Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Понекогаш посакувам да можам да го вратам времето назад...

    Еве и денес ме обзеде некое чудно чувство.
    Почнав да размислувам за некои работи за кои не вреди да се трошат мислите ниту пак зборовите.
    Но што можам тука, кога тоа е посилно од мене, и знам не вреди да го кажам тоа што го мислам, знам дека ќе предизвикам само недоразбирање, лутина...

    Се прашувам зошто ли морало така да биде, зошто ли морале да се случат некои работи... но тоа е животот, никогаш не знаеме што ќе се случи понатаму, не можеме да знаеме дали нашите постапки после неколку години ќе ги сметаме за добри или лоши.

    Како и да е, се се случува со причина... :!:

    Само сакам да ги тргнам овие мисли што поскоро, не сакам денов да ми помине вака, во мислење и поставување прашања на самата себе на кои ни самата не знам да си дадам одговор.

    Случајно наидов на една преубава мисла :

    Не дозволувајте светот да ве направи лоши...
    Не дозволувајте болката да направи да мразите...
    Не дозволувајте горчината да ви ја украде слатката радост!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Се околу мене е во бестрага. Дали сум и јас веќе таму?
     
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Пожар.
    Цело небо над мене е обоено во црвени и сиви нијанси.
    Си го прибрав кутрето дома, како виеше и кашлаше, душа да те заболи.
    Уште малку ако се прошири, во дворот ќе ми дојде.
    Па еден ветар што дува речиси 50 km/h како за инает.
    Што ќе биде ова? Гевгелија гори 2012?!
     
    На creshicka и moonlight-girl.55 им се допаѓа ова.
  4. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    Горда Милина на себеее!!! Си добила цветче! најубаво! бело! ве сакам бееееееееееее :$ :* :* :* :* :* :* :* :*
     
  5. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    386
    Бевме синоќа во Ања и јадев палачинка. И нели таму ги прават како цветчиња, исечена на парчиња и ми остана уште едно, помина едно циганче и ми го зема.. Помина така фино лепо погледна во тањирот и си се послужи па се врати по минута и пари да побара. Не, не ми е за палачинката, не дека не сум најадена, ама аман бре во рок од 5 минути 50 дојдоа да побараат денарче. Еднаш пред чичко стоилко една ми вика може да ми дадеш од тостот за детево? Извадив од џебот и и дадов пари, знаејќи дека ќе отиде понатаму и кога ќе изброи колку има ќе има повеќе од мене. Секогаш кога знам дека имам ќе го отворам наовчаникот и ќе им дадам. Ама нели како што татко ми заработува и можам 100 ден да си дозволам за палачинка, можат и тие родители?
    Никако просењето не е идеална професија.. жал ми е за тие луѓе ама кога ќе размислам подобро, жално е само за оние кои не можат да дозволат да се излечат, за болните, а за леб секој може да заработи.
    На кеј низ кафичине растур прават, не дај боже телефонот да си го оставиш, не го гледаш веќе.
    Претеруваат, стварно претеруваат. Што мене парите од небо ми паѓаат? Може татко ми да се препотува и да работи, можат и тие, барем за леб! Тоа време што го поминуваат на улица можат поштено за леб да си заработаат.
    Има толку болни души што им се потребни средства, кои сепак се трудат со сопствена пот да заработаат некој денар, но тоа не е доволно за да продолжат да живеат, е на тие треба да им се помогне!
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    И ние тебе бееееееееееееееееее ......................... срцкооооооооооооо!!!1 :inlove:
     
    На Springy, CIA, milinna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Кога една работа ќе тргне на лошо, мора уште милион да следат по неа. Кога тргнало, тргнато е. Зошто ова не важи и за добрите работи?
    Решила Нимерија да одмори глава некој период, и животот и се изнасмеал у фаца.
    Епа, преку глава ми е веќе, се е вон контрола и вон моја моќ за да се подобри. Лош лош ден.
     
    На Monroe, julie77, Tenkai и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Дека мажите оговараат многу повеќе од жените, многу повеќе!
    Пред некој ден седам кај дечко ми пред маало, и иде еден негов другар грицкаме сите заедно сончоглед, а бе не знаете шо се не се изнаслушав еј, јас знаев дека оговараат, имам многу машки другари ги гледам, ги слушам, ама дечко ми прв пат да го видам во таква тешка оговарачка ситуација и бев :o оти мажето мое пред мене не сум го видела така до сега, ама да оговараме заедно така, никогаш не се случило.. Но затоа па со другарите ете го без проблем зборовите сами си летаат.

    И нешто друго - Нели е прекрасно, кога ден по ден, си слабееш, секое качување на вага е право топење и вљубување во себе одново и одново, па со милина да си повртиш на орбитрекот, па некоај вежбичка, и најбитното, соочувањето со мајка си, т.е денеска пеејќи и ги пренесив резултатите. :D
     
    На blond, crazylady и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Интересно е како можи да ти започни денот убаво,кога ќе излезиш со другарки да се прошеташ :) Жени,што може да прават :D Кафе,муабети,бутици и смеење...Ми тргна понеделнички. кога веќе другарка ми е на одмор,можиме да се видиме убаво и да прошетаме,исто така и уште една друга,па така излеговме денес и си направивме женска собиранка.Убаво е кога можиш без мажи,на раат да седниш да се посмееш,одамна не сме се собрале...Ни текна дека има понуда за доручек заедно со кафе и сокче за 120 денари и правец таму :D Па дури и избор имаше,таман.Ќефој бевме :D Рековме дека нема да се замараме со проблеми и работи од секојдневието.Се пресмеавме,а потоа така задоволни прошетавме и на другите места да видиме што има и како има,се зафркававме,посетивме уште една другарка,се закачкавме која наредно ќе се мажи (јас им викам нема да сум јас,и викам на другарка ми,сега ти да не не изненадиш :D ),зборавме за двете свадби што следуваат и така.А оваа првата другарка мажената вика,шо барате да се мажите,уживајте уште некое време : D Опасна е таа,дури и свекрвата и свекорот ги стави во ред,ич не му се замара...па и не е начин да се нервираш цело време,ќе се научиш и нема потоа ќе се навикниш на нив и карактерот нивен,барем според неа ете...Најубаво без нив,настрана,ама кој како можи.
    И така,барем овие 4 сати прекрасно ми поминаа,а сега чекам договор за уште едно кафе,кое знам дека ќе е интересно :D
    Нема поубав лек за душата од смеа и уживање во друштво,особено женско.Како во Сексот и градот :wasntme: :coffee:
    Ајде,се надевам и на форумов ќе се подобри расположението,расположете се женски малку,само на проблеми мислиме.Денес нема да мислам. Удри бригу на весеље работава :D :*
     
    На Serafima и danniela5 им се допаѓа ова.
  10. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Wow !!!! Едно време Милан Станкович го слушаше сеа почна со рап ...
    Каков бил најубав паѓаше во несвест . :^) |( А сега се фалиш дека рап слушаш , со Скитара се слушаш боже боже ...
     
  11. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    СДК дека колку и да сакам да верувам во луѓето и да се потпрам на некого не ми успева.Сепак најдобро е кога не веруваш на никого .
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    НЕ за спонзорирани статии на фемина. :!:
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Сдк дека денес од другарка ми слушнав зборови што никогаш не верував дека ќе ги каже, не од неа :!: ми рече дека се што ми се случува ми било по заслуга, дека не сум знаела што сакам, дека се разочарала во мене :o ја прашав зошто :?: што толку и згрешив за така да мисли, ништо не ми одговори, стана и си замина :^)

    Цел ден вртам филм назад и се прашувам каде сум погрешила, дали сум и рекла некогаш нешто лошо или сум направила, навистина зборовите што ми ги кажа ме повредија, но не и сум лута, ја сакам, таа е мојата втора сестра. Само...
     
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184

    Остај, прееска во 16 пепел леташе, надвор не се дишеше. :!:
    Се беше замаглено, излегов на две секунди и толку ми беше, многу чад.
    Ај сега гледам посмирено е, се надевам ќе се смири, само страв ме фаќа да не продолжи пожаров и кон градот. :x
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Некој рекол дека со нашите животи управува среќата,а не мудроста.Тоа значи човековата судбина,како што рекол мудрецот,не ја води умната способност,туку чистата случајност ;)
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  16. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Смачено ми е од чуството на паразит. Не знам веќе што да правам,што да помагам...Едвај чекам да почне школската година и чуството да ми се тргне од грб. Бар знам што правам која е целта и каде одам. Вака не знам за што служам,ама баш никако да се пронајдам! Денот е прекрасен, ама јас никако да му ја фатам поентата. :tmi: Се повеќе нервоза,тензија,тролови и караници гледам по форумот. Не дозволувајте девојки некој да ни го нарушува мирот од надвор :!:
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Што сакав да кажам....А да се вратив од ,,одмор".Се расипа времето и само вчера бевме :@ Кога пристигнавме вчера беше многу топло,но денес имаше многу ветер :tmi: И така го откажавме одморот...Само пакувај и отпакувај :fubar: Од другата година Грчка не ни бега,иако е поскапо пак е почисто,потопло :?: И оваа мојата алергија од сонце,да не можам да се сончам :x Како и да е,уште неколку дена останаа до почетокот на училиштето,уште една година :clap: Леле ама се распишав :o
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Гледајќи го клипов ми текна на оние протести против циркус от што требало да одржи претстава во Ск.Мислам дека неосновано,без факти се осудија организаторите .Јас си завзимам став и застанувам на нивна страна.Не ги малтретираат животните ако изведуваат акробации ,знам дека е невообичаено за мајмун да вози точак или незнам ти што да прават друго за да бидат занимливи за гледачите (мали деца).
    Не сум имал прилика да присуствувам до сега во циркус но сметам дека тие животни се таму родени од мали полека истренирани и едноставно тој ритам на живот си го знаат.Мн повеќе да бидеме хумани да ја искажеме љубовта према животните со дела ,помагајки некао на оние безгрижни улични животни отколку да се правиме добри дека нешто им фали на животните од циркусот.Па они си имаат свој дом,некој што се грижи за нив некој што ги сака толку мн што ние не би го сватиле тоа.Луѓето од циркусот така живеат така заработуваат за тоа живеат добро show .Видете го клипов и сетете се колку не хумани луѓе има што се обидуваат да заработат на еден мн по мизерен начин.



    http://www.motika.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=34048:-50-&catid=1&Itemid=13
     
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк дека да ми кажеше некој дека ќе ги доживеам овие емоции пред 5 години и два месеци никогаш нема да поверувам
    Требаше да дојди,ми рече дека не дошол од причина што автобусот бил во дефект.Ме увери,гласот му беше толку тажен што ми идеше да го гушнам и никогаш повеќе да не го пуштам.Во 17 часот и 30 минути ми се јавува,ми вели ИЗНЕНАДУВАЊЕЕ излези пред врата,излегов и го видов него пред мене со букет рози и големо срце.Нема поголемо срце од него.Почнав да плачам од среќа и возбуденост,не знаев што да му кажам во моментот само го гушнав и бакнав толку силно што мислам дека за миг и времето застана за нас.Двајцата прегрнати плачевме од среќа,неизмерна љубов.
    Тој ден никогаш нема да го заборавам,во мене разбуде силна бура на испомешани најубави чувства на цел свет.Никогаш не очекував дека некој маж може да направи такво нешто за мене,да направи да лебдам.
    Немојте да се замарате со тоа кој што рекол и напишал.пуштете го мозокот во лер,сакајте и љубете со цело срце и душа.Посветете им се на вашите најмили,верувајте нема ништо поубаво од тоа.
     
    На Monna.Monna, Buttterfly, blond и 31 други им се допаѓа ова.
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Мајка ми, само мајка ми е мојот најдобар пријател.
    Пф, за миг повторно се опуштив пред старата пријателка, за миг и поверував се почувствував сигурно, за после неколку дена да сватам дека повторно згрешив.
    Не, дефинитивно, само мајка ми ќе биде сведок на мојата тага, за мојот немир, и за миговите кога сум среќна. А сите околу мене ќе сведочат само за среќните моменти бидејќи оние кршливите нема да имаат можност да ги слушнат од мене веќе никогаш!

    Мајка, колку моќно звучи!
     
    На blond, ines.h, srcekrsacka и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.