Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Неможам да се наситам,не..
    Неможам да се наситам од сутлијаш и цимет.Ниту од од Битлс,ниту од кафе,ниту од него..
    Неможам да му се наситам на животов денес..неможам!
    :)
     
    На Marilyn-Monroe, Strumfeta93, x.Daisy.x и 10 други им се допаѓа ова.
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    СДК дека полека,но сигурно со секое напишано мислење овде, или во некоја тема која дава можност за повеќе пишување, се отворам (емотивно) како булка пред вас, пред светот и не жалам во ниеден случај заради тоа.

    Еве во моментов, почнав да гледам еден филм, и со оие поминати 20тина минути, сфатив дека уживам во толку мали нешта и звуци кои малтене сите сме ги доживеале секојдневно по неколку пати (после ќе ви кажам кој филм сум го гледала). Зборувам за на пр. џврчкање на клучеви, ставање послужавник на стаклена маса, звукот на затворање на вратата, соблекување на палто.
    И тогаш сфаќам дека јас, малиот човек уживам во малите нешта непоштедно.


    Понекогаш сонувам дека сум голем човек, и уживам во големи нешта, но тогаш сфаќам дека ќе го изгубам вкусот на уживањето во малите нешта, и си викам: „Има нешто посебно во тие мали нешта“.




    И има.
    Бидете поздравени, и имајте убав ден. :* :hug:
     
    На Doozy, teddybear, Smilly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Најголемо задоволство во животот е кога ќе го направиш она за што многумина те убедувале дека не си способен. :)­­ Фала ви.
     
    На Serafima, Lady-Cha и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  4. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Тмурно е времето,ама денот е феноменален.

    На овој ден,пред 38 години се родила мајка ми.Жената која ми служи за пример.Жената од која црпам инспирација.Жената која ме мотивира со секој нејзин поглед и која ме милува со секој нејзин благо кажан збор.
    Среќен нека е мамичко се најубаво и да си ми жива и здрава.Сите твои желби нека станат реалност оваа година и сите маки и проблеми нека станат минато оваа година. Те бакнувам :*

    Инаку сакав да ви кажам дека додека сестра ми ке оди сега да се шета,. демек со "другарките" :D и додека мајка ми го прославува роденденот во некоја слаткарница или сендвичара - whatever и додека татко ми работи сега со сета сила и се труди да има повеќе за семејстворо.....јааасс седам на фемина и за некој минут ке станам да се струполам во креветчето и да прочитам некоја страничка од книгата која ја земав уште пред 3 дена,а не сум ја ни фатила...(срам да ми е)! :$

    поздравче до сите и искористете го оваа тмурно и кисело време со читање книгички или пак гледање на некое добро филмче...
    :hai:
     
    На mamita му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Мислев дека постои вистинско пријателство ама не....сум се излажала :x
     
  6. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Што има поубаво од попланевно кафенце под топло ќебенце.Уживам навистина.А форумов ми ја надополнува уживанцијата.Не дека сум стара,но навистина ме подмладувате феминки ;)
     
  7. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Се прашувам до каде стигнавме со тоа што децата незнаат да напишат еден обичен состав по македонски јазик.Постојано се чудам кога ќе видам некој да напише тема со олкави букви КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ,и гледаш хееееелп ми треба состав,кој е човекот и што е,напишете ми за утре ми треба?!!!! :o :(
    Ако ние немавме форуми за да бараме некој да ни напише состав,имавме заслужени тројки,четворки и петки...ни помагале по малку родителите ама најголемиот дел од измислениот состав бил наше сопствено дело.
    Се извинувам што конкретно морам да спомнам,но изникна тема со помош за состав МОЈАТА ТАТКОВИНА,и за брзо време ја снема.
    Добро,и интернетот служи за црпење на информации,ама жално е што не пробуваат ни да прогуглат малце,да направат нешто сами,туку на готово,напишете ми состав за оваа тема.Де бре! :tmi:
    Па луѓе-ученици ако не знаете за татковината да напишете неколку реда,чисто од срце,тогаш незнам од колкава помош ќе ви биде некој со инка да ви стави во главите по некој состав.
     
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Колку убаво ми е денес. Кога станав сабајле, ме чекаа топли печени макарони со сирење, мајка ми и татко ми се втора смена на работа што значи дека до 12 часот навечер сум сама дома. Ајде кој е за журка бујрум. Низ градов почнаа да продаваат по продавнициве, новогодишни украси. Елки, лампиони, светилки, дедо мразовци и елени во секакви големини. Многу, значи МНОГУ го сакам овој период од годината. Си најдов фустанче за нова година, баш како што ми е замислено, многу е убаво :inlove: Најверојатно ке си го купам утре или задутре. За точно 18 дена ми е роденден, а тоа значи дека се ближи времето за тетовирањееееееееееее ]:) Мајка ми пробува на секакви начини да ме одвикне од идејата за тетоважа, ми нуди нови чевли, гардероба, дури и сијање на банско :o Но не, јас си сакам тетоважа и точка. ! Планирам денес да си посветам време само за мене, од маски за лице, до депилација, планирам да се направам тип топ. Не знам што друго да кажам, ај чао :*
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    скд дека во последно време иако не сум активна со пишење кога можам ве читам, и да сакам да кажам дека си ја скртаив косава направив некое флизурче и кој како ке ме виде ми велат дека екстра ми стои-мада и јас сум презадоволна,уште нешто сакам да кажам дека сум ко зомби малку спијам а многу шетам незнам што ми бидна со прасето ми мое нема ден да седиме дома и последица на тоа----грипосена малку :(
     
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Го обожавам FRANK SINATRA и додека го слушам од пуста желба стално си умишљавам дека сум на некој

    нујоршки стрит ........куп можности ах :|
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ми се гледаат цртани, или поконкретно Том и Џери. И не онака мрзливо да кликнам download, него да ги чекам цел ден на Boomerang и да бидам изненадена од тоа кој ќе ми го пуштат, дали тој што го сакам или не? И ете помина времето кога најголем проблем ми беше кој цртан ќе го има во седум.

    Да ми кажеше некој дека еден ден ќе копнеам да бидам дете, ќе го ранев со сукало. Дали се променети моите детски соништа за тоа како треба да се биде ГОЛЕМ или се променети ГОЛЕМИТЕ, не можам да откријам. Луѓето ми се смеат што јадам пудинг со прсти, без да пробаат да сфатат колку е поубаво едноставните работи а ги оставиш да бидат едноставни без компликации од типот лажица.
     
    На Marilyn-Monroe, Tinker-Bell, la-chicka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Луѓе изгледа сите сме собрани на форумот во ова попладне.Но што и друго да се прави.
    Некако полека го добивам она чувство.Кога седиш дома со изгасната струја,телевизорот и компјутерот работат,сите дома спијат,покасно се стемнува.Се потсетува на едно зимско попладне.
    И така си мислам колку брзо минуваат годините.Сакам да се вратам во минатото барем за кратко,да осетам уште еднаш некои моменти кои сум сакала брзо да поминат а сега ми недостигаат.Ех да можев да бидам временски патник :) .
    Животот поминува брзо а ние постојано трагаме по некоја совршеност која не постои а не сме свесни дека понекогаш убавината е во несовршените работи.Животот е таков несовршен,на моменти убав,понекогаш заебан,неправеден,непредвидлив но пак како што гласи еден стих од една песна
    Животот не е измислена фраза,од секоја радост посилен е
     
    На zhap4e и starbucks им се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да ја сфатам поентата на плескање безвезни мислења со 2 збора само колку да се каже нешто и да се набилда бројот. Демек ако напишам 567039750976 мислења за еден месец, фаца ке сум.
    Зошто бре?
    Толку ни е опаднат коефициентот на интелигенција па да неможеме една посложена реченица да склопиме и да формираме личен став? Личен став бе еееј, нешто што секој треба да го има е однесено во виорот на едноличност и затупавеност со единствена цел - да се остане „забележан“ макар и по трескање зелени.
    Не дека моментално нешто ме испровоцирало и не само за овој форум, туку општо на сите форуми владее хаос од зелењаци кои буквално се зачленуваат само за да уништат тема и дискусија.
    Е отров. |(
     
    На AnaKarenina и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  14. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    СДК се зачитав по темава за магии и се наежив да ви кажам... Па и мене некако не ми иде во последно време, можеби и мене некој ми фрлил магија :^)
    О боже... значи вака со нешто кога ќе се опседнам најмногу мразам. :|
     
  15. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Убаво ми е. И среќна сум.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    СДК...уживам во слободниот ден, во топла соба, со книга во рака и чоколаден пудинг.... :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Така се погоди, сите мои најдобри да бидат далеку од мене, физички нели. Иако е само физички, мене ме депримира фактот шо неможе да ме допре нивната насмевка, нашите прошетки се одолжени, како и излегувањето на кафе кое го пиеме со мерак и разговор.

    Ах тоа Скопје... Шо вика сестра ми: Скопје да беше тука... :D

    Мојата Русинка отиде да живее со нејзиниот татко и да добива 10ки. Многу е убава! Има густа коса ко грива, големи очи и сочни колкови. Има некое дамско држење шо го плаши другите, а јас толку го обожавам. Среќа шо дојде овде на една недела. Излеговме на кафе наоблечени, дотерани со шармантни шалчиња и нашите топли разговори. Луѓе веднаш ме врати во живот и ми даде волја да продолжам. Дури и се гушнавме :D а тоа е чудно за нас! Решив деновите максимално да ги потрошам на неа, да не се штедам ами неизмерно да се препуштам во нејзината дружба. Другите не ме интересираат, затоа шо таа е една и единствена. И таа е моето сонце иако има намуртено, дамско држење и има 98343 блокади за влез.

    Ми недостига рамнодушноста на мојот другар кој ме потсеќа на меченце, а многу е слаб иначе. Сакам да му раскажам за некоја моја глупост која ненамерно сум ја направила, а тој да почне да ми се смее и да ми каже дека сум кокошка. Ама многу добри совети дава! Навидум ќе помислиш дека тоа се многу прости, едноставни совети, но пред да си легнеш, кога добро ќе ги анализираш ќе сфатиш дека тој бил во право оти тој секогаш е во право.

    Ма со самото тоа дека знаеш дека тие постојат некаде макар да се и во Африка ти ќе бидеш среќен и ќе чуствуваш некоја топлина. Оти таквите луѓе комуницираат со тебе душевно, те сакаат и те почитуваат на некој си нивен начин и секогаш се тука за тебе!
     
    На Marilyn-Monroe, Doozy, L-enna и 5 други им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Утрово сестра ми купила некој мармалад. Кога го отворив веднаш ми се свртеа низ глава слики од кога бев мала. Кога бевме мали постојано бевме кај баба ми во село. И нели стара жена за да не ни готви постојано, мајка ми ни купуваше еден мармалад, имаше секакви вкусови, а мене омилен ми беше мешаниот и оној од јагоди. Послатко нешто од тазе печен домашен леб, намачкан со маргарин и мармалад ми немаше. Така со сестра ми уживавме во различни вкусови секоја недела, но една недела кога дојде мајка ми не донесе мармалад. И деца ко деца се разочаравме зошто не донела, а оно немало во продавницата. Не е ни битно, го барам мармаладов со години и утрово конечно допрев до него. Истиот вкус како и тогаш, само тегличката е изменета. Уште топол леб ми фали за да се навратам целосно во детството.

    Дојдов друго да кажам ама мармаладов до мене винивен е. СДК дека обожавам да се шегувам на сопствена сметка. Ако се шегувам на туѓа, тој другиот може да се налути и ништо од смеењето,а вака барем убаво ни е, се смееме и никој не е лут. Шегувајте се луѓе.
     
    На Magnolija, zhap4e, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  19. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Сега пред некоја минута купивме на сите грепки и ми текна кога баба и дедо ми купува од сите грепки по една, па кога се падне-кога не. Исто ми купуваа и бинго па се гледаше редовно бинго со Игор Џамбазов. :lol:
    И само на брат ми му се паднаа 30ден. купи уште една и беше недобитна и плачеше. :rofl:
     
  20. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Ќјор ден некако.....темници уште од 3 поручек....незнам кога станвам кога легнувам појќе... :^)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.