Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Помина. Помина се како што рекоа.
    Офф какви тешки маки и мисли, бев изгубена.
    Ова беше првиот пат да си решам сама за нешто важно и нешто што ќе има ефект врз мене.Едноставно го имав чувството дека ако одам во средно нема да биде добро, си знаев дека осмо е решението. Сериозно, немаше конкретна причина за одлуката, туку лувството - и сигурна сум дека сум во право.
    Голема одлука е да, основно или средно?
    Што убаво што си решив, што јас си контролирам.
    Задоволна и среќна сум. Тоа е најважно и се друго доаѓа после тоа.

    Тато си отиде во Холандија, нема да го видам до нова година. Знам дека е среќен и дека е колку толку задоволен и дека ќе се врати уште малку. Братлето ќе си го видам, колку пораснал откако јас отидов.
    Ми се пофали дека пливал во длабокото со мускили, па барал од маќеа ми да напише буквата Ј (како Јана) на плажа. Мал е да, 3 годинки ќе полни,ама ме расплака пред некој ден, си зборевме на мобилен . Единствена желба е да не се оддалечиме, да сум му најблиска и да му помагам кога треба. Ај уште малку, па ќе бидеме сите заедно, па ќе ги завршуваме семејните обврски како семејни ручеци и ќе бидеме најсреќни луѓенца на светот! Мама е задоволна горе доле, се фокусира на магистратура, и оди многу, и таа си е среќна. Многу е убав животот ако научиш да си задоволна. Толку од мене.

    http://www.youtube.com/watch?v=2EIeUlvH ... njgu-e7hU8 За вас :hug:
     
    На kate21, Springy, MandyLane и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    цел ден и цела вечер поминати во смеење и ова беше врвот!

    Кога ти е најтешко сети се како му е на Мартин што татко му е Драган Вучич :rofl: :rofl: :lol:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Еве и јас да дочекам една година како сум зачленета на форумов...профилот ми беше направен ама прв пат почнав да пишувам на 28 август 2011...се сеќавам таа вечер бев многу изнервирана,плачев па првото мислење ми беше во темата Испукајте се...баш на убав начин сум започнала да ве дружам :D .
    Пред тоа ве читав цела година,и многу научив од вас,ама мислам дека уште повеќе созреав кога почнав да пишувам тука,кога разменував со вас мислења,ве прашував за совети...во некои ситуации сте ми помогнале,во некои се надевам дека јас сум ви помогнала,сте ме насмеале некогаш,некогаш расплакале,но знам дека никогаш нема да зажалам што сум се зачленила на форумов,бидејќи ние тука,како што многупати се има кажано,сме едно гооолемо семејство,си даваме меѓусебна подршка кога треба,споделуваме искуства,емоции...и еве,помина една година како сум активен член,и стварно мислам дека уште многу повеќе созреав зедно со вас,бидејќи така,како сунѓер впивам се што е околу мене,туѓите искуства,грешки,правилни одлуки и многу,ама страшно многу учам од вас со секој поминат ден,со секое ваше мислење.
    И Ви благодарам за тоа. :bow:

    Aјде сега по еден Космополитен за сите (деновиве зараза ми е Сексот и Градот).
    Наздравје :d:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На tessi, Adi888, TheCandy880 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :swear: :tmi:
     
    На Elennaa и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    "Some people do not understand what true music is, and rather think music is just here. Music is meant to be felt, not heard."
     
    На kate21, mims-89, BlackSwan5 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Juicy03

    Juicy03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    СДК... Мислам дека ја видов Shelea на рекорд! :D


    СДК 2 -Колку е глупаво чувството кога некој те копира, а уште по глупаво кога знаеш дека тој некој ти е најдобра другарка...барем еден ден да почекаше...спичлес. :!: Уште нешто ... мразам да читам спојлери, ама не можам да одолеам. Уште неколку часа и самр финале на ПЛЛ 8)
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mon4i91

    mon4i91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    101
    се исплакав и себе си.
    Се чувствувам како цел свет да ме предал, како да немам блиски, како само моите соништа да не се остваруваат, тажна сум, сама сум, осамена сум,бескорисна, ладна сум. Изморена сум. Ама баш.
    Што не е во ред со мене?
    Со саканиот си бев 2 дена, и знаете што? Се чувствував сама, сите негови прегратки, насмевки и бакнежи не ме расположија. Го чувствував далеку и отсутен како да е на друго место во истото време додека е со мене, повеќе не разговара со мене, буквално го терам за да се видиме и... И ПАК СУМ САМА.
    А мама и тато, срциња. ме пречекаа со широка насмевка и големо разбирање, „беше да се види со саканиот“ ,а можев и да сум дома, но што полза ке видеа од мене?
    А сестра ми??? Со мене разговара како да сум странец, повеќе ништо не ми кажува, се што ќе побарам од неа таа неможе да направи, не ме забележува. Од кога станав Невидлива? Непотребна? ЗАрем добивате повеќе љубов од останатите во вашиот живот? ве гуши ли моето внимание и љубов?
    секогаш сум тука за сите, секогас имам разбирање за се, најфина сум, најдобра сум. нели? и ова ми е благодарам од вас? Ми здосади јас да бидам таа која секогаш попушта, онаа која се прави за мир во куќа, онаа која секогаш прави по ваше, онаа која има разбирање за сите ваши проблеми и преоритети, доста веќе ме ставате на последно место. Доста.
    Ете, ја симнав маската да се олесни моето срце, да се исплаче, бидејки од сабајле се одново. Никој несакам да знае, никој не заслужува да му упропастам ден со „моето незадоволство“.
    п.с. Фемина ти благодарам што постоиш. Се олеснив овде, зошто несакам никој да знае.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Oh Dragon Warrior, I wish I was a panda like you.
    Го гледав Кунг Фу панда, сонце.

    Надвор од филмовите, пука безгрижност. На кожа ја осеќам. Ама во темниците чека грижа на совест, да го собере долгот. А јас ептен се задолжив. Утре е долг, голем, и пред се нов ден. Едвај чекам да го поминам во бескорисни работи, како до сега. Па што, слободна сум, или барем така ме лажат. И имам нова формула, не е за среќа а не е ни за тркање, со еден збор не носи пари.

    Си потпевнувам денеска, има некое лудачко чувство кога знаеш веќе дека крајот се ближи а не можеш да направиш ништо за да го смениш...барем не многу.
    I like it I'm not gonna crack
    I miss you I'm not gonna crack
    I love you I'm not gonna crack
    I killed you I'm not gonna crack

    http://www.youtube.com/watch?v=pkcJEvMcnEg
     
    На Mishela, MandyLane и kravce им се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    После толку време, мајка ми ме убеди да одиме во црква вчера.
    Ете, за нејзина желба отидов.
    Јас всушност немам одбивност кон религијата, туку кон црквата како институција т.е. вработените во неа кои ја користат вербата и љубовта на верниците за некои свои цели.
    Стави го ма таму зејтинот и остави си покрупна паричка, за твојата молитва попрво да ја сослуша Господ - вели тамошен работник на постара женичка.
    Де бре, јавна лицитација е, па кој повеќе, нему попрво?

    Ми рекоа да си замислам желба, на овој празник се исполнувале желбите.
    Јас ко јас, само скептично ги погледнав, и пред да зинам, ме пресекоа со „Ај нареден пат кога ќе дојдеш, ќе разговараме дали се исполнила.“
    И сега проблемот ми е како да излажам дека не се исполни?! :D
    Сериозно, коинциденција ли е, што ли е, јас бев последна што можеше вака да го смени текот на настаните. Јес да се надевав, ама реалноста беше друга. Беше!

    Назад во секојдневниот живот, полека почнав да ги откачувам останатите испити и тоа со солидни поени, си ги земав тие 1200 евра што ми следуваа, жива сум, здрава и се надевам на најубаво редење на коцките, само нека продолжи вака. :sun:
    Давам шанса на оптимизмот во мене да воскресне, и ете, уште првиот момент почнавме да се сложуваме и да соработуваме. Not bad. Not bad at all.
    Што се тиче редовног мрчења, е, од тоа не се откажувам. :lol:
    Ме немало. Мене или? Секогаш ли мене треба да ме има? На лагер?
    Не сакам никому да досаѓам кај што не требам. Ако ме нема, знаеш секој момент каде да ме најдеш ако навистина те интересира за мене, како што јас знам кај да те најдам.
    На збор не можам да верувам, кога делата покажуваат спротивно.

    Добро утро, и верувајте во своите желби.
    Ако се искрени и од срце, верувајте, ќе ја потврдат тезата дека универзумот секогаш крои заговор да ги исполни таквите. Ваше е само да знаете како да постапите откако ќе се исполни истата, за уште повеќе да си помогнете себеси во кроењето на својата среќа.
     
    На julie77, Adi888, meow22 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Не не не и не! Не можам да издржам веќе, уште 3 дена, ама јас ќе полудам веќе ! Не не не и не ! Не можам вака да реагирам на најубавиот ден во животот! Не не не и не можам да дозволам овој оној или мојава преоптеретена психа и мојот глупав мозок да ми го уништат тој ден! Е нема да дозволам!
    Па невеста ќе бидам или што?! Има да играм, да пеам, да се радувам, ееееееееееееееееј се мажам!!!!!
    Смее ли некој да ми го расипе денот?! Е не смеееееее!!!!!! :rock: :rock: :rock: :dance: :dance: :dance: :party: :party:
     
    На CIA, Adi888, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ќе ти го расипе ако само ти дозволиш и се оптеретуваш дека некој сакада ти го стори тоа. Премногу си всушност оптеретена дека навистина ќе се случи тоа. Ко што викаат што ќе му пратиш на универзумот, тоа ќе ти врати, така да отргни ги тие мисли, пренасочи ги дека се ќе биде во ред и совршено, дека ќе бидеш прекрасна невеста и ќе почнеш да го чекориш животот што го посакуваш. Како и да е, честитки и храбро..

    Убаво е чувството кога ќе се разбудиш покрај некого. Ќе ги подотвори очите, ќе ти дари бакнеж во чело и ќе ти се насмее. Не сум сама.

    Џони Мичел ми е фина дружба. Си јадам праски кои си ги купив од едно бабе вчера а пазар полни сладост, и си добив гратис животна приказна. Колку се понекогаш мили старите луѓе, и колку им фали да се доискажат. Еден дедо додека правеше букети од магданос, ми се насмеа и рече - земи деде, од мојот двор е, полн е со Љубов и внимание, се ќе биде повкусно кога ќе го стваиш. Ми го направи денот.

    Имајте убав ден, ја отидов во лабораторија да го поминам со печурчињата мои недетерминирачки.

    http://www.youtube.com/watch?v=R3wVkbgouJM
     
    На Lolipop23, Sara123, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Додека на 14-15 години ние игравме уште ластик , се појави нова генерација на која нешто и дишело и мрдало во стомак ...незнам дали ви текнува на таа мудрост . :^) :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • 5202366_700b.jpg
      5202366_700b.jpg
      Големина на фајлот:
      29,8 KB
      Прегледи:
      404
    На Juicy03, Foreveryoungiwannabe, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.589
    Допаѓања:
    43.114
    Пол:
    Женски
    И СДК дека денес му е роденден, ах 21 наполни мојата љубов.Нему му честитав, па ете имав и тука желба да кажам дека ова е четврти роденден негов кој го прославуваме заедно.Му посакав убави желби синоќа и знате што, му посакав еден ден заедно со дечињата да го гушнеме и да му честитаме роденден.
    Сакам да кажам дека сум среќна за секоја година која ја изминува во мое друштво, за секоја минута која расте покрај мене, кога растеме заедно и кога ќе старееме заедно.
    Е така љубов и сите вие, чисто зошто одамна немам кажано никому дека сеуште го сакам толку силно.
    Сакајте се тоа го исполнува животот, ви ветувам.
     
    На kate21, teddybear, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...еј луѓе, свесни сте дека е 29 август?Бидејќи, јас дефинитивно не сум!Уствари, чекај да го проверам календарот... :^) Чекинг...Ау, јеботе, стварно е 29 :lol:

    Летово ми помина многу брзо, како да дојде јуни пред два дена, а не пред два месеца.Па, како и нема да помине брзо, кога беше исполнето со многу дешаванки, со личности од минатото што многу ми значат, и со нови што ги летово ги запознав, а се зближивме како да ги знам цел живот.Се почна со мојот роденден, знаете, вештачкиот во јуни.Поубав роденден не сум имала од овој.Сите мои најмили, собрани на една маса, минатото и иднината се споија во разговор и смеа, и мнооогу торта :lol: Кратко после тоа, дојде одењето во Охрид.За престојот таму имам само еден збор - Кадмо :inlove: Се заљубив во местово.Совршено е и за утринско кафе, а и за вечерна искачанка.Следна дестинација - Грција.Е тоа беше лепота.Морето-чисто и топло, времето подобро не можеше да биде, а Грците, хехе, е тие се посебна приказна.Никогаш не сум видела толку убави луѓе, а истовремено толку љубезни.Ова кризава дефинитивно ги омекнала.И таму се заљубив,ама не во место, туку во личност, т.е. повеќе личности.Одбрана група свежо стекнати пријатели кои ми го направија одморот незаборавен.И до нив една порака - Ќе се видиме идната година пак, I promise! :* Откако се вратив, помина повеќе од месец и на почетокот ми беше многу тешко да се вратам во нормала, да прифатам дека нема повеќе секој ден плажа, пливање, полуголи фраери околу мене 8) Да се прилагодиш повторно на животот во Скопје е тешко, дури и ако си го напуштил само на десет дена.Како и да е, овие месец дена поминаа супер, кога конечно се навикнав на мојот стар lifestyle, започна забавата.Преку ден, кратки излети во природа, а навечер, старо-новото друштво на кафе во Барселона :P Кога ќе размислам, после овие три месеци, одредени работи се расчистија, се искристализираа одредени ситуации.Сфатив со кого сакам да се дружам и понатаму, кој ми значи многу, кој ќе биде откачен наскоро, а со кого би сакала да имам иднина.Како кулминација на се ова доаѓа Пиволенд.Така, со многу музика, дружење и пиво, ќе ја завршиме приказната Лето 2012, најубавото лето во мојот живот :)
     
    На Rozich, Foreveryoungiwannabe и Robert.Langdon им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.595
    Здраво-живо!
    Многу се нервирам у сред недела коа има неработен ден. Увек почињам да си *бројам* пак од понеделник и есапот не ми излегува у прв момент од будење,некако брзо ми дое пак понеделник. И се шљакнав по чело,оу,ноу,среда! Оу...ООООУ! Дали е среќна или ќе биде баксузна?! Утрото не беше лошо,ама пладнето е критична точка,останете во епизодата Лилит и средата, која мора да е среќна!
    Бирократии,зошто не се завршувате сами од себе,а?!
    Ти копуче,зошто не собереш тестестерон?!
    Вие феминки како сте?!
    Ти свету оти се вртиш?!
    Ти Грујо зошто уште драпаш колци?!
    О вие статуи,кога ќе се стопите?!
    Ало,дали се намалија цените на енергенсите?!
    Не,а?! А да поспијам до тогаш?! Не можееее?! Мех.

    И кога има смисла денот,не е на одмет кафе!А кога нема па особено! Кафе во добро друштво! Кафе во љубовно друштво! Леле какво убаво кафе е тоа...најубаво! Јас го сакам горко,ама кога го пијам у такво друштво... СЛАТКО МИ Е БЕ,СЛАТКО! У друштво на родители,од сабајле да ти го пукнат душичето! У друштво на баба ти, слушаш приказни по 100 пат! У друштво на твоите квачки, пак слушаш муабети по 100 пати,ама интересно ти е! У друштво на другари, малце ти зборат за работи шо не ги разбираш ко на пример фудбал,ама пак ти е смешно! НЕМА ЛОШО КАФЕ,НЕМАААААААА!НЕ-МА! И строго без цигара!

    Е така,пијте само убави кафиња денес! И цела недела! А ус пат и пијте пиво!
    51 кило заслужува малце пивце у мев и затки у уши и ... селективно слепило. Гледаш у таа гужва некоја немила фаца,оп,не те глеам,не те глеаааааааааааам,чааааао! Шооо? Па не те ни слушам,глуп си! Чааааааао!

    И значи,убав ден! :D Летото може завршува,ама можете да мирисате на кокос цела година!Ха!
     
    На JuLleE, beached, Acerola и 3 други им се допаѓа ова.
  16. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    СДК дека цело лето ми е опишано во сликава. |( Прилично досадно, ха?
    :nod:
    [​IMG]
     
    На Juicy03, GarpovaV, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... ненормална сум си, и убаво што си знам!
    Дали сознанието дека си нездрав - те прави здрав и нормален?
    Веројатно не, тоа е исто како убиецот да признае дека е убиец, и да му простиме сите.
    "Па си призна човекот, свесен е дека сака да убива, јаааа, остајте го раат..." :^)

    Какви денови позади мене набилдани на животното конто, јух. :whew:
    Многу се чувствувам мизерно кога налетувам на типични балканци, опсесивно љубоморни, алфа мажјаци што не знаат гз да си избришат правилно, па шетаат со покакани гаќи.
    А до нив се стиснала некоја кутра душа, незадоволена во секој можен аспект - емотивно, ментално, сексуално, ама се прилепила ко таксена марка и не се одлепува од батето.
    И ги гледам така, и јас се прилепувам до дечко ми, онака махинално, од среќа што он е целосна спротивност на јебачов, а јас на душичката до него.
    Стопати сум анализирала и секогаш стигнувам до истиот заклучок - дека Универзумот сериозно се погрижил да ми го продолжи животот со тоа што пронајдов идеален партнер.
    Многу битна работа во животот, кој сака нека рече.

    Втората секундарна битна работа во животот едоставно насловена како РАБОТА, па никако да тропне на вратата.
    Одам во поход кај една персона која половина фамилија ја смета за одвеана со умот, трчи-лажи, демек абер немал од животот, а човекот си тера бизнис, си има контакти, си врти пари, си ужива и гајле нема.
    Одам да видам што има да понуди на менито, а ако испадне дека тој е клучот за заклучување на сите мои проблеми, ќе се смеам додека сум жива, ќе се прекрстам со лева рака, ќе му дигнам споменик, ќе му ги зачистам чевлите скришум, ќе си купам куче, ќе го мазам, ќе го пазам и ќе го викам Џоле!!!
    :devil:
     
    На bittersweet, ludoto19, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  18. American.Virgin

    American.Virgin Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    20
    Ништо не [СДК] ! :D
     
  19. Robert.Langdon

    Robert.Langdon Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Често пати слушаме, како демек со кого се дружиш таков си.Ако мене ме прашате, јас не се согласувам. Постојат доволно силни личности кои можат да го зачуваат својот карактер и да не потклекнуваат под туѓи влијанија. Се разбира ги има и другите кои за кратко време ќе прифатат се што ќе им каже некој бвез да размислуваат какви последици ќе има врз нивниот живот ;) :)


    Ги гледам моите врсници, па и повозрасните, едноставно луѓето се опседнати со својата опопуларност на Facebook.Животот им се сведува на броење лајкови, и коментиразње кој колку е преубав и најубав. Сите се желни да бидат најпаметни, па кога ќе налеташ на некоја млада госпоѓица која ќе залепи текстви како нејзиниот живот е завршн и повеќе нема надеш, љубовта го напуштила нејзиниот живот, или искривување на нашиот јазик со коментари од типот''srcka top si, kakov look OMG kis4injaaaaaaaaaa'' |(
    Зарем е нормално да се оптеретугвавам за нешто нереално. Со лајковите не се зголемива ни убавината а уште помалку опаметот. Зарем така планираат па протече нивниот живот :?:
     
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Имам желба да запалам цигара :tmi: да пуштам гласна музика и да пробам да уживам во денов :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.