Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ќе ти стигнат, кај и да е. :lol: На сестра ми пред 3-4 дена и стигнаа, на мене дури денес.
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...морам малце да промрчам сеа, и тоа, да си промрчам сама на себе.Кога ми викаа да си земам бројче на вип, не сакав.На крајот, попуштив и земав.Си го имав неколку месеци, си го користев фино, ама одредени личности почнаа да замараат и картичката отиде во контеЊер.Сега, сите си се радуваат на бесплатните пораки, а јас со прстот во уста :devil: Ах, бе Чарми, каде со овој памет?Каде? :fubar:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала многу работи да зборат за мене, арогантна сум била, дрска сум била, вообразена, ама да ви кажам прв пат слушнав да рече некој дека сум била разгалена. И се изнервирав. Јас разгалена?! Што почнав од 17 да работам, да помагам дома, да учам, што се омажив во меѓувреме, што си имам свое местенце, јас сум била разгалена? Па ако маж ми работи по дома, ако сме си ги поделиле обврските, тоа ли значи дека јас сум била некое си размазено девојче? Уф, мажот ми сам се перел, кај го имало тоа.
    Еее до каде оди паметот на некои луѓе, просто човек да не може да се изначуди.
    И така сега, ќе одам да си легнам, додека мм чисти по дома. Кој како си ја нареди. Чао!
     
    На teddybear, Monna.Monna, ozbilnazena и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сдк и да ве советувам, вежбајте го трпението и трудете се да го придобието во срцето. Времето одминува, а ако него го немаме, секогаш ќе имаме една празнина, која ќе боли многу.

    Се сеќавам на еден миг од животот, додека беше жива мојата бабичка.
    Толку се срамам од самата себе, што можеби никогаш нема да си простам.
    Кутрата лежеше во постела, парализирана веќе неколку години. Имаше толку силни болки, што цело време викаше, плачеше... Крвта не и циркулираше, па веќе и кожата полека започна да и гние.
    Се трудев многу, пред се бидејќи многу ја сакав, па и помагав за се. Ја хранев како малечко бебе, зашто раката и беше парализирана. Ја подигнував колку што можев да седне и така малку да си позборуваме. Но, во еден период започнаа бубачките во стомакот и се нешто брзав, а неа ја оставав сама. Не и посветував внимание како порано, зашто без вљубена. Брзав да излезам, да не бидам многу дома.
    Се сеќавам на еден настан, кој навистина и денес ме боли.
    Еднаш требаше да и направам јадење и да и однесам. А јас забрзана само го измив садот, направив јадење и го однесов. Сеуште ја чувствувавм таа дамка на душата. Како некако безсчувствително и го дадов јадењето и заминав, а во нејзините очи го видов она што потоа ме сруши до земја. Да не ме повреди, не рече ништо, а јас заминав толку засрамена.
    И искрено до ден денес плачам за тоа.
    Како можев да бидам толку бесчувствителна?
    Како можев тоа да го направам?
    Како некоја карпа да имам на срцето и душата, но ништо не се враќа. Таа замина на оној свет, а не успеав да побарам да ми прости.
    Можеби е безначајно во нечии очи, но во мене е многу значајно.
    Таа беше мојата бабичка која многу ме сакаше. Секогаш ме бранеше и ми помагаше.
    А се срамам од себе, зашто кога сум била мала, таа, моите родители, сите, се обидувале да ме научат на се. Ме хранеле, ме облекувале, се грижеле за мене, а јас вака возвратив...

    Бидете трпеливи и не брзајте за никаде. Оние што ни го дариле животот, нив први да ги усреќиме. Зашто тие биле оние кои не спиеле за нас, кои безброј пати повторувале едно исто кога сме учеле, а ние не сме трпеливи и кога два пати ќе не прашаат едно исто.
    Не дозволувајте никогаш да се срамите од самите себе, тоа боли најмногу.
     
    На Hipster, savana, Feminkaa и 20 други им се допаѓа ова.
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Сигурно не биле како денешните "модерни" цртани. Јас не памтам насилство во Мечето Ушко, Мапет Шоу, Балтазар, мачињата Рики и Маца... Денешните цртани се базирани само на насилство, на се' полошо и полошо одат :)
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не е до цртаните, туку до телевизиите наши. Ова баш и не се цртани за деца, ама се научија нашите телевизии, се што е нацртано е за деца. Епа и порничи цртани има, уште нив да почнат да ги пуштаат. Јас вината ја наоѓам во родителите. Не можело да заспие детето ако не гледа Долина на волците, или како и да беше... Епа нека не спие, ама јас на моето дете нема да му дозволам да му се труе мозокот уште на млади години.
     
    На sweet-star и butterfly33 им се допаѓа ова.
  7. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Во која вера да верувам, во која да не верувам.Кај што верата е една, луѓето се различни.Или луѓето се исти, а верата им е различна.Ништо за сигурно...
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.260
    Допаѓања:
    157.545
    Се моли богот на здравјето да престане да се куропеца со мене,се смеам,се смеам,ама ќе почнам шамари да му мавам!Фала!

    И у принцип драги мои,сакале ние да признаеме или не,нашето алтер его е всушност вистинското јас. Внатрешните желби и пориви. А се останато кое го проектирате во реалноста е под присила на пасивната агресија и наметнатите општествено прифатливи однесувања. Јеби га, кои сме тука,во виртуелниот свет, искрено мислиме и сакаме да бидеме. Но сепак, има и тука слој од дебело чоколадо кое треба да се крцне за да се стигне со пенастата благост.
     
    На Tenkai, NoellePage и MandyLane им се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога имаш со кого да ја гужваш постелнината, да си кажеш добро утро, да го испиеш првото утринско кафе и да си кажеш колку си значиш. Некогаш се ми е премногу невистинито, зошто долго во животов не сум имала добри нешта за да бидат вистинки и да траат. Ако е сон, не сакам да се будам. Ми дава мир, спокојна сум, знам дека значам некому и ме прифатил со сетоа мое минато, спремен и за мојата иднина. Љубам..
     
    На Ariel, kate21, teddybear и 21 други им се допаѓа ова.
  10. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    СКД- Супер ден, навистина супер. Станав си направив нескафе и јадев тортици. Потоа слушав некоја музика која ми будеше спомени од летово. Потоа се слушнав со дечко ми, потоа со другарките... се капев, ручав и легнав малце...потоа го шетав кучето...и така денов помина :D:D
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ме интересира што мислат мајките кога своите мали деца, од најрана возраст, ги учат како треба да бегаат од кучиња и мачки, како сите животни се валкани, како не треба да се допираат, сакаат и чуваат?!
    Добро, зошто е толку намален бројот на родители што ги воспитуваат децата дека треба да се сакаат животните? Мене не ми е јасно стварно...
    Па жал ми падна за едно мало девојче што потрча да ми го погали кучето, а мајкава го истегна, буквално, солејќи памет дека не треба да се има доверба во кучињата, нечисти биле, животни биле. Или пак комшиката моја, што не го пушта девојчето до кај нас на гости, затоа што чуваме мачор?! Или па, другарка ми што доаѓа на кафе и вришти со нозете кренати во воздух! Жално ми изгледа, навистина.
    Нема дете, не постои, што не сакало да чува милениче. Јас разбирам дека не може секој, и тоа е во ред. Ама да му се пере мозок на дете дека треба да ги мрази и да бега од животните, е тоа е греота!
    Нема да ги разбирам луѓето што не сакаат животни.
    На крај краева не за џабе рекле дека тој што не сака животни, не ги сака ни луѓето. И веројатно никогаш нема да разбере која среќа е да има некој што безусловно те сака, и која исполнетост е тоа.
     
    На kate21, 1209, Monna.Monna и 35 други им се допаѓа ова.
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
     
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    :clap: :bow:

    п.с - паметно 8) :D
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Потполно се согласувам со тебе за ова, ја бев сведок на тоа како едно навидум мирно кученце кое беше домашно а не од улица го касна комшичето за стомак :o детево си одеше по улица ова се пружи накај него и за стомак го касна :x среќа што имаше човек еден па го измава иначе страшно јас од тогаш имам уплав од кучиња, не ги мразам или што ти знам што ама многу се плашам од нив :worried:
     
  15. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Се вратив во пеколот.
     
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.483
    Пол:
    Женски
    Како што се наближува денов до тргнување на факултет, имам да кажам само - блазе си ви на сите, кои имате добар и другарски однос со колегите.
    Јас од сега психички се спремам за чувството на нескладност.
    Трета година ќе бидам, а уште сите ми се странци. Ниту пак имам желба да се зближам со ниту еден од нив.
    Уфф.
    А еве го кај е 15ти... :sweat:
     
    На teddybear, Dulceee и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  17. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски

    Хм, ќути, ќути, ич не расправај.Аман од таквите 'педантни' госпожи.

    Баш тетка ми ми расправаше, си го шетала она кученцето(малтазер иначе) и од некаде и се залетува детенце со ролерки и почнува да го гали кученцето, нели.И одма мајка му, немој нечисто, којзнае каде било...И на тетка ми и паднало тешко, многу јасно нели, му чисти, го бања, ко детенце и е, а и му се познава на крзното, секогаш е бело, миризливо и тетка ми и одбрусила:
    E, па тогаш и твоето дете да не го гали кучето, денес го бањав, а детето е нечисто, испотено, ќе го извалка.
    Мислим, оно. :emo:
    После си правевме муабет, ми вика тетка ми, криво и станала така за детенцето, ама сепак не е убаво така родителите да ги учат децата.Мислам стварно се познава, голема разлика е од домашно до скитничко куче, не е убаво така.
    И не е само овој, има уште милион примери.Ај за овој и така и така.
    Ама која е поентата, кога ќе поминеш покрај нечиј двор и да задеваш нечие куче?Мислам стварно?Кое е задоволството тука?Стварно не ги можам тие луѓе.
    Конкретен пример:Баба од седумдесет и охохо години мине покрај нашиот двор и со камења ги мае кучињата.И после ја лаеле.Епа ќе ја лаат. :devil:
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Понекогаш многу и се восхитувам на баба ми заради тоа што е вистински борец. Ете ќе ви раскажам што направила во Охрид кога беше пред некоја недела. Седнале таа и пензионерките да јадат нешто и крај нив поминало едно старо изнемоштено куче. Баба ми го замолила келнерот да му тури вода на кучето зошто изгледало како да ќе почине на сред кафана. Тој и рекол дека не може имал многу работа. Баба ми станала и повторно го замолила да најде некој леген за да му турат вода на кутрото куче. Келнерот го шутнал кучето и баба ми многу се изреволтирала. Кажала дека човек што не сака животни не се сака ни самиот себе. Тој почнал да ја вреѓа, но таа ништо не му вратила. Само си заминале од местото и добила многу аплаузи од другите гости. Нашла некоја пластична чинија и од некоја чешма наполнила вода. Кучето испило еден и пол литар вода и почнало да оди по баба ми. Навистина и се восхитувам зошто ова не и прво вакво добро дело.
    Многу ми е жал што мачката што ја има 13 години не е добро, ама ајде таков е животот. Не може да живее вечно. Знам дека ќе плаче кога ќе дојде тој ден, ама ќе знае дека направила се за да ја спаси. Се гордеам со баба ми стварно :rock:
     
    На Monna.Monna, La.Reina.Del.Sur и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Уште малце остана од распустов, и мило ми е за тоа.
    Овака или онака, кон себе си имав доста продуктивно лето. :emo:
    Еве, времето си мина, не го ни сетив.

    Попладнево излегов да купам некои работи што ми требаа за пакување, креми, пасти за заби и слични дрангулии, па така поминав половина час зјапајќи во рафтовите со шампони,сапуни и ролони. :geek:
    На враќање кај црквата видов една женичка како бараше храна по контејнерите поставени пред портата.
    Ми падна жал. Ја отворив кутијата со интегрални чоколадца, оти ми беа единствена храна која ја купив, извадив две, пријдов и и ги дадов.
    Со наведната глава ги зема, промрмори нешто, не ја разбрав баш.
    Си дувнав со брзи чекори, се свртев назад, ме гледаше и ми мафташе. :)
    Го отворив новчаникот. И јас немам пари. Последните од џепарлакот си ги дадов денес.

    Не е важно колку имаме. Но сите би имале доколку би го поделиле со некој друг.
    Во очите на повеќето бездомниците се невидливи.
    Исто како да ги нема поминуваат покрај нив.
    У волкава беспарица тешко кој има да даде на друг, ама не е тоа поентата.
    Истата женичка вчера комшиката ја бркаше од бавчата покрај пат оти сакала да си скине две-три пиперки.
    Аман бре, нема да умреш ако некој ти скине од пиперките у бавчата. |( кога немам да дадам, и јас не давам, ама за две-три пиперки бре.. од волкава бавча. :x

    Поделете го тоа што го имате со друг.
    Колку имате-толку. И доста се жалите дека нема пари за струја,нема пари за вода,нема пари за леб.
    За ништо нема пари.
    Можеби ќе има ако сите бевме сложни, ако сите бевме едно.

    љубете :)
     
    На bittersweet, Monna.Monna, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  20. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Истата дешавка ја имав пред некој ден, се штеаме со мм, малиот и постарата керка (куче - пинч) :D
    и врват мајка со две дечина ,леле луге реакцијава на мајката беше бегајјј сине ке те касни.. го измакна малото, го ивлече мислам дека раката ке му ја исчаши на сиротото дете.
    Јас и мм бевме.. :o не знаевме дали да се смееме или да плачеме.
    Само прокометирав не се плаши не каса, а мм се смее и и вели ее Мици Мици и од тебе има некој што се плаши. :lol: :lol: А кучето Мила ( Мици - така ја викаме нагалено ) ни е право маче, срнест пинчер ама не типичен,толку мила, со сите си игра, се гали..од мачина се плаши и бега ама буквално. :D
    Исто за Богородица дента бевме на Матка и нели патчето до Црквата кај Кањонот е тесно , како што вревеа луге имаше некој подзатануваа и се радуваа ја галеа, но имаше некој што мислам дека ке рипна во езерото од изводење што би рекол мм.
    И зклучокот беше дека самите родители им прават трауми во одоност кон животните на децата, наместо да им створат љубов уште од малечки, ги плашат, им ставраат антипатија и тие дечина за некоја година ке убиваат мачина ке клоцаат и шутираат кучина или ке бегаат од нив.
     
    На starfish и Serafima им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.