што не чека....
    [​IMG]
     
    На senza.parole, blaa, anamariia.x3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Сдк дека денес е мојот ден, денес е мојот Роденден.
    Денес го добив и најубавиот поклон.
    Примена сум на медицинскиот факултет. Пресреќна сум. :party:
    А на вас девојки ви благодарам на искрените честитки.
    Повелете на торта.
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, bittersweet, Adi888 и 33 други им се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Имам некое лошо предчувство.
    Ме гуши, ме дави, ме избезумува.
    Чувство како наеднаш дел од мене да се откина и да отиде некаде во неповрат.
    Имам толку лошо предчувство што ќе полудам.
    Не знам што се случува.
    Не знам зошто ми е вака.
    Ќе ме потисне. Ќе ме потисне. ;(
     
  5. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Не си сама. И јас имам едно такво лошо предчувство веќе 2 дена. :(
     
  6. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    • feminaaa.jpg
      feminaaa.jpg
      Големина на фајлот:
      12,3 KB
      Прегледи:
      394
  7. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Го знаете оној пар на автобуската станица? Секогаш има барем по еден таков. Вчера ние бевме тој пар, разделени од два немилосрдни автобуси кои се движат во спротивен правец. Камоли автобусите да беа единствената пречка, камоли километрите што не делат да беа нашиот најголемиот проблем (за врски на далечина веќе спремам дисертација :D). Помеѓу нас нема само километри, помеѓу нас има реки, планини и мориња.

    И убаво си поминав со тебе. И ми се допаѓаш. Но зошто ме побара? Знаеш дека ова нема да успее. Никогаш. Мислам барем не тука. Не на планетава...

    Не сум фан на Кети Пери, дури и ме иритира на моменти, но има две песни што ми се допаѓаат. Првата е Thinking of You, а втората е

    http://www.youtube.com/watch?v=Ahha3Cqe_fk

    ...и не овој живот. Можеби наредниот.
     
    На Doozy, Bright, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК по се`:
    [​IMG]

    Верувам и очекувам, затоа се разочарувам. Најдобро е да си рамнодушен на се`, да не очекуваш ништо, песимист до крај, за потоа или да се изненадиш позитивно или да остане по твое. Инаку е многу болно...
     
    На Ema.Sk, julie77, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК, со душа го чекам моментот кога ќе си го видам мој А. после овие 4ри недели, како не сме се виделе.
    Мислам дека најсреќна личност на овој свет ќе сум кога ќе си го гушнам најсино!

    Аххх. :l:
     
    На naturally, Libera, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Додека ти кроиш план како да промениш нешто, животот ти проаѓа пред очи. И знаеш што? Никогаш ништо не се менува благодарение на твојот план. Се менува тогаш кога тебе ќе ти постане небитно. Затоа не труди се да бидеш подобар човек во нечии очи. Биди добар човек а останатото ќе се случи само по себе.
     
    На marama, BeYourself, cigarce и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.656
    Па од еднаш ми наседна празнина на гради...и немам што да кажам.
    Што да кажам,освен Благодарам? Благодарам што сум среќна,како прост след на нешта,а не како среќна зошто имам нешто?! Благодарам родители?! Благодарам среќо?!

    Премногу луѓето зборуваат за лажни емоции за кои се срамат што не ги чувствуваат, како на пример љубовта, а малце повеќе треба да зборуваме за благодарноста и да ја чувствуваме...се останато самото доаѓа. Благодарам и прости и ти простувам, веројатно се единствените ретки вистини на светов,после искрената љубов,но на првиве мноооогу забораваме и ги маргинализираме.

    Стварно празно и глуво и глупо се осеќам.
     
    На Buttterfly, Neytiri, mims-89 и 20 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Вообичаено не ги споделувам моите песни на форумов, но со оглед на денешната вест која верувам дека сите не потресе, решив да отстапам од моето правило.
    Само ќе ви кажам дека безразлика што и да ви се случи, секогаш треба да останете цврсто на нозе. Животот знае да биде прекрасен, но и страшно многу немилосрден. Во оние тешки моменти, слабоста е последното нешто кое треба да ве обземе. Бидете силни и истрајни. Затоа што животот нема опција пауза, па да можете да го стопирате за да се соземете од тоа што ви се случува. Едноставно продолжува. А како и кога ќе застанете на нозе после некоја загуба - тоа само на вас останува.

    Vita procedit

    Дали некогаш си посакал
    Да се најдеш сред ширни полиња
    Да чекориш низ житни класови
    Украсени со булки црвени
    Да чекориш бавно и смирено
    Како некој да го сопрел времето

    Од себе да го симнеш товарот
    И да го распостелеш до крајот на полето
    По ветрот да ја пуштиш тагата
    За некаде далеку да отпатува
    Меѓу булките да ја рассееш болката
    За како вжарен цвет да расцвета

    И да вреснеш силно од дното на душата
    Да го ослободиш гневот што во тебе се закопал
    Да ги пуштиш солзите слободно да течат
    Заедно со маките кои сé повеќе тежат

    Па да застанеш цврсто и да се исправиш
    Мирис на спокојство во себе да вдишиш
    Да ги стегнеш дланките за да си ја вратиш силата
    Затоа што безразлика на сé – животот продолжува
     
    На Buttterfly, bittersweet, nela.oh и 49 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.534
    Допаѓања:
    251.674
    ....
    Цел ден се чуствувам бедно и разочарано. Се прашувам зошто, зар вака мораше?
    Што бидна, како ја изгуби битката, зарем не требаше да оди на трансплатација?
    Знае некој?
    Секој ден очекував вест за неа, добра или лоша.
    За жал, ја прочитав лошата :( .
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    аман не влегувајте шмекерски на 3ти. :tmi:
     
  15. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека не е ферррр
    Се прашувам зоштоооооооооо зарем некој друг повеке заслужува да живеее од неа ????
    НЕЕЕЕ
    никој никој никој
    еден куп плачковци цвичковци луѓе што се замараат со глупости и не го ценат најбитното нешто што не се купува со пари и на кредит ЗДРАВЈЕТОООООООО
    ало луѓе свестете се и почнете да живеетееееееее!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Додека едни родители сега се кршат и се прашуваат како од утре без нивниот ангел, едно момче гледа во празно и го моли Бог за уште време, додека една баба или дедо го проколнуваат секој минут од нивниот речиси изврвен живот, додека една млада невеста сеуште се надева дека нејзината љубов ќе се појави на врата, а тој веќе е под црната земја, и едно малечко бебенце утре ќе нема на кој да му рече тато, уште и едно зачнато душиче кое е неизвесно дали воопшто ќе се роди ја чувствува најголемата болка да остане посмртче, додека настапува мртва тишина низ куќите полни со распалени сијалици и тешко липање...Живи сме...и среќни...

    Среќни сме ние...зашто имаме уште една ноќ пред нас, сеуште ја гледаме половинката месечина што се смешка на небото. Сеуште вдишуваме мириси и тага. Среќни сме што на врата ни се наѕира мама или тато чисто онака да не прашаат што правиме. Среќни сме што бато или дада дремат околу нас чекајќи да фатат ред на компјутер. И...среќни сме што во мигов сеуште можеме да го кажеме она непишаното „животот не е фер“...
    ;( :doh: ;(
    Почивај во мир Ивана!
    Почивај во мир С...!

    Знам, постовиве се траума, лоши и црни, но и деновите некогаш и покрај силното сонце се црни и трули...
     
    На Marilyn-Monroe, bittersweet, Annath и 24 други им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Луѓе, јас не сум бре за вакви вести.
    Не сте свесни колку само уште се тресам и срцето колку ми изрипува. :|

    Па, до ова дереџе ли треба да се дојде за да се вреднува еден човечки живот?
    Мрази, натпреварувај се, љубомори, повредувај...сакај, помагај, почитувај...пак истото те снаоѓа.
    Која глупава психа. Само вакви моменти ко да се потребни за да потсетат дека не сме вечни и дека наместо да се труеме, можеме да делиме среќа која и нас ќе не направи среќни.
    Сакам во овој момент да ги изгушкам сите кои на ваков или онаков начин ми донеле некаква среќа во животов. Без нив, не би била тука и не би била ова што сум.
    А, не можам. Не можам сите. Некои веќе ги нема, на други не сум потребна, трети ме заборавиле, ме мразат, може им е сосема сеедно...не знам.
    Небитно, јас би ги гушнала и ко такви.

    Не треба да ја жалиме неа, треба да се жалиме себе.
    Читајќи ја, добив впечаток дека за тие 25 години, таа живеела, љубела, простувала на сета суровост што и’ била сервирана, се радувала на секоја ситница и била посреќна и поблагодарна од некои од нас што ќе бидат за цел живот. Зошто човек и не живее кога е празен и студен.
    И не е фер што животот секогаш најпрво згаснува кај оној кој највеќе го вреднува и има за што и кого да живее, за разлика од оние кои бесцелно безделничат и се тешат со „Ај, утре. Ај, има време, ехее.“
    Нема.
    Кој ми гарантира дека јас не сум следна?

    Што е работава? Премногу млади животи згаснаа периодов.
    Најголемиот страв го имам баш од тие болни загуби, а сум осудена речиси секојдневно истиот да ми минува пред очи, збришувајќи уште еден, и уште еден, и уште еден, и така до недоглед...
    Несакам. Несакам!!! ;(
    Ги сакам сите среќни, насмеани и гушнати на купче, склупчени во прегратки, со испреплетени раце, како си делат многу, многу љубов...

    Чувајте се, ве молам.
    И чувајте ги оние што ги сакате. Направете ги среќни и подарете им моменти за паметење.
    Сега и денеска.
    Утре...не се знае.
    Утре, може ќе сме на другата страна. Можеби ќе може да гледаме, но нема да може да ги допреме за утеха оние кои останале да плачат над нас.
    И тогаш може ќе се појават премногу на кои сме им значеле, но не сме знаеле.
    А веќе ќе е предоцна.
     
    На Buttterfly, Neytiri, Monna.Monna и 20 други им се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    На DeMelo, antonina, DzingrlakaDzikica и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Знам дека можеби сум досадна, ама Ивана заслужува милион постови овде на фемина. Инспирација ми беше со оглед на тоа што не ја стави болеста на прво место, и цело време да говори за тоа, туку животот и Љубовта и беа се' и си ги грабаше несебично. Не ја гледав и доживував како личност која боледува од болест зошто навистина не ми даде простор да помислам дека се бори со нејзе. Периодов не бев многу на Фемина затоа не можев ни да следам како е, што е.. ама сега знам дека не е со нас.. Овде на форумов посвети многу енергија, и многу убави мисли од кои многу имаме да учиме. Навратете се на нејзините постови и прочитајте ги, се' е со смисла..

    Почивај во мир Ивана, мене ме научи дека треба да го ценам животот, и да бидам несебична во делење убави критики некому, како што ти ми го направи денот многу пати!
     
    На eli25, Buttterfly, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Која е вродноста на животот? Која е цената која ја плаќаме? Зошто повредуваме, лажеме, уништуваме...
    Зошто е толку непревидлив? Зошто денес е добро и неможеш да се опуштиш и да уживаш зошто незнаеш што те очекува утре?
    Илјадници прашања без одговор...
    Цел ден сум растреперена и си ја мислам Ивана... Зар не беше подобро? Зар не се спаси? Кога тој борец не успеа да ја победи битката што остана на останатите?
     
    На Buttterfly, ludoto19, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.