Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Утре ќе патувам со тато и се плашам дека оти сме толку слични, двајцата минус, ќе треба да одеме јас на едната страна од улицата, тој на другата :D Уствари, не е смешно, не е смешно ама ич! :|

    Абе тато, тато... длабоко некако многу те сакам, ама не знам како да го искажам тоа.
    А и многу ме плаши помислата, дека еден ден можеби ќе биде касно...

    Ех, да имав пари ќе му купев шанк во Тахити, да биде човекот она што е, да ужива во она што го изградило...
     
  2. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    СДК

    Кој затапел со математиката на драго срце би му ја препорачала темава
    Отвори профил --> види возраст ---> одземи години во врска --> додај години на "чекање" ---> и по некој da fuck израз [​IMG]

    весела математика :rofl:
     
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Сама си едитирав, не ми чепкајте. :D

    Туку, само мене она “Семе Синапово“ и фаците што редовно го возвишуваат и коментираат, ми е тиња?
    Сериозно, денот по утрото се познавал. Абе?
    И колку што некои мажиња се визуелни суштества, толку некои жени се ванаби духовни суштества.
    Духовни, но не во позитивна смисла, туку во самоиздигнувачка.
    Ама, више секоја прва се посра со она “Која мачка ја интересира што зборуваат глувците за неа?“
    Па тебе бе мачко, хаос разумеш. Да не те интересирало, не би ставала такви полуписмени изјави со розов comic sans на дреч зелена позадина, само за да видат глувците колку не те интересира.
    А, мишеви се усрали.
    И појакото: “Мажот кој вистински сака, ја сака душата, а не телото.“
    Сфаќам самопочит и сфаќам да сакаш и друг да те почитува, ама би ги замолила таквите да апстинираат и да не се сексаат во дадените дупки, туку во душата. Како знаат и умеат.
    Ако сакам некого и ако ме сака, ќе сакам сѐ негово. Па таа душа има да си ја вадиме бре преку телото, if you know what I mean. ^_^
    А, не “Ево ти срце и душу на длану, ама Мара ќе си ја држам јас, оти таа нема душа, па автоматски не може да ја сакаш, само ќе ја искористиш.“
    Бичез, плиз. Не ви е 24 каратна од која тече најубавото, швајцарско чоколадо.

    Јас ќе си ставам миље на кавер. Барем ќе се просељачам во олд скул стил. 8)
     
    На kate21, Monna.Monna, Lolipop23 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Зашто животот е толку нефер??Го губиш она што те прави среќен...иако можеби никогаш не си го ни имал..сваќаш дека се било залудно и дека не вреди ниедна твоја солза , но сепак се би дал за да се врати ....
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. angel95

    angel95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    76
    Незнам дали сум некоја врста на чудак или нешто друго.
    Од секогаш,од мали нозе се осеќам ко да не припаѓам на ниедно место.
    Во игрите како мала секогаш се осеќав ко вишок.
    Подоцна тоа се префрли на излегувањата кога почнаа да ме иритираат озборувањата на другарките за некои други.Се ми изгледаше толку плитко а и до ден денес остана така.
    Подобро ми е некогаш да останам дома во соба и да читам.Да размислувам.Да анализирам.
    Секогаш обврските ги сваќав сериозно и незнам дали имало некој момент во животот кога јас навистина сум уживала.Секогаш размислувам за последиците од сите постапки.
    Воопшто не се осеќам ко млад човек со живот пред него.
    Дали сум прерано созреана или нешто друго неможам да дешифрирам.
    Само тоа чувство ме јаде полека.
    Постојано да бидам добра ученичка,добра ќерка,пример за некого.
    И не ми е лошо од тоа.Лошо ми е од помислата дека можеби никогаш нема да искусам ништо во животот поради тоа што не сум храбра,и поради некој глупав страв.
     
    На DarkRose и cveke123 им се допаѓа ова.
  6. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Никогаш, никогаш не се откажувај од она што го сакаш. Тоа е најлесното нешто што можеш да го направиш. Упорноста секогаш се исплатува, запамти. Храбро и глава горе. Ништо не е готово додека ти не престаниш да се обидуваш. Поблиску си отколку што мислиш.

    [​IMG]
     
    На Serafima, Divinebutterfly, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Уште еден истоштувачки ден. А ништо не е завршено. Се чувствувам дека, ме гази нешто, ми седи на грбот. Измалтретирана сум :drunk:
    Метеопат сум , и времево страшно ми влијае на расположението. Како се менува времето, така се менувам и јас. Единствено нешто што мразам бидејќи доаѓа есен, е фактот дека ќе станам едно метеопатско мрчало.
    Ајт добра ноќ
     
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Потребна е само една ноќ за многу работи да се променат.
    Доволна е само една прегратка и топол муабет за да сфатиш дека не си сама,дека има луѓе кои знаат колку вредиш,дека има луѓе кои би направиле се во животот за да ти биде убаво.Сето ова во замена за добро однесување од твоја страна..

    Тешко ти е,не ти е убаво воопшто.Мислиш дека само ти страдаш и си набиваш комплекси дека на сите околу тебе им е совршено,а само ти си таа црна овца,тој проклет малер.
    Додека така седиш и се губиш во темнината,одеднаш здогледуваш една мала точка која свети. Добиваш надеж и таа мала точка постепено се претвара со една голема светлина која свети за тебе и уште еднаш ти докажува дека после секое лошо доаѓа добро.

    Епа така сега се дружам со светлината.
    Мило ми е што пак успеав да го совладам тој тежок период.
     
    На zarah, Serafima, ViktorijaMari и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    За Фејсбуков 2-3 збора.
    Ми иде да земам од кај братучед ми да ги сликнам сите разговори со девојките на чет и да ги постирам цел свет да се смее.
    Ние девојките (велам НИЕ бидејќи и јас сум женско и ај да не биде божем јас сум светица па се делам) сме си сами криви кога машкиот род не омаловажува.
    Зошто? Хах, како што реков, да ги сликнам разговорите и ќе ви покажам зошто. Та од кај братучед ми, та од кај брат ми. Пи*ките кои никого не молат, не се понижуваат, на чет раскажуваат приказни за добра ноќ чиниш разговараш со 5 годишно девојче. Абре разговори да ти пукне душата. Ми доаѓа да фатам и на секоја една јас да и одговарам наместо нив. Алооо 20 и кусур годишна девојка со некои глупави и прозирни финти, врти муабет 2-3 саати за глупости, како била болна овоа оноа за на крај да заврши со тоа дека и покрај тоа била ептен секси? :fubar: Муабетов е, не читај ништо друго, читај ја последната реченица СЕКСИ СУМ ЕЕЕЈ, речи ми ДА, ЗНАМ ДЕКА СИ СЕКСИ! Личи ли бре?
    Друго, не е воопшто точно дека машките замараат на чет. О Боже колку само женски ја имаат таа улога, да не можеш да ја откачиш, тресе зелени од утро до мрак ама битно секси си е бе, и се може :emo:
    Имам уште многу да кажувам, ама едно немам желба да двојам толку време за да ги опишувам бебињата од по социјалниве мрежи а друго, со секоја наредна реченица ми се крева сафрата уште повеќе.
    Бранев, ги бранев сите, ама после ова што го видов на виделина, можам само да кажам YOU GO BOYS! Kористете додека можете, и онака сами си се нудат!
    Има и пристојни, да не бидам погрешно разбрана, ова се однесува на оние special case! :bow:
     
    На Ognenija, monni.t, zarah и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Се молат ромите да не прават цигански работи .Секое годишно време си е убаво ..Зимно време плачете за сонце , летно време топло ви било , епа по некоја логика во есен треба да ви биде таман ....затоа chill out луѓенца мили . :* ;)
    Имајте убави сништа :yawn:
     
  11. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Како децата да не се насилни, кога денешните цртани се со тепање и насилство ? :^)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    А тие од порано какви биле? :)
     
  13. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Откако добро си се изнасмеав ,можам да се легнам...
    Добра ноќ. |-)
     
    На Hkikica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Добро сум. Не сум најдобро, но добро е. Некако ... Некако го прифатив фактот дека Иван не ми се враќа. Факт е дека никогаш никого не забораваме. Само што многу други работи доаѓаат на нивни места и самите од себеси се потушнуваат. Се надевам дека и ова ќе биде така. Не сум многу сигурна колку сакам, затоа што сепак, Иван е еден дел од мене. И тоа не секој. Еден многу битен дел. Знам дека можам, но ...

    Што знам. Некако, работите ми немаат смисла. И не го кажувам ова дека сум во таков период. Периодот на тешки депресии ми помина. Сега е периодот на прифаќањето и живеењето со тоа.

    Сега треба да решам што ќе правам со животот кој не ми се врти околу Иван. Кога го пробав ова еднаш, еден живот кој не ми се врти околу Иван, ослабнав и го исчистив факултетот, предметите. Али бев мизерија од човек.

    Има една слика од таа вечер кој периодов не ми излегува од глава. Има Иван еден другар, воедно и мој многу добар другар, тешко фраериште, ги почитува жените, но секоја според заслуженото. И чекаме такси тројцата и Иван ме гушкаше нешто, другар му кажа нешто што многу, многу ретко кажува:
    Е воа е љубов, каква шо ни само че бараме.
    Намерно и ја напишав на дијалект, не сакам никако да ја сменам, па макар и за тука.

    Нема да го видам повеќе, знам. Можеби уште еднаш викендов, но толку е таа. Во Скопје знам дека нема да се гледаме.
    Не сакав, не ни барав јас среќен крај, знаев дека некогаш ќе заврши, само што не мислев дека ќе биде вака.


    Никогаш не сум била олку сама во животот. Толку со моите две големи љубови. Според Шарлот, жената има двајца големи љубови. Кери беше шокирана од тоа, но таа на крајот заврши со едната, која сепак на крајот се испостави дека беше љубов.
    Јас сепак нема да се вратам ни на една од овие. И сега допрва треба да наоѓам нова љубов ... А само се прашувам, има ли некаде, на овој свет, некој, од мајка роден, спремен да го поднесе цел овој товар од разочарувања и сета таа недоверба која ја носам со себеси за љубовта за да чекори со мене? Господе, биди добар со мене третиов пат, те молам.

    И есен, и зимо моја убава, доаѓај побрзо. Не можам да дочекам белина и топло чоколадо и јас гушната со мојава самотија.
     
    На thelittle17, Tenkai, TheCandy880 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми е мака што не се родив малку подоцна, па да си ги гледав Наше маало, Бушава Азбука и уште мнооогу емисии од кои би научиле многу децата, а и возрасните.
    Но, сега е време на турски серии, па од нив глава не можеш да кренеш.
    Еве на пример Величествениот, сите се султанки и не прифаќаат критика.

    И браво на нашиве телевизии што не поплавија со турски, индиски и шпански серии.
    Зошто сега никој не сака да направи македонска емисија како порано за младата популација? Тинејџерска, семејна, комедија...
    Така и младите актери би почнале од негде.
    Или да се даде некоја убава серија, само не турска! |(
    А дотогаш малите ќе си гледаат турски серии...

    Само да ве потсетам на детството, колку ви било поубаво порано. Имало и убави песнички, а сега тек тук некоја ако сретнеш на Златно славејче.

    http://www.youtube.com/watch?v=6PYTeeV5NzE
    http://www.youtube.com/watch?v=WgCcjgQa ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=zpR4F99H ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=oZVKT8_nlNY
    http://www.youtube.com/watch?v=1To_P7kwsds
     
    На Serafima, Cacy, chocolate.chick и 9 други им се допаѓа ова.
  16. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.671
    Господи каде сум била јас кога си делел среќа?Ми се случија многу работи и не ми се верува дека уште сум жива.Мене повеќе ништо не може да ме повреди.Ова беше врвот.Навистина не можем повеќе,не можам да издржам.
     
  17. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    На денешен ден дедо ми е роден, поточно пра дедо ми, многу ми е мака што не е жив, прегеска баш си разговаравме преку мобилен со стара баба, ептен ми стана мака, 10 години таа го чуваше, му беше сечена ногата носеше портеза, таа го бањаше се таа, и ми кажува ај ела кај мене да спиеш :( :(, и ми кажува утре и торта да донесете со баба ти :( :( .. ептен ми е глупо така да зборувам, обично одбегнувам да правам муабет за блиските што починале, ама ете, а од друга страна сум срекна, утре одам на шопииииииииииинг, и ке одам конечно со стара баба да се видам, 6 месеци не сме се виделе :tmi: :tmi:
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам многумина од вас жалат за детството.А не треба да жалите,треба да се сеќавате на убавите и неубавите работи со отворено срце.Зашто жалејќи за детството ја испуштате младоста од рацете,не и обрнувате внимание колку може да биде таа убава.Се на светов си има своја причина и свое траење.Тоа што поминало не се враќа.А можеби баш денешниов ден ќе биде причина,во поодминати години да се сеќавате со насмевка.Живејте го денот ,не ги мразете родителите,сакајте се.Зашто и денешниов ден,еден ден ќе биде вчера...лани...некогаш....

    Синоќа значи колку сум се смеела,да е жива и здрава една братучетка на мајка ми.Жената има таков дух,таков ентузијазам за живот,просто да и се воодушевуваш.А има добри 80 години.Купиле децава Нестле чоколада со она полнење што пуцка кога ќе го ставиш во уста.И ајде на сите по една коцка поделија и бабава зеде стави во уста ,ние сите замолчавме уживаме во вкусот,а и бабичкава нешто замолча.
    Син ми крши од другата чоколада,нели првата отиде :D трпа во уста со коментар,леле колку е интересна...баш сакам кога прави вака...А веселава баба,лелеееее фала што ми кажа,јас мислам добив мозочен удар,и дека ми се слоши,седам , молчам и чекам да ми помине да не ве уплашам...
    Бабичке ми го продолжи животот да знаеш :rofl:
     
    На DeMelo, thinkerbell, Ognenija и 22 други им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.968
    Допаѓања:
    123.565
    Koj што сака нека каже,ама чувството кога си го гушкаш дебелото меко ќебенце,омилените дебелки пижами и секако чорапчиња за мене е the best :mm: Како да станеш од кревет,како :yawn:
    Поспана и со мисла за мојот кревет,како веднаш би се вратила во него ,вклучувам ФБ и читам статус-Животот само еднаш се живее,ама ако го живееш ПРАВИЛНО и еднаш е сосем доволно
    Дали е до мене,ама поглупа мисла немам прочитано.Мислам дека цел ден ќе ми се мота низ глава и ќе се смеам на неа :| Еднаш е сосем доволно ама ако го живееш правилно |(
    Како прво,животот нема правила,а и секој си го живее како што мисли дека е најправилно.Колку и да одиш по правила,никогаш не испаѓа правилно,а и нешто ако направиш-секогаш ќе се прашувваш дали било тоа правилното...така да се е релативно.

    Глупав ден ќе ми е ова,го осеќам уште рано рано .Како и да е,може и ќе изненади :) Ама пријатно ;)
     
    На DeMelo, Serafima, Monna.Monna и 21 други им се допаѓа ова.
  20. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    СДК тоа Да; ама зето и дедото зашо се тепат никако да сфатам.. :worried:ilent:

    Бај д уеј, сакаме правилно насочувана младина :) (добро е после печеснаесе години.. добро е добро е, а па ич)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.