Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Сдк дека се вратив од одмор :D одморена, исончана , полна со енергија :wasntme: и сега назад на обврските :geek:
     
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184
    Фала ти Боже, се смири времево.
    Нема веќе ветер, нема чад.

    Не сум мирна веќе два саати откога тато и дедо отидоа да видат како е состојбата кај нивата.
    Се молам само ништо да нема, да се вратат побрзо, оти ко на колци да сум.

    Дај Боже да нема никој повреден од пожарникари и од сите што гаснат.
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Cheers to the weather! :d:

    Обожавам вакво време. Ладничко, мрачно, за мерак :mm: . Ме потсеќа на есен и на зима, мај ол тајм фејворитс. Уште дожд фали да заврне и јас ќе си уживам. Биди ми вакво засекогаш. Нема потреба од зборови.

    Сакам есен, сакам зима. Сакам сега.
     
    На cinderella5, sweet-cherry, Elenuskaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    За да ја разбереш ЖЕНАТА мораш да и ја научиш ДУШАТА... да и ја слушниш МИСЛАТА... да и го видиш СОНОТ... но и да и дадеш КРИЛЈА кога сака да ЛЕТА..
     
    На srcekrsacka и respect им се допаѓа ова.
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Ја испратив убавата 18ка во која доживеав многу убави моменти, можам јасно да кажам најлудата година што досега сум ја искусила. Не дека сум имала лична карта па сум лудувала по кафичи до ниедно време, туку онака попат со четврта година средно - презадоволна сум.
    И` ги раширив рацете на 19ката и се надевам ќе ми донесе дупло радости. Со тек на годините зборот „радост“ го сфаќаме на се` поинаков наичн. Ако на 15 радост ми било што симпатијата ќе ми намигне или ќе ми напише порака, на сегашна возраст радост ми претставува тоа што сум жива и здрава, што имам кров над главата и прекрасно семејство, уште попрекрасни другарки и најпрекрасен партнер.
    Иако премногу се возбудувам за самиот поим роденден, денот ми помина онака просечно, ама не е битно, вечерта тек доаѓа 8) .
    И бројката за мене нема никакво значење, тоа што сум 18 или 19 не ми е мерило за она што сум. Задоволна сум од она што го имам постигнато до сега и за карактерот што си го имам изградено. Не сакам да ја споменувам изреката „секогаш може подобро“ затоа што ќе развијам филозофија до утре вечер. Само можам да кажам дека сум му благодарна на животот што ми ги подарил неопходните благодети и не барам ништо повеќе.
    Денес требаше да излезат конечните листи од факултетот па да имав две причини за славење, ама останува да славам само за роденденот, што ми е доволно.
    Причината за необјавување на конечните листи беше одлуката за проширување за квотите, дај боже и таму да ми се посреќи и да влезам во државна квота. Е дури тогаш ќе бидам неизмерно среќна.
    Ви благодарам на сите што ми го честитавте роденденот :) .
    Почастете се
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Serafima, ines.h, crazylady и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ах колку и’ се радувам на прошетката што ме чека вечерва со другарка ми :clap: Временцево е топ, едвај чекам да излезам, да одам на доза смеење, трачарење и женски муабети. Летово, исто како и сите претходни, јас и таа го вртиме цел град пешки. Уживаме во нашите прошетки, јадеме сладолед, пиеме кафе (или во последно време коктели :lol: шетањето ни станува секојдневен изговор за да отидеме до град на вкусно коктелче), се потсетуваме на младоста и се кикотиме како мали деца. Не ги ни чувствуваме километрите кои ги минуваме во занес и зборување. Со неа се чувствувам како тинејџерка :talk:

    Ја сакам како сестра, заедно сме од трето одделение и оттогаш сме неразделни. Сме поминале се’ и сешто заедно, сме се карале, сме се смирувале, сме спиеле, јаделе, пиеле заедно и што ли уште не. Сме оделе на одмори, летувања, зимувања, викенди... Секогаш била тука за мене. Знам дека што и да се случи, јас и таа секогаш ќе останеме другарки, секогаш ќе бидеме тука една за друга. Пред некој ден ме разнежни кога ми кажа како си фантазирала за времето кога ќе подостареме. Нашите деца, а подоцна и внуци ќе трчкаат околу нас во дворот, додека јас и таа уживаме во вкусно кафе и бескрајни муабети, а нашите мажи работат нешто во гаражата. Ме стопи бре... :inlove: И штом го кажа тоа, веднаш можев и јас да го замислам истото и познавајќи не’, се убедив себеси дека сигурно така и ќе биде. Знам уште сега дека ќе биде.

    Многу се расприкажав, ама убаво ми е на душичката :) Убаво ми е што ја имам и што имам со кого да споделам се’ што ми се случува. Пријателите се неизоставен дел од сечиј живот. Те сакам Е. :*
     
    На kravce и Sanniii им се допаѓа ова.
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Широк Сокак во Белоооо 8)

    Оф оф одвај чекаммммм, It's gonna be wild 8)
     
  8. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Совеста е најголемата казна ...Нејзините окови неможат да исчезнат ....
    Болни ми се ваквите приказни каде се изгубени денови и денови а годините се насобрале и ете ти 20 ..
    Ние родените од 90 -тите има уште многу работи да дознаваме и осознаваме ..
    Додека ги гледам филмовите на Жарко си замислувам како било да живееш без поделби , без страв за утре , без омраза ...а сето тоа да падне во вода во рок од 10 години ..
    Безброј пати го преслушав видеово , неговите зборви ми одзвонуваат ...секој негов збор е поука ,секој негов збор е страдање ...


    Ne dao ti Bog da se požališ na zlo onom ko ti zlo misli - većega mu dobra ne možeš napraviti !


    http://www.youtube.com/watch?v=T2Kns39_ ... re=related
     
    На Serafima и julie77 им се допаѓа ова.
  9. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    СДК штотуку ја изгубив личноста која ми посвете најмногу внимание до сега и се трудеше да ме освои.Иако мислам дека е правилно тоа што го направив,сепак нешто силно ме пече.Вина,огорченост ,осаменост.Се плашам дека тркалото се врти.... :worried:
     
  10. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Се наближуваат и есенсккте денови :worried: :yawn:
     
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ова лето решивме да останеме во Македонија и си зацртавме да прошетаме и видиме делови кои досега не сме ги посетиле. Со чувство на вина, нели дека не си ја познаваме доволно земјата.

    И така и беше. Охрид и околината, Преспа, па викенд низ Западна Македонија, викенд низ Источна.
    И да прекрасна е нашата земја - Лична Македонија. Бистри реки, жуборливи потоци, зелени борови шуми. И да, кога ќе си речеш ова е недопрена убавина - си здогледал куп ѓубре.
    Не, овој пост нема да биде посветен на убавините на Македонија туку на најлоните закачени на секоја можна гранка по течението на Радика, на купиштата пластични флаши оставени од излетници на Пониква, на ѓубрето кое во 18 часот останува на плажите во Охрид, расфрланиот отпад околу секое одмаралиште со чешмичка низ нашите патишта. Да ви кажам, нашата лична Македонија е една голема депонија.
    Абе што народ сме ние... Размислувам, се обидувам да направам профил на македонскиот граѓанин кој после заминување од излет, плажа, го остава ѓубрето позади себе, без тронка грижа на совест, без осет. Побрзо ќе влезам во психата на сериски убиец...
    Се се плашам дека тоа е навидум совесен граѓанин, кој држи до себе, чист, спастрен, намирисан, со добар автомобил и среден и чист дом. Можеби некој како оние кокони кои вчера околу Беровско Езеро шетаа со штикли, тон шминка и облак од парфем.
    Многу сум гневна и разочарана, многу. И се се плашам дека вака, нема да не биде...

    И така јас да си кажам што ми лежи на душава на форумов, оти денес нешто на оваа тема прозборев на работа, а сите ме гледаа бледо во стилот -Немаме други проблеми, па сега за ѓубрето ќе се секираме.
     
    На Buttterfly, slavica999, blond и 23 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк ако човек сам не си го направи зивотот убав, никој друг нема да го стори тоа наместо него.Велат, помогни си себе си,за и Бог да ти помогне :geek: Си се смешкам, поради вистинитоста на мислава, кратка и ептен јасна :D
     
    На blond, Serafima, Elenuskaa и 5 други им се допаѓа ова.
  13. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Замина.Така гордо ја носеше својата болка како и своите штикли.Колку и да ја болеше сите гледаа само колку е таа убава.Одмаршира кон иднината. Му се насмевна на минатото и продолжи.. :)
     
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Горде кажа и за Озбилна, јас на готово :)
    Така е Горде, и јас денес си излегов од на работа со таа мисла
    и си го направив денов каков што сакам :geek:
    е не ќе чекам-мислава, кратка ама ептен јасна :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Утре заминувам на манастир, и душевно ме исполнува таа помисла уште од сега.
    Го обожавам местото и околината. Одвај чекам да отидам.
    Имав весел ден. Полн со љубов, и со насмевки, по некоја солза радосница и полни ќеси нови алишта.

    Сами одбираме дали и колку ќе бидеме радосни.
    Јас одбирам да бидам најрадосна на свет. :)
     
    На Serafima, cinderella5, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Колку да ве известам ЕДИТ:251 срценца има добиено нашата Фемина.
    Ако тоа не сте го сториле до сега, ќе ве молам од срце едно срце за нашата фемина. :l:
    http://kliknime.com.mk/portali.html
    П.С верувам дека можеме да ја надминеме моја козметика.
    П.П.С јас можда станав досадна со ова срценцава, ама за да не ви досаѓам по темава уште еднаш си ја ставив во потпис локацијата кај што треба да ставате срценца и сеа очекувам да ги надминеме сите.
    Ме фатил некој инат да имаме најмногу лајкови, не само на фејсбук, туку и тука. Не дека ќе добијам награда за тоа јас или некој друг, туку од лична сатисфакција го правам ова.
    Фала. :hai:
     
    На tessi, Serafima, cigarce и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    White sensation :D cel grad beli ko duhoj sme :D
     
  18. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Кога се смеев рекоа – неозбилнa.
    Кога плачев рекоа – не се смее.
    Се насмевнав, па рекоа – дволична.
    Молчев, па рекоа – не знае ништо.
    Прозборев, рекоа – многу зборува.
    Простив,па рекоа – кукавица, не знае да се одмазди...

    Тогаш сфатив дека човечкото задоволство е недостижна цел... :x
     
    На slavica999, blond, Serafima и 9 други им се допаѓа ова.
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    СДК дека се одморив ,си поминав преубаво ,си добив малце темен тен и дека сум задоволна и оваа година од Лефкада :) Батериите наполнети за следниве 365 работни денови :)
     
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк семејство, храна и љубов во душа, комбинација што ве потсетува дека вреди да се живее
    Јас преполна си дишам тешко, ама убаво ми е .


    И ајде ведри, ведри да ве читам тука а не цел ден кукате само, место феминки нејкам да ве викам пензионерки.
    :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.