Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    И добро сите што ми одговоривте сакајте ја есента, јас не можам да ви забранам само не ве разбирам и не можам да ја сакам повеќе :shake: Летото барем е топло кога ќе излезеш надвор да осетиш топлина а во есен што само депресија? Повеќе ја сакам зимата барем ладно е знаеме, си имаме огрев и топла облека, во есен повеќе мрзнам. Од тие слики што ги постирате со дрвја лисја мене ми се плаче :(
     
  2. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Јас само и напишав за нешто што таа го има а би сакала и јас а го немам. Никогаш овде не пишувам нешто за лајкови. Алал да ти е ако така сакаш да се правиш паметна :^) Само ти не личи на годините што ги имаш зошто знам дека си повозрасна од мене :^)
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Од каде знаеш колку год. имам кога си ги скрив? :bandit:
    А и грешка ме разбра, не мислев дека цитираше за лајк, туку дека наместо цитат ти можеше да стиснеш лајк...
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Можев ама не сакав повеќе сакав да напишам за да ми биде полесно. Ако не смеам кажете. Доволно ми е тешко и без тоа и немам воља да објаснувам а овде што и да напишеш се некој ти бара грешки и сопки.
     
  5. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Nije sramota doci kuci pijan , sramota je kad skontas da nije tvoja kuca. :!:
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сдк шта да радим шта да мислим :D таа љубов ме направи како да сум родена одново...ех времиња беа тоа кога мислев што да јадам а сега се други.Сега само на него мислам па заборавам и да јадам.
    Така си размислив дека таа љубов кон фрижидерот да ја обновам малку,да си го преместам до мене па кога и ке го погледнам може ке се сетам да ставам залак во уста :devil:
     
    На Divinebutterfly, Sara123 и tweety26 им се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Дали има полошо нешто од неизвесноста и исчекувањето, поготово кога се работи за нешто многу важно за тебе? Се будиш и заспиваш со таа помисла дали ќе биде или нема. Ќе те облее бран на оптимизам и со насмевка на лицето ќе размислуваш колку добро ќе испадне работата, што, како ќе правиш и одеднаш ќе се појави оној песимистичкиот дел и следува: не нема да успеам, ќе се јави некаој проблем, нема да биде како што треба. Тешко е, многу тешко... мразам неизвеснот и исчекување...
     
    На hrcace, tessi, Sara123 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Aј Дузи што ме изнасмеа вчера со помислата дека и на Mартин Bучич не му е лесно, денес ми притекна друго нешто. Cите си велиме, лесно и е на Cрцекршачка, сме се излажале.

    Да те брка пола Cкопје и не е мала работа, плус и за секој да дознаеш каков хороскопски знак е, па компарации дали небото и ѕвездите ви се наклонети! :!:
    И после лесно и било . . .

    Cрцекршачка, не знам што си студирала, ама ако не си - астрологијата можеш да ја истражуваш подлабоко, 3оки може вода да ти носи. :D
    [​IMG]
     
    На zarah, mims-89, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Свесна сум и знам дека е рано да се размислува на долги стази, но понекогаш околината те приморува.
    Навистина не ја сфаќам потребата некој да се однесува како мајмунот од Симба, па да збори за твојта иднина и судбина. |(
    Бев на прослава пред некој ден, и имаме роднина која ќе се мажи сеа, има накај 25-6 години, и ја грабнаа сестра ми за врат .
    Кога ќе се мажиш, време ти е :^) Бог да чува.
    Абе ако несакам да се мажам ?
    Не пардон :!: за атер на комшиите и локалните оговарачи, јас мора да се мажам до 25 години, инаку стара мома ќе бидам . |( Епа ај да одам ја да и барам дечко на сестра ми..

    :d: За свадбата на сестра ми која нема да се случи во скоро време, бидејќи мајмунот ни касни. :emo:
     
  10. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    СДК дека депресијата не познава годишни времиња
    Оној кој е среќен, оној кој го бара задоволството, убавото, интересното, забавното во животот ќе го најде и во пролет и во лето и во есен и во зима.
    Оној кој е депресивен и незадоволен таков ќе биде во сите годишни времиња
    Не може среќен да бидиш во едно годишно време, тоа е само залажување или привремена среќа
    Секое годишно време носи свои предизвици и убавини и тешкотии-ти само треба да бидеш флексибилен и да ги пронајдеш убавините, а ако успееш во тоа-значи имаш воља и ентузијазам за живот!
    Оној кој го сака животот ќе го сака и во лето на +45 во портокалова, црвена зона со гасеници, стоногалки комарци, пајаци, солена пот и нафтени дамки под пазува, ќе го сака и во жолтата есен со водени чорапчиња од дождот, со ветрот и со мозгање што да носиш сега затоа што во 5сек може да се смени времето, ќе го сака и на -25 во зима со снегот, замрзнатото носе, со настинките и креативните идеи на баба како да се одбраниш од нив, ќе го сака животот и на пролет со поленот кој ги дразни носот, ушите, очите, со мајските бумбари...
    Оној кој вистински го сака животот ќе се радува на секој миг кој го има, затоа што не знаеме утре што не чека!
    Ќе се радува што немаме цунами, урагани, страшни поплави, страшни пожари и суши, страшни земјотреси, вулкани и други непогоди!
    Ете така драги мои, да не продолжам со филозофирањето, сакајте го животот, сакајте се и уживајте!
     
    На Hkikica, Ognenija, Juicy03 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Аман више,аман,значи секад ова исто се случува...се нешто на крај ќе се расклапа и че успее онака кефско да ми го расипе распустот и последните денови од распустов,аман бре луѓе уште 4 дена само уште 4 дена до распуст има, упм!И сега најдоја од цело лето да ставаат соларни и да варосаат и да дератизираат,абе ОМГ!!!! расипници...и сега оди ти фајќај ова она,и по цел ден дома трчај горе- доле, горе- доле, :emo: по куќава,и преместувај ги сите работи,тешиси и глупај ситници,значи да фатам да си умрам,ама не,кејф ќе му биди да ме гледа да не мрднам од дома.. :x Је**те животе! ;)
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  12. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Денес на фемина научив дека е забрането да се преферира едно годишно време пред друго :yawn: И за тоа веднаш се дига галама. Еве и јас не сакам есен, ама изгледа грешка сум била. Наредна тема за филозофирање 'Храна која не ви се допаѓа'.. Па како смеете да помислите на такво нешто, да одбивате да конзумирате нешто што го дарила земјата? :?:
    Ајде, прекинувам.

    Ја чекам првата половина на септември, да видам каква предесенска игра ќе започне овој пат.. Сепак сонцето барем уште 15 дена ќе биде летно.. полу-летно.
     
    На mims-89 и MandyLane им се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... е тоа и ми требаше, чист воздух и мир. Колку може едно навидум обично место да ве одмори психички и физички. Бучењето на ветерот, зраците на Сонцето, шуштењето на лисјата и силниот жубор на малата река. Полни гради чист воздух, смирени нерви и испразнета глава ... Препородена. Од природа создадени, со неа поврзани засекогаш. Ценете ја и користете ги нејзините благодети ... таа сигурно никогаш нема да ве изневери.
    А за тоа колку слатко ми беше кафето испиено со толку навидум обични, а во суштина фини и културни луѓе, колку ручекот го јадев со сласт во природа :mm: ... Е, завидувајте само ]:) :wasntme:
     
    На zarah, bittersweet, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Забележав дека дозволив да го надбљудуваат мојот живот под лупа како на фб така и на форумов.
    Згрешив што на форумовов ги изнесов моите чувства и мисли,згрешив што помислив дека можеш искрено и отворено да пишуваш за своите чувства и мисли без некој да те критикува.
    Вистина е дека моите постеви не се исполнети со убави настани туку напротив се депримирачки но јас сум ги напишала затоа што сум имала потреба некому да се доверам без да ме осудува и критикува а не за да привлечам внимание или за да ме сожалуваат .
    Благодарна сум им на оние кои ме сослушаа во миговите кога ми беше тешко и ме советуваа.

    Патот по кој чекорев беше осветлен од ѕвездите . Беше премногу убав ,распостелен со црвено-бели ружи .Ја следев светлината која ја гледав пред себе си ,чекорев полека сакав да видам каде води овој убав пат .Чекорев по него,трагав по убавите работи кои долго време посакував да ми се случат ...така чекорејќи не забележав дека нозете ми крварат , не чувствував ниту болката ....важно ми беше да стигнам онаму каде што ме води патеката и светлината на ѕвездите ,важно ми беше да ја пронајдам радоста и среќата,да ги доживеам убавите денови по кои копнеев....долго чекорев ,на крајот западнав во темна бездна тогаш сфатив дека чекорев по трнлив пат .Сета таа убавина на патот од ружи и светлината биле само привидение,тоа било само мојот копнеж по убави денови ,денови кои не доаѓаа ...можеби еден ден ќе го пронајдам своето место под ѕвезденото небо,можеби животот ќе ми нанесе уште многу болни удари но јас нема да се предадам ,нема да престанам да се борам , нема да престанам да копнеам по убавите работи кои сакам да ги доживеам и кои навистина сметам дека ги заслужувам .
     
    На bittersweet, Serafima и hrcace им се допаѓа ова.
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Едвај чекам да дојде време да се подготвува зимница, поготово ајвар, тогаш сум нај вредна :wasntme:
     
    На phoenix4235, Juicy03, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Ужасно ме нервира мама!Само толку.Ми оди на нерви!!! :| :envy:
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    СДК како овде сите да чекаат некој да каже нешто поинакво...да се искаже дека е различен од другите и во тој момент напаѓаат крвожедните волци.Да сваќам дека секој има право на свое мислење...но до тој степен што се полнат по 2-3 страници со осудување.Јас не велам дека не сум таква...сум,но стварно за банални работ,одвратни работи.Како и да е да не забегувам од тоа што сакам да го кажам.Муабетот ми беше...сите како да чекаат само за да си исфрлат све што им лежи.


    П.С ми фали премногу да сум дете.
    ~Сакам да трчам да играм брканица.Сакам да паѓам и да ја љупам закоравената рана.Знам дека ќе ме боли но ќе морам да ја искорнам :D
    ~Сакам да си бојам во боенките со сите можни боички и да правам кобинации на патки со зелени,розеви,црвени клунови.
    ~Сакам да си играм со оние ласерине,па кога ќе имаше со слика на гола жена леле...како сме се смееле
    [​IMG]
    ~Еее како сум плачела кога ќе ми умреше животинчето од чипичанот :(
    ~И да...ова ми беше најомилена кукла.Со неа спиев,јадев,се бањав,се шетав.
    [​IMG]

    САКАМ ДА СУМ ДЕТЕ,безгрижно,насмеано,да врискам,да трчам,најголем проблем да ми е кога ќе треба да идам да јадам и да ја пропуштам жмурката :)
     
    На SnowWhite8 и hrcace им се допаѓа ова.
  18. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    kikkki ...

    сега размислувањето ти е такво зошто сеуште си недозреана
    извини ако те навредив ама тоа е мое мислење
    за година две,три нема да размислуваш така многу повеќе ќе ја цениш и ке сватиш дека се што ти рекла/направила била за твое добро .мајката е една и единствена никогаш нема да ти посака нешто лошо или да ти префрли нешто без никаква причина ...размисли два пати што е причината за твојата нервоза можеби кај тебе е вината .
    ПоздраВ девојченце :) ! ...
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.968
    Допаѓања:
    123.565
    Сосем обичен ден,ден за ден,да бидеме благодарни на секој.Секој ден нова шанса,нови сили,нова надеж........
    Премногу се врзав за мали нешта и моите големи луѓе.Денес ми беше пусто што ја делев масата за ручек сама,а попладнето ми е еден убав период кога после ручекот,се гушкаме и правиме кафенце.Ќе се сетам на мајка ми ,која уште малку масата ќе ја дели сама,и неможам,неможам а да не пуштам солза!!!! Се врзувам се нешто што ми значи,го држам силно и никогаш не сакам да го изгубам.......
    Некогаш се плашам,ама многу.Се трудам да не мислам,ама живот што ќе ти направи ништо не може,ќе те смени за 360 степени до мерило кога ни сам не ќе можеш да се препознаеш.......
    Ги читам дневниците и не ми се верува дека тоа сум била јас,и колку среќна сум била :)
    Сум се лутела зошто татко ми ме натерал на маса да си го дојадам јадењето,лута 2 дена на него,се мразам каква сум била :puke: Срам да ми е,срам,сум имала се а сум се лутела за глупости,со кој памет :fubar:

    А,некогаш кога сакаат да те погодат-ќе најдат каде.Знаат каде највеќе боли.Сите ми рекоа дека ептен добро сум се поднела,како да не ми е гајле,а јас навистина си знам.Ете и тоа ме научи животов-да се смеам кога душата плаче,за да не се насмее некој друг,зошто да драги,некои ги радува мојата солза.Жално,но вистинито.

    Сега одам да се утешам со една Милка карамела. :mm:
    It will be better tomorow,someday must be :!:
     
    На SimplyElegant, Serafima, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Се фаќате ко слеп за стап за банални работи. |( Ама озбилно |( Никој не ве нападнал затоа што не сакате есен или сакате лето. Мислам, дајте малку олабавете, форум е, различни мислења, нормално.
    Брееј. Уште едно вакво |(

    Edit:

    Моментот кога дечкото што вчера си го запознала во автобус и кој патем бил малку поднапиен, те додава на фб и ти пишува дека те сака. :whew: :D
     
    На Monna.Monna, anabel-a, CIA и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.