Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Ах се плашам од понеделник :|
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Порано на Дискавери вртеа една реклама, нешто меџикал Индија, ау, уа, па егзотични бои, мириси, мислиш ХаДе слика, а тогаш немаше ХаДе. Па Таџ Махал, па слонови минат, претекуваат маси со јадења, урми, смокви, абе рај на земја. Од нигде некаде потоци, извори, реки, оази на мирот и спокојството, лежиш и те пафтаат. Милина бе.

    Животен сон ми беше да одам во Индија и скренав кога еден пријател на моите ги поканил да дојдат, а они не сакаа! :rofl: Зошто бе нејќеле,а?

    Некна, имав прилика да слушам за еден човек што бил таму, и многу нормално, скроз различно од рекламата. Беда, мизерија, смрдеа, магариња и сиромаштија! А бисерот на земјата, е што, за само 1 долар или наши 50 денари (ова 50 е многу релативно, инфлација не кине, можда ќе се дигне наскоро на 100ка :rofl: ) си ренташ - тепач. ^_^ Зш кога твојот богат газ ќе се симне од авионот, толпи просјаци се фрлаат врз тебе, те маваат, те тегнат, те влечат, пробуваат да ти земат дел од облека, нешто од ранецот и ти, многу нормално, не можеш да се справиш со сето ова. Вака, предвреме си резервираш тепач, кој има стап, оди пред тебе, мава и ти отвара пат за газот на преосвештенството да помине. Сполај му на тој што ја добил идејава за бизнис. :D

    -Што работиш?
    -Тепач. :rofl: :rofl:

    Би функционирало и во Македонија наскоро, треба да ја патентирам идејава посовреме. :!:

    Сигурно нашиве со Маседониа Тајмлес оттаму учеле, рај на земјата, елате сите, а кога ќе отидеш... Како и да е, пораснав троа од троа, сфатив зошто поканата била културно одбиена. А сонот за Индија остана само сон. Ама ќе отидам и таму некој ден. И ќе си изнајмам тепач. 8)
     
    На zarah, mims-89, Monna.Monna и 28 други им се допаѓа ова.
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Денес одам низ светот со знак Баш ме брига за се. Сеедно ми е заштитен збор.

    Фантазира ли некој кога се симнува по скали? Јас си го планирам говорот за кога ќе добијам Оскар. Живеам на осми со константно расипан лифт, што значи говори за извоз.
    Нели ве нервира кога на филм дотичната лепотица со клемпави уши праќа пораки во универзумот и се прашува дали некој ја слуша а излегува дека ја слуша дечко и пол што врв на се знае да готви и не е свесен за својата сексотија? И нели мразите кога по дома ќе ви го изедат последното парче торта што сте го чувале за кога ќе завршите со уште една неуспешна диета? Јас ептен.

    Ох нема врска. Рипнете го овој пост, сум била многу покреативна. Денес сум морж без мустаќ. А баш сакам да засукам мустаќ.
     
    На zarah и kravce им се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Вчера и денеска бев на еднодневно шлапкање на различни места кои излегуваат на ценетото Егејско море и да ви кажам право и тоа не е лесно. Преизморена сум, вчера и денеска сум се на се само 9 саата спиена и имам подочници до колена, виолетови накај црно. Немам ништо друго што да кажам само сакам да ви ПОкажам колку јас ве сакам.
     
    На zarah, Shelea, Monna.Monna и 19 други им се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Има нешто од што не се плашиш или не мразиш? Ајде малку весело.. убав е животов..

    Туку Љубавна сум, црвена обоена, ќе му снимам спот на љубово со Е, предизвик, прв спот малеее! Ќе одам на остров полн змии, велам не е страшно, ама ќе видиме кога ќе стапанам таму, правам чекори, кај ќе ме однесат не знам. Со него договор за доцен одмор, некаде сами, најсами.. убаво ми е, си ги имам личностите што најмногу ми требаат. И така ко мало дете се однесувам, уште да облечам ту-ту и да почнам да рипам насекаде.
     
    На figgiMK, anabel-a, Juicy03 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.109
    Пол:
    Женски
    Патиш... Знам, јас сум крива. Ама можеби и ти си. Затоа сега и јас патам. И си трпам. Нејсе, Затоа се луѓето створени. Само до кога вака ќе тераме не знам. Можеби некогаш треба и да си ги послушам душите ми, знаат и они по некоја паметна работа да кажат.
    Не знам што всушност да кажам, ко во некој лавиринт да сум, се вртам, барам излез, ама пак доаѓам на истата точка и се осеќам изгубено...
     
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Од човек кој вели: "Јас сум добар, јас никому лошо не мислам, ма најдобар сум, ме знаеш колку добра душа имам, ништо не сум згрешил, јас само убаво мислам, добар сум, најдобар, добар, добар, многу добра душа имам", е од таков добар човек да се плашите. Кога секој втор збор му е Ама знаеш колку сум добар нели?
    Добриот човек се покажува на дела, а не на зборови!
     
    На Monna.Monna, Serafima, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    СДК дека се чуствувам лошо, се нешто ме мачи, немам среќа во ништо...се чуствувам искористено и понижено...
     
  9. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Незнам зошто копам по неговото минато и си ги рушам надежите, кога сепак тое е минато!
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Два ипол месеца ха ... колку брзо лета времето.. :geek:
    Ајде сабота со душа те чекам да дојдеш.
    Недела здравје треба да стигнам ахх како ке ги изгушкам моите дома :D
    Последната недела почнаа да ми фалат :wasntme:,а можеби само зошто е последна :?:
    Внука ми веќе пола година направи, има да ја изедам кога ќе ја видам душа е :)
    Незнам како ќе издржам во недела од пат дојдена па на свадба :D ама ако можам јас
    не за џабе кукав колку ми се оди некаде на свадба еве сеа има да се изнаиграм :)
    Ајде домче уште малку и се гледаме :*..ниедноо место како дома НИЕДНО!
     
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Денеска ми се случија многу работи. Станувам сабајле во 8 часот да одам да полагам, и тргнуваме колегите со колата и 2-3км пред градот ни се дупна гумата на колата а требаше да полагам од 10 часот, а веке беше 9:50. Нервозни сите ајде ке менуваме резерва гума ( иако јас појма немам само си гледав :D ) и видовме дека не бива ништо ја оставивме колата викнавме такси и на полагање. Го положив предметот што го полагав веке подолго време и тоа со 8ца. Сепак тоа што се случи претходно бил добар знак. Малку се осекам уморно ама се исплати :D Сега одам во кревет, добра нок на сите :*
     
    На 1209 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  12. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    103.131
    Пол:
    Женски
    Го сакам тоа мало човече кое станува од спиење и ме гушка со рачиња, ми раскажува се што сум пропуштила на нејзин јазик, а јас се ја разбирам, ги сакам тие очиња кои ми се смеат додека ме носат до новата играчка, ја сакам мојата најмила, моето сонце, најважната личност во животот на тета. Едно плаво косиче, едни очиња длабоки и едно мешенце кое немирно излегува од под маичката, и како после дедото во парк да не рече, Ау ама си личитееее!, е да дедо, тоа е моето Буце, кое најмногу од се личи на тете. Убаво спи ангелу мој, тета ќе ги избрка сите лоши бубачки од под креветот. :*
     
    На Serafima, kate21, M.a.r.i.l.y.n и 12 други им се допаѓа ова.
  14. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.671
    доста ми е од овие разочарувања,се уморив веќе,не можам да издржам
     
    На Hkikica и hrcace им се допаѓа ова.
  15. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Сакам да кажам дека некои луѓе треба да си ги контролираат комплексите свои, и да не се мешаат кај што не им е местото! Ако тие немаат среќа, нека ги остаат другите барем да бидат среќни! Идиоти глупави....
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сакам нов дечко...
     
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Бубаче и јас... :doh: :hai:
     
  18. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.671
    мамо ма има денови кога толку ми фалиш и навистина ми треба твоја подршка.знам дека само ти претставувам пречка во животот,знам дека без мене би била толку среќна.сто пати си ми го кажала тоа и не жалиш само ти,и јас жалам што си ме родила.го проколнувам тој ден.но што е тука е.не можеме да ги смениме работите.за тоа требало на време да мислиш а не да ми го загорчуваш живото.секогаш кога пружам раце да ме прегрнеш ти толку ладно ме одбиваш.тој студ во твоето срце полека и мене ме уништува и почнувам да чувствувам голема горчина и вина што не успеав да стигнам до твоето срце.и имаш право,подобро е да не бидам во твоја близина за да не се повредуваме.само едно не можам да разберам,што толку ти згрешив па да не можеш да ме сакаш.
     
  19. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Сакам да кажам дека секогаш сум неодлучна еве до пред една недела нз на што факултет да се запишам и ајде сега избрав еден , а нз можеби до понеделник и ке го сменам мислењето.Сега втора работа која ме мачи е кој курс да го одберам по грчки или англиски јазик?Еве ми нова дилемаа.Ако одам на тоа ке кажам е требаше на тој да одам и се така.Добро што ми ее?Сакам да си бидам сигурна во себе да знам што сакам а не вака :)
     
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.485
    Пол:
    Женски
    Јас, знам само Едно нешто за себе, со сигурност.
    Јас, не знам што сакам.
    Се' друго е матно,конфузно,контрадикторно. И небитно.
     
    На Mimi123, Tenkai, zarah и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.