Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ахх дечки полно ми е срцево Х ми пиша порака, уфф ме растопи целата :$ :rofl: :rofl: :rofl:
    мислев ме заборавил ама сум се излажала :rofl: :rofl:
     
    На Serafima, TheCandy880, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Не бев присутна на форумов неколку дена, денеска се уклучувам и ја гледам веста за Ивана...Не ја знаев лично, ама ја читав, и ниеднаш не приметив дека е болна од такво нешто, прво помислив загинала во некоја сообраќајка или слично...Нека почива во мир.Жално, стварно жално еден млад живот да згасне на таков начин, којзнае како им е на фамилијата и најблиските...И не е само таа, колку има луѓе што се борат и не успеваат да се излечат.Имав и јас еден тетин што боледувал од истава болест, починал пред да се родам, никогаш го немам запознаено, само преку слики...Којзнае како им било тогаш на тетка ми, на братучедките, едната 6, а другата 2 години...И сфаќам дека моите проблеми не се ништо во споредба со овие, дека треба да сум среќна што имам семејство, што сум здрава и права, што имам за леб и кров над глава, додека некој се бори за живот...
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека е многу непријатно кога носиш маичка со натпис и пола друштво ти се загледува таму кај што не треба и дреме пола саат. :wasntme:
     
    На crazylady, blond, happY-smiLeY и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Се е ствар во навика ...после се е лесно ...зар не ?!

    Денов го испратив со сладок , топол изваден од рерна џем ...нема ништо поубаво од чаша млеко и кришка со џем а во меѓувреме леташ негде далеку со мислите .. тивко како од далеку само ја слушаш вообичаената гужва и тивката музика ...

    Руските зборови ме опиваат ..одсекогаш ја сакав ладната Русија , се надевам еден ден и мојава нога ќе стапне во тие криишта ..
    http://www.youtube.com/watch?v=QA3fZhQ2aQY


    (All by myself
    Don't wanna be
    All by myself
    Anymore)
    http://www.youtube.com/watch?v=gq28UQmxDnw
     
    На mims-89, kravce, tigerlady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. PunchMarmelade

    PunchMarmelade Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31
    Еееее....таа моја РУСИЈА!
    :inlove:
    Ако нешто е јас..тоа е Русија.
    Ако нешто е јас,тоа е снегот,студот,осаменоста,топлината во Рускиот дом...
    Ми недостига сето тоа...

    Суровоста на Русите,проституцијата по улиците,дрогите,руските пцовки...
    Колку се тоа е...ех.
    Ми недостигаш Русијо!

    Ми недостига тој живот.
    Сакам повторно да се вратам..но ќе сменам нешто.
    Ќе сменам големи нештта...но што? Тоа ќе нема да бидам јас.
    Русија...
     
    На mims-89 и 1209 им се допаѓа ова.
  6. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Тешко дишење, болка, солзи, модрици по рацете, скршено срце...
    Кога безмислосно ти удира шамар, те турка на земја, со рацете се обидува да ти ја затвори устата..... Човекот кој највеќе на светот го сакам, тој, ТОЈ го направи сето тоа. Само поради тоа што испив некоја чаша повеќе, не можеше да ја контролира нервозата, па се најдов јас таму... Сите зборови, се што ми кажа.. Моите солзи, моето искрено извинување, мојата молба да ме гушне , а тој, продолжуваше понатаму да ме турка.. Се се случи пред 2-3 часа, а неможам да ги сопрам очиве... Мислев дека ме сака, од каде оваа агресивност. Првенствено ми е жал за самата себе, што го дозволив сето тоа и што верував дека ме сака. Потоа за него... глумиш одлично :clap: има сериозни проблеми штом го прави сето тоа на неговата девојка. Со солзи во очиве го пишувам ова... Утре е нов ден, ќе ставам крај со човекот што премногу го сакам, но знам дека и за двајцата така е најдобро. Жал ми е што го стори тоа, кога барав само прегратка... Жал ми е за мајка ми што ме виде со искината кошула и со модрици, со солзи во очите... Толку трае мојата среќа... Се прашувам што ќе одговори кога ќе го прашаат зошто не сме заедно... Господи те молам дај ми сила да поминам низ ова. Ништо повеќе не барам. Избриши ги сите убави спомени,,,зошто болат. Ме боли тоа што те сакам :l: Но кога ги погледнам модрициве... сета љубов се претвора во омраза. Ти посакувам среќа во животот, мада мојов не требаше до толку да го уништиш вечерва.. Ти благодарам за убавите моменти, беше најдобриот дечко што сум го имала, со најмизерниот крај. Штета што не ставив крај на врската уште вечерва... штета. Знам дека ќе продолжиш без мене како и да не сум била нешто во твојт живот... Со среќа мој Б !
     
  7. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Предмалку, името ми беше Слабост.
    Презимето - Идиотска.
    За миг. И не знам дали требаше, ама нека.
    И не знам дали вредеше, ама сеедно.
    Барем јас чувствувам чистина и леснотија во душата, а тоа ми е најбитно.
    И воопшто немам намера да се трујам со негативности, најмалку против своја волја.
    Ноуп. Зошто, убаво рекле...
    Ако сакаш да се одмаздиш, почни да копаш два гроба.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Добро ви утро,јас сум Луничка и моментално личност со најпразен новчаник на светот. :tmi:

    Сношти замислете (ако не се смета она на одмор,а не се смета)после не знам колку време,излеговме со пријатели на плоштадот каде се одржува тамбурашкиот фестивал.Пиење на пивце од нога,прождерување со сендивичи,зборувам за маж ми, неизбежната розева шеќерна волна за мене. :smirk: .мрчење зошто нема и вакво и онакво пиво,цупкање во место,сретнување на познаници.Се на се убаво.Ама кога се вративме дома и седнавме со овој мојов да се преброиме колку имаме шушкави зелени ливчиња.Гром по душа што се вели.Тингл сме бе :!: .А има уште толку многу трошоци,огрев,децава да се спремат,нешто зимница да се стави,сметки...искрено го мразам септемри зашто е голтач на пари.Си легнв со [​IMG] вакво лице.Кој ѓавол ме тераше да молерисувам и да ставам ламинат.Сега ако снемаме за јадење ќе почнеме да грицкаме од него.Уф бре.... :envy: А мене опасно ми се плеткаат во глава сребрените обетки и нараквицата.Ќе мора да ја заобиколувам продавничката и да заборавам на нив... :(

    И така ми останува да се нурнам во денов,кој патем пак ќе биде пеколен,и да мозгам како ќе се преживeе
     
    На Bright, Divinebutterfly, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    СДК...денес некако посебно се чуствувам. Полна со позитивна енергија. Пееме со сестра ми,играме :lol:
    И потоа одиме на Етно село :dance:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    СДК дека со секој поминат ден се повеќе луѓето несвесно ми докажуваат колку дволични се!
    Пример
    3 другарки
    2 со дечко, едната сингл
    3те седат заедно
    1та се жали за некаков банален проблем со дечкото
    оваа што е сингл ја советува да се скараат! Ејјј каква другарка, одоколу и врти и вели скарај се бе скарај се! И ја полни главата со глупости! А другава не забележува дека тоа не е искрен совет, не ја забележува злобата и љубомората! Не сфаќа дека другава ја советува така за да не биде само таа без дечко, што воопшто не е оправдување!
    А пази двете се најдобри другарки
    И тука 3тата истапува на сцена и трезвено размислува и ја советува дека не треба секоја ситница со раскинување да се решава, дека тоа е само излез и дека така една врска не функционира и дека во секоја врска има кавги...
    Помина време, таа што е сингл сега има дечко, двете сеуште се најдобри другарки, но едната никогаш нема да знае колку другата и е љубоморна и на облекување и на однесување и на изглед и на се со ред. Никогаш нема да знае затоа што третата нема да и каже. Затоа што третата повеќе не е другарка со нив, само пријателка, на третата не и требаат дволични личности во животот! Третата знае што едната зборуваше зад грбот на другата.
    На третата одамна и е преку глава од сплетки, игри и дволичности. Третата не е повеќе дете и на третата смачено и е да биде трета!
    Третата сфати дека на многу други им е прва во животот! <3

    еххх живот
    :)
     
    На monni.t, M.a.r.i.l.y.n, Chivas и 8 други им се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк недела ден за минување со семејството.

    Ја сонував бабичка, си седеше на нејзиното местенце на терасата, од како почина често ја сонувам и тоа баш во оние денови кога ми е тешко, ме мачи некој проблем, плакам, или сум болна.Верувам дека ме чува и бдее над мене понекогаш чувствувам како сеуште да е овде и дека ако излезам на терасата ќе ја најдам таму со пешкирчето на нозе и како лупи компири, ги правеше најубавите пржени компирчиња.

    Ја сонував како ме советува за еден проблем што ме мачи неколку недели, ќе ја послушам и кога ќе имам можност ќе ја посетам до нејзиниот вечер дом. Ми фали !
    Ми фали секое нејзино Добро утро, секоја караница со неа, секој разговор и насмевка, ми фали нејзиниот глас да ме потсети на некоја стара песна, ми фалат нејзините приказни од млади години...


    Недела ден за одмор и семејство.
    Господ ни дал на сите по нешто свето, да го чуваме она што го имаме.
     
    На lovely91, dunika, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Еднaш еден професор ни раскажа една сторија. Купил поликолор и земал да варосува еден ѕид. Го поминал неколку пати и го гланцал цел ден, за да изгледа совршено бело. Откако ја постигнал целта, со маркер ставил една точка во средината и ги повикал своите дома, сакајќи да ги тестира. Кога ги прашал како им изгледа ѕидот, дали добро го изваросал, затоа што се мачел цел ден, а тие сите го прекориле заради црната точка. Не забележале колку добро и прецизно се потрудил да го вароса цел ѕид, туку се фатиле баш за точката.
    Епа така е и со сите нас. Цел живот на некого ќе пу помагаш, ќе се трудиш околу него и при најмала грешка, ситница ти ги заборава сите добрини и одма се фаќа за грешката.
    Ееее мојот чудесен народ во земјава...
     
    На zarah, Buttterfly, Peppermint и 35 други им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Кавијар за капење, лежење во када, слушање релаксирачка музика...
    Излегувам така завиткана во голема крпа, се огледувам, уживам чувствувајќи се ептен секси, да не речам classy и одеднаш во кујната здогледувам тавче гравче :^) .
    Така убаво направено, топло, со мевце, суви пиперки, а до него шопска салата, оставено само за мене :wasntme:

    Се најадов мераклиски и сега се прашувам дали добрите девојки го прават ова :wasntme: ?
    :D
     
    На zarah, Peppermint, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... Ептен интересни факти ...

    Уште во градинка почнувате да сфаќате дека животот не е фер. Колкупати омилената играчка ви ја земало неке друго дете, колку пати некој друг добил подобра оценка без труд, а вие учевте цела ноќ и ништо, колку пати друг ја добил работата од вашите соништа...?


    Следат 8 причини зошто животот не е фер

    Љубовниот живот не е фер

    Ретко(скоро никогаш) некој завршува среќно засекогаш во брак со љубовта на својот живот. Некој друг ја добива девојката/момчето од вашите соништа.

    Убавината е предност

    Убавите луѓе секогаш полесно се пробивале низ животот. Сите знаеме дека генетската лотарија никогаш не е фер. Иако сите велат дека не треба да се суди по надворешниот изглед, сепак тоа е само фраза. Факт е дека убавото лице и згодното тело ќе ви донесат голема предност.

    Вие имате привилегија кај вашиот најдобар другар

    Ова е една од позитивните ситуаци кои не се фер. Пријателот не ве третира еднакво како сите други и фала богу што е така. Доколку имате обврски кои треба да ги завшите на неговото/нејзиното работно место секогаш вие ќе ја имате предноста пред другите.А тоа не е лично поради вас туку поради вашето пријателство.

    Интелегенцијата неправедно е распределена

    Колку и да сте паметни секогаш има многу други луѓе со далеку повисок коефициент на интелегенција од вас. Постојано гледаме мали деца кои се не запрепастуваат со својата интелегенција. Колку за утеха, во животот има уште еден факт кој не е фер. Начјесто глупавите луѓе успеваат во животот релативно брзо, бидејќи нив не ги мачи совест ниту пак кај нив е развиен рефлексот за двоумење.

    Славните лучности не работат многу

    Телевизијата ја има моќата да ги направи славни и луѓето кои немаат талент, квалитети, вештини а ниту пак манири.едно реалити шоу може да исфрли многу „ѕвезди“ иако тие тоа воопшто не го заслужуваат. Во минатот за некој да се појавеше на телевизија мораше зад себе да има голем труд и навистина да вреди како личност.

    Непотизмот е насекаде застапен.

    Многумина го помешуваат непотизмот со корупцијата и го сметаат за негативна појава. Но јас сметам дека воопшто не така. Непотизмот во суштина е борба против корупцијата. Многупати посакуваме да исчезне непотизмот,но внимавајте што посакувате.

    Арогантните луѓе обично успеваат

    Гласните луѓе полни со самодоверба секогаш успеваат да ги победат срамежливите дури и кога не се во право. Во нашето општество најчесто скромниот и праведен човек е победен од харизматичниот.

    Вашето семејство ве сака дури и кога не го „заслужувате“ тоа

    Ова е една од работите кои не се фер, но се позитивни. Какви и да сте вашето семејство секогаш ќе ве сака и за нив вие ќе бидете најдобри во се.
     
    На lunicka, dunika, fallenangel и 4 други им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И така ви викам, јас дома на моиве често им пишувам пораки и им ги лепам на огледало, на фрижидер, или на врата. Им напишав и куќен ред, го испринтав на голем лист и го закачив на фрижидер, ама никој не го почитува!
    Сестра ми ми рече дека ќе направи колекција од моите пораки и ќе ја испрати на Мотика.
    Последната им ја напишав за да ги искарам што оставаат чевли во ходник. При толку шкафчиња, они на плочките ги оставаат. Мрзи невидени! И земав на огромен лист напишав: Не паркирај чевли, бушам ѓонови! И листот го закачив во ходник.
    Се смееја што се смееја, ама таму веќе не ги оставаат.
    Mission accomplished!

    Сега се спремам една порака да и залепам на сестра ми на чело, затоа што не го чисти машинчето за нес кафе. Има сите во ред да ги доведам! Што би рекле во кочанско - Да се знае чиво куче точАк вози! 8)
     
    На Libera, zarah, Buttterfly и 25 други им се допаѓа ова.
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Денов го поминав спиејќи :devil: и се затоа што синоќа незнаев да си легнам порано :fubar: туку вампирев по дома, де јадев, па пиев вода, де нешто благичко
    И кога конечно во 15 до 5 се измолив да гасам компијутерот и да си легнам, мајка ми стана за на работа, ви вика: епа чим си будна стави кафе и елај у двор да пиеме :)
    и така ја си ја испатив мајка ми, на тв си најдов добро филме, го догледав и во 7 ми помина желбата за спиење, станав дома исчистив, спремив појадок за брат ми и сестра ми и во 9.30 си ја гушнав перницата па се до сега :x :x :x
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Мозгање на теорија на хаосот како тема за дипломска. Хм... Потешко не можеше да биде.
    Ама ако. Со задоволство ќе ја изработам.

    А тој...Турната во неговите прегратки во глувата тишина, ко сунѓер впивајќи го целото негово битие, ми прошепоти: Ова е љубов, те љубам! Ах :angel:
     
    На zarah, Bright, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Јас и ти ќе си простиме, ама Скопје никогаш...
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Тој за мене би го пропешачил целиот свет. Одејќи и по камења, по трева и по трња... Тој за мене би влегол и во оган, тој за мене би направил се.
    Знам колку ме љуби, знам! А јас си играм.
     
    На zarah, Serafima, tweety26 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.