Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    660
    СКД- дечко ми денес беше Скопје и бараше стан. Ме разбуди во 11 часот со убави вести, најде станче. Станот е во центар ( за мене супер, за него е далеку ) потоа ми кажа дека е премногу добро уреден и дека е н 5 кат, но за среќа имало лифт. Ќе одел кај роднини, па утре ќе одел на шопинг да купува патики и блузичка, кошула и вечерта ќе си дојди...Јас се разбудив во 11 часот и се јавив најпрво на другарка ми, и неа ја разбудив...но ќе ми прости...потоа се јавиви кај татко ми му кажав дека дечко ми најде стан...и супер и тој и мајка ми се израдуваа :D за еден е по 130 евра, не е ефтино..но е прекрасно станчето ( како што ми кажа ) потоа излегов да го шетам кучето низ град, па ја начекав братучеда ми и ручав пица ( ах, одамна го немав почуствувано тој магичен вкус на пицаатаааааааааааа м м м мммммммммммммм м м ) потоа дојдов дома, мајка ми со 2045858821000 прашања на минута...како си ? кај беше ? со кој беше ? јадеше ? бла бла бла.... се туширав и потоа легнав, сега пред 35 мин се разбудив и мене некој ме разбуди на телефон :D а тоа беше другарка ми :D а сега за сега, ќе се се досадувам дома...тие што ќе излегувате, убав помин :*
     
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Овие натрапници постојат, сите го знаеме тоа :devil: :devil: :devil: :devil:
     

    Прикачени фајлови:

    На Buttterfly, phoenix4235, blaa и 9 други им се допаѓа ова.
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Го најдоов!! Се скрило некаде во спалната неранимајко :P И таму преспало цел ден. Шекерче мое :inlove:
     
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.815
    Допаѓања:
    17.821
    Читам починал и Нил Армстронг. Лесна му земја.
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.995
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ваква сум. :|

    The world fascinates me. Мужи ко ќе се навредат, полоши од жени се.
    Одма инстант прават да се чувствуваш виновен,злонамерен.
    Ќе те осудат, ќе те набедат, ќе те натераат да се запрашаш шо заправо си мислел.
    Абре ние жените ко ќе се налутиме само прчиме муцки и после три дена сфаќаме за што се лутиме.
    Вие што сте биле специфични, ееееееее :rofl:
     
    На kravce, cinderella5 и 1209 им се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сдк ме фака страв :( никогаш не сум имала проблеми со кожата на лицето, нормално ми беше да имам по една до две акни пред да добијам но ова ептен ме загрижува.
    Забележав многу ситни брумчиња,едвај се гледаат но ете им текнало да ме плашат, се прашувам од што се дали од жешково, често го мијам лицето, немам мрсна кожа а се појавиле.
    И баш онака на вино место од страните на образите и слепоочниците и малку по вратот веднаш под вилицата, ме фака страв да не прераснат во големи акни :(
    Само уште тоа му фали на лицево покрај пеѓиве.
    :(
    Има некој на форумот што му се има случено вака :?: Некој совет ? Се тешам дека е од жешкото но кој знае :|


    Инаку сабота како сабота ме дрма некоја чудна енергија,сталожено,сталожено...пробувам да дишам.
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Имам и јас од страните на образите и слепоочниците, а отсекогаш сум имала мазна и чиста кожа. Кој знае од што се појавиле, можеби се од жешкото. Црвени се и не се многу големи. :worried:
     
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Цела сум замотана во Љубов. Убо ми е.. не ме будете.. другото ќе му ја мислам..
     
    На kate21, lunicka, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК во моментот собата ми е ваква

    [​IMG]

    Де ова требало,де друго ќе затребало |( Вади,стави....Веќе 12,а сеуште се немам спакувано :o :tmi:
    Мачна работа е ова,посебно ако си женско,ставаме работи кои нема ни да ги облечеме како ,,за секој случај" или ,,може ќе заврне"...
    Море доста лопотам,ајде да завршам па да си легнам :fubar:
    Ќе се видиме за неколку дена :* :hai:
     
    На bluegirl7, PinkGir123, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК доста беше распуст за мене. Утре конечно си одам во Скопје.
    Па пријавувам, ќе ме нема низ феминава недела, две Во Скопје немам интернет и баш поради таа причина си одам. Дома, демек учам и тешко ми оди! :lol:
    Еден пасус од книгата ќе прочитам и одма фемина, уште еден пасус скајп и така до недоглед. :lol:

    А и лажам до негде! :$ :!:
    Си одам и заради друга причина!
    ...си одам за да сум поблиску до него, во километри, ако не поинаку.
    Си одам со надеж дека на 29ти, во среда, на мојот роденден, ќе бидам со него. :wasntme:
    Ако тече се‘ според плановите ќе бидеме заедно на тој ден, кој за мене секако си е посебен. Јас го славам исто како што тоа го правев кога имав 5 години.

    Како било, ќе видиме... Мене вечерта секако ми е резервирана за омиленото ми друштво, тие 3ца кои секогаш се тука за мене. Чаша вино, два три реда муабет и торта-секако. Доволно (или пак не, ако тој не биде со мене?! :^) )

    Мене најбитно ми е тој ден да го поминам со некој стварно што ме почитува и цени, ваква каква што сум. А знам дека мојот А. и тие 3ца се вистинските личности, за да јас среќна си ја пречекам 22рата година.

    Моја желба до роденденот ми е тој да дојде, тој да е со мене, да се гушниме и прв да ми го честита. :$
    А после роденденот, т.е. точно во 00:00, е за тогаш си имам посебна желба!...Истата веќе три години! :lol:

    Отупев со роденденот, ама кој е сведок лани колку торти само тука постирав, знае колку сум среќна на тој ден! :rofl:


    Ве гушкам! :hug:
     
    На bittersweet, Adi888, pupi.girl и 15 други им се допаѓа ова.
  11. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    409
    Како може,не ми е јасно, луѓето да наоѓаат задоволство во туѓа мака и да потенцираат нешта кои ги немаш, а тие ги имаат ?

    Дали е тоа проклета љубомора или само желба да те симне на дно..?!

    Патетична и досадна сабота зачинета со добра музика,одличен десерт и лоши мисли.
    Ама има надеж, знам дека имам пат до успех. ТОЈ ме води по тој пат. Тој ми дава надеж,ми дава мотив и желба. И љубовта кон него ми е посебна и единствена. Ти благодарам што си тука за мене !
     
  12. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Стравот од најлошото е многу поужасен од сигурноста во најлошото.
     
  13. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Ние... колку долго не сум го слушнала тоа...
    A фино би било... сега кога сите се заљубени...
    Нешто за мене дедо Боже? Не, а? :?:
     
    На M.a.r.i.l.y.n, kravce, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Да има поук опција би го боцнала Dvolicen :lol: :angel:
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Тууууу парадокси решавам во доцни вечерни часови. Уствари, хистеричното паничење на мајка ти кога не се јавуваш на телефон е истото хистерично паничење кога дечко ти не се јавува на телефон. Жените се мрднати. И би требало да им се забранат телефони.

    Јас искрено, не ја гледав Олимпијадата. Арно ама, ми текна да гледам некои клипчиња, делчиња од неа, а и видеото на Мјуз е многу добро.
    И да ви кажам, јас никогаш у животов не сум се чувствувала побезвредно од сега. Значи, има луѓе кои се бест оф д бест во нивното поле, блиску до совршенство, луѓе кои всушност прават нешто со својот живот и тоа нешто е прекрасно, тие се факинг прваци, победници на Олимпијада, најдобри на целиот свет во нивното поле...и после ме има мене, денгубам по цел ден.
    Но не е се така црно, има по малку тегет, и да продолжев да се бавам со спорт, сепак сум од Македонија, а сите знаеме на што сме осудени ние тука. The world is cool again.

    И, има посебно место во пеколот (кога веќе почнаа сите да набројуваат посебни места во пеколот) за луѓе што не враќаат на пораки или само титкаат. Пиши будало!
     
    На 1209, Tenkai и anabel-a им се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    9.997
    Пол:
    Женски
    Денес цеееел божји ден читам,читам и се фаќам како само блеам над книгата...Една реченица ја читам по десет пати и пак ништо неможам да запамтам,а сум го читала материјалот и јасен ми бил,го знам.Сепак,мисливе ми летаат...кај што не треба :doh:
    Преѓе излеговме со мајка ми онака до "новиот пазар",да прошетаме и да купиме благичко и додека одевме на таму,гледам луѓе околу мене,ние одиме по патеката,мајка ми ми зборува нешто што неа ја мачи,јас ја слушам дофрлам по некој збор и одеднаш одам и како ништо да не постои околу мене,блеам во далечина онака,кон семафорите што не се ни познаваа,без да трепкам и се замислив...Не ја слушав веќе ни мајка ми што зборува,само одев механички...Си помислив,чудно,но овој пат јас ништо не чувствувам,ни сум на небо,ни сум на земја,ни тага,ни среќа,онака тотално изгубена...Не затоа што не чувствувам се сеуште,не дека не го сакам,ама сфатив некои работи и овојпат знам,за ништо не сум крива,не сум била и пред тоа,само некој си поигрувал,а јас,јас секогаш се замарав да не згрешам некаде,да не го повредам,да направам се најдобро,секогаш Тој место Јас,т.е. Ние. Досега мислев двата сме виновни,а и двата неможевме ништо за да смогнеме и со обврските и со врската,секогаш двата наоѓавме време и се,а сега...веќе подолго време не е така.Веќе подолго време јас бев таа што се труди.Веќе нема.Нема само јас да бидам таа што ќе ја одржува оваа љубов. Ама тоа љубов ли е? Ова испаѓа: Ние двајца сакаме исти работи,јас тебе,а ти себе :^) Епа ќе почнам веќе јас да си се сакам себе си повеќе. Кога нема баланс,разбирање,почит и компромиси,љубовта е недоволна.
    Денес баш вака се почувствував во оној момент...
     

    Прикачени фајлови:

    На fallenangel, kravce, Feminkaa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам нешто, но и јас самата незнам точно што. Во моментов немам никаква инспирација...
    Во неколку наврати почнувам да пишувам нешто, ќе стигнам до некаде, бришам... И пак од почеток...
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Мразам луѓе кои шират негативна енергија, мразаааммммм!!
    Као, ја знам се, иронија во раскош, и многу ама многу негативност која вришти на сите страни. Добро бе, вие таквите да ве прашам, за што живеете? Што ве исполнува? Кон што целите?
    Фуф!
     
    На Elennaa, julie77 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  19. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    лелее како ми се јадит, не вечерав, сега на фб видов една слика со палачинки, ме фати инает сега ќе одам да си направам ]:) кај е видов сликата во 2 часот ќе јадам ако ме види некој ќе ми се смее :$
     

    Прикачени фајлови:

    • PIC_5402.jpg
      PIC_5402.jpg
      Големина на фајлот:
      74,8 KB
      Прегледи:
      152
  20. rainbow16

    rainbow16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    22
    Сакам да прашам уствари.. каде исчезнаа фините, убави момци и плус да немаат женски? Има ли воопшто такви? :^) Или јас немам среќа,или па сите решиле да си фатат женски кога јас сум слободна. |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.