Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Денеска ќерка ми вика мамо ми се јаде сарма.Е каде бе дете сега сарма си викам,ќе почекаш за неа барем за уште 2 месеци :D Ми падна на памет како првпат смотав сарма ,е тоа беше настан...

    Нели јас млада домачица да покажам дека се знам да готвам,и филот го склепав некако,е ама кога дојде за моткање на листовите,цела се сплеткав,ниедна сарма не можев да ја заролам,филот ми бегаше на сите страни,и изгубив живци како никогаш и ја џитнав во ѓубре.Си продолжив до првата домаќинска кафаница каде што се продава сарма,фино лепо си купив,донесов дома,наредив во шерпа,се разбира одозгора со суво ребренце и прокрчкав културно.Ете ти го овој мојов од работа,нормално се воодушеви од моите кулинарски способности,со комплимент дека никогаш не јадел подобра сарма,а јас се пресметував во себе колку ме кошташе сармата.Како кајгана за боговите што би рекле.Промашената зелка+плус месо+куповна сарма+суви ребра=најскапо јадење на светот.Ама се за брачна среќа.
    Сега знам да ролам ама немам кисела зелка :geek:
     
    На ines.h, Monna.Monna, kate21 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    СДК ме нервираат особи кои се прават на Тошо кога ќе им пишеш на фб, кога не те рецкаат 2 %, а ти само им пишуваш да ги прашаш како се |(
    Денес ја фатив ептен махерски :lol: И пишувам, како си - молк, не ми враќа иако си пишува Seen in. А така ли, си мислам, неблагодарнице некоја, ако се омажи и имаш дете, не значи дека немаш време да направиш два - три реда муабет! На крајот на краиштата, ако си зафатена, пиши само имам работа, поубаво отколку да се правиш на три и пол :^) Иако не ја гледам логиката да е зафатена, а online на фејсбук. Некогаш пак ќе се заборави и ќе објави нешто - а се прави не видела.
    И ептен ме изнервира, поминаа 15 минути, таа ништо!
    И пишувам „ Треба да ти кажам нешто што дознав “ и оп се фати лисицата во стапицата:
    „Еј тука сум, кажи, сега видев се бањав“ :o
    Штооо??? Сега си видела??? Си пишува си мислам во себе кога си видела, ама нема смисла да и објаснувам, така да не и вратив ништо. Ова беше само еден мал мој тест за онаа која ми беше другарка, со која по цел ден бев заедно, која порасна во мојата облека и слично... Нема потреба да трошам веќе зборови на неа.
    Требаше да знам каква си уште кога доаѓаше „на кафе“ кога имав интернет, а ти немаше, и кога ми квакнеше пред компјутер и со него го пиеше кафето, а не со мене. Кога ми го исклучија интернетот, и ти престана да доаѓаш толку често, се присетувам... Ова е само дел од тоа кога приметив дека си особа од корист.
    СДК дека многу ме повредува однесувањето на другарката. Јас само се обидувам да ја исконтактирам, да ја слушнам како е
    нешто што таа никогаш не и текна да го направи откако се омажи
    што и прави ќеркичката, да ја поканам на гости... а таа не се замара со мене...
    Дојде време и јас да го сменам однесувањето спрема тебе ;)
     
    На Neytiri, Miss.Ricci, Springy и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Не знам зашто, ама мене ова протестиве за циркузов ми изгледаат смешни.
     
    На malechkata, Lepaaa и anabel-a им се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    ^Луничке можеш да купиш и сега кисела зелка. Се продава во тегла во поголемите маркети и да и направиш на твојата мала принцеза. Штом знаеш да ролаш, трк утре до продавница и да и направиш. :)
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    ^^^^^^
    Вкусот не е ист , Lux :D
     
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк сабота сме ? :o
    Појма немам кој ден и која дата сме, ако не е мобилниот и мама јас ептен ќе немам осет за време :lol: мислам сите сме така дее за време на лето.

    Сама дома,убавини.
    Никакви планови, а до после ќе видиме.
    Пробав со читање по други теми да ја избегнам тажната енергија што ни кружи низ форумот, но убаво кажавте семејство сме, така и ќе останеме јас мислам.


    Дишете со полни гради, мигови, среќа и гушкајте ги најблиските.
    Најубаво е !
    Единствено е!
     
    На Elennaa, AnaKarenina, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    СДК што е толку важно дали нешто што ќе купиш е купено од некоја маркирана продавница... :!: еве конкретно sara fashion...си купив прслук во понеделникот, го носев 2-3 пати и готово..почна да излегува едната жица :@




    lunicka..можеби имаш замрзнато листови од лозница? за сарма...со мајка ми секоја година замрзнуваме :wasntme:
     
  9. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    СДК ептен ми е досадно бе. :^) :lol:
    Иако не пишувам често, тука сум и ве читкам. :)
    Љубов до вас :* [​IMG]
     
  10. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас дури сега читам.. Некој умрел?? Што е ова? Читам насекаде Ивана????
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Почина Ивана Павлеска позната како Ивана МКД на овај форум ...
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Нека и е лесна земја.. Душичка... ;(
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДк си се смеам, откако се слушнав со моите, откачени се целите, како Караман и Фериде се :D :D :D е ко тие двајцата од онаа серијана за грчкиот зет :D Ги сакам, со тапија :D
     
    На ozbilnazena и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Is it just me or ...
    секогаш кога ќе се доближам до врата на која има натпис Влечи/Туркај, мозоков ми се блокира и секој пат правам обратно од тоа што го пишува на натписот ?
     
    На Buttterfly, Allthatglitters21, phoenix4235 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Не си само ти, истата сум и јас :D

    Туку сдк
    Понекогаш се срамам што живам во Македонија, зошто на еден млад живот не му дозволуваат да се лекува, зошто не дозволуваат тоа бебе да расте здраво и живо, се замислуваат Бог па однаперд му ја одредуваат судбината, за жал секогаш се негативни, колку животи отидоа прерано заради нивното акво размислување, ја незнам како спијат мирно :devil:
    Многу се нервирам кога гледам дека се изживљаваат со маките на луѓето, Добро бе како може да нема пари за да испратат 2 месечно бебе на лекувањекако :!: А имаат за бикови, лавови, шмисли, капии, споменици од овој од оној |(
     
    На Chocolate.me и MacenceEna им се допаѓа ова.
  16. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Моментот кога јадеш пченка и после јадењето,со јазикот успеваш да извадиш некое минијатурно парче кое ти останало меѓу заби.Priceless :muscle:
     
    На Miss.Ricci, Glossy-girl и cinderella5 им се допаѓа ова.
  17. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    93.920
    Пол:
    Женски
    слушам свадбари..не првапат,ниту последен,ама овојпат така се имам вознемирено,незнам зошто...дури солзи ми доагаат во очите и треперам!
    можеби дека сум сама во станов и периодов се исцрпив емотивно и психички ..
    сакам свадби-да сум гостин,но јас во главна улога не сум се замислувала..
    ниту како невеста во бело
    ниту како принцеза..
    и јас како лилит-мразам и се плашам од кловнови и циркузи па ке останам момичка..
    шалим се наравно..



    готово...
    ми се скрши филмот,со треперењево околу свадбулево..ја фатија дунаве дунавееее,па маџарице млада..
    шо факинг врска имаме ние со дунав и србите и унгарците ..
    толку..

    со повеке информации од терен во вестите во 23..до тогаш останете на форумов,или уште подобро искористете го последниот викенд од летово..
     
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Го сакам мирисот на нас што останал таму некаде меѓу чаршафите и утринските прегратки, кога скришно и лакомо ќе се смушнам по долг и напорен ден
     
    На kravce, anabel-a, Lolipop23 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ах бре, луѓенца, уште ме држи некоја нишка на меланхонија читајќи ве.
    И однапред се извинувам што ќе се распостелам со мои глупости, ама морам да си олеснам.
    Уште еден месец и еден ден, ќе се навршат 3 години од смртта на моето сонце, мојата бабичка која ме израсна од ништо. И знам дека болката е неспоредлива со онаа од загубата на дете или брат/сестра, ама сепак е болка и притиска. Тоа беше мојата прва загуба на некој ептен близок.
    Јас многу тешко покажувам емоции наоколу, премногу. Треба нештото ептен да го сакам и до срж да ме боли, па да се отворам. И дури некои се сожалуваат на баналности и ми се чудат како можам да сум толку бездушна, не знаат дека јас патам тајно, во себе. Но, небитно тоа.
    Тој ден, не ни помислував дека ќе биде последен. Бев најголемиот оптимист што може да го сретнете. Секогаш си велев дека има утре и дека тоа утре ќе и’ ја олесни болката и полека ќе ја крене на нозе. Згрешив.
    Ја гледав таква ситна, избезумена, истоштена, сјајот во тие зелени очи веќе беше изгубен и само ѕиркаше со нив ко во полусон. И иако рацете ми се тресеа, утрото ја хранев со супа.
    Јадеше како врапче, но мене ми беше доволно за да се радувам, дека ете, уште има волја во неа.
    Вечерта без договорена да прошетам со другарки, петочно.
    Не беше прв пат да излегувам откако состојбата беше критична, ама таа вечер не ме држеше место.
    Бев толку неподнослива, што се отерав у пм со најдобрата другарка и си отидов.
    А таму, излегувајќи од лифтот, ме пречека мајка ми и капакот од ковчегот потпрен до вратата.
    Сине, немој да се потресуваш. Готово е...
    Немаше сила да ја доврши реченицата.
    Не знам каква сум била во тој момент, само знам дека сите органи во мене пукнаа и се пресекоа, а јас не осетив ништо. Бев празна. Не ја осетив болката, ни осетив тага, ни бес, ни омраза. Ништо.
    Веројатно од неверување. Бев толку смирена цело време, глас не пуштив. Ни солза.
    Седев така склупчена покрај покриениот ковчег и бледо гледав во него и свеќите околу.
    Вујко ми, маж од 40 години на кого таа му беше омилената тетка, седеше во ќоше и липаше ко мало дете. Се обиде да се направи силен пред мене, ама јас бев посилна.
    Јас бев таа што одеше наоколу и им викаше на сите да се смират, а мене всушност ми требаше најголемата утеха во тој момент. Јас изгубив заштитник. И не знам, и денеска не можам да си објаснам од каде таа сила и смиреност во мене. А бев живо детиште.
    Влегов да се преслечам. Компјутерот ми беше вклучен и од мсн-то светкаше порака од другаркава:
    Извини. Не ми се лути. Многу лошо се осеќам. Кажи ми ти дали си добро, те молам.
    Нешто несвојствено за неа т.е. општо за нашето другарство. Дали 2 пати сме се скарале за овие 10 години, но помирувањето секогаш било ладно и со доза на хумор поради таа наша гордост да ја признаеме грешката и да се извиниме. Тоа беше прв и последен пат таква реченица да каже и да ги употреби зборовите извини и те молам.
    Само и’ пишав “Дојди...“
    Не пиша ниту збор и за 5 минути веќе беше пред врата во црно и сета уплакана.
    Тие двете се сакаа ко баба и внука. И знам дека подеднакво исто се почувствува кога го виде капакот. Се задржа за него, сакаше и да го удри, ама немаше никаква сила, само се струполи врз мене и почна да повторува: Знаев, знаев, осеќав, знаев, извини...
    Сета наша дотогашна дрскост, гордост и незрелост, во тој момент ги снема. Бевме само две деца со скршени срца кои се тешеа едно со друго, без зборови.
    Понатаму не раскажувам како течеа настаните...
    Таа веќе била мртва уште пред да излезам вечерта, но не знам и од каде таа сила во мајка ми да изреагира толку природно и да не ми каже.
    Јас сум била тука во моментот кога ги затворала очите, а не сме можеле да се допреме за последен пат. Тогаш можеби беше единствениот момент кога ме обзеде гнев и лутина. Кон мајка ми.
    И’ бев лута, ја одбегнував со денови, всушност, и двете се одбегнувавме, секоја во посебна соба, со својата тага. Ќе беше премногу да се споевме.
    Но, можеби било за мое добро. Бев детиште што може и не беше толку силно ко што мислеше.
    Месеци после тоа, јас постојано ја сонував неа на различни начини. И во секој сон полека умираше пред мои очи, а јас само немоќно липав и се будев облеана во пот.
    Од тој ден станав уште позатворена и потешка за разбирање. Останавме само јас и мајка ми.
    А што кога ќе ја нема и неа? Јас немам баш никој друг.
    Тогаш ме удри сета суровост, се присетив на сите што ме беа напуштиле. За миг им бев лута, но им простив. Ама го добив стравот дека оние што во иднина ќе ми влезат во животот и кои ќе ги сакам, на ваков или онаков начин, ќе ме напуштат.
    Од тогаш и станав спремна да жртвувам сѐ, за да добијам трошка љубов, да осетам како е и јас некому да припаѓам и значам. И баксуз, постојано паѓам на таа мисија. Неискуството си го прави своето. А и кој има да би ме советувал што треба, а што не, ако самата не се изгорам?
    Ги гледав другите како еден ден се со братот/сестрата, друг ден со дечкото, трет соберени фамилијарно, а јас немав ништо од тоа. Постојано им вртеше некој да види како се, каде се...едноставно, знаев дека некој ги мисли, дека тие се потребни некому и дека ќе го имаат тој некој за цел живот. А, кого имам јас? Ми се сруши сиот оптимизам и почнав да го гледам светот низ призма на реалноста. Well...мојата реалност. Пораснав и се свестив.
    Делувам егоистично, себично и саможивнички настроено, ама признавам, тоа е само маска зад која се кријам од толку многу стравови. Стравови кои многумина ги искористија не можејќи да ме сфатат...
    А не барам и не сакам никој да ме сфати. Зошто, за да би ме сфатиле, би требало да сте на мое место, а тоа ни на најтешкиот душман не би го посакала, ни во сон.
    Среќни сте, најсреќни, вие што имате и мајка и татко. Братот и сестрата веќе се луксуз.
    А партнер што ве сака, цени и е секогаш тука за вас? Тоа е веќе премија. Што повеќе сакате вие?
    Ако дотогаш се жуљавев, јас, еве три години кај што се немам саглам исплачено. Не се сеќавам да сум седнала да плачам и да ја пуштам сета болка. Неколку солзи и не можам. Можеби е тоа таа, ме гледа од некаде и ми забранува да плачам бидејќи секогаш сакаше да ме гледа како сум насмеана.
    А, другаркава, од тој момент ми стана сестра. И на километри оддалеченост, едноставно знам дали е добро, дали пак се преправа дека и’ е добро и што точно ја мачи.
    Ама, и таа некој ден ќе има фамилија и обврски, не е исто ко сега.
    Вечерва веројатно си има дојдено дома, ама нека ја, нека се одмори.
    За утре не гарантирам. :devil:
    И извинете уште еднаш за патетикава. Прв пат по 3 години, го “проектирам“ тогашниот ден и се соочувам со своите слабости и стравови.
    Досега се плашев дека нема да имам доволно храброст. Сега знам дека имам. :muscle: :D
    Отидов јас. :hai:
    Имајте убава саботна вечер. :hug:
     
    На Pirana, moliv4e, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    СДК 1: Сочувство до најблиските на Ивана, многу ми е жал. ;(

    СДК 2: Dobro sam. Fališ mi samo ponekad, najčešće pred spavanje... Malo razmišljam o svemu što je bilo, malo zamišljam šta je moglo biti, a ujutru... Ma ujutru, to više nije važno, osmijeh mi izmame sitnice. Sretna sam ja, samo tebe nemam, ostalo je sve tu, nemam se ja za šta žaliti. Dobro sam.. :)

    СДК 3: Nije ona patetik koji će da širi na sva usta da si je povredio, da se baca sa mosta i reze vene. Ne, ona samo ćuti, nasmeje se kada te se seti, ume da je baš zaboli, dosta šeta i luta, i krije sve to što oseća... ali te voli.. :!:

    СДК 4: Малце ме фаќа носталгија за летово, ама чекам школо, не викам не. :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.