Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    СДК дека сум пресреќна што сум дел од фемина.Мислам дека нема ден а да не седнам и да си пишувам и читкам (читај буричкам) низ фемина.Да не бев зачленета мислам дека многу нешта не би биле како што се сега.Не само што премногу научив од фемина...милион корисни работи...не само што најслатко се смеев додека читав смешни мислења...туку и запознав многу добри и фини,згодни и совршени феминки.Меѓу корисничките имиња со бројки,видови на цветови,имиња на песни,смешни,заљубени дознав дека се кријат цврсти карактери...слични или пак воопшто не слични како мене :lol: Морам да кажам едно фала за сите искрени совети кои ми беа дадени од вас.Морам да кажам благодарам за сите совети за комбинации и изглед.Благодарам за сите поздрави,за секој одвоен момент во кој сте помислиле или сте ме спомнале.Го ценам секој!Од вас сум добила повеќе искрени и вистинити совети отколку од повеќето мои "вистински" другарки.И да...потполну сум задоволна од членството на фемина.Среќна сум што можам да кажам дека овде си најдов место,меѓу вас,дека сум потполно своја и дека можам да кажам све без да мислам дали ќе бидам осудена.
    Сакам да кажам дека ловлајф ветува дека ќе биде тука и ќе помага на сите кои ќе им биде потребно,ќе дели совети најдобри што може,ќе се смее,ќе биде лоша кога мора :devil: .

    ~За крај од овој реферат што можеби некој ќе го прочита а можеби и не,сакам да ви го честитам празникот,нека ни е за многу години!Нека вашиот дом денеска и секој ден натака го красат само насмевки ,нека се слуша само смеа,нека се достигнуваат само успеси ,љубовта нека владее во животот! :*
     
    На Lux, Serafima, Unfaithful18 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас сум толкав благојадач што треба да ме затворат, треба да лежам во затвор да! Па масакар го правам бре благото низ дома!
     
    На Serafima, BeYourself, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    О боже, ме расплака ;(
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Добра сум.
    Добри се и тие.
    Се‘ додека се будам со замижани очи од светлина што ми доаѓа од прозорот.

    И оние моменти кога ти се развлекува блага насмевка од ситници. Сабајлево сестра ми, која инаку е помала од мене, направила бисквити со млеко и пуштила 101 Далматинец на телевизија, ме разбуди за да сме гледале цртани и да сме доручкувале.
    Ми вели ‘Смеј се почесто‘, сум имала дупчиња на образите. :D

    Започнувам нова етапа и со старите работи се простив.
    Со слики кои само ја закотвуваат тагата во мене, иницираат солзи и сеќавање на работи.. па кои не се баш најдобри. Стари писма, пораки од мобилен, тел. броеви, сувенири, споменари и посветени текстови.. се ослободив од сето тоа. Велат нели.. треба се‘ да се чува, за понатака да се потсетиш на минато време, па да ти развлече насмевка.. да се насмееш на старата Јас која се грижела за баналности, посветувала некому нешто и размислувала на поедноставен начин. Мојата Јас ќе избледе на хоризонтот, не сакајќи да се сеќавам на неа.
    Завршив со луѓе кои само поминаа покрај мене, некои и низ мене. Овие вториве остави ја и некои белег. Море.. сите вредеа, не дека не.. но се чинеше дека се повеќе непотребни, ниту јас веќе бев корисна за нив, па склопивме тука пакт кој резултираше со само уличен поздрав.
    И со него конечно ставивме заеднички ставивме точка. Дефинитивно. Мирно се разделивме, без договори дека тука сум кога ќе му биде тешко, или дека ќе му се пофалам кога ќе имам некој друг покрај себе, или дека ќе бидеме во постојан контакт за секоја новост и често ќе пиеме заедно кафе и ќе муабетиме. Не можеме така, не функционираме. Чувствата секогаш го потиснуваат она што го глумиме.

    Освежување на пријателките, со по некоја нова, тукушто дојдена.. и го поставувам на тацна полека мојот живот и тие својот. Се пронаоѓаме често на заедничка фреквенција и се среќаваме на заедничка точка од отсечката.
    Со оние старите во мојот живот, веќе што се знам со години.. ги користиме истите цаки, пиеме лимонада и муабетиме за безвезни работи кои се својствени за нас. И само за нас. Затоа нови луѓе во друштво тешко се приспособуваат. Затоа што ние го чувтвуваме секое ново вдишување кислород на таа до тебе.
    Паднаа и договори за Пиволенд и за (не)љубителите на пивото, ама Нокаут и Ареа не се пропуштаат, затоа што нема ништо друго асално и погодно за мој вкус.
    И со нова фризура, нов телефон, нова листа на песни и нова сезона од серија..
    можам да речам дека се чувтвувам добро, покрај сите лошотии што се случуваат некаде..

    http://www.youtube.com/watch?v=PBDBoK4x4KQ
    :hai:
     
    На zarah, Lux, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ја добив стипендијата. Официјално ќе студирам психологија!!!
    Пресреќна сум, конечно светлина на крајот од тунелот :D :D
     
    На Buttterfly, Annath, zarah и 18 други им се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Me расплака жено,жими се,ти се лутам,сега марамчето си го потрошив заради тебе... ;(
     
  7. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Една година.. од кога завршив факултет, и се изгубив себе си. Се гледаш како тонеш но не правиш ништо,се плашиш безвезе од се,од сите,затоа шо те повредиле,затоа шо не знаеш кој пат да го фатиш,кој е тој правилниот. Само правиш планови,ветувања а знаеш дека тие планови ќе пропаднат,дека тие ветувања се празни. И го повредив тој до мене. За таа една година тој имаше трпение,и ме чекаше и се бореше за мене. Ама една година е долг период,тој веќе се откажа. И другарките и пријателите се трудеа да допрат до мене ама не беше успешно. И тие се повлекоа. Само им реков да ме остават,кога ќе се осеќам спремна ќе ги побарам. И кога сфаќаш дека со тоа твое понашање и плашење се губиш не само себе си ,а и сите кои ти значеле. Како да си се откажал и чекаш...чекаш да те земат. Немаш кај да одиш,нема за шо да се бориш. Ама пред некој ден,нешто се случи. Сите мои желби,потреби,цели кои сум ги закопала како некој филм се појавија пред мене. Едно по едно,шо сакам,на кај да се движам,кој навистина сакам да остане во мојот живот,моите цели,вистината за нашата врска,за него,за пријателите. Магичен момент во кој се ежиш од тоа шо го гледаш во твојата глава. Како некој да ме разбуди и се осеќав онака како порано,силна,независна,шо сум си зацртала да си постигнам,уверена во тоа шо го имам. И ете куферите се спакувани,спремна да одам по патот. Дали ќе е вистинскиот не знам,ама сега не се плашам. Сеа си одам напред и знам дека одам,дека не сум застанала а времето оди покрај мене. Уште од средно сум далеку од дома,па после пак факултет пак далеку од дома во друга држава и тоа време додека тонев,бев дома,ги запознав убаво моите,осетив како е да правиш пинџур,како е да бидеш дел од празниците,да учествуваш во планирањето и уредувањето на домот,како е да посадиш цвеќе,да му помогнам на брат ми,да се смеам со мама,да ги слушам приказните и советите на тато,да го прошетам и да го ранам редовно кучето,онака едноставни работи кои не сум ги осетила. Средно си идев дома на викенд,на факултет слушање само 1-2 пати во недела на 1 мин и идење дома на 2 дена во месецот. За тие два дена нема како да ги запознаеш твоите и да бидеш вистински член на твоето семејство. И сеа си мислам,може таа криза е била со причина. Дека не е случајна. Сеа пак ке одам во друга држава,пак ќе се одалечам од нив,после пак здравје може ке се мажам или кој знае кај ќе ме носи патот и немаше да има време да бидам ќерка,да бидам сестра од близу. Освен таа една година. Но веќе е време. Да се развивам,да се докажувам,да се борам. И немам трпение за тоа.
     
  8. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    СДК...Вчера случајно се најдов во муабет со мои познаници, каде што една девојка ноншалантно изјави: Која е поентата да се муваш со некого, а за тоа да не знаат останатите?! Јас буквално останав вака :o
    Па каде ти е гордоста бре жено? И дали таа всушност постои во денешно време, или единствена преокупација е да се покажеш во светло под кое што не си. :^)
     
    На MalataNena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Утрото ме разбуди миризбата од ставеното месо за печење, и салатите кои мајка ми почнува да ги приготвува.
    Па потоа започнаа генералките низ дома и други подготовки.

    Доколку нема каде да го прославите празникот, ве поканувам сите кај нас. Сите го славиме овој ден.
    Започнува се на плоштадот, па завршува до утринските часови во дискотеки.
    :dance:

    Нека ни е честит празникот на сите.
     
    На La.Reina.Del.Sur, Cacy, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Повеќе сакам да се пофалам одколку што сакам да кажам,сеедно морам некому да му кажам за тоа како се чувствувам,се прашувам дали воопшо тоа е чувство. После цела една година од страв и трепет од самата халуцинација на чувството дека тој воопшто постои неможев да дишам се гушев во сопствениот страв и се давев во сопствените солзи.Вчера бев принудена после речиси цела година повторно да се соочам со него,нозете ми се тресеа се дотерав излегов.Се чувствував лошо несакав да го направам тоа воедно морав,беше време да се соочам со него- мојот најголем страв. Колку повеќе се доближував толку повеќе ги чувствував мускулите,пулсот и чукањето на срцето.Како секогаш ме погледна ладно:-Здраво. Ми ја подаде раката повеќе не чувствував страв само се доближив на кратко нежно го гушнав,точно како го правев тоа секогаш и БУМ во тој момент не чувствував ништо.Исчезна се целата фантазма кој тој беше за мене ја снема.Падна,падна стравот и теретот кој го чував,веќе тој не ми значи ништо,го познавам но ми е сеедно.Се гордеам со себе,успеав.
     
  11. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Што ми требаше да читам,пресушив од плачење ;(
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    [​IMG]

    Нутриционизмов ми остана професионална деформација.
     
    На Strumfeta93, bittersweet, Pirana и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    ^На кој беше ова аватар? :D

    Иначе вистина е дека тој што те сака и има силни чувства за тебе,ќе се бори и ќе се докажува секогаш,ќе остани покрај вас макар и да бил крај на светот,би ви пружил рака и утеха во најтешките моменти,би направил се за вашата иднина...Би се борел дури и кога му била лупната врата пред нос или направил грешка,би продолжил да се држи до она што го сака,би се извинил.Не би отишол одма да се теши во туѓа прегратка,не би нашол друга и кога сте му здосадиле,туку би се потрудил за вас.Ама не се сите вистински мажи кои се сигурни во себе и она што го чувствуваат.Всушност,станаа се поретки.
    Мислев дека имам таков,но,деновиве,спротивното ми го докажа :( Како и да е,јас ќе имам таков маж,незнам кој ќе биди,ама ќе биди тој што ќе ме увери во сето ова.

    Во прилог,една сликичка.
    [​IMG]
     
    На calliope, kravce, Lux и 9 други им се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Долго време не сум го видела.
    После него помина време, не е многу, само месеци се. На моменти ми се чини како да е вечност. Како после него да сум почнала сосема нов живот.

    Незнам дали ми недостига. Може на еден мал дел од мене-да. Вчера се фатив себеси како мислам на него, но веднаш ги избркав мислите, што дојдоа како натрапници, во лош момент. Па нели си ветив нешто друго? Тоа и треба да го исполнам. Ја ставив најубавата облека и шминка на мене и излегов, мислев дека ако останам сама ќе полудам, знаев дека одглумена насмевка е подобра од никаква. Штета што сето тоа беше само фасада на мене. На лицето светлина, а во мене мрак. Надворешна убавина, а внатрешна мизерија.

    Жал ми е што после него се е краткотрајно, површно., физички, надворешно... Жал ми е што покажувам слабост. Во другите не барам ништо негово, затоа што знам дека неможам да пронајдам ништо такво, ништо слично. Само си ги лечам раните, за да не полудам. Добар е начинов, си викам. Моментална среќа. Барем тоа можам да го достигнам. Не е важно што вечерта перницата ќе биде мокра од моите солзи. Живеам за моментот. Љубам. Уживам. Оставам. Сега нека страда некој друг, доста беше јас да ја играм таа улога. На крајот пак јас сум таа што плаче. Колку чудно... А јас требаше да бидам онаа, силната. Онаа што ќе заборави што се тоа солзи, и ќе го живее животот онака како што треба. По мојата нова дефиниција, без љубов, без емоции. Се или ништо.

    Не ми оди, еве признавам.
    Одамна го заборавив чувството, како е среќно да заспиеш до некој. Да правите заеднички планови. Да се смеете, да се глупирате во кујната, надвор, пред пријателите. Да се карате, да си свртите грб еден на друг, а потоа да ве обземе најсилната страст. Да бидете љубоморни еден на друг. Да ве радува неговото име на екранот на мобилниот.
    Тоа веќе го нема кај мене. На крајот на краиштата, самата сум крива. Сама си избрав така. Сега уживам во својот избор. Веќе никому не се жалам, мислат дека сум отрпнала, сум ојачала. Неговиот број не сум го свртела одамна. Го избришав, а не го заборавив, уште го знам на памет. Исто како што на памет ја знам секој црта од неговото лице, секој негов гест.

    Лесно е да се ослободиш од нечие присуство. А најтешко е да се ослободиш од неговото отсуство.
     
    На Nymeria, kravce, Pirana и 7 други им се допаѓа ова.
  15. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите ,одамна не сум ве читнала и пишала.Од недостаток на време ве занемарив,се негде брзам и се помалку имам слободно време.За работата ме преместиа во друг одел со повеке голеги во канцелариа и со еден куп повеке работа,неможам ни на пет минути да ја отворам Фемина,во тага сум за старото работно место и за килешката која многу се слагавме.За љубовта што да ви пишам не оди најдобро бевме за Албанија на одмор и се беше добро,ама дваесет дена веке работите одат надолу не е тоа тоа,не сум задоволна.Гардероба купував ова лето многу но ни тоа не ме задоволува веке.Сега сум сконцентрирана на работата сакам да ја оправдам доверената работа што ми ја доделија ,потајно внатрешно сакам да се докажам лично за себе а и убаво е чуството кога ке те пофалат.
    Неубави ми се за 2012 празниците Велигден,Илинден и денешниот ден Богородица се ми се со солзи и неубави испади од страна на мојот сакан.
    Ве сакам и поздрав до сите.
     
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    На Мистери.
    СДК ми доаѓа да се откажам од факултетот.
    Ова еднаш и го реков на Лилит и ми рече да не се глупирам оти ќе пушти раче и ќе ме шлакни. :lol:
    И така се уплашив да не ме нашЉака Лилит и си продолжив. :)
    А сега пак така ми доаѓа да си велам, ама не бе ќе ги земам ќе ги јадам овие книгите ако треба, ама не му се предавам.
    Ајде поздрави и честитки заминав јас да и се посветам на науката. :)
     
    На crazylady и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.627
    Сјај на животот. *си става очила за сонце*
    Тоа е тоа.
    Нивото,подпросечно хрането од базични потреби како животинки,е такви луѓе,фала ви што не сте ми повеќе во животот,особено една конкретна која подзамирисува на кинеско.
    Другите,кое сум ви направила широко велкм,фала ви што постоите. Навистина носам по едно сонце во гради за вас.

    Убави денови. Прекрасни денови.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    СДК колку да ми олесни. Цел ден глупо се чувствувам. Денес е роденден на мајка ми. И купив подарок вчера се мислев ќе е ок ама вечерва се скаравме и собајлево ми беше лута. Денот ми почна со кавги и плачење. Дојде братучедка ми и јас се пожалив пред мајка ми на братучедка ми. И кажав не и е гајле на неа што плачам и мајка ми кажа да не ми е гајле и јас ја заколнав. И кажав да и умре се најмило па да види како е. И не мислев дека јас спаѓам таму. Таа отогаш почна добро да се понаша со мене. Како да и падна криво. И јас се чувствувам криво за тоа што го кажав. Радо би си преседела цел ден дома не ми се оди никаде ;(
     
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Среќа - некои ја имаат повеќе, некои помалку. Или барем така мислат.
    Ама, и да имаш среќа е среќа, зар не?

    И баш гледам, низ интернетов стално кружат квоти за среќа. Некои се среќни, некои не се.
    Велат оти ако си знаел кај да пазаруваш, тоа значело дека и среќата се купува со пари.
    Хм.
    И секогаш кога ќе ја видам сликата - се замислувам.
    А после сфаќам - додека ти тропка џебот - ти си некој, ти си среќен, така?
    А ако е празен џебот - ти си forever alone и несреќен?

    Всушност, и не сфаќам баш.

    Ама, сигурна сум оти една реченица ме просветли:
    -Money doesn't buy happiness. It buys crazy-ass happiness.

    И така, се станува јасно.
    Ноќта - ден. Месечината - сонце.
    Да, јасно ми е - луди газенца со повеќе пари.

    Туку ајде, ви посакувам Среќен ден.
    И патем, честит празник!
     
    На Lux, Serafima и monni.t им се допаѓа ова.
  20. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Абе какви ора си имаме во нашава земјичка. Па тоа да си се изнаиграш, да се изнарипаш. И колку и да те болат нозете, пак не можеш да запреш. Не, едноставно не можеш да ги гледаш другите како се движат во ритамот на музиката, а ти да седиш. Па циганчицата бе, рипај рипај крај нема. Ама ако, пак да има, пак ќе играм и ќе играм и ќе играм, додека не се изморат свирачите. Па и кога ќе си запееш, абе мераци. :inlove:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.