Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    НЕ ЧИТАЈТЕ ако јадете во моментов.

    Затоа што:

    СДК премногу е гнасно чувството кога ќе допреш ГАСЕНИЦА. :sweat: Зелена, дебела, прикачена на стебленце од сочна голема китка брокула и „професионално“ камуфлирана, среќа добро ме служи видов па ја видов пред да ја зготвам и (недај Боже) дегустирам. :puke:

    Ама сега она што ме мачи е тоа што не можам да се ослободам од помислата на моментот кога ја допрев... грррр ..грдо и меко. И ми го уништи апетитот богами ( и измив раце 10 пати).

    Мразам инсекти и бубачки и се слично. А од денеска мразам и брокула .. кога ќе ми текне дека вчера јадев од истата... :puke:
     
    На MandyLane, bluegirl7 и Tenkai им се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас би да ги охрабрам бруцошите и идните средношколци со сликава
    [​IMG] :rofl: :rofl: :rofl:
    :up:
    Треба ли нештото да го немаш за да го цениш? Пф, и како цениш нешто кое го немаш и не е твое?
    И како бре луѓе непишано правило е гази додека можеш-после плачи додека можеш.
    Нема никогаш никој да се освести..
    Уствари да, ќе се освестиме, накај 70-80 години само за да ги советуваме внуците кои нормално нема да не послушаат и ќе се освестат исто на 70-80 години кога веќе ќе биде касно за освестување и исто ќе си ги советуваат своите внуци кои нема ништо да разберат и т.н. Ќе се освестиме кога веќе ќе нема што да зачуваме крај нас и ќе нема за што да се бориме...
    Како онаа "За да бидеш стар и мудар, прво треба да си луд и млад". Ахм.
     
    На calliope, Beaty, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Сега се гледа кој е ГОЛЕМ човек а кој не е.... До вчера скоро сите христијани пријатели барем на фејсбук им го честитаа празникот на муслиманите што е многу добро ... Но дали е така и со муслиманите на христијаните? Тоа не можам да ви го потврдам само можам да ви кажам дека сеа за сеа сеуште нема никој ништо објавено :)))
    ЧЕСТИТ И СРЕЌЕН ПРАЗНИК ХРИСТИЈАНИ ЗА МНОГУ ГОДИНИ НЕКА Е !
     
    На bittersweet, Sanniii, CoverGirl10 и 23 други им се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Најмалку сакам да бидам погрешно сфатена. А најверотано и ќе бидам..
    Не сакам да ме сфатите како некоја што не признава други религии, и сл. Баш напротив.
    Ама за Бајрам, и ние можеме нешто да „ќариме“ по продавниците. Повеќето производи поефтинуваат. Во Рамстор, дури и количките за возење, беа бесплатни. Сега се 20 ден.
    А мајка ми, едвај чека да дојде Бајрам, за да купи јајца за јуфки. Оти готово веќе, се поскапе..
    А штом дојде Велигден, веднаш се набиваат цените.. Единствено некои посни работи, ама затоа, си јадеме алвички, и после постот.

    Друго што сакав да кажам...
    Уште 6 дена, па во школо. Кога ќе ми текне вторник-петок.. Ќе се куваме. :D
    [​IMG]
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Елена, се зборува за честитање (нај мал можен гест), а не за цените по маркетите. Другарките на фејсбук се збудалеа со статуси од типот Честит Бајрам, пропратени со слики, што не е чест случај кај нив.
    Секоја чест на исклучоците!

    И сдк ај да не зборуваме тука. Тоа е што е :) :) :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Која е тајната состојка на вечната љубов ? ? Секогаш има еден што повеќе сака . Јас барем мислам дека никогаш не се сакаат луѓето еднакво . Дали можеби вечната љубов не е еднаква со вечната поврзаност на луѓето која е крунисана со брак ? Дали јас ги мешам тие работи и ги делам на две а всушност постои само една вечна љубов ?? Мислам дека сеуште во светот има луѓе кои не се повеќе заедно но нивната љубов сеуште трае ама како може да трае ако не се заедно сеќавањата ја прават таа нивна вечна љубов? ? Луѓе во брак одгледале семејство скоро им поминал животот се разделуваат зошто ? Дали поради тоа што повеќе не ја чувствуваат таа хемија помеѓу нив или пак затоа што сфатиле дека ги немаат истите амбиции , сфатиле дека всушност не се еден за друг ?? Е како така бе а веќе имате деца , внуци . Всушност сфаќаат дека не поминувале поголем дел од времето заедно правејќи ги работите што ги сака едниот па потоа другиот се запознале 3-4 месеци поминале заедно сфатиле дека има љубов и оп брак . Како тоа нема љубов повеќе а имало додека се одгледувале децата . Која е причината ? Не поминале извесен период пронаоѓајќи ги нивните души , нивните срца . Не живееле заедно туку одма брак . Па може и без брак може и без прстени тоа не значи дека нема да останат заедно засекогаш или дека нема деца да имаат неее мора брак прво . Тие стари ‘‘мудри‘‘ дедовци , бабовци со тие застарени мислења . Тие ли се криви што е тоа денес така ? Ако сум спремна , ако е спремен некој трет да ми соли памет не е потребно не за друго да не си ја тупам главата после . Just saying :emo:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Животов ми е скроз откачен.

    Само тоа можам да кажам :D


    Додуша, среќна сум што имам толку љубов во себе, што можам да се изборам со сите ламји, метафорични и вистински, за да станам херојка сама пред себе.
    Синхронизирани емоции, тој од далеку праќа абер. Не се грижам. Повеќе верувам. И денес, на овој ден, пред точно 20 години, ме удри кола, а татко ми бос, преку пет скали трчаше да ме спаси под тркалата. Имав пет години, црвено фустанче со точки и скршено ноџе. Се опоравив брзо, моите мислам дека ми го слават како втор роденден денот. Јас - не се сеќавам многу, само знам дека ме прашуваа постојано дали сакам да јадам, дали ми треба нова Барбика... Колку е мигновен животот!
    Јас, преживеав, за да доживувам нови нешта.
    Мајка ми и пали на Богородица огромна свеќа и остава литро масло во црква. Јас, мислам, наместо да верувам. Мислам на волјата на судбината да си Она што си, зошто така сакал некој друг. Дека постоиме заради нешто што треба да го завршиме овде. Неслучајни патници. И онака телово ми е само привремен престој тука. ;)
    Еве ме, жива, здрава, со милион чекори напред кон нови светови.

    Којзнае што не’ чека утре, затоа бидете добри.
    Онака, на духовно ниво.
    Јас, се пакувам и одам за Хрватска, ме чекаат таму добри луѓе, море и многу фотографии.
    Се читаме, некогаш пак.

    Ваша Ш.
     
    На bittersweet, Feminkaa, Buttterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  8. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Изминативе неколку дена бев малку зафатена поради неочекувани околности, односно пожар кој еве веќе два дена се шири како паразит околу градов и не можам, а да не се запрашам дали се пожарникарите толку неспособни или „граѓаниве“ во околината толку несовесни и плитки?!
    Со оглед на случкава што сакам да ви ја раскажам, се повеќе си мислам дека се работи за ова второво.
    Не знам од каде да почнам за да ви доловам колку сум исфрустрирана од околината во која живеам, но ете кога веќе почнав за пожарот, слушнав дека бил подметнат. Не ме чуди. Тоа што ме чуди е како има толку неразумни суштества кои за некакви си глупави цели го загрозуваат животот на луѓево, а воедно и сопствениот живот?! :fubar:

    Следно што ме исфрустрира деновиве беше една девојка која стоеше позади мене и дечко ми и како многу други луѓе најверојатно чекаше да почне претставата во театарот викендов. Имаше само една единствена слободна клупа и кога дечко ми ја здогледа ми рече да седнеме за да не чекаме. Доволно гласно за да слушнат и луѓето околу нас. И тргнуваме ние на кај клупава и еве ја девојкава уфрла во петта и не претекнува и пред носот ни седна на клупата без око да и трепне. |(

    И врвот на се беше кога следниот ден отидов со другарките повторно на претстава која се оддржуваше пред театарот и сите луѓе насобрани стојат од страна на нозе само за да го гледаат перформансот, а некои си сељачишта чија куќа им е залепена за театарот ја вклучиле таа сељачката музика до даска и тоа очигледно за инает. И организаториве одат ги замолуваат да ја намалат музикава и ај некако сељачзимот попушта и ете ти ги туп цело семејство се насобрало да ја гледа „драмата“. Ај што не ја разбраа како да беше малку, ама не, сељакот мора да се покаже па во таа тишина на цел глас упатуваа коментари кон актериве дека се на некоја дрога, се смееја и на крај си заминаа. И да ви кажам поарно што си заминаа бидејќи бев на работ да им оддржам еден говор за што се работи и да им го објаснам зборот уметност, а попатно можеби и зборот морал е ред други зборови за кои тие никогаш не слушнале во нивните глупави сељачки животи!!!
    Ама нели викаат секоја радост кратко трае.

    Епа, сељачиштата откако увидоа дека „драмата“ не ги задоволува нивните вкусови пак ја пуштија таа музиката до даска и иако на крај повторно ја исклучија, ми го уништија сето уживање и цела вечер.
    Кој им дозволува на такви суштества да живеат?!
    Возрасни луѓе без ниту малку култура и почит спрема нешто во што луѓе вложиле труд да организираат и подготват се апсолутно непотребни на оваа Земја со оглед на тоа што почитта им недостига бидејќи тие самите не знаат како е да се вложи труд и време во нешто што ни значи.
    Тоа ти се луѓе кои никогаш не ја пронашле смислата на нивните животи, а уште помалку размислуваат во врска со тоа.
    Зарем тоа не ги става на исто рамниште со животните?
    Единствено по кое ние се разликуваме од нив е разумот.
    А луѓево кои ги опишав погоре очигледно се уште се немаат запознаено со таа доблест.
    Се прашувам како не ја чувствуваат таа голема празнина, таа голема дупка во нивните животи?!
    Благодарам на вниманието. :angel:
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Денес читам женска литература, од она простата за средновечни домаќинки. Прекршувам диета, пардон правилен начин за исхрана кој ќе ми донесе стас ипол, здравје и лиги над слики од кувари и рецепти. Мајка ми на времето одржувала линија со тоа што гледала слики од благи и така и се одјадувало. Јас ова го наведувам како причина зошто би можела да бидам посвоена. И плаво-сивите очи, единствени во фамилија.

    На моменти ме удира реалноста, но јас вешто и бегам во несреднава соба. Ми се допаѓа не потребата за социјализација која е се почесто ладна и понавика. Во сите хороскопи пишуваат дека близанците не можат без друштво. Само една женска која ми даде 5 карактери вели дека ние сме си друштво сами на себе. Може и не се така глупи Американиците. Може.

    Ве поздравувам јас и уште некулкуте жени во мене. Ако се изјаснам вака на избори ќе ми дадат да гласам повеќе пати? Море батали избори, ако даваат гратис колачи мене треба повеќе да ми се дадат.
     
    На mims-89, kravce и L-enna им се допаѓа ова.
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    93.919
    Пол:
    Женски
    бев на работа-прекуверемено,и кај на празник ваков голем па и ме затрупаа со работа-свињи! се прашувам кај ке им оди душата?!и не работам во маркет,болница или нешто што е логично да има отворено на празник...ама вај нот кога газдиве мои си седеа во воденица на ручек па вечер ке ждерат свинско во Маврово со самите луѓе што ја имаат власта и ги пишуваат и гласаат законите за работни односи!
    и после не ме прашувајте зошто не ја сакам државава или па одам на викенд во Грција!
     
    На majafimceva му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Од љубовта научив дека...

    Можеш да засакаш некого без разлика на изгледот.

    Колку и да се бориш со љубовта,нема да успееш.

    Што и да правиш во љубовта пак ќе се надеваш.

    Колку и да бегаш ќе мораш да се предадеш.

    Не можеме да отсакаме некого се додека не засакаме некој друг.

    Кога некој сака некого тоа се познава.

    Љубовта е помоќна од се друго.

    Љубовта е како музика...секому е потребна.

    Се се случува како текот на бранот.Оди горе-долу,како и во животот така и во љубовта.

    Кога сакаш некого ќе ги запознаеш и тагата и среќата.

    Ако нешто требало да се случи ќе се случело.

    Ако нешто во иднина треба да се случи со сигурност ќе се случи.


    Можеш да за засакаш некој што никогаш не си се надевал/а дека ќе го засакаш.

    Љубовта секогаш не води некаде. Или во пеколот или во рајот.

    Љубовта може да донесе болка или радост,но како и да е таа е најубавото чувство на планетата.
     
    На bittersweet, Feminkaa, Serafima и 16 други им се допаѓа ова.
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.488
    Пол:
    Женски
    Како и секоја година, така и сега, овој период се чувствувам најисполнето.
    Лешок ми е едно од омилените места,не можам ни да опишам, а празников ми е многу драг.
    Вчерашниот ден,кој нетрпеливо го чекам цела година,засекогаш ќе ми остане врежан во срцево...

    :l:
     
    На moliv4e, Dulceee, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Оној што немал во животот, ќе знае да дели и цени и кога ќе има, а оној што секогаш имал мноу е тешко да научи да дели...
     
    На Serafima, CoverGirl10, martinuska и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Uuuuu baby I LOVE ur wayy...Everydayy.....:D
     
  15. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Нека ви е Среќен празник на сите што го славите :) :*
     
    На SimplyElegant и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Додека постојат луѓе кои целиот свој живот се мачат да добијат деца , постојат луѓе кои имаат деца ама тоа не го заслужуваат ...Зборот мајка и зборот татко не те прават родител....Родител е човек пред се , човек кој е спремен да стори се за своите деца , да им прости , да ги сака безусловно ...
    Љубовта не се мери преку подароци ...љубовта се мери преку добриот збор и искрената прегратка ..
     
    На Serafima, CoverGirl10, martinuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Морам да додадам, родител е оној кој знае како правилно да ги воспита своите деца, од нив да создаде културни и разумни луѓе.
     
    На bittersweet, Serafima, ljubam и 5 други им се допаѓа ова.
  18. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Јуни, јули, август..Три месеци не бев активна на форумов, а ми се чинеа ко 3 години.Не бев активна не за тоа што немав време,него каде што бев на одмор скоро 2месеца немаше интернет.Кога се вратив во Скопје со кој попрво да се видам да направам муабет, кафиња мафиња,ова-она..Овие неколку дена што ни преостануваат од распустов планирам да ги посветам во дружење со вас..

    Од септември почнувам средно..Ке бидам повеке зафатена, и ке иам уште помалку време за фемина.. :(

    Кога веке спомнав дека бев на одмор, морам да кажам и дека си поминав прекрасно! Поздрав до сите деца што ги запознав таму, многу ке ми фалат..Стекнав повеке искуство, животот ми даде лекции кои никогаш нема да ги заборавам!

    Бтв..Среќен Празник, за многу години нека е :)
     
  19. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Си го крстивме дадево мое. Нека и е вечно името :) .

    Едвај се воздржав да не заплачам неколку пати.
    Прво во црква кога почнаа со крштевањето и го видов татко ми како му течат солзи.
    После кога почнаа да ја пејат "химната" нејзина, што би рекла мајка ми, во ресторанот.
    И не ради песната, туку ради тоа што мајка ми и татко ми заплакаа. Од среќа.

    Уште еднаш едвај ги запрев солзите кога една пријателка запеа една песна за нас ко поздрав. И тоа ради гласот што го има, ради тоа што од душа пееше и секако зошто мајка ми и татко ми заплакаа :D

    Денеска фамилијарно разлигавени. :D

    Па мераци јас за поклони, одма само што дојдов дома отворив се живо, да видам што и донеле на дада ми. Искрено ми се наполни срцево од толку милички, бебешки работи што добила. Најдотерана ќе биде, најнакитена и во најдотерано креветче ќе спие. Милата џенцка дадина.

    И да им порачам нешто на момците

    Svi buduci momci
    Neka dobro znaju
    Devojka ce biti
    Najlepsa u kraju :!:

    :wasntme:

    Да ве почастам и вас со нешто блашко
    [​IMG]
     
    На bittersweet, tessi, Serafima и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Еден комшија стално викаше - Кај што има магариња, таму има и сиромаштија, а кај што има сиромаштија, има и простотилак и некултура! :D

    Нека си го поживее векот комшијата, солидно има нагазено во десетата деценија ако не се лажам, и да ви кажам, ептен е во право. Денеска видов само 2-3 магариња, претоварни, со подгрбавени старчиња, а ем, ќе речеш празник. Не знае сиромаштијата празник и делник.

    Прееска бев во црква, по којзнае колку време. Сама. Имаше многу убава атмосфера, сонцето печеше, ама не беше жешко, дувкаше ветре, ме обли некое спокојство, некој мир. Не знам зошто, ама во последно време се почесто сакам да верувам и да се надевам дека некој, некаде ме чува и ме пази. Дали таков е периодов, со проблеми, не знам, ама имам некој спокој откако почнав да се надевам на подобро утре. Се почесто и почесто зборувам со мајка ми, и знам дека чим таа ќе ми рече, не се секирај, ќе дојдат подобри времиња, навистина ќе дојдат. Мајка бе, песимист на векот, станува позитивна. :D

    Сакав исто да ви кажам, дека се повеќе сум спремна на компромиси. Знаеш дека дома сте во големи гомна (извинете на израз) кога и илјадо денари повеќе се проблем и менуваат многу. Спремна сум да патувам, да работам, да заработувам, да студирам, спремна сум да не спијам, да не бидам на диета, спремна сум да јадам леб и маргарин ако така треба. Животот се носи, ама доброто е што се е минливо. Пак сум добро јас, не ме мислете. :D

    За чудо, и дома некако ги фана некој оптимизам, па се надеваат на подобро. И двајцава дома, ќе полагаат и дополагаат испити, квалификации, сертификати... Едниот за сметководство, другиот за анализи... Уште некој денар плус нема да штети, нели. :wasntme:

    А, да се пофалам, конечно се остварува тоа, фрли си зад тебе, да си најдеш пред тебе. На колку луѓе сум помогнала, не сум сакала ништо за возврат, ете, сум помогнала ради тоа што сум таков човек, не за корист. Некна преведував нешто, за другарка, ете, ме викна и веднаш отидов, без надеж дека ќе бидам платена за нешто, мислам ни на крај памет не ни мислев да и наплатам... кога тоа... ми вади пари и ми плаќа. :o Првиот човек кој се сетил на мене, дека и јас постојам. Оттогаш, да не се фалам, ама добро тргна заработката, нешто ситно, есејчиња, пишувам, смислувам, ми мине времето, оп, досега илјадарката ја спечалив :D ... веројатно ради тоа што ,,првите мачиња во вода се фрлаат :rofl: ,,.

    Абе ќе мине бе, се ќе мине. И куќа ќе се изгради, и се ќе биде. Никогаш нема да заборавам како ми е мене сега, кој ми помогнал, се е школа и искуство. Живи, здрави, има и полошо, многу полошо. :D

    И за на крај, кога ти е најтешко, сети се како му е на Мартин, што татко му е Драган Вукиќ! :rofl:
     
    На bittersweet, Miss.Ricci, Sanniii и 23 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.