Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека Нокаут ми го продолжија животот.
    Имав исто чувство како да сум дувала, едноставно „летав“ со секоја песна, секој стих. Феноменални се.
    Вечерва ми е гајле што за некој ден сме во школо, ми е гајле што нема да ги осеќам нозете зошто тепав цел пат пешки, ми е гајле за СЕ`. Можеби физички сум пред компјутеров, ама психички си останав таму. :D
     
    На crazylady, teddybear, Miss-Independent и 8 други им се допаѓа ова.
  2. rainbow16

    rainbow16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    22
    сакам да кажам дека ми се разубави животот :)
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Blair15

    Blair15 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    12
    СДК дека не можам без тебе!
     
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Она кога си идеш дома во 5:30 наутро мислејќи дека ќе поминеш незабележано, и за беља, комшиите спроти врата излегуваат за на нива и ја креваат зградата во вис „Леле, лепотица она, одамна те немам видено (три дена), кај си тргнала волку рано? Нели ти студи бе, дете?“
    И толку од камуфлажата што ја планирав. :D
    Се разбуди мајка ми, ми се изнасмеа, и сега ми враќа што ја зезав за чичето во пошта, па ми вели дека вака кога ќе си идам дома толку доцна/рано, комотно да им се придружам на комшииве на нива, па може ќе ми се посреќело да ме загледа некој заруменет. |( :D
    Ако де, јас би, искрено. Срцки се тие баба и дедо.
    Имаат по 80 години, а дури и во најголемите студови одат на викендичката и си средуваат.
    Еднаш го бев заборавила клучот, а мајка ми беше на родителскa, па ме викнаа кај нив.
    Таква топлина немам осетено. Ма, зрачеа.
    Тие немаат деца и внуци, јас немам баби и дедовци, па перфектно се вклопивме и саат време со таков жар ми раскажуваа за младоста и нивната љубов, што се топев константно.
    И иако тогаш бев помала, па не се разбирав и потресував толку, сега, присетувајќи се на приказната, им се восхитувам на тие две старчиња.
    Беше доцна есен и беа склупчени еден до друг ко јагниња. Бабето почна да раскажува, и кога од солзи почна да и’ се стега грлото, дедово ја фати за рака и утешително ја погледна. Души бре!
    Ги паметам зборовите: Ее, мило, како дедо Добре нема. Јас бев болна, ќе правев операција и тогаш не беше вака рутински, не се знаеше дали ќе останам жива до свадбата, ама дедо ти Добре ни во еден момент не ме остави. Сред зима ми носеше од село свежи намирници. И знаеше дека ќе немаме деца, ама ми рече барем ние на старост ќе си се имаме. Е, сега на старост, самите ние сме си ко деца. :D
    Еве ги над 50 години се во брак, а мене очиве ми се солзат од милост за такви истрајни, упорни, чесни и добродушни луѓе со големи срца што неизмерно љубат.
    И им посакувам да си поживеат заедно најмногу што може.

    Ете, од најобична, случајна средба, ми навреа толку емоции.
    Мајке ми.

    И таман решавам да си легнам, прскаат против комарци, и комотно од тераса можам фаци да им видам, а и тие мене да ме видат кај што пишувам ваква расчупана. Ајт. :D
    Добро утро или добра ноќ, сеедно.
    Петок е веќе, соберете ги последните сили, ве чека викенд. :nod:
     
    На Neytiri, bittersweet, 1209 и 31 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    ^^
    И мене ме дигнаа од кревет.Како да го снимаат десантот на Дрвар :D

    За да го напишам овој пост ме инспирира една познаничка која во доцни 40-ти години го најде својот партнер.Ја гледам насмеана и среќна.А често велеше дека ќе остари како стара девојка со куп мачки околу себе.Ама драгиот Бог не мислел така :)

    Сакам да прожвакам нешто за пронаоѓањето на вистинските личности.Според мене да бидеш опкружен со такви ти е најголем дар од Бога.Секое друго губење време со некои неважни е како прежвакување празна слама. А за да ја најдете вистинската личност е навистина тешко.Било да барате партнер,било да барате пријател.Тоа ви е како да барате некоја ситница по дома,баш тогаш ви е неопходна ,а неа,како за инает никаде ја нема.И рационалното размислување не помага (каде ли ја ставив),а ни емотивен пристап не помага (лупање на фиоки).Нема па нема.А тогаш некој друг ден ,потполно непланирано,неочекувано,без ни малку труд,се фрла поглед на полицата кога ,ете ја ситницата која ја баравме со денови.

    Сакам да кажам дека и барањето на вистинскиот партнер често личи на тоа.Би рекла никој не ја пронашол својата сродна душа тогаш кога очајнички му била потребна.Сите убави врски се случиле од ништо ,неочекувано,кога ќе си помислиш дека нема ништо од тоа.Често на овој мојов му викам да не бев јас немаше денеска да бидеме ние :D

    Затоа мислам дека не треба да се прават широки стратегии надолго и нашироко, и длабоко да се анализира спротивниот пол.Нека ве води чувството.И премногу рационалното може да ја замати вистинската состојба на работите.Како кога се учи танц.Штом се научат чекорите никој веќе не брои во себе туку го прати ритамот по осет.

    Уживајте со вашите партнери,сакајте ги и бидете среќни што ги имате до себе. :angel:
     
    На bittersweet, kate21, M.a.r.i.l.y.n и 19 други им се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Ми се спијааа...А ме рабудија,и ја сега спијај после ти вика,еве ти распуст спијај..? :o
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Денес е официјалниот ден, денес е денот Д...
    Фрлете ми по некоја чаша вода за среќа и стискајте палци.

    Ако положам на сите ви следува по една палачинка од Ања ;) .
     
    На Neytiri, bittersweet, kate21 и 26 други им се допаѓа ова.
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Со среќа,ти посакувам успех...
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Спремна сум на промени, спремна сум на нешто ново, доста е кукање и жлење горда сум направив чекор напред му пишав се што ми лежеше на душа и успеав да не му креанам, да, да успех е тоа за мене :)
    Се радувам на времето на деновите што доаѓат, на надежта што ми ја влеваат и ме бодри да застанам цврсто и самоуверено како некогаш и гордо и решително, но овој пат сама да продожам да чекорам и да се борам со животот.
    Го сакам септември, толку многу ветува, го сакам животот и толку многу ми се радувам!
    Вреди да се живее и ужива, не дозволувајте никој да ви ја попречи среќата!
     
    На marama, ilipili и kravce им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека навистина ми е многу жал за најмалите братучеди-заради кавгите мегу сестрите ние не зборуваме :| , а тие млади момчиња само на алкохол мислат(едниот од нив го имам на ф.б. за пријател, помалиот, и гледам што слики постира) душички, и на нив не им е лесно, го загубија дедото од едната страна, бабата од другата страна за кратко време, ама имаат татко кој треба малку да застане и да поразговара со нив-да се обиде да ги вразуми, оти како што тргнале пијаници ке станат
    брат ми е неколку години постар од нив, и не сака да ги види, исто и братучед ми од Србија, само јас сум таа што сака да ги зачува роднинските врски-ама крвта вода не бидува :!:
    и :!: за срека што брат ми не е по алкохолот, да беше, незнам што ке правевме јас и мајка ми :worried: :x
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    103.129
    Пол:
    Женски
    Сума сумарум, вчера на пиволенд имаше да се види сва и свашта, а јас сирота у ПМС, со чулата на максимум, се да забележам. И за почеток, девојчиња у сатенски фустанчиња и штикли 20 цм, навиткани коси и вештачки трепки, алоооо, си дошла на паркинг да пиеш пиво и да јадеш гирици, со кој памет мори цуцо си се нафирцала олку. Второ, квазиметалци, со боцки на скаени јакни кои те бодат кај и да мрднеш ако си во нивна близина, исто на цокула тешка од 2-30 цм. Трето, мали девојчиња со стегнати прслучиња до врат, напред изгледа како да има ц**ка а позади прслучето и се кренало до врат од што е стегнато, абе девојче, упс, кога ќе ја чуеш како пцуе како кочијаш ќе се позамислиш дали е девојче. И ај што имаше уфирцани, што имаше чудни фаци и мали девојчиња кои зорле сакаат да пораснат, па имаше и такви кои дошле ко од кревет да се измкнале, згужвани, со маичиња од времето на мајка и на баба ми, со мрсни косички и со гумени влечки, па како поминува заминува така ароматично ти делува..... :puke:
    Дали беше до мене или до нив, голем дел е до мене, знам, проклет ПМС, се си видов, се си забележав.... Ако, барем не ми беше досадно додека си го јадев клавчето :rofl:
     
    На srcekrsacka, Lov3, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Еве за да не правам нова тема овде ќе се обратам.
    Повеќе би сакала да прашам отколку да кажам. 2 дена на почетна страна на Фемина ,барам една тема :^) .
    Значи ,ја барам темата која беше поставена на почетна,за Мајли Сајруз каде што се вери.ако накоја ја најде ќе ја молам или преку ЛП или овде да ми ја даде.:^)
    Ви благодарам. ;)
     
  13. Candy20

    Candy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    65
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka и sadangel им се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Куферот ќе ми замириса на море и школки. Го носам со многу спомени во него, по некој тркалезен црвен домат, сиренце, смоки и тон Љубов. За нив, за мене, за Нас.
    Љубов што ќе патува по ветерот.

    Денов е обоен во седум различни бои. Во мене ксилофон свири некоја мелодија, надвор ветрот мрси коси и прави некој чуден вртлог врз љубичиците. Надеж. Тој ме љуби повеќе одошто можам да замислам. На врв на вулкан сум и со рацете повикувам лава. Како да ви кажам, прозаичност ме лупна, а поезијата ми е првата утроба. И си дремам, со увин чај во раце, со наместена облека што чека да скокне во торбата. Сања вели дождец во Хрватска. Ако. Времето е мој сопатник. Го сакам како што си ги сакам врвчињата на обравчињата. Ништо не ме плаши, ги јавам и двете реалности. Сонувам со мирис на ванила и млеко за сончање. Облаци полни зборови. Ми праќаат слики, храна, диви полиња со ириси, спокој што се вдишува само кога возиш точак брзо и дишеш како да ти е последен ден тука. Сонував Маи и Инки, сонував патеки што ги цртам со стапала, забодени во примордијален песок. Напишав цела книга, соната и поема за Светот. Оној што ме носи во себе, како меурче од сапуница низ воздухот.
    Вчера бев на неколку различни места со различни луѓе. Чудесно е како ти се менува енергијата кога ќе гушнеш некој што дента бил среќен, некој што дента одлучил дека ќе оди да живее во странство со партнерот, некој што сака да прекине долга врска. Сите тајни и ситуации што ги слушнав, начув, дораспрашав, ме направија како соленкасто парче камен што ќе падне на дното на морето со сите тие убавини скриени и заштитени.

    Лимонада, врзоп книги на подарок од Иван. Сапунче од алое вера, директ од Парга. Мирис на цигари и сон во парк со себеси. Колку ми е зен тоа што возам точак луѓе, немате претстава! Дури и не сакав да се приклучувам на точакистите, ами сама да зајдисонувам. Најубаво.
    На Пивофест сакав да се изгубам, да не ме најде никој, ниту да барам некој. Знаев дека сум сама. И со него во мисли. Ништо не ме допираше, а бев низ цела толпа. Обичен мал медиум со шешир. И успеав да си го киднапирам сопственото време, да јадам плескавица на Кеј, со точакот до мене, со чашка пиво и седум смс пораки неодговорени.
    Читав вчера, до доцна. Плачев на поезијата на Бушко. На Мане. На својата. Професорот приредил уште една книга поезија во која ме има мене. Си го читам името и презимето и некако не ми се верува. Како да сум надвор од себе. Страно тело, соработник со птиците. Лудистичка игра на сеќавањата за Тука.
    Да, добро ми е.
    Имам се’ и имам малечки ништа. И во нив свет за кој можам да се ветам себеси.

    Ќе биде ова живот за паметење...
     
    На 1209, Buttterfly, Feminkaa и 7 други им се допаѓа ова.
  15. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    НЕ е исто што и концерт ама ај .

    Јас сум клинка која порасна со нив .......ВРЕМЕНСКА МАШИНА ,ЕЈ БИ СИ ,ТЕЛЕФОНСКИО БРОЈ....итд итд
    Паметам како ја прекомпониравме со сестра ми оваа со -Телефонскиот број -менувајќи ги оригиналните имиња во песната со оние на тогашните симпатии наши :D
    А сега години потоа му пеев нему ...без нови компилации оригинално , помалку страсно :$ и од душа .
     
    На teddybear, Ann.94 и marama им се допаѓа ова.
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Кога легнав, кога станав. :D
    Подсвеста ми сервираше уште еден ладен туш. Крш сон. Мораше ли?
    Сите мои стравови се проектираа во истиот. Пред мене стоеше сѐ од кое цврсто ги затворав очите, ама овој пат немаше затворање. Јас бев таму, беа и тие, беа дури и заедно. И пак беше истата приказна. И болеше исто.
    Викав, ги тепав, буквално од земја ги издигав во сонот. Беа толку лесни за кревање, а неповредливи. Само упорно ми се смееја на глупавоста и немоќта.
    Зошто? И во сон ли сакате да ме повредувате?!
    Си ја гушнав перницата за утеха. Па што? И тоа е нешто.
    Ајт. Звучам ко некој Ш категорија филм. :D
    Ама ај, сон ко сон, се надевам.
    За да ги оттргнам мислите, појдов да си платам интернет и ме чукна уште нешто. :D

    Многу ми е лејм ова персирањево во некои случаи.
    Вие. Што бе Вие? Множина си? Група? Да не дишеш златни честички кои подоцна ги испрдуваш ко злато во прав и какаш златни плочки? За двајца да не вредиш само затоа што тате ти нашол функција?
    Што функција па, да наплаќам интернет сметки. Пих. Не потценувам работа, ама не си седнала во претседателскиот кабинет, ебате, па да си дозволуваш такви смешни испади и арогантност.
    Посебно не кога си виновна! Па мајке ми, 2 месеци барам едно кабелче и само наводно запишуваш, а никој не иде. Не те ставиле таму ко кокошка на буниште да се прчиш.
    Сфаќам бон-тон, ама убедливо најдебилно ми е кога вака сам за себе некој ќе си рече “Ние“ бе, притоа да не е на шала или да не зборува во име на цела компанија.
    А јас ко што сум брзоплета и потресена од сонот, не размислив два пати пред да ми излета:
    - А, трудна си?
    - Не, леле, зашто? (Со “ВТФ сакаш да кажеш дека сум дебела?“ поглед)
    - Па онака помислив, дека збориш во множина.

    За миг, следеше најепскиот момент ever! Прајслес!
    Не знаеше дали попрво да и’ олесни зошто испадна дека не била дебела, или да стане и да ме истера на клоци преку врата. :D
    Во моментот беше баш зини земјо, голтни ме, ама сега, пак да се вратам, пак би и’ кажала истото, за пак да ги прави тие фаците.
    Којзнае колку ме има колнето и пцуено после.

    А по светов - клишеа. Лажни, исфилмани клишеа.
    За промена, сакам вакво!
    [​IMG]
    Уште еден сон. :D
    Ако ме нема по форумов деновиве, да знаете дека Ние ме исклучила. :D
     
    На M.a.r.i.l.y.n, la-chicka, Lov3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Крај на распуст. Претходните години овој ден ми беше пеколен. Секогаш се прашував, ЗАРЕМ ЗАВРШИ? КОГА ПОМИНАА 3 МЕСЕЦИ?! Овој ден беше пресуден за почеток на годината, ден кога почнував да имам трема, толку месеци сум се улежала, ќе неможам сега да се навикнам на учење :lol: ,но денес сваќам. Сакам пак да почнам утре со школо, сакам утре да учам! :rock: Сакам да сум средно, да се дружам со моите "ненормални" другарчиња. Пак да се ќезиме од смеење,и од незнаење, и пак да добивам(е) 5ки за 3 збора. Ми фали средно, а сеуште не отидена на факултет. А да, морам да поттенцирам ми се иде на факултет,ама .. Не како што ми се иде во средно.
    Знам дека после првиот свечен час, јас ќе бидам како изгубена во сфемирот, јас ќе неможам да се снајдам во тоа факултетот, и јас ќе бидам како мува без глава. Тешко ми е додека се навикнам на такви промени.
    [​IMG]
     
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Ова научно докажано е или оние што имаат животни кои ги сакаат им треба една ваква потврда дека се добри луѓе за разлика од оние другите? Хитлер ги сакал животните. Јас сум мајка која не дозволува блиски контакти на животни со моето дете, барем не на се што ќе се најде на патот, дозволувам играње само со кучиња за кои знам дека се чисти, мирни, неагресивни, а тоа се неколку на сосем блиски пријатели или роднини...Не секој што чува животни се грижи за нив правилно, а моја одлука е дали ќе го ставам моето дете на ризик да закачи крлеж или не...
    И јас не можам да ги разберам сите што слободно си ги шетаат своите кучиња одврзани и кога ќе ја опоменам ќерка ми да внимава ме гледаат како да сум ги навредила до срж...па можеби и вие треба да имате осет дека не секој ја дели вашата љубов кон животните, и да си ги приберете кучињата или мачките кога гледате дека некој се плаши пример од нив а не да го убедувате да го погали или слично како ништо нема да му биде, за на крај да заклучите дека едноставно е лоша особа...
     
    На bittersweet, Magnolija, The.Crab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    СДК дека се чувстувам прекрасно,посебно,најубаво.Не се опишува со зборови.Како мало бебе си се радувам на роденденов.Си наполнив 16 години. :$
    Фала ви на тие што ми честитавте,бакнежи до вас :* :hug:
    И повелете на торта. :D
    [​IMG]
     
    На Anna-Banana, kate21, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.257
    Допаѓања:
    157.533
    Драги напредни луѓе,со смартфони и инстаграми на нив, пред времето или у тек со времето,сеедно- ИНСТАГРАМ не е исто што и ФЕЈСБУК дил уит ит! Не е опција за постирање на ВАШИТЕ слики,со ВАШИТЕ фаци,ПОСТОЈАНО,само со ефекти. Поентата е да направите убава фотографија со камера од вашиот мобилен,разубавувајќи ја со ефектите кои се понудени,а фотографијата да вклучува ХРАНА,МИЛЕНИЧЕ или уште поубаво,ПЕЈСАЖ,УБАВ ДЕН, МОРЕ,ЕЗЕРО,ПРИРОДА,нејмит И ВАШАТА ФАЦА да биде што ПОМАЛКУ застапена. АМАН! Инстаграм само со фаци и самосликови и после се кезат за лепотиците што нон стоп се ставаат по фејсбук у пози поразлични една од друга у милиметри.

    Добар ден,надвор е 25 степени,у мене се 38. И моето јавно обраќање ко на Боки,не се дужи на разлика у температури! :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.