Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Утре добивам нов мобилеееен јејеје :D Тоа е добра вест, а лошата е што...

    добро до кога луѓево ќе мислат дека таква им е судбината, дека тоа така требало да биде и дрндрндрн? Па сами си ја кроиме судбината бре! Секој сам си ги сносува последиците од своите одлуки, АЛООООООО! Па ви људи морате да пропаднете. :tmi:

    Успех или не - на нас останува.
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.480
    Допаѓања:
    17.186
    Не е.
     
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Ги мразам ваквите денови...кога сакаш да плачеш а не можеш..причината за тоа се лоши зборови...како отров се...ми се разлеваат низ крвотоков...мислам крвта застанува ...ама не...тие продолжуваат да трујат и да ми го мачат срцето...зошто мајко моја си таква...не барам од тебе скапи поклони,само немој такви зборови да ми упатуваш,немој да ме чувствуваш како товар.Знаеш дека те сакам најмногу на свет,за домот кој ми го даде,и храната.А јас само сакав кога ми беше потребно да ми бидеш ветар во грбот,да ми влееш самодоверба.Никогаш не изусти за мене убав збор,никогаш не ме пофали.А бев навистина добро дете.Животов ми се разбранува во втората половина,тогаш кога кај сите други коцките се наредени јас успеав да ги срушам.Ама кај мене никогаш ништо не било вообичаено,ниту моето настанување,ниту мојата судбина...Ама јас сепак те сакам иако знаеш да направиш или да кажеш нешто што ќе ме заболи...Ќе преминам преку тоа ,а знаеш ли зошто?Зашто јас едноставно немам друг корен позади себе.Не знам која сум,не ја познавам мојата вистинска биолошка мајка.Ти беше тука да ме исчуваш,да ми дадеш покрив над главата.И ти благодарам заради тоа.Можеш да ми кажеш што сакаш,да направиш што сакаш,јас повторно ќе ти помогнам да се искапеш,да ти ја офарбам косата,да те снабдувам со се што ти е потребно.Зашто ми помогна во чувањето на децата,зашто само тебе те познавам како мајка,и тоа ќе останеш,ма колку и да си студена спрема мене.А јас ќе молчам зашто немам сила да се препирам со тебе,се плашам за твоето здравје.Те сакам мајко.
     
    На zarah, teddybear, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    СДК ви Благодарам за убавите честитки, и за тоа што издвоивте време да ми честитате, навистина ми го направивте денот уште поубав :* :hug:
    Еве девојки почастете се
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  5. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    СДК дека ја обожавам Антена 5
    мислам дека е најдоброто радио во МК
    НО, секогаш постои тоа НО
    абе само до мене ли е?
    Не можам, ама стварно не можам да ги поднесам радио водителите со нивниот, не она не е акцент
    кој знае што е
    абе вие македонци ли сте или што сте?
    Зборувате како братучедата од шесто колено која е дојдена од Австралија во Македонија па го крши јазикот леле мајкооо... стварно еден голем минус!
    И сето тоа е од глумење и преправање!
    Се сложува ли некој со мене ?
     
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...Крушевчани, ако ве има на форумов, да си знаете, пољубезен и гостопримлив народ од вас, нема.Многу сте ми слатки и се одушевив од вашиот град, по незнам кој пат.И уште еден најголем поздрав до келнерчињата во Скар, си знаат тие зошто :lol: :*
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Me mo\am ve'e ne mo\am ;( ;( Сите проблеми се на мене До кога веќе до кога? :( ;(
     
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    СДК ова ми е еден од оние мутави денови кога не знам што со себе. Мисли летаат низ главава, те добри, те лоши. Ќе се насмеам на некоја глупост што ќе ја направи кучево низ дома, а минута потоа ми доаѓа да заплачам. Во ПМС не сум, така што стварно не знам зошто ми е вака. Ќе ми текне на тоа каков ми е животот моментално и уште колку малку ми треба за да бидам среќна. А потоа веднаш следи мислата дека јас веќе сум среќна, среќна што имам семејство, што брат ми е меѓу нас и што храбро помина низ се’ што му се случуваше. За чудо, храбра бев и јас во тие моменти. Толку храбра колку што не бев ни свесна дека можам да бидам во таа сага проследена со неизвесност, тешкотија, тага, беспомошност...

    И ден денес мислам дека добро, всушност одлично се носев со тоа што се случи. Сега е готово, но ете во вакви мутави денови ми доаѓа потреба да ги вртам настаните во глава одново и одново. Ми доаѓа да плачам, но нема. Не затоа што не сакам, туку затоа што нема потреба. Се’ е добро кога добро ќе се заврши, а се заврши и тоа. Не сакам да се навраќам. Сакам да останам фокусирана на сега и денес. Па и на утре. Подобро да мислам на иднината отколку на минатото. Сега сфаќам колку многу всушност јас можам да поднесам, колку многу можам да бидам храбра, истрајна и да не губам верба. Бог ги слушна моите молитви во тие тешки моменти и ни помогна мене и на моето семејство. Знам дека ќе ги слушне и овие кои му ги упатувам сега. Знам дека ќе ми помогне. Еден е. Голем е.

    Се извинувам за постов, ни сама не сум сигурна што сакав да кажам, но морав да се искажам. Безредие владее во мене, хаос. Се надевам дека на крај и за мене се’ ќе заврши добро.
     
    На anabel-a, kravce и julie77 им се допаѓа ова.
  9. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Не има бе, како не. Ее, кај не нема нас? :D
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Аххх Господе! Зошто ги земаш најубавите и најдобрите, млади души??! ;(

    Почивај во мир Б. ... знам дека ти ќе бидеш најубавиот ангел горе :(
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да му кажам на ова лето Благодарам најмногу, ова лето моите соништа се исполнија и мојот живот се менува за 360 степени.
    Благодарам за новата шанса, ќе се потрудам и ќе го дадам најдоброто од себе, ќе се потрудам да ги оправдам овие промени, ветувам!
    Благодарам за љубовта на мојот живот, благодарам за остварување на мојот сон да заспиваме испреплеткани со рацете и да си дишеме еден со друг во лицето секоја ноќ...за секое утро да се разбудиме заедно без аларм и да го растопиме и разнежниме самото утро... :)
    И Благодарам за прекрасните 3 месеци, кои конечно ги искористив мудро, сфатив што всушност значи одмор, психички и физички, за мудро донесените одлуки во врска со многу пријателства кои проклето лесно се скршија, и за моите најмили, кои и во сон за 3 секунди ќе ги набројам, зашто знам дека тие се мои луѓе, мои.
    Јас сум пресреќна!
     
    На Buttterfly, bittersweet, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Многу сакам да се офарбам црвена, ми лежи желбава на срце веќе неколку месеци и никако да си ја исполнам. Сега во септември обавезно ќе си ставам колор шампон да видам како ми лежи (ако ми се фати, а не само да добијам црвен отсјај |() па после ќе се исфарбам и не ми е гајле за мајка ми, на крај краева, моја коса е тоа. Единствено во оваа моја идеја ме поддржува тој, а и знам обожава црвенокоси, не дека јас тоа заради него ќе го правам де.

    Чувствувам дека со текот на времето се променив, т.е тој ме промени ама не велам дека тоа е лоша работа, некако почнав да ги ценам вистинските работи во животот.. и додека порано неможев да поднесам thrash metal, сега веќе ми е сеедно кога ми пушта, дури и јас почнав да слушам рок и метал во последно време. Никој не успеал да допре вака до мене како тој. И рекол на другарка ми дека ме оправил до негде, ама имало време. Ех, да, во право е.

    Туку, едвај чекам да ми помине инфекцијава или што и да е и да одам на еден шопинг а потоа ако можам да отидам на 2-3 дена кај братучетка ми, сигурно супер ќе си поминам. И така..
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.530
    Допаѓања:
    251.625
    Премногу депримирачки и депресивни постови има на форумот.
    Зарем се е толку црно, зарем мора да пишуваме само за лошите работи?
    Со месеци ретко среќавам убави и ведри постови.
    Ве читам и се депримирам, и наместо расположена и релаксирана, јас со горчина го напуштам форумот.
    Се мислам дали воопшто да продолжам да го читам.
    И мене не ми е животот мед и млеко, и јас имам свои проблеми, и јас секој ден слушам за тажни приказни. Всушност работам со луѓе, каде што секојдневно гледам колку животот знае да биде суров.
    Ама не коментирам овде.
    Се обидувам да ги скролам ваквите работи.
    Сакам да мислам дека сеуште постојат убавини, дека сеуште има радости.
    А има. Малку се, ама доволни. Впрочем ситниците се битни.
    Не велам дека не треба да се испарзниме некогаш, всушност затоа е и форумот, но не во секој втор пост.
    Ми се чини, срцекршачка е најведриот лик овде.
    Доста со црнилата, доста.
    И овде и на фејсбук!
    (постот не се однесува за тажниот настан што се случи деновие)

     
    На Buttterfly, bittersweet, Elenuskaa и 20 други им се допаѓа ова.
  14. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Абе што глас има сестра ми, уште е мала, ама кога ќе заплаче цело маало дознава за тоа. Ај остај тоа, туку кога ќе порасне што ќе се прави ? Јас гласна, таа гласна, (како суруџии што вика баба ми) ако почнеме да се караме куќата во воздух ќе ја дигнеме. :tmi:
     
  15. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно, најдосаден ден е недела..
     
  16. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сите се прашуваат дали имаат вистински пријатели, а никој не се запрашал: Дали јас сум вистински пријател? :!:
     
    На bittersweet, Serafima, Acerola и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Времето си лета... кога се навраќам на некои моменти од минатото, ко вчера да биле :| работите постојано си течат и се менуваат, а ако заостануваш и се изгубиш во динамиката на животов и градов после тешко дека ќе се вратиш на старите патеки, едноставно мораш да останеш на патеката на која што си и да си тераш, инаку брзината и динамиката ќе те уништат! Колку и да има депресивни денови, денови кога не поминува времето, животот си тече, не те чека тебе да се освестиш дека треба да си го живееш...


    Затоа треба да сме благодарни на секој ден, на она што сме, каде сме, со кого сме, зошто многу ништо од тоа и немаат

    ...и колку и да се жалам на банални работи како на пример колку било жешко надвор, или дека не ми се преведувале текстови од англиски за да и помогнам на мајка ми што кутрата не знае англиски, само ќе се сетам дека додека јас губам време на тоа, некој размислува што да јаде, каде да преспие, и дали утре ќе биде подобро.

    Треба да се цени она што се има.

    Да, се споредуваме со некои што полесно и подобро живеат од нас, а многуте зад нас каде се?! Секогаш кога гледаш напред, заврти се малку и назад да видиш што се случува ;) ...
     
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Мразам кога сум нервозна :@ Нешто се изнервирав и хормоните ми проработија. Сериозно :$ Добив желба да заиграм секси, да пуштам некоја песна и да играм. По долна облека. Само јас и ѕидовите. Да играм додека не се истоштам, се додеека не се струполам од болка во мускулите, да играм бидејќи сум млада, бидејќи сум секси, бидејќи се сакам себе си ! :dance: Бидејќи животот е убав, бидејќи ме чека нешто ново, бидејќи можам да го освојам светот ете така се чувствувам !!!!

    :!: Можеби изгледа вака, ама важно се чувствувам екстремно секси, и постов го напишав бидејќи ретко сум задоволна од себе си , и вака ќе имам писмени докази дека некогаш сум се чувствувала секси. Не не секси, екстремно секси.

    http://www.youtube.com/watch?v=eHnGwDy2y6s
     
    На SimplyElegant, MandyLane и cinderella5 им се допаѓа ова.
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    СДК кога сакате да кажете дека нешто ептен ви се сменило, тоа би дошло за 180 степени. Пошто кругот има 360 степени и ако за исто толку степени кругот се свртел, ќе му дојде истата точка и фактички ништо не се променило :) Барем јас така размислувам :D
    извинете за оф - топик

    Инаку баш ми е мило кога читам вакви весели и позитивни постови. Сакам кога Вие феминки сте ми ведри и расположени. Така и да останете! :)
     
    На SimplyElegant, Neytiri, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Зарем има нешто посекси од британскиот акцент?
    Единствено згоден британец во најрани дваесети, така плав, висок, со дупче на образот.
    Човек, в глава ми остана. Како ми се насмевнуваше после секоја моја реченица, како да знае кога е најубав, и како. Жал ми е што го прекинав разговорот (иако беше веќе 5 наутро...) а и со тоа ризикувам повеќе никогаш да не го слушнам ни видам, ама знам дека не може да побегне само така од мене. Таква сум, опуштените луѓе како него ги влечам со невидлив конец :) Ќе почекам уште некој саат.
     
    На kravce, Hkikica и 1209 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.