Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Си размислував за тоа што ќе биде кога моите најмили,најдобри и највредни баба и дедо веќе ќе ги нема?Знам само дека ќе плачам до бескрај и дека ќе ми недостигаат многу,многу...Сеуште ќе одам доле очекувајќи ги нив со топла насмевка да ме пречекаат и да ме почастат со нешто и да си напраиме онака ептен убав муабет.Ама,јас да не мислам сега на тоа.Да уживам во секој изминат миг со нив,а што ќе биде-нека биде :)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Драго и мило ми е што за мои сега за некој месец 28 години, изгледам младолико, па барем на 40 години ке изгледам ко за 25 :D Бидејки секогаш ми ги утнуваат годините, еднаш ми викаат ке да имам 20, а максимум 23 :D Па убаво се чувствувам :emo: и подобро така, отколку обратно :D
     
    На cinderella5, kate21, MSkorpionka и 12 други им се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Со душа го чекам септември, незнам зошто одсекогаш ми е бил месец за промени, месец за нешто ново.
    Го сакам она септемвриско сонценце кое е толку пријатно и на толку нежен начин те мами и привлекува.
    Леле колку многу ја сакам есента, мирисот на есен, шумот на испаднатите жолти листови, па дури е мирисот на зимици :) Мене есента ич не ми е депресивна, туку напротив ептен ми е романтична :)
    Убавинииииииии
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Juicy03, Hipster, julie77 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Ги сакам мама и тато.
    И сакам да им правам изненадувања.

    И се сеќавам дека кога бев малечка, поточно во градинка, бев хит меѓу децата, зашто сите се чудеа како тоа мајка ми и татко ми делат исто име. (На пр. Петко и Петкана)
    А јас онака гордо застаната во средината им „објаснувам“ дека и такви работи се случуваат. 8)
    Па кога си кажувавме чиј родител што работи, па кога ќе кажев дека истото го работат, па сите ме распрашуваат, како она, како ова... :lol:

    Е добро де, имаше и такви што ќе им текнеше да прашаат што всушност работат тие „чудни“ луѓе со иста работа и име. :D
    А јас, мала, човечулец, велам:
    -„Е добро де, ти па се’ сакаш да знаеш. Не знам сега како точно се викаше, ама ако ти е болно кучето ќе дојдат кај тебе, ќе му направат нешто со таму едни такви и не знам што уште, ама кучето ќе ти оздравее.“

    Така си терав, си објаснував што работат, се додека не ме слушнаа еднаш како така фино и замотано им објаснувам на луѓето. Ме седнаа и ми објаснија колку да не се глупирам и филозофирам пред другите. :D

    Знам и дека кога ќе ме прашаа кого повеќе сакам, одговарав:
    -„ А ти, што повеќе сакаш, црното или белото од еурокремот? “ :D

    Да ми е сега овој памет а тие години, што се вели, сигурно ќе сум играла на друга карта, нешто во стилот, кое око повеќе си го сакаат, така чинам, ќе имало поголем ефект. :D

    Боже, постот го почнав со изненадување, а кај стигнав.
    Сакав да кажам, епа на тие мама и тато, што, ете, многу ги сакам, им направив колач.
    Мојот прв колач. Преубаво мириса, само не знам дали е погоден за јадење. Не сносам последици ако настанат проблеми.

    Едвај чекам да го видат, тие први да пробаат. За секој случај. И да погинеш, колку можеш ќе се спасеш. :emo:
     
    На Alesii, Nymeria, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  5. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    СДК дека куќата вчера за малку ќе ни изгореше :tmi:
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.595
    Со тебе Бајага...увек е крај! Мора да е крај! :puke: :puke: :puke:
     
  7. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    As time goes by..

    На август веќе му се гледа крајот, а подази планината наѕира септември, а јас дури на октомври му ја гледам главата.
    Некако се останува во позадина, нешто бледее, а нешто ти ги краси спомените.
    Уште едно поминато топло лето.
    За некого убаво, за некого тажно. За мене беше по малку и од двете.
    Но спомените од ова лето, не ги заборавам.

    Доаѓа нова есен и да ви кажам искрено многу ви завидувам на вас скопјаните.
    Ве читам сите како со голем ентузијазм зборувате за вашето Скопје колку е преубаво во есен, како со восхит чекорите по неговите улици веќе наоблечени со капи и шалчиња, и газите по жолтите лисја со ново купените чизми.
    Понекогаш, но тоа понекогаш почна многу често да се случува, посакувам да живеам во таму. Порано неможев да го смислам Скопје, но сега би дала нешто повеќе за да бидам родена во вашето Скопје и да видам и да ја почувствувам сета таа еуфорија. Да се восхитувам дури и на едно дрво на кое веќе лисјата му паѓаат.
    Да чекорам по улиците, и ветерот да ми ги однесе мислите некаде далеку, далеку..

    Еве нешто од мене.
    http://www.youtube.com/watch?v=yG07WSu7 ... ure=relmfu
     
    На Magnolija, Sexybaby86, SOVRSENSTVO и 2 други им се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ако за секоја покажана цицка и газ на социјалните мрежи се плаќаше, некои до сега ќе беа милионерки. :puke:
     
    На Juicy03, esperanca и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Е па ајде и јас да се пофалам. Денес ми е роденден, ама Фемина роденден. Точно една година со вас. Една година поддршка, разбирање, дружење, една година плачам, се смеам, се радувам заедно со вас.
    Незаменливи сте!
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Adi888, Hipster, julie77 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Dosta veke so taa esen :@ Не разбирам како може некој да ја сака есента повеќе од летото :@
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Едно добро деденце во еден разговор го рече само ова:
    - Селото е пазар, за без пари. Само нема да купи оној, на кого не му се работи.
    Не колку за селото, туку колку за вистинитоста на зборовите и поуката.
    Ако не работиш, нема да јадеш.
    Просто и едноставно.

    А за вината за тоа кој го предизвикал тоа, сепак е се до родителите.
    - Нека спијат, не ги рабудувај за на нива. Има време! Ќе работат! Утре ќе имаат семејство, деца, куќа... Има време за се.
    И коренот на се е во воспитувањето. Затоа денес, оди натерај ги да одат да ископаат, да наводнат... да работат нешто (секоја чест на исклучоците :bow: ).
    Жалосно, навистина жалосно за оние осакатени деца кои се тоа го немаат во својот живот. Не добиле уште една вредна поука за работа, за стекнување на она е што е потребно во животот. И на крај се бунат мајките и татковците, зошто децата им „киснеле’’ по кафе ресторани?!
    Па никој не им е крив, нека не се бунат.

    Навистина, можеби кога бев малечка им се лутев на моите, зошто ме замаат со нив на нивата, но сега ги разбрав потполно.
    Премногу им сум благодарна, што можеби тогаш присилно, но ме научиле на нешто вредно во животот :bow: .
    Да не се срамам да работам и во нива :nod: .
     
    На stylishh, Monna.Monna, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не ја сфаќаш убавината на есента, затоа вака мислеш. :)
     
    На sweet-star, Monna.Monna, Juicy03 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Сфаќам дека уште сега почна да ми се ежи кожата од студ :@ Порано и јас ја сакав до некаде сега ја мразам.
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Денеска сакам да кажам нешто за сите нас,најдобри и најлоши во исто време...

    За државичкава наша мала,во која ги крадат тркалцата на контејнерите,бакарните жици,тркалезните сообраќајни знаци (одлични се за печење пиперки),за необразуваната администрација која пишува на вратите од канцелариите ФОТОКОПЈЕ на ..., :?: , за луѓе со груби,намрштени,полни со јад,злоба,примитивизам лица .За тоа како таквите не мислат на другите,за количината на таа себичност и недостаток на желба да се променат...

    За девојките кои на детски роденден во природа обујат штикли од 12 см па врескаат по поплочениот дел како не можат да загазат на трева...

    За тоа како сме ние ужасни позери и колку ни е важен впечатокот кој го оставаме,како изгледаме,што ќе речат другите, и колку комплекси,несигурности ,и колку она губење на суштинското себе ,зрачи од реакцијата на луѓе кои секојдневно ги гледам...

    За тоа како заборавивме што значи да се опуштиш навистина,и за толку малку луѓе се спремни да легнат на трева кога ќе посакаат...

    За тоа како ги сакам оние кои мене ќе ме повлечат да го направам тоа ако се предомислувам...

    За тоа колку сакам и колку многу љубам... :inlove:
     
    На Monna.Monna, bittersweet, JuLleE и 23 други им се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК денес е роденден на една прекрасна личност која ми е мило што ја имам во мојот живот! Една личност што ме научила како да бидам ваква каква што сум :) Која секогаш е покрај мене,прави се за мене,понекогаш ме разгалува,понекогаш ме кара и си се зафаќаме :wasntme: ама сепак тоа поминува во рок од еден ден...Таа не можи без мене,а ни па јас без неа.Таа ми ја дала сета љубов на светот и ме пораснала,која гледала никогаш ништо да не ми фали и јас сум и благодарна за сето тоа :) Иако понекогаш знае да ми ги крени живците,јас сепак си ја сакам :lol: Знам дека ми сака најдобро,а и јас неа исто.САкам да е среќна и здрава и насмеана. Таа ме родила од љубов (затоа сум дупло ракче бе,емоции на куп :D ) и денес сме едно среќно семејство,мило ми е што толку се сакале со татко ми,си ги сакам и јас најмногу!

    Среќен роденден мамичке! Заслужуваш и повеќе,ама еве,овој пост е специјално за тебе! :* :hug:

    [​IMG]
     
    На bittersweet, ilipili, Serafima и 12 други им се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Незнаеш да уживаш во есента зато не ја сакаш :) Есента не е студена си ја помешала со зимо :lol:
    Есента е ... ууу колку ми доаѓа убаво на душичкава и колку си се радувам на есента :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Juicy03, starbucks и Spell им се допаѓа ова.
  17. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Аман бе, и јас нејќам ни зима...па ни есен. Менувам две зими за уште едно лето. Кога беше зимо и си барав лето, го замислував баш вака со 50 степени и воопшто не ми пречеа. Родена сум во зимо, ама топлото време не го менувам. Дефинитивно сум некој изрод. Снегот ми е убав кога е баш снег, а не со кал, шљакатарници. За облеката да не спомнувам, како што ми е ладно буквално се чувствувам како зелка.

    Есента, не ми пречи многу. Ја сакам само поради боите, паднатите лисја, подготвувањето на зимници и помалку свежото време. Дождот и силниот ветар не ми пречат само ако седам дома, ама кога ќе ми уништи план, е тогаш. :punch:
     
    На bittersweet, simon4etooo, Tenkai и 2 други им се допаѓа ова.
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184
    Аман бре луѓе, аман!
    Значи да не спомне некој дека нешто различно сака, или дека ја мрази есента, зимата, а вие ја сакате!
    Дотолку ли бе мора со ситници да се занимавате?
    Сега ти некој ќе го разубедуваш во неговиот вкус и што тој сака. Едно е што вие сакате, друго сака тој другиот.

    И јас не ја сакам. И што? Не знам да уживам во неа? Па може и не знам, али тоа си е моја работа.
    Како можете толку со ситници и други мислења да се занимавате не сфаќам.
     
    На hrcace, Srekicka, Alesii и 3 други им се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.832
    Пол:
    Женски
    Кое ли дно го допира човекот? Најдлабокото, најтемното, најзлобното?
    Јас би рекла најголемото од сите.
    И не ми е јасно како може твојата фамилија да сака да ти наштети. Крв да скара крв. Брат и сестра. Епа ме боли. Затоа што имам најдобра мајка и уште подобар вујко, кој повеќе ми е како брат.
    И не знам со што тоа суштество заслужило да се нарекува човек? Дека оди на 2 нозе? Да му се плукнам ако е само заради тоа, затоа што за размислување- не размислува. Да е свесна- не е.
    Одбивам да оставам се на Господ да решава, работата најчесто сама си ја завршувам, ама сега се завртев кон таа мала трошка верба што ја имам, не за да ги реши сите работи, ами да го сврти малку кругот.
     
    На Serafima, lunicka, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Еднаш во не знам колку долг период ќе излезам кнап од дома, затоа што и помагав на баба ми, и тогаш ќе се случи сообраќајка, тогаш автобусот нема да ти застане, тогаш ќе се прават сите улици, тогаш нема да работи семафорот, тогаш професорката ќе реши да го премести испитот 30 минути порано, тогаш поштата ќе биде фул, тогаш ќе излезеш зошто си последен во ред да се поздравиш со другарка и ќе ти затворат врата зошто почнала пауза(додуша ова беше некако среќен дел оти бев без пари :lol: ), тогаш ќе трчаш како говедо да стигнеш на факултет па професорката нема да дојде на единствениот испит што асолно сте го спремиле месецов, и кога ќе си речете ништо веќе не може да тргне на лошо тогаш ќе ја сретнете цела негова фамилија а сте скарани, тогаш професорицата ќе ви пише меил заради тоа што не дојдовте на испит утре да дојдете на состанок и од шок тогаш ќе посегнете по новчаникот да си купите една вода и баш тогаш ќе видите дека тоа црвено проклетие со машна е празнооооооооо а парите ви се дома на маса и ќе ја окривите мајка ви зошто милион пати сте и рекле пари во соба да ви остава а не во кујна на маса, и ете ти. Мајка ми и баба ми се криви за се, тоа е заклучокот :D
    И дури сега дојдов и си се клапнав во кревет со мисла уат д фак се дешава со денов.
    Марфи ми е голем должник.

    Глупава среда. А тек кога ќе ми текне дека само еден саат можам човечки да поседам, па после родендени па пред тоа бањање, пеглања дрн дрн јариња и се остало, а како ме мрзииии леле поим си немате, цел ден би си гледала филмови ... :angel:

    Тежок е животов. :D
     
    На AnaKarenina, cinderella5 и lunicka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.