Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Девојки пред малку се пресеков на ногата најверојатно со стакло. Извинете тука што пишувам но не знам што да правам . ве молам кој знае што да ставам, нека ми пише во пораки, ве молам :sweat:
     
  2. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Story of my life. Месец дена. А кој знае и колку претходно, кој знае колку покасно.

    Неможам да се помирам со тоа како тој си го продолжи животот, а јас сум заглавена во овие мои бедови... Зошто?

    Ма не ми се ни пишува повеќе ...
     

    Прикачени фајлови:

    На ViktorijaMari, anabel-a, julie77 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    666 допаѓања.Фино :devil:
     
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Не можеш само да му се појавиш на некој во животот, и се да му промениш. Немам право да влезам во неговиот живот, да м одземам она што има, а да м дадам нешто што мисли дека сака. Се додека не се врати на својот пат.
    А јас проклето сакам да е до мене. Да бидам онолку чиста и невина покрај него како што он бил покрај неа.
    Ужасно сакам да ме сака. Да ме заштити. Дури и да си поигра со мене. Само да биде тука. Некое време. Потоа нека си оди. Ќе се каам, ќе сакам да одам заедно со него во неговиот дом. Но знам дека нема да се случи тоа. Јас нема да го сакам. Јас го посакувам.
    Затоа не доагај. Не ме сакај.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ripkata

    ripkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    68
    Сакам да дадам еден совет до сите девојки тука.
    Пред да излезите во град фатени за рака со момчето што ви се допаѓа добро запознајте го . Бидејќи после одредено време сите си ја покажуваат вистинската страна. Некогаш не е се како што изгледа и не цветаат рози. Ова го пишувам за да се поштедите себеси од љубопитните луѓе кои откако ќе сватат дека не сте заедно со таа личност ќе почнат да ве прашуваат а вие нема да знаете како да им одговорите бидејќи и вие сте самата збунета од тоа колку не сте ја познавале личноста што била до вас.
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Прекрасна вечер. :inlove:

    Опуштена атмосфера, добра музика, мали слатки задоволства, љубов и страст. Што ми треба повеќе?
    За денес ова ми дојде како порачано, а толку неочекувано.

    И како после да кажам дека не го сакам животот? :l:
     
    На anabel-a, Pirana, Micheleljubov и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.109
    Пол:
    Женски
    Знаете ли дека имам само еден, еден, чешел за коса? Прееска ми го немаше, немав со што да се исшешлам, паника кренав. Тоа ти е ко да имаш една маица и да ти се изгуби, па немаш со што да излезеш. А едно косиште долго што имам...
    Ете, со такви ситни работи си го тупам мозокот за да не мислам на покрупните, на оние што ме депримираат...
    И мора да си купам чешел, дефинитивно. А и не ќе е лошо да одам да се потскратам малку. Маж ми ми вика, додека си таму нека ти го сецнат и јазикот. :rofl: Нече мочи ове ночи.
     
    На patika19, tweety26, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    На него сум му кукла, на другиот лепотица, на третиот сонце, на моите икона, на братучедите маЛикенка, а јас денес станав свесна колку внимание привлекувам. :wasntme: Нарцисоидно? Да! Гајле ми е!
    Ама што бре кога немам никој т.е тие што ме сакаат јас не ги сакам и обратно. И да знаете за следната збиранка во парови ќе си изнајмам дечко :lol: Они мене сама сум била, гајле ми е, утре ќе одам и нови штикли ќе си купам. :@
    Прееска на сестра ми и се отворив како никогаш до сега и за моето однесување и за моето купување и само ме гушна и ми рече- Знам, сестри сме, знам како се чувствуваш. Ме стопи!
    И ако е лето имам огромна желба да облечам подвезици, да се љубам со некој, после голи да седиме на тераса дур пуши цигара да ги гледаме ѕвездите.

    И знаете што? Ќе си ги исполнам сите желби, зошто животов е прекраток. Нема веќе кукање, само насмевки и позитивна енергија. А ти болко? Иш, иш...!

    Пишуваат неколкуте чаши винце не сум јас :wasntme:
     
    На Artemission, tweety26, Peppermint и 29 други им се допаѓа ова.
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Ееее, тато, тато.

    Да знаеш само колку ми е криво што не знаеш што ми се случуваше овие 4 години откако си отиде. Си најдов нова љубов, тато, среќна сум. За дедо многу ми е жал. Готово со факултетот, тато, порасна ќерка ти и почна да успева во животот. Криво ми е тато, што нема да си тука да се напиеме по една чашка жестоко кога ќе дипломирам. Криво ми е што немам заштитник и што го изгубив цврстиот стисок на твојата рака. Криво ми е што ме пушти. Не сум сама тато, ама осамена сум без тебе.

    Се надевам дека таа ти ја дава љубовта што ти ја дававме јас и мама. Се надевам дека ти вредеше изборот. Криво ми е тато, многу ми е криво што те нема. Криво ми е што прокоцка безвременска љубов за нешто гнасно и нечисто. Криво ми е што те мразам тато, прости ми.

    Еее...
     
    На Heidi, ludoto19, thelittle17 и 45 други им се допаѓа ова.
  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Мислев дека било што и да се случи ќе останам оптимист до крајот. Ама реално гледано никогаш не сум ни била оптимист, секогаш гледав лошо на нештата, секогаш бев песимистички настроена. Или можеби реално гледав на работите. Не знам, не можам да се одлучам кое од тие две е точно.

    И покрај тоа што јас не сум среќна и задоволна моментално, ме радува кога ќе видам дека тие кои ме опкружуваат и ми се важни воедно... се среќни и задоволни, тоа автоматски ми дава надеж дека ќе биде подобро. И знам дека ќе биде и не знам веќе колку време го чекам тој ден кога сè ќе се подобри ама никако не стигнува. Почнувам да губам трпение веќе.

    И сакам кога околу мене има луѓе, кога не размислувам на него, на тоа што не сум доволно здрава, на тоа што допрва следува од трети септември... сакам да ме занимаваат.
     
  11. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Денот може да не прави да се чувствуваме силни но ноќта може да не скрши на илјада парчиња ...
    Минато , престани да навираш низ подзатворена врата ...упорно ти затворам врата а ти сепак на крај наоѓаш сила да се вратиш ...
    Зарем веќе не е време за убави нешта ? За убави вести ?
    Ајде утро донеси барем една , малечка убава вест и ќе ти бидам благодарна ..до небо ..
    Ноќта е за убави нешта ...ноќта е за искрени нешта ...остави ме да уживам во нив ..
    Догледање минато ....другпат кога ќе сакаш да ме посетиш барем наговести ме , да си купам кутија сладолед и да се удавам во неа ... :!:
     
    На ViktorijaMari, Lolipop23 и XstrongerX им се допаѓа ова.
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Не сакам повеќе да бидам сведок на вакви ситуации,душата ме боли,го пцујам животот...

    Седам во бурекџилница,чекам да јаде другарка ми,наеднаш од вратата забележувам дека влегуваат татко и ќерка.Малата еве нека имаше 4год,татко и таков напатен,со еден збор изморен од животот.
    И сака да и купи ѓеврек на малата,бара само еден,девојчево го фаќа за нога и му вика "Tато,зошто еден,нели требаше да јадеш и ти,нели ќе јадевме заедно?",човеков така ја погледнува,и и вика "Јади мила не сум гладен јас",малава пак "Ама ми кажа дека заедно ќе јадеме",и овој човеков само и вика "Немам доволно пари за двајцата,ти јади,неможеш да бидеш гладна,јас ќе издржам до утре,ќе земам пари и ќе јадеме заедно"....
    Гледав и не знаев што да направам,девојката што работеше таму го слушна муабетот,и му кажа "Господине,земете уште еден,ќе донесете кога имате".
    Човеков само и кажа "Ќерко,јас на никого не сум оставал должен,нема ни да останам,фала ти,неможам да земам и за мене"...

    Што да кажам....
    Освен да бидам благодарна на Господ,за ова што го имам..
     
    На green.eyes, QueenN, gothchick и 62 други им се допаѓа ова.
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Животот мој затворена празна книга со наслов "Проект Самуништување".
    Прекумерни дози на смртоносни пороци, токсични ,кои водат до емотивна фобија.Разочарување, песимизам за реализмот.Изнајмено тело со ведар лик,меланхоличен став.
    Сомнежи, празнина, недоверба.Неморалност.Еротика.Секс, многу секс.
    Живеам како мртва така и ќе умрам.Само го чекам денот, несакам церемонија.Никаква.Нема поента да се слави постоењето на така безполезно суштество како мене.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Сдк многу ме нервираат овие нови фаци што незнаат малко да го истражат форумот туку одма нови теми отвараат и оние кои што имаат профил за да се шегуваат тука со нас или пак што пишуваат мислење во тема кооја што не одговара за тоа ,уффф :@
     
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ете, сега сакав да пишувам за тоа колку сме глупави повеќето од луѓето. Не дека е нешто ново или којзнае колку мудро, плус е во коренот на човековата психа, да се става себеси на прво место и неговиот товар да биде најтежок.

    Неодамна, набљудував две момчиња, генерациски троа во разлика, си играа „баскет“. За едното, поголемото, знаев дека нема родители. Им се здосади и застанаа за момент на страна и баш кога го насочив вниманието кон нив, помалото го праша поголемото да му покаже која му е мајка. Е тој момент, јас искрено посакувам да бев слепа и да бев глува, душава ми се кине секој пат кога ќе се сетам. Детето се насолзи, се гледаше дека се бори со една огромна грутка во грлото ама не заплака, само замолче и со некоја полунасмевка покажа кон мајка ми, чисто за да не мора да му објаснува на малово каде е мајка му.

    Другарка ми, животот ја измалтретира максимално, се што може да убие нечиј дух, да упропасти тинејџер и да ја одземе живоста, и се случува, трае континуирано. Еден огромен, одвратен тежок процес.
    Ме прашува како сум, што ми се случува во животов.

    И како сега јас на неа да и кажам дека се депримирам бидејќи на поле љубов сум ко згазена булка? Дека јас сум ја изгубила довербата во цел свет? Не ми се ни мене сите на број, си знае таа низ што се имам и јас поминато, ама мојата болка беше отсечна и помирувачка, а не долгорочна агонија.
    Како воопшто може да се наречат моиве проблеми?
    Го избегнувам прашањето бидејќи не можам да кажам дека сум добра, а смешно е да кажам дека не сум. Се плашам дека ќе ми рече оти посакува таа да ги има моите „проблеми“, и со тоа да ми го раскине срцево.
     
    На Doozy, SimplyElegant, Strumfeta93 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    На anabel-a, Stoimenovska, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ии бре, мене срам ме фаќа кога ќе ги видам Вучко и Жаре Берберон како се сељачат.
    А, тек па во тандем да ги споиш?!
    Јас не би ризикувала. :shake:

    Полагам за 3 саати, а ни око имам склопено, нит пак се имам отрезнето саглам.
    Демек отидовме да учиме групно, го здогледавме Баделот и...научивме.
    И стварно не знам која е поентата испијанет човек да се “пофали“ дека пиел, ама во моментов ми изгледа логична. А, веќе за некој час, веројатно ќе си мавам фејспалм.

    Некои пак, си ласкаат дека се глупи за сите пари, мислејќи дека така ќе привлечат симпатија и дузина коментари “Не бе, не си.“
    Е, па, дада да ти каже.
    Штом дојдеш до степен да се самопонижуваш само за некој друг да ти се спротистави и да ти го избилда егото кажувајќи ти како ти си најпаметното суштество што го има видено во животот после
    (а може и пред) Ајнштајн и Тесла, ти не си глуп за сите пари, мило. Не. Ти треба доживотно кредити да отплаќаш за да може да си дозволиш барем мала доза од глупоќата што ја поседуваш.

    Е, така.
    Сега фали уште да ми заврне по пат, за комплетен филинг.
    Нек иде кога пошло.
    Убав ден! :sun:
     
    На Neytiri, marama и cinderella5 им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Штом се разбудам со главоболие ,тоа е сигурен знак дека ќе добијам.Ќе ме мачат болки од секаков вид сега една недела |(

    Надвор пријатна свежина дај боже нека се задржи преку денов зашто само се потам :sweat:

    И сакам да кажам дека конечно дознав што е квалитетен секс.
    Добар секс е кога тргнеш да се тушираш и сфатиш дека купатилото ти е комплетно поплавено.

    Одличен секс е кога сконташ дека вентилот за вода е сосема неупотреблив и е на непристапно место.

    Фантастичен секс е кога ја собираш сета таа вода 3 саата,пцуеш се живо и диво,а после не можеш да се истушираш зашто ако го одвртиш вентилот пак ќе собираш вода 3 саата и така во круг..

    Решение има: туширајте се со лонче :!:Односно лончирајте :D


    п.с. Признајте дека сте љубопитни ;)
     
    На teddybear, SimplyElegant, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Муууууу! :D
    Дали е на арно што волку рано наместо да ги трљам очите со намрштена фаца, јас му се радувам на утрово :hai:
    На нозете имам повеќе модрици сега, колку што сум немала ни на 10год :wasntme:
    А мене сеуште толку многу ми се танцува...

    И да, ова, истото од буква до буква :)

    http://www.youtube.com/watch?v=xD5No_JRrZw
    ох, да би знаеле што се ми се врти во глава, кога би идела песнава во позадина... :$
     
    На anabel-a, marama, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.969
    Допаѓања:
    123.566
    ...Да се биде или не,ќе каже овој понеделник.Отсекогаш сум ги мразела и секогаш со причина,а поголема од оваа нема :doh: Уште од петокот ми се стега срцето за оваа недела,како ќе ја поминам-навистина незнам.
    Во борба со сама себе,ни јас веќе незнам што сакам.
    Знам дека здравјето со пари не се купува,а колку смешно-ако немам пари ќе неможам да платам прегледи,ќе неможам да купам лекови,баш така нели? И колку и да си велам дека здравјето кое почнувам да го губам :doh: ,ќе ми биде на прво место,ништо не е поважно од него,пак на старо! Онака,сакам да се изгубам од се,и да избегам не на некој остров,туку во некое селце,мирно и полно воздух,да ја наполнам душата со мир........
    Се нервирам дополнително,што си дозволувам сето ова да влијае на мене.Налет и пари и се,ама сега кога сум на праг да ги изгубам не ми е баш сеедно.........
    Ех,ми велеа уживај додека можеш! И така требало,ама веќе е доцна....
    Колку се проклети луѓето,уште повеќе изненадуваат колку далеку можат да одат?
    Не ми е јасно како може да ја исполнува пакоста што ја направи на девојка која не ја познава :puke: Гадови,ма немам зборови.......
    Само нека помине ова..... :doh:
     
    На marama, lunicka, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.