Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    баш се изненадив сега, позитивно...не ми се верува...го пробував фустанот од полуматура...и оп, го облеков...ме собира...а јас мислев дека ми е мал...ее сега мора да го облечам некој ден... :D ^_^
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.166
    Пол:
    Женски
    Срамота ли е на 25 да смениш професија? Мислам онака поштено, со завршен факултет и со 2 години работен стаж во фелата? Бади Веластро, ју ар мај мен! Јас сум воодушевена, еден ден ќе го посетам Нју Џерси само заради овој човек. Не шала на страна, штом се спомене организирање на некаков ивент, јас се појавувам веднаш, полна идеи и продуктивна до максимум. Следно на редот е моминската за колешката на дечко ми, главава ми работи триста на саат, креативност до максимум, сите детаљи веќе ги знам. Среќичка може и да потврди дека навистина малку ми треба за да си замислам цела една забава, од покани, па се до сечење торта :rofl: Мајке ми, еден ден навистина ќе отворам студио за организирање ивенти, и така ептен се испозападњачивме, кај и да е ќе започнеме да праиме и Шауер парти за бебињата, па што да не и Свит Сикстин мислам, кај едно па нека бидат и две :D
     
    На eli25 и Srekicka им се допаѓа ова.
  3. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Кога сакаш, личноста во твојте очи е совршена. Најдобра. Најубава. Таа личност е спој на се` што сакаш, перфекција, сите нејзини маани прераснуваат во доблести. Тогаш си заљубен.
    Не постои совршенство, не постои совршена личност се` додека не се заљубиш!!

    :l:
     
    На Serafima, Gordana10 и anabel-a им се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК нека секоја девојка ги доживее најубавите моменти со својот сакан, и да бидат заедно се додека смртта не ги раздели (на стари години)
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=NNC0kIzM1Fo
     
    На kate21, Serafima, pupi.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Сакам да кажам дека се заразив со форумов, дури и ме мрзи надвор да искочам на воздух :rofl: :rofl: :rofl:
     
  6. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    СДК...
    Прво, останав шокирана кога слушнав за загубата на една форумџика, која ја ценев и како вистинска личност не само како форумџика, личност која беше најхрабра во најужасните моменти, која на сите слики беше насмеана, иако можеби душата не и била таака. Немам повеќе зборови, нека почива во мир.
    Второ..
    Знам, свесна сум за она што се случува, но некако останав храбра.. и се трудев и успеав. Имав најмногу трпеливост, како што велат.. трпение-спасение, па така и јас.. Се случија работи што ми идеше да плачам многу..но си реков во себе, морам да сум силна. Ете ме сега..нова личност. Се променив за 360 степени. :)
    Трето..
    Добра вечер беше ова, излегување со братучеди во кафич на палачинки па сега дома, одмараам со песничкава која ми е меелем за душа..
    http://www.youtube.com/watch?v=o1tDoTbBZpI

    Имајте пријатена вечер. :)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    И повторно она...повторно со нејзините измислици и глуми почна да се меша меѓу нас двајцата.
    Си направи таков филм,прво ми се јави на мене ми кажа што ми кажа,туку на него после му кажала сосем трета верзија.Добро она по тоа си е позната,си лаже како што сака.Најискрено не ја сакам воопшто ама ич,и еден ден мислам дека ке се спопукаме убаво... :@
    Добро ајде таа тема бидна.Од друга страна пак он ми се јавува цел ден,од сабајле ми направи големи скандали ми се јави да ме видел,знам дека му е тешко но не сум се затворила јас па да не може да ме види.Од ова прави големи трагедии.Јас како издржав без него осум месеци исто и тој,што зарем не може пак или само да ми биде тешко сака.
    Ок сеедно.Денес јас си бев на депилација на раце кај една другарка па покрај тоа си испивме и по едно кафе и си направивме муабет.Барем тоа добро ми дојде покрај се.И после тоа со мама имав еден долг разговор ме посоветува,ме разбра некако,рече дека ќе биде покрај мене што и да ослучам.
    И така цел ден кафиња,до сега три. :lol:
     
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Го прашав, "Ќе биде ли се во ред?", ми рече "Зависи од тебе". Ех, кога нештата би зависеле од мене, се би било бајка..Како да објаснам дека на секоја реакција и претходи акција... За јас да се изглупирам, да се развикам, да се налутам потребен е некој што ќе го поттикне тоа, не можам сама како луда да мењам понашање..
    Ех, ама кој да ме разбере...
     
    На Serafima, teddybear, moonlight-girl.55 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    зошто да не се носат? |(
     
  10. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Му ветив дека целиот свет ќе му го дадам, и тогаш му купив атлас :wasntme:
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    1 година и 10 месеци

    Да точно 1 година и 10 месеци во љубов со него.Никогаш помалце секогаш се повеќе и повеќе!
    И совршено ми е.Сите работи што ги правиш,сите милувања,сите гушкања,секој ден и ноќ поминат со тебе...Јас сум твоја,единствено твоја.Засекогаш!И нема да кажам дека нема кавги...бидејќи таму кај што нема владее лага....а кај нас ги има...но знам дека никогаш нема да се откажам од тебе.
    Прости ми за сите пискања и испади.И јас тебе ти простувам...бидејќи те сакам со се сите совршености и мани...ти си мој!Лоша,добра,секаква...твоја.Не би те заменила за ништо на светов....
    ГО САКАМ,искрено,засекогаш!
     
    На kate21, Serafima, Unfaithful18 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Не е пристојно :)
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Преголема случајност или д тинг мент ту бе? :^)
    После 8 години пред мене излегува дечкото со кој никогаш не се запознав,а се допишувавме на клупа со моливче во средно, различни смени, јас прва година тој четврта. Никогаш не договоривме средба! Глупа! Каков дечко ејјј :o едвај си ја задржав вилицата :lol:
    И што? Пак не го засени него!
    Инбоксот ми е фул, ништо несакам да знам за никого ни да читам што имаат да ми кажат. Не ме интересира. Ме интересира само да си ја видам сметката, банкоматот да ме израдува и да си истерам шопинг. Да се наполнам малку со позитивна енергија бидејќи соништава не ме оставаат на мир. Никогаш не сум за чувствуала вака, како да имам друга личност заробена во себе, личност која има толку голема желба да застане и да извика КРАЈ, да почне да си го бара тоа по кое што копнее и тоа што секоја вечер го сонува, но оваа друга личност што моментално е на власт не и дозволува. А мене тоа ме убива. Сакам нешто, а ништо не превземам за да го постигнам тоа. Некако многу се научив да оставам работите да си се случуваат сами од себе и да се одвиваат без никакво мешање од моја страна. Можеби подобро, вака ми е по мирна главата.
    Направив голми промени во животов, почнав да работам со сеуште несреден факултет, и мнгу е тешко верувајте. Да студираш и работиш во полно работно време истовремено. Па каде е тука социјалниот живот? Ништо, само работа, учење и спиење. Се надевам ќе ми вреди овој чекор некогаш, барем сега имам и одвишок пари и не сум на товар на моите повеќе :) Ајм а гуд чајлд!!!

    Девојки, сте приметиле ли колку е убаво Скопје во 7 часот наутро? Дефинитивно ми е најубав период од денот. Блага ладовина, свеж утрински воздух. Сите брзаат за на работа. Редици во пекарите за топло печиво. Паркчето полно со кутриња кои газдите ги изнеле на утринско мочкање. Релаксирано и полека се движам накај работното место да не пропуштам некој детал. Улиците се полни со коли, а автобусите со луѓе. Згодни госпоѓи и госпоѓици, стегнати во бизнис костумчиња брзаат за во канцеларија, брза и библиотекарката за да ја отвори библиотеката. Професорот се влече, гајле му е дали ќе закасни или не. Брзаат и за на лекар, гужва на Водњанска. Секој со својата приказна. Сакам да живеам на Илинденска, накај зоолошка, а да работам некаде во Центар и секој ден да одам на работа пешки низ парк. Точка.
     
    На Buttterfly, bittersweet, anabel-a и 25 други им се допаѓа ова.
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Ништо не е случајно. Се си има свое значење и се е со некоја скриена позадина. На нас останува да рамислиме што се крие зад неа.
     
    На Serafima и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  15. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Аман више! -.-'
     

    Прикачени фајлови:

    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Beyonce87

    Beyonce87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    38
    Доста ми е од незрели личностии!!!!!!!!!!!!! :|
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Не можам да се изначудам на голем дел од девојките за однесувањето на фб.
    Значи додека седиме заедно и правиме муабет колку е очајно внимание добиено на разголени слики со порно пози и да се додаваат сите машки кои пратиле покана за пријателство само за да се имаат повеќе лајкови и “сочни“ коментари, одам дома и гледам дека и таа го прави истото :o
    Па признај си барем дека ти импонира да дрка на тебе некој напален од темата симптоми оф биинг а сељак, отколку да се правиш дека и тебе ти смета.

    Толку ли се нема самодоверба, или пак покрај таквите коментари се има и одвишок - тоа уште не можам да го утврдам.

    Само знам дека нема логика и делува страшно очајно и така не наликувате ни најмалку на девојка со стил која знае што сака од животот- нешто што мислите дека сте.
    И тие “длабоки“ статуси кои се цитати од некои писатели кои вам не ви значат ништо, се косат со вашето портфолио со слики.

    Веќе почнувам да се прашувам дали има нормален свет или пак јас сум ненормална?

    Постот е инспириран од овој линк, такви се фотографиите на огромен дел од женската популација, за жал... :|

     
    На Buttterfly, Peppermint, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Затоа што не е пристојно |( на училиште,не на панаѓур!
     
  19. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    СДК вечер помината во друштво со супер луѓе!
    За такви средби вреди да си ги измениш плановите, да си скратиш од сонот, да го потрошиш последниот денар од новчаникот...
    Затоа пак, енергијата со која ќе се наполниш е бесцената и ќе те држи со денови. :)
     
    На bittersweet, Neytiri, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.166
    Пол:
    Женски
    Што најгрдо може да ти се случи кога живееш сам? Да те фати несоница, а утре да е Понеделник, е тоа е навистина лошо, лошо како Понеделник една недела после одмор :| Ок, намали креативата малку, мозокот нека се олади за да можеш да заспиеш, или може слободно да го догледаш Cake Boss до крај :^)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.