Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Caitlin

    Caitlin Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    26
    Едвај чекам да дојде 6:30 пау пау :rofl:
     
  2. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Среќна сум! Па има и добра причина зашто.
    Конечно наполнив 16 години :)
    Се надевам дека сите желби ќе ми станат реалност.
    Се надевам дека моите ќе бидат горди на мене. Тоа ми е најбитно :!:
    Ви благодарам на сите што ми го честитавте роденденот па ајде на торта :)
    [​IMG]
     
    На La.Reina.Del.Sur, Caitlin, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Се чека понеделник. Конечно после толку време дома, дојде времето за на училиште. Ми се здосади дома. По цел ден на ком. Од понедленик друга песна. Учи учи - глава бучи. :D
     
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам изморено од животов . Последниве неколку дена можеби има една недела како така се чувствувам и однесувам . Не зборам скоро со никого од дома по два , три збора а со него малку повеќе чудна работа колку ми влијае на моето расположение . Цело време сакам да спијам да гледам филмови да си ја затемнам собата и да лежам и да јадам :rofl: Можеби е период а можеби и нема да пројде . Толку многу ми фалат долгите муабети со неа за животот , музиката , луѓето за се дали помислува на мене некогаш ? Дали се кае за таа дружба дали можеби и недостигам ? Помина .. се помина за жал . Имам мала болка во долниот дел од стомакот којзнае што е не ми требаат додатни нервози и проблеми . Си пуштив музика за медитирање и право в кревет да се одморам од се .
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweetgirl89

    sweetgirl89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Ми треба барем уште малку одмор, барем уште 10 дена. Всушност, не сум целосно сигурна ни кога започна, а еве сега летото е веќе при самиот крај. И не, мојава желба за уште неколку дена екстра одмор не е поради друштво и луди забави, веројатно бидејќи не сум љубител на такви работи, туку затоа што вистински ми треба добро психички да се одморам, макар тоа траело и само еден ден. Сакам да можам да ги затворам очите и да отидам на некое тајно место, да го слушам тивкото шепотење на ветерот, брановите, да се изгубам во далечините, да летам со птиците и да не мислам на се она што следува. Да не мислам на купот обврски што ме очекува веќе следната недела.

    Ох, не можете ни да претпоставите како и се радувам на зимските празници што не очекуваат за некој месец ;)
     
    На Sara123 и creshicka им се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сдк,

    Најубавата симфонија ја создал Бог. И тоа толку префинето и перфектно, што е невозможно, а да не се восхитуваме од срце. Можеби човекот ќе направи некоја композиција, но оваа е назаменлива и неповторлива. Што секогаш го исполнува срцето и никогаш не е досадна и застарена.
    А тоа е нејзиното височество, природата.
    Жуборот на реката, кој свири меки звуци во позадина. Тивкото ветре ја бранува, а во еден миг на одредени периоди силно ја плиска на каменот, како да ја надополнува таа иста мелодија. Дрвото грациозно се издигнало над неа и шумот на листовите ја истакнуваат таа убавина. А една птица е соло пејач, која во позадина има цел хор. Еднаш кратко пее, па следува другата, па третата... Тогаш ја чувствуваш топлината на љубовта во срцето, што толку знае да ја исполни целата празнина и да не биде само едно молскавично воодушевување, туку мил спомен, топол за срцето и душата.
    А оваа симфонија не трае само еден час или два, туку трае цел ден, цела пролет, лето, есен...
    Само оваа симфонија никогаш не е иста. И затоа, само таа никогаш не е досадна и монотона.
    Таа е уникатна :f: .
     
    На sweet-star, kravce, slavica999 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Неможам да се изнаспиам, нешто чудно ми се случува во последниве неколку дена.Навечер си легнам и почнам со гледањето на филмови, и може да ми се случи да заспијам во 6 наутро, а сепак се будам околу 12 и неможам повеке да спијам. А во последно време и многу сонувам, некои неповрзани сонови, што неможам никако да си ги разјаснам. И по цел ден си лежам, се чувствувам уморно, дали можеби крвта ми е слаба, ке треба да се проверам. Одвај чекам да помине денот за да излезам вечер, со колеги колешки малку да се релаксираме и опуштиме за завршетокот на оваа година на факс, па сега оваа ми е последна апсолвентка јеее браво за мене :clap: , па после тоа ке видиме што како ке се одвиваат работи, се надевам во најдобар ред. И јас си се распишував па се заборавив, имајте убав ден феминки гушкии
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК.....премногу сум среќна
     
    На Anna-Banana, Monna.Monna, srcekrsacka и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Вечерва сум на свадбааааа ^^ и сум крајно расположена :D
     
    На swrcii и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ок,одвај до 30 страна сум стасана со книгава и се мислам дали да продолжам да ја читам понатаму...добро,како може да се напише викенТ,Но њоман но црѕ???
    Мислам,книгиве воопшто се прегледани граматички пред да се пуштат во продажба или колку на брза рака се преведени...бог да чува,се прашувам дали книгава воопшто е правилно преведена... :x
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Колку напоред ден имам...Ама има нешто интересно во секој петок..
    1,Во петок сум родена..
    2,Нјамрачната ноќ во мојот живот досега,е исто така во петок(Се онесвестив ама тоа толку многу се искомплексира што навистина беше страшно,ќе речете ахах,колабира,тоа не е страшно,ама не се работи за губејне на свест,покрај се што се издолжи само јас си знам и моите како ни беше таа вечер,па итно во болници,па и моите не знаеа, и 300 други глупости,башка тоа не можеа да го запрат крварејнето.)...
    3,Дедо ми имаше сообрајќајна несреќа во петок,следниот петок дедо ми беше на работ на смртта,но добро е со итна интервенција се среди..фала ти Господе..
    4,А најинтересното е што тука не се работи за никаква загуба или штета ,само што толку испаничив мислејќи дека телефонот го загинав а всушност дома ми бил...! :worried:
    5,Истото ми се случи и денес,телефонот сум го оставила кај тетка ми, и тоа новиот,не оној истиот што беше во претходната случка туку друг,и мислев дека го изгубив додуша имаат локатори и двете ама не е тоа, тоа..само што не цркнав на горештинана,и тоа ова беше во 13,00 часот,пекол надвор јас го барам по улици телефонот,за баксуз на другарка ми и се блокира картичката и неможеше да звони никаде.. :x ,на другиот телефон немам кредит ни 1 ден,и најпосле тетка ми ми ѕвони и ми вика кај мене го заборави телефонот блиску си?Офффф,Господе.Барем не бев сама,покрај сите овие случки има некакво ослеснувајне,се е добро,и секогаш поточно во двата случаи на т.н загубувајне на телефоните до мене имам пријатели..Не е малку чидно или сето ова навистина е случајност? :hai:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам кога ќе дојде крајот на август,и секоја минута е цениш и е искористуваш максимално. :lol: :lol: :rofl: :rofl:

    Туку муабетов ми беше за песнава http://www.youtube.com/watch?v=AYi6aVSLpQE го најдов ова и реков да го пишам тука.

    Wish you were here PINK FLOYD Би сакал да си тука.Оваа песна боли.Ти ја растревожува душата.Кога ќе ја слушнеш за прв пат, те праби безначаен.Голем те прави,кога ќе ја научиш.А кога ќе научиш да ја чувствуваш,тогаш боли. - Игор Џамбазов
    Колку само се соглсаувам со ова.Проклето боли.
    :rock:
     
    На kravce, La.Reina.Del.Sur, happY-smiLeY и 6 други им се допаѓа ова.
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    СДК дека конечно ке одам на одмор или замор ке видиме кога ке дојдам како е !!
    или да кажам ке пишам ...
    Ме нервира фактт кога одам со некои предрасуди и знам дека нешто ке се деси, и плус секогаш сум во право ... Мразам кога не ме слушаат кога предупредувам дека нешто нема да е ОК !!
    поздрав мои Феминки се читкаме за 10 дена
     
    На tessi, Miss.Ricci и Sara123 им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сакам да ве вратам малку назад во времето :)
    [​IMG][​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    Мене ме фати носталгија :)
     
    На ana-banana, Serafima, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  15. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Сакам да кажам дека ги завршив денешните работни обврски, сега следи еден ладен туш, оти така подобро размислувам, после едно добро филмче па на спавање. Утре ме чека напорен ден// :!:
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    Денеска петочно дома, без посебни обврски.
    Седев, седев...и почна досадата да ме фаќа, па си реков ај ќе прошетам низ населба.
    Таман се спремив слушам времево удри да врне, си реков врнело не врнело чадорот у рака и јас тргам.
    Првен се акнав во тоа дуќаните за сваштарија, некои ситници за дома, после пластичариите и дојде дм на ред.
    Не дека ми требаше нешто посебно од таму, али куќа викам ќе се најде нешто што ми треба гарант, плус и некоја резерва да се има од средствата за чистење и за хигиена не е на одмет.
    И така јас како у слаткара ти се чини, стојам и зјапам по рафтовите.

    Случајно делче од погледот ми залута на соседниот рафт и си викам аххх еве топломер.
    Зима иде ќе се снеарниме, да си зедам уште еден за секој случај, овој што го имаме веќе некоја година не служи, кај да е ќе цркне, а тие работи не се бараат кога ќе ти притреба, со време да си набавам.
    Само некако големи ми се видоа, т.с долги :^)
    Инаку јас веќе со две полни торбичиња натоварена влегов и никако да ми текне да ги оставам на земја плус и гласна музика на уши, и како олапена гледам накај соседниот рафт ама оти подалеку некако не догледувам, а работиве ми тежат да се мрдам од местото :rofl: .
    И дојдов чудна на продавачкава, си вика девојчево мака си има и ме прашува дали може да ми помогне и јас викам да да.
    Ако имате искуство да ми кажете кој е најефикасен. Женава пофати еден и вика демек тој бил препорачан ...
    И јас викам фала, го зедов у рака и плус објаснувам како јас си имам еден дома, ама оти редовно си користам, и резерви да си има човек не е лошо.
    Женава некако оној small talk го прекина и се врати таму на редење на стварите на рафтовите.
    Среќна јас, не ми е идењето за џабе, најдов нешто...и читам опаковкава ТЕСТ ЗА БРЕМЕНОСТ(тука смајли што си пуца у глава)
    И како некој криминалец сега.
    Женава стои тука, плус фина ми кажа колку е ефикасен реков фала и го зедов а сега да го враќам , се сврте таа јас го оставив и со светлосна брзина да ме нема :rofl:

    Да се созедам од бруката(која само јас ја детектирав во дуќанот, но сепак доволно да ја почуствувам) се акнав во соседниот дуќан.
    Кога им се навртев луѓе на тоа гаќите, како гаќи да не сум видела, како гаќи дома да немам.
    Али стварно не можев да оддолеам. 14 пара си купив, сите кој од убави поубави, плус и ефтини :emo:
    Филингот кога на ајпод слушаш party like a rock star а ти со полна кеса нови танги 8)

    Биче весело
     
    На kravce, slavica999, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  17. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес се изненадив од трпеливоста на татко ми. Всушност, за сите мои 17 години не знаев дека е толку трпелив човек. И си се подзамислив за мојот карактер. Си личиме во нешто , си мислев и во карактерот личиме , но всушност далеку сум била од него.

    Еден негов „ другар“ ни доаѓа на секои 2-3 дена и кога ќе се замуабетат со татко ми , па цигара за цигара цела кутија ! И таман сега правевме молерај, перевме пердиња, теписи.... Буквално ја средувавме цела куќа. Беше пред тоа така зачадено и мајка ми , а и сите дома наговаравме дека освен од шпоретот на дрва , исчадено е и од буквално секоја испушена цигара дома .

    И јас му велам денеска на татко ми : Тато зошто кога ќе ти дојдат пријателите дома ги оставаш да пушат цигари, а и ти пушиш заедно со нив? Таман ви забранија во кафаните , па трпезаријава наша стана замена. КОга ќе дојдат излезете пред зграда и пушете колку сакате. “ Му велам : Кога ти ќе одиш кај твоите пријатели пушите на тераса или надвор бидејќи наводно им се чадело дома и им СМЕТАЛО на домашните. Па и јас чувствувам мирис на цигари, а и плус се чадат и пердиња и ѕидови , и мириса неубаво ! Речи им и ти да излезите надвор“.

    Тој ми вели : Не можеме секогаш да излегуваме пред зграда. Плус, јас така сум постапувал со нив години.... Сме пушеле кај мене во станот и веднаш ќе забележат промена кај мене и ќе прашаат зошто одиме надвор. Ај еднаш, ај двапати пред зграда, ама секогаш не може...

    Јас : Тато , ама дома се чади и таман сега направивме молерај. До матура ќе се исчади.

    Татко ми: Знаеш , некои работи не можат да се решат доколку на некој не му текне сам да почне да размислува и за другите околу него , и за туѓото , а не само за своето да гледа. Јас повеќе од 20 години го имам за пријател и мислам дека никогаш не сум го навредил. Ако му велам на секое да пушиме цигари пред зграда и кога ќе ме праша зошто? Што би му одговорил јас? Да не се чади дома. Со тоа би го навредил , а јас не го сакам тоа. Ова ( фате на пердето ) може да се испере, станов може да се молерира пак, ама заборовите кои што ќе ги речеш неможат да се вратат назад никогаш. Водата се пере ( и ми покажува кон теписите) , ама зборови не може. Кога ти би закојала клинец во нечие срце , можеш да го извадиш , ама дупката ќе остане вечно. Секогаш срцето ќе чувствува болка.

    Се изненадив и од филозофијата со болката и клинецот. Ќе си го употребам на писмена . Ќе ми се најде. Туку се замислив. Што да правам јас кога некој кога ќе миудри шлаканица, јас враќам со бокс. Си велев таков ми е карактерот, ама очигледно ќе треба да го сменам. Па и не знам баш ! Колку е тешко отворена рана да чуваш во срцето и секогаш кога ќе се потсетиш да пече ...
     
    На Serafima, Ognenija, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Нејќам фејзбук!! Нејќам!
    За жал тоа е едно место на кое што младите контактираат!
    Нејќам!
    Порано се сеќавам зборевме ај ќе искочиме пред зграда ќе играме граница денес викаме ај на фејзбук! Што сега чатот стана едно место на кое само куцаме беспомошно со тастатурата! На времето слабеевме, се тркавме, игравме фудбал, се прскавме со шишиња кои што ќе ги прободеме со шајки! Не седевме на чат по цел ден!
    На времето мајките си играа со нас ,трчаа по нас додека возевме тротинет, а сега мајките седат на фејзбук а ние буљаме во таваните! Се растровожив со денешната слика, ало дете имаш треба да го гледаш да читаш статии за него,не за џабе на фемина има статија „Подгответе го детето за првиот училишен ден“ а не да седиш на фејзбук, бадуу, и ватевер. Ме грозат тие родители што додека детето крши по дома праи бељи мајката си СЕДИ НА ФЕЈЗБУК,хехе, мвах.
    Не дека сум против фезбукот, да имам и јас, и да го користам активно. Но кога ќе видам денешните родители место да седат со децата седат на фејзбук едноставно .... :puke:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Во контекст на муабетот погоре на Даниела. Постарите генерации имале и имаат трпение знаат како да го сочуваат ... помладиве го губат, не се ни трудат да го сочуваат.
     
    На danniela5, Serafima и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.