Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Бегај прашино, бегај. Иш, иш, иш!
    Или ќе го викнам волкот... Аааааааа, да. Волкоооот!
    А мене врапчето ми кажа дека се плашиш од волкооот. Ааааааа!
    Ајде бегај сега. Или ќе му кажам на волкот да дојде, и да те лапне. :!:
    И да не си дошла веќе. Ааа, таааака. Кажи му на волкот колку си ти умна.
    Нели? Умна си ти.. Ајде иш, иш, иш..

    Готово волку, си отиде прашината, она е умна, многу е умна. :talk:
     
    На Sara123 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Како минуваше времето, видовме, претрпевме свашта.
    Ни криви ни должни, во незнаење и без причина, уште неоформени млади личности тоневме во конфузија и огорченост, многу бес и нервоза.
    Се боревме со сета сила гласот да ни биде чуен. Колку храброст може да има една детска душа за да се спротистави на дизориентирани, неупатени души?
    Толку солзи, толку нервози. Толку прашања останаа неодговорени. Низ што се мораше да поминеме за да сфатиме оти никој не стои покрај нас освен самите ние.
    Мислев дека горчината и болката во мене нема никогаш да згаснат.
    Мислев дека таа дупка ископана од секојдневни разочарувања нема никогаш да се пополни.
    Мислев дека таа бура од емоции секогаш ќе ме надминува, ќе биде посилна од мене.
    Мислев дека никогаш нема да престане.
    Се` до денес. Едно обично, рандом попладне. Жешко и загушно, е вакво.
    Се сетив на сите нив.
    Тие ни се како едно уништено погрешно семејство.
    Од нив не можеш да избегаш - ниту тие од нас.
    Колкава и да е болката која ти ја нанеле, неопходно е да се сетиш на нив, да им прозбориш и да ти прозборат.
    Колку и да беше тешка и разочарувачка на крај сета оваа битка, јас сум сепак победник.
    Победник сум бидејќи им простив.
    Им простив на нивните неупатени мисли, неразумни постапки и прости перцепции.
    Им простив бидејќи паднале у најголемата заблуда на светот.
    Им простив, бидејќи ако се обидувам да им се одмаздам и да им возвратам со посилен удар, ќе се полнам себеси со омраза и гнев, ќе се разочарувам постојано и нема никогаш да успеам да бидам среќна.
    Еве - им простувам. Им простувам за се`.

    За секоја непреспана ноќ, за секоја солза, за секоја непромислена постапка, за секој плиток кажан збор. Им простувам за секој удар што ми ја жигоса душата, и за секоја траума која ја претрпев.
    Им простувам и им заборавам сe`, не им замерувам повеќе.

    И да, ги победив. Ги надминав.
    Ги надминав мнооооогу. И уште ќе ги надминувам.
    Бидејќи можат да ми одземат се` што е материјално, но нема никогаш да ги одземат моите идеали.
    Ете, мене тоа ме прави среќно дете, тоа ме прави победник во животот. :)
     
    На calliope, cinderella5, Aleks96 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ден со тажни очи и кревка потреба за повеќе живот. Чувствувам дека во следниов период на фемина ќе владее тежината од загубата и сопствените преиспитувања. Овде делиме насмевки, случувања, дружења па и нервози, а големите товари ги оставаме зад тастатурата плашејќи се најмногу себеси да си ги изустиме. Па во ваквите моменти испливуваат на површина, се лизгаат низ зборовите безброј емоции, солзи, спомени, огромната празнина за нечија душа што не напуштила. И додека остануваме занемени и засегнати, го преиспитуваме сопствениот живот. Дали доволно љубам? Дали доволно сум силна? Дали доволно живеам? Дали давам Јас се од себе да го прегрнам секој ден и да му се радувам безусловно на секој нов чекор?
    Можеби себично, можеби не, најзасегната бев од постот на Мајгрл. Јас го сакам мојот брат најмногу на свет. Не сакам да помислам каде би била без него, не сакам да помислам да го нема. Кукавички е да се каже дека без него и јас веднаш ќе престанам да постојам... Ти си душа која живее сега дупло, наместо како дух. Живееш за вас двајцата, за тоа треба храброст, тоа зборува најмногу за твојата љубов кон него. А тој, каде и да е, сеуште живее, преку тебе, преку сите напори ти да ги зграпчиш моментите...
    Љубете драги жени, љубете го секој час што изминува, секоја душа што проаѓа во секој момент од вашиот живот. Љубете силно, искрено и со насмеани очи. Еден ден сите ќе заминеме, а таа љубов што ја даваме остава вечни трагови позади нас. Со секоја љубов што ја даваме, кај секого љубов повеќе се разгорува. Затоа што сите тие љубеа, и нивната љубов засекогаш ќе не топли во срцата.
     
    На Buttterfly, bittersweet, Annath и 23 други им се допаѓа ова.
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Незнам што да напишам, а да не звучи излишно, да не е неблагодарно... Затоа што читајќи тука, вчера и денес, за овие прерано згаснати животи, се почувствував виновна, почувствував грижа на совест кога се сетив за какви работи се жалев, за какви работи плачев, колку многу барав. Не, не е фер. И нема како да не сум благодарна за се што имам денес, во овој момент, тука и сега.
    Само здравје нека има, другото се ќе си дојде на свое место, порано или подоцна.
     
    На anabel-a, Dulceee и Sara123 им се допаѓа ова.
  5. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Страчателно-ванилест-чоколаден сладолед со оревчиња и кокос и глетка кон замагленото блескаво езеро.
    Ја одмарам душата, а не можам да престанам да се прашувам:
    Каде е хоризонтот? Езерово и небово скоцкани во блур, споени во едно. Каде е хоризонтот, онаа далечна линија која ги спојува двете синила? Или ги разделува? Којзнае ..
     
    На Hayley, cinderella5, innablood и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Да одеше се’ по ред, како што си замислуваме, никогаш немаше да го цениме животот со сета негова бесмисленост, неправда и краткотрајност.

    Сета собрана тага, ко букет цвеќе ја положив денес на гробот на дедо. Доживеа многу, проживеа долг и исполнет живот, но мене срцето ми е празно. Ќе ги нема неговите шеги, неговите мали закачки, желбата за табланет и алва, имитирањето на глумци и гушкањето. Кога го видов шеширот во ходник, како стои осамено, како да ме дрмна струја. Никому не го даваше тој шешир. Му бил подарок од другар од воени денови, австриска изработка. Мајка ми ми рече = Нека биде оставштина, твоја или на сестра ти.
    Да, шешир од дедо. Стар може над 60 години.
    Но, Љубовта не старее. Ниту песните. Напишав и за него збор, два. Мајка ми ја прочитала песната, се расплакала. И кажав дека луѓето ќе ги задржувам во својот живот само преку Љубов и песна.

    Читам и овде што се случило, и не прашувам ништо. Препатетична ќе бидам ако се распишувам, знам. Затоа само ќе се помолам за сите души што отидоа на небото.

    Денов ќе го поминам со Љубовта и неговата рака во мојата. Ќе нарачаме пица, ќе се гушкаме и ќе веруваме дека се’ може да биде подобро утре. Нов ден, нов живот. Ќе отпатува, знам, со многу мисли, многу емоции. Тука сум, да бидам за него.
    А тој таму, за да дојде по мене.
    Судбината, такви епизоди ни приредува. Болка - среќа, и сите нијанси измеѓу. Наше е да бидеме уметници кои ќе бираат од сите бои што Животот ги приредува.
    Јас, ја бирам бојата на Љубовта и незаборавот.
    Нека почиваат во мир.
     
    На Buttterfly, bittersweet, Sweety-Tweety и 22 други им се допаѓа ова.
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ќе искоментирам само едно нешто.Блаа,љубов до сликата во потписот,морам и ја да си најдам таква некоја :)

    Поздрав од Хрватска,во вторник се враќам,па тогаш ќе почнам активно да коментирам по темиве :)
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    ^ Кажи а? ^_^
     
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ^Кажувам.Тоа е тоа,чуството кога на форум наоѓаш личност со која имате иста омилена личност :) :D
    Ќе го делиме ? :?:
     
  10. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    ^ Мојт. 8)
     
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Тогаш deal :) 8)
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Не виде дека станавме со сестра ми, го ѕирнавме и ставивме кафе. Не поминаа две минути дур влезе комшиката- Стариот не диши. Две минути, како за две минути прекрати еден живот? Плач, болка, пискотници по дома и јавувања на сите. Не знам каде ја собрав таа сила да помогнам при облекување, при соблекување, при подготвување. Знам каде, во љубовта што ја чувствував спрема него.
    Не ми се верува дека го нема. За последен пат го видов неговиот поглед полн со бес, а потоа со тага и милост, љубов и жал.
    Го испративме достојно, дојдоа многу луѓе за да му оддадат почит.
    Сеуште сум во некој делириум, сеуште не се свестувам и се држам силна. Ако не се смета синоќешната посета на дежурна.
    Само знам дека почина еднинствениот вистински маж што го познавав.
    Почивај во мир дедо! Ќе те помнам засекогаш и ќе те спомнувам секогаш.
     
    На Artemission, Buttterfly, Tearful и 70 други им се допаѓа ова.
  13. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    .. . ке пржам компири :lol: сака некој !? :wasntme:
     
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Станвање од спиење и дирек кај другарка ми 8)
    Влегов в продавница и не знаев кај терам оти бев уште заспана, смешки кафе едно друго, коментирање на вчера вечер, пренајубав помин, денсање до сабајле :)
    Среќна сум да ви кажаммм и то мн, ме исполнуват ваквите собири :D

    Имајт убав деннн :*
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Промените биле и ќе бидат. (Не)намерни и (не)случајни. Тоа е.

    Јас да кажам една лесна и убава промена за мене. Се ишишав цели 18 см. :emo: Сега ми до рамениците и не жалам. Кога ќе ја врзам ми е мало густо репче и се осеќам како мало девојче :D Наздравје нека ми е! :lol:

    п.с. Сакав да си го фарбам точакот црвен, ама многу скапо да ми ти било! 1000 денари не можам да си ги дозволам за тоа. Still, I love my bike! :sun:
     
    На Stoimenovska, Doozy, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сами си ја кроиме судбината.
    Денес, по неколку години пак ќе го видам дедо ми. Кутриот, тоолку се израдува... па колку и да згрешил мене отсекогаш најмногу ме сакаше. И јас си го сакам дедо ми. Колку и да звучам грубо и сурово, колку и да изгледа тој лош во очите на другите, спрема мене е во ред, бил и ќе биде и не ме интересира друго. Другите како сакаат.
     
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    На 19 години спремаат свадба, како бреее? :o :tmi:
     
    На vesni4kaxd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Влегов на темава да се пофалам, на овој ден пред 9 години пристигнав во градот кој ме магепса, во овој град во кој се заљубив од прва, како во тебе љубов моја. Но шок, срцето ми застана, уште еден ангел на небото. Почивај во мир Ивана, биди и ти заедно со сите ангели на небото, биди нивна нова омилена пријателка. За нивните родители животот изгуби смисол, за нејзиниот сакан тагата стана нова љубовна поема, пријателите, знам како се чувствуваат, и јас неодамна загубив еден, иако животот не имаше однесено уште одамна на два различни патишта, боли, боли до срце кога ќе слушнеш, таков е животот, суров. Девојко, ангелу на небото, си имала години колку и јас, солзите ми течат сфаќајќи колку сум јас среќна што во моментов сум жива, што моето срце чука, што моите родители немаат тага во срцето и болка во градите, што мојот сакан нема да заљуби тага, што моите пријатели сега не го проколнуваат животот.
    Почивај во мир убаво девојче, биди ангел на небото и од таму давај им на сите млади луѓе сила и желба за живот!
    ;(
     
    На bittersweet, antonina, Libera и 6 други им се допаѓа ова.
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Mogli su oni jedno bez drugog. Dan, dva, mesec, mogli su i duže. Jer teški su to karakteri. Ista narav, isti ponos, isti osećaji."

    Тоа.

    И дека денес си, утре не си. Колку што сакаме да плукаме по животот толку и не тера да го сакаме.
    Нека почиваат во мир. Се надевам дека се на подобро место.
     
    На Buttterfly, bittersweet, La.Reina.Del.Sur и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Доста е. И не е фер. Доста ми е од тоа да бидам девојка на која душата и е желна за простор, ширина, бучава, можности и постигнувања, а сепак телото заробено на место кое не нуди ништо од ова. Не сакам да бидам и вака да остарам, запознавајќи го светот само низ книги и филмови. Јас преку нив мечтаам. Не сакам да го посакувам непознатото а да имам страв од него. Доста ми е од малата самодоверба. Зошто при првата помисла за патување некаде далеку да ме кочи ситница како што е аеродром и несигурноста дека би се снашла?! Зошто парите го вртат светот и ја кројат мојата судбина?! Не сакам да читам за Барселона, сакам со свои очи да ја видам! Не сакам само да гледам романтични филмови за Виена и Париз и да се замислувам на местото на актерите. Сакам со сите мои сетила да ја почувствувам таа магија. Зошто има храбри луѓе, а јас не сум од нив?!
    Каде мене ќе ме носи животот понатаму? Каде воопшто има да ме однеси?
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.