1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Ние сите постоиме, а од време на време се случува нешто што не потсетува дека тука сме дојдени за да живееме... и сакаме безрезервно.
    Не ја знаев девојката, но вашите постови ме инспирираа да го напишам ова.
    Да, таа го живеела животот повеќе од сите нас заедно, бидејќи знаела дека е на работ, почувствувала дека може да падне. Навистина храбро од неа.
    Нека почива во мир. :bow:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    13.019
    Пол:
    Женски
    И доаѓам тука, да кажам збор-два за денот, за нашата љубов.
    И бам...
    Најпрво не знам за кого се работи.
    А после...
    И се се сведува на ова тука, на пишаниот збор, на клишето дека животот е краток, суров, дека премногу ги земаме работите здраво за готово.
    Почивај во мир мило девојче. Јас се надевав дека еден ден ќе те запознаам. Ти љубеше, дишеше, живееше. Беше човек. Постоеше. Запамтена си.
     
    На eli25 и kravce им се допаѓа ова.
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Не можам повеќе да издржам :( Тажниот настан што се случи ме натера да се отворам...Цел ден си собирам во себе и се обидов да останам рамнодушна, но едноставно не можам :(

    Пред неполни три месеци, јас го изгубив мојот брат, мојот БАТО, од истата болест на Ивана... Неговото име беше Иван. И беше најдобриот човек што сум го запознала некогаш. И не го велам ова само затоа што ми е брат, туку навистина беше така, објективно и непристрасно, секогаш го анализирав и му се восхитував...

    Ја познавав Ивана. Се познаваа и тие меѓу себе. Заедно се лечеа на хематологија. А јас бев таму секој ден. Двајцата беа омилените пациенти на сите сестри и болничари. Затоа што секогаш беа насмеани и позитивни, а пред се храбри и борбени... Се сеќавам кога собрани сите во собата на брат ми, јас, мајка ми, Ивана и нејзиниот брат се смеевме за тоа кога Ивана првпат го забележала брат ми кога како гром излетал од собата за да оди во веце... Се чудеше како бил толку брз, зошто бато беше примен со многу лоши резултати, па сите се прашуваа дали ќе успее да помине низ првата терапија. Првата терапија почна да ја прима на 20 октомври минатата година. На почеток имаше страшни болки, но не пушти глас ниту еднаш. Болките брзо поминаа, за два-три дена, па тој веќе почна да се чувствува подобро. Беше многу послушен, ние веднаш го ставивме на посебен режим, јадеше само одбрана храна, јас се консултирав со милион личности, пиеше додатоци за исхрана, витамини, засилувачи на имунитет... Ниеднаш не се пожали, ја задржа својата позитивност и присебност и покрај се што му се случуваше, не стана себичен и агресивен како скоро сите други личности кои се болни од вакви болести. Многу му се восхитував за оваа негова смиреност и често пати замислував колку поинаква би била јас кога би била на негово место... Но тоа беше мојот бато, што дури имаше и случај кога тој нас пробуваше да не разведри, за што и ми беше многу криво, врзан за кревет 8 месеци а сепак тој да е оној кој што пробува да ги смири работите :(
    Уште по првата терапија постигна целосна ремисија, што беше чудо, сите доктори доаѓаа во собата да му честитаат. Па дојде време да не испитуваат за компатибилност на коскена срж, а во меѓувреме тој ја започна својата втора терапија, консолидациона терапија. Чекавме два месеци за резултати, за на крај да ни кажат дека не сме компатибилни никој од нас тројца :( Па докторот предложи да му направи автологна трансплантација, но мене тоа не ми беше доволно... Знаев дека алогената трансплантација е подобра, па заради таа цел, решивме да одиме во Бугарија во потрага по донатор за коскена срж во светскиот регистар на донатори... Во Бугарија ни рекоа дека постапката ќе трае најмалку 2 месеци, па затоа во меѓувреме мора да прима уште консолидациони терапии, но тие имаа поинаков протокол, кој се нарекуваше High Dose Cytosar и беше многу појака терапија од онаа која што нашата болница ја практикуваше за консолидација. Па со договор помеѓу двете болници, првата таква терапија ја прими во Скопје, а дотогаш имаше два месеци пауза, но за жал, беше зима и не смееше никаде да излегува...

    Втората HD терапија ја прими во Бугарија, од почетокот на април па некаде до 28 април не пуштија дома. Јас бев со него целото тоа време, само навечер не спиев во болницата зошто не беше сам во соба. И таму во Бугарија го засакаа веднаш сите, го нарекуваа Сладур, бидејќи беше баш тоа, а низ сите болни веднаш се рашири веста за силното младо дете кое постигнало ремисија после првата терапија, а имал толку лоши резултати на прием.

    При крај на април, не пуштија дома и ни закажаа нова терапија за две три недели. Додека бевме дома, сеуште не смееше многу да шета, бидејќи кога ги отпуштаат од болница не им е толку добар имунитетот.
    Дојде време и за наредна терапија, па повторно јас заминав со него, зошто тој сакаше јас да бидам таму со него... И оваа терапија помина добро и пред да го отпуштат од болница, докторот што го водеше ни кажа дека пронашле донатор- бевме толку среќни! Си дојдовме дома, преостануваше само уште една терапија и потоа ќе закажеа термин за трансплантација.

    И дојде време за последната терапија - кобната ;( Бидејќи мајка ми настојуваше овој пат таа да биде со него, се договоривме десетина дена да бидам јас со него, па потоа да се смениме со мајка ми. Така и беше. Првите десет дена поминаа добро. Се гледаше крајот, бевме многу среќни, конечно развршница на оваа подмолна болест... Докторот ни кажа дека пронашле уште еден донатор на коскена срж и дека трансплантацијата ќе се случи крајот на август, почеток на септември.

    На 11 тиот ден дојдоа мајка ми и татко ми, за да се замениме јас и мајка ми.
    Поминаа точно седум дена откако се сменивме, кога мајка ми се јави и ни кажа дека бато почнал тешко да дише...Таа беше исплашена но не помислила дека тоа може да е неговиот крај, само рече дека тешко и било да го гледа таков.. Кажа и дека му правеле снимка на белите дробови претходниот ден, но му биле чисти. И веднаш му се јавив на бато, без да спомнам дека мајка ми ми рекла нешто, туку како да е истиот рутински повик што го правев секој ден. И кога на прашањето „добар ли си?“ ми одговори со „не сум добар“, јас почнав да паничам... Знаев дека мора да му е мнооогу тешко за да ми го рече тоа, бидејќи и при најголемите болки тој ниеднаш не ги изговори тие зборови :(
    Веднаш тргнавме со татко ми за Бугарија, а стигнавме таму околу два по полноќ... Па и на граница не задржаа, ми ги броеја деновите кои сум ги поминала во Бугарија, мислеа да не ми е поминат лимитот. А ние толку бевме нетрпеливи да стигнеме.

    Глетката беше страшна, бато не можеше да стане од креветот, а до него имаше огромна боца со кислород... Беше многу среќен кога не виде, дури и во таа состојба очите му заблескаа од радост...Ноќта помина и утредента дојдоа со подвижен рендген да му направат снимка. Тоа беше 9 часот утрината... Околу пладне дојдоа со резултатите, тешка прогресивна пневмонија. Јас се избезумив. Со татко ми низ цела болница го баравме доцентот за да ни каже колку е лоша состојбата, но не успеавме да го најдеме. Се вративме во собата и седнав до бато, а тој ми ја фати раката и силно ме стисна и ме држеше така се до кобниот час ;( После само два часа откако ни ја кажаа дијагнозата, неговите очи згаснаа...Го гледав сопствениот брат како умира...И до последниот миг не ми ја испушти раката, а неговите очи толку беа полни со надеж и желба за живот...Го гледав колку му е тешко да дише, па доаѓаа лекари со лекови од кои што требаше да се почувствува подобро, но ништо не му помагаше...Јас искрено очекував и ова да го преброди, како што ја преброди и претешката прва терапија, па кога видов како почна да ги превртува очите и да губи здив, срцето ми застана...Веднаш повикаа реаниматори и нас не изнесоа од собата, за да пробаат да го вратат во живот...Десет минути беа во собата, а јас иако целата снага ми трепереше и чувствував дека ќе се онесвестам од страв, најдов сила да останам смирена и се молев, сконцентрирано, се молев, ветував, го потсетував господ дека уште малку требаше да бидеме најсреќни, дека е пресурово после 8 месеци тешка борба и секаков вид на ограничувања, бато заслужува да живее...Но се беше залудно...Кога докторот излезе и ни соопшти дека не успеале да го реанимираат почнавме да вриштиме, вриштев колку што ме држеше глас, а болката мислев дека ќе ме растргне, болка што не се опишува, само оние што ја доживеале знаат за што зборувам...
    Најтрагично е што леукемијата беше целосно под контрола, цело време имаше одлични резултати, никој не очекуваше дека од никаде ќе фати пневмонија и ќе ни го земе...

    И сеуште не можам да си ја отргнам оваа слика од главата... Бато ми умира во мислите секој ден, по сто пати...А и кога пробувам да спијам, се будам од лоши соништа, и ситуациите се различни, но исходот и во соновите е секогаш ист - бато умира...
    И не можам и никогаш нема да сфатам зошто не ја преброди болеста? Никогаш нема да се помирам со ова. Тој беше добар, предобар, смирен, позитивен и борбен. Не дозволи ниту во еден миг болеста да го скрши, ниту еднаш не се однесуваше како сите други болни, себично и нервозно...Баш напротив. Баш заради неговиот однос јас многу се надевав дека ќе оздрави. И зошто на едно вакво дете му згасна животот?

    Многу бевме поврзани, јас и брат ми...И се обидувам да го почувствувам неговото присуство, да верувам дека смртта не е крај на таква добра душа, но не сум осетила до сега...Освен еден сон за кој што верував дека ми се јавил тој, но како минува времето се плашам дека тоа било производ на мојата потсвест...
    Ете така сурово си поигра животот со нас, и ете зошто мојата болка е многукратна, го изгубив, моите родители го изгубија, а најболното од се, тој ја изгуби својата иднина...

    Моите ќе одат утре на погреб кај Иванчето, јас не можам, немам сила... Не можам да гледам како уште еден млад живот заминува...
     
    На Golden, zhap4e, swrcii и 128 други им се допаѓа ова.
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.729
    Допаѓања:
    17.691
    Кога ми е тешко, и празна ми е душава, само земам лист и пенкало или овде во текстови на песни, испишам една балада од Балашевич или било кој и веќе сум подруга. Душата ми е едноставно полна, среќна сум.
    :hai:
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    24.089
    Пол:
    Женски
    И јас не сум многу редовна летово на Фемина, ама денешните постови ме натажија многу... Почивај во мир Ивана! Штета за прерано згаснатиот живот на една мила и паметна личност... Таков е животот, суров на моменти.
    И Мygirl, кликнав лајк на твојот пост не оти ми се допаѓа, туку како знак на поддршка. Биди силна, знам дека ниту еден збор не е утеха за тебе во овие мигови, но заради брат ти продолжи да се смееш и да живееш! Тоа што тој го изгубил и пропуштил, пробај го ти и за него...

    Ах, тешко ми е на душата... :(
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Најтешко е кога здравјето страда заради еден потпис и пари ...
    Секојдневно заминуваат од овој свет млади животи ..зарем не ви е барем малку жал?
    Зарем не се запрашувате како им е на тие родители ,на тие семејства ?

    Јас знам , на своја кожа осеќам веќе 16 години ..
    Иако мојот проблем не го згорзува мојот живот , го згозува мојот вид...
    Сите доктори , сите институции сите ми велеаа да чекам ...
    И сега што ? после скоро 10 интервенции мене ми велат што се чекало толку ?
    Па зарем јас го сакав тоа ?зарем моите го сакаа тоа ...
    Сега моите како знаат се снаоѓаат за да заминам на операција ...
    И не сакам ни да ми рефундираат ни ништо .. 16 години како пијавици на нашиот грб да носиш поклони да частиш , да ги храниш а зошто ?зарем тоа не им налага самата професија ?зарем тоа не е нивна должност?
    Барем да вредеше ...
    Нека им служи на чест.
    Затоа не треба да се верува во македонското здравство ...нашите болници се мачилишта а не болници ...Поради гордоста на докторите кои не сакаат да признаат дека не се стручни многу луѓе страдаат ...
    Не чекајте на нивните потписи ..Заминете во странска болница што поскоро ...здравјето е најважно а за пари ќе се снаоѓаме ....
    Ни на најголемиот непријател не му посакувам да се лекува во македонска болница ...








    Почивај во мир Ивана ...нека ангелите ти го осветлат патот до небото ... ;( ;( ;( ;(
     
    На Stoimenovska и SarahTayMomsen им се допаѓа ова.
  7. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Ех..|(
    [​IMG]
     
    На potterholic и blaa им се допаѓа ова.
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ние тука, сме едно големо семејство. Навистина...
     
    На Adi888, Buttterfly, Stoimenovska и 29 други им се допаѓа ова.
  9. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Многу е важно во какво друштво се наоѓате и со какви луѓе ви минува секојдневието.
    Вечерва возевме точак како луди на еден автопат,во рок темина.Возиме и возиме и не знаеме кај води автопатот,. кој адреналин ми се качи,,wow :) :) И се снајдовме и се изнасмеавме и се изнаглупиравме..
    И,и покрај тоа што сите пушат цигари од моето друштво јас сеуште не се осудувам да запалам.Не сакам и се надевам дека со тој став ке си останам |( Не дека имам против цигари и такви работи,ама мислам дека е непотребно да почнувам да давам пари за глупости,да мирисам целата на цигари и да одам со жолти заби и жолти нокти како последица од цигари.И така 4 часа возевме и,сега претпоставувате како се чувствувам?! :lol: Уморно и истоштено.Нема енергија во мене веќе,креветот од моја десна страна ме очекува во секој момент,а јас ке легнам и со нетрпение ке чекам да се разбудам утре и да ја почнам новата книга која денеска си ја земав од библиотека :geek:
     
  10. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Добра ноќ народе.. |-)
     
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    1 Секаква комуникација е подобра од никаква... :|

    2 Јас им мислам само најдобро на блиските, жими се... па колку и да изгледам лоша, груба, сурова, дрска, злонамерна еден ден ќе видат дека сум во право.

    3 Одамна не сум кажала дека најмногу го сакам. :inlove:
     
  13. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Живеј си го животот како што тебе ти одговара, уживај максимално и искористи го секој момент на најдобар начин , реприза не постои..
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Еден млад брачен пар се доселил во ново место на живеење. Следното утро кога појадувале, жената ја забележала сосетката како закачува алишта на жицата и рекла: „Може ѝ треба нов детергент за перење, за да ја испере подобро облеката“. Мажот молчеливо го набљудувал настанот, но не рекол ништо. „Колку нечисти алишта. Воопшто не знае да пере!„, рекла жената. Секој пат кога сосетката закачувала алишта, коментарот бил ист…
    Месец дена подоцна, жената се зачудила кога едно утро видела како алиштата на сосетката се чисти. Таа му рекла на мажот: „Погледни! Конечно научила добро да пере алишта. Кој ли ја научил? Или можеби купила нов детергент?“
    Мажот и одговорил: „Никој. Јас денес станав порано и ги исчистив прозорците.“
    Исто е и во животот. Сè зависи од тоа колку е чист прозорецот низ кој гледаме. Пред да почнеме да критикуваме, треба да провериме да не е валкан нашиот поглед. Дури тогаш можеме да погледнеме колку е чисто срцето на другиот.
     
    На Sanniii, LittleDevil, Buttterfly и 35 други им се допаѓа ова.
  15. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Чувствувам како лично да ја познавав девојката што за жал починала.....
    И јас имав една Ивана,т.е. некој со нејзината судбина.Мојата А ја нема веќе година дена.... На почетокот бев гневна,бесна,мразев.Мислев дека животот е безмилосна кучка,дека се воодушевува кога така силно ме удира од земја.Да,мислев дека животот е само една црнина што сака да ми го извади низ нос моето постоење.После некое време се засрамив од таквото мое размислување.Сфатив дека цело време мислев на себе.Не помислив дека можеби мојата мила А се спаси од маки.Таа толку се мачеше,беше во толкава агонија,што сега сфаќам дека таа едноставно се спаси.Да,не е фер што мојата А се разболе,не е фер што не си ја проживеа младоста.Ама гледајќи како се мачеше во последните мигови велам дека се спаси.

    Нема веќе солзи,нема веќе болка.Сега си на убаво место,таму ќе бидеш среќна.Нема веќе удари,нема веќе страв.Сега си во светлината.Таму никој не може да те повреди.

    Почивајте во мир напатени души!
    Каде што сте сега има само спокој....
     
    На La.Reina.Del.Sur и Domino им се допаѓа ова.
  16. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Си реков да ѕирнам малку на сајтов, да видам како сте. Чудно е како за пола минута може се да се смени.

    Седам расплакана, со грутка волна во грлото. Само што прочитав за случајот на mygirl и младата Ивана. Премногу ми е тешко. Си мислам, од каде знаеме што утре не чека? Сфаќам колку звучи ова како клише и излитена фраза, ама така е. Што ако утре се случи нешто такво на некој мој близок? Нема да можам да поднесам. А сепак, велат се што ти се случува, мора да го издржиш. Нема дали можам, туку морам.

    Ама зошто некои млади луѓе, со живот, со иднина проаѓаат низ сето тоа? Не можам, не сакам да ја замислам таа болка. Ме плаши. Не сакам да признаам, ама само тоа во животот ме плаши.

    И брат на mygirl, и Ивана, и сите останати душички што сега се сега некаде далеку... Почивајте во мир.

    А ние што сме тука да го искористиме животов. Зошто сериозно, утре не знаеме што не чека.
     
    На Mygirl, Divinebutterfly, La.Reina.Del.Sur и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Треба максимално да го искористиме секој ден. Незнаеме што може да ни се случи утре. Ме растажи настанот на Mygirl. Животот не е лесен. Губиме многу драги личности. И јас исто така изгубив драги личности што ми беа потпора. Овој настан ме потсети и на оној кога почина една многу драга личност. Бев долговреме во депресија. А и неможев да ја гледам како се мачи и плаче од болките. Смртта беше како нејзино олеснување. Се надевам дека е среќна некаде во рајот. Таму сите еден ден заслужуваме да отидеме и да сме среќни зошто животот на земја е пекол...
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovely-pretty-girl

    lovely-pretty-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6
    :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
    убаво чувство, не ме остава да спијам хаха :hug: :*
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    101.441
    Пол:
    Женски
    Кога веќе мојот мозок ќе почне да соработува со мене,не ни оди вака скарани!!!!!
    И мојава луда глава,и рокчињава кои почнуваат да ми растат.Ќе почнам да си ги негувам.И да им плетам капчиња,да не ги фаќа јаково сонце! :emo: :wasntme:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Калиопе, мило ми е. :handshake: Одамна не сте ме виделе тука.
    Особа што моментално страда од инсомнија.
    Број на чевли - 38.
    Чорапи - тегет, duh.

    И така, раново утро си го пречекав препрочитувајќи си ги мислењата од почеток.
    Јас сум ти тежок лицемер.
    Не спрема другите, туку само спрема себе. Најлош вид.

    За неколку минути, јас го видов целокупниот мој развој за една година.
    И можам да кажам дека сум станала друг човек.
    Подобар? Не знам.
    Сепак, тогаш сум знаела да кажам многу повеќе со неколку збора, отколку сега со 500 реченици.
    Интересно ми е сепак. Се читам себе и викам јас ли сум, не ли сум. :D
    На некои си плеснав фејспалм, други ме изненадија пошто изобилувале со поголема зрелост од оваа што ја поседувам сега. Чудно.
    И чудно е како советите и мислите зад кои толку цврсто сум стоела тогаш, зад кои уште стојам и знам дека се најправилни, самата јас, не можам да ги применам. Иронија.
    Си ја осетив секоја радост и болка од секој подзаборавен пост.
    И еуфоријата за кошарката! Сунце ми, најнеписмена сум била таму. :D
    Сега ги знам одговорите на многуте прашања што сум си ги поставувала тогаш.

    Ако, си го видов напредокот.
    Пројдов низ оние нешта за кои сум пишувала “Недај Боже да осетам на своја кожа“, па еве ме жива и здрава, туркам низ животов, си поставувам цели, паѓам, станувам. Борба.
    Малку е потешко кога си сам, ама затоа резултатот е појак.
    Ме интересира што ли ќе биде и како ќе реагирам догодина на овој пост. :lol:
    Живи и здрави били, па видели.
    Сѐ дури наутро ги отвараме очите, можеме да сметаме дека сме среќни.

    Патетико, престани да зборуваш од мене!
    Фала.
     
    На Lolipop23, CIA, thelittle17 и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.