Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Варам кафе на некој ако немам никој дома или многу ми е мила личноста :wasntme:
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  2. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Понекогаш подобро е да си кучка.. :devil:

    Ова асков на фејзбукот е живо срање, хејтање, и навреди фрчат на сите страни...
    фезјбуков ги уништува помладите генерации..
     
    На Speechless и butterfly33 им се допаѓа ова.
  3. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    А што е тоа аск? :wasntme:
     
  4. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    http://ask.fm/

    Се регистрираш го шернуваш на фб, али ова нели е напраено за да ти поставуваат прашања ти на кој сакаш одговараш, али овие повеке се препуцаваат..

    Се палат дека е анонимно не за друго :D
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Чувството кога имаш грижа на совест пред родителите кога треба да им кажеш дека пак ќе излегуваш ,а тоа си им го кажал едно 10 други пати во текот на денот . Очекуваш зачудени и ролинг ајс фаци .
    За избегнување на тој филинг го чекаш последниот момент ,спремана се и само кажуваш :
    - заминувамм :wasntme:
    Поголема неодговорност во тој случај а помала грижа на совест.
    Тие кои имаат понесовремени родители ќе разберат што сакам да кажам...
     
    На Ognenija и crazylady им се допаѓа ова.
  6. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    И додека секој прилично нормален од 7 до 77год. се подготвува да излезе на прошетка, вечера или во диско во петок навечер, јас не мрдам од дома. :D
    Денеска немам видено ни сонце ни небо, и многу ми е убаво. Цел ден сум изолирана од луѓе. Ова ми требаше. Сега се дислоцирам од пред екранов за да си изгледам убаво романтично филмче, а остатокот од вечерта го посветувам на романот кој ме чека.
    И додека сите вие се журкате, јас ќе си кулирам во постела. За мерак!
    Последната летна забава ја чекирам за утре.
    Пријатна вечер. :~:
     
    На mysterious и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Значи јас не сум единствена на која излегувањата и станаа тотално неинтересни.

    Добро би ми дошло да се оттргнам од се, барем малку. Си се чудам каква сум станала, да можам цел ден би го преспала, би си спремала јадење само за мене, би дремела сама на тераса со кафето и со цигарата, како мои најверни пријатели.

    Не, не сум асоцијална, без гајле. :lol:
    Само малку ми е смачено од се. И ми треба време за себе.
     
    На Tenkai, CIA, sweet-cherry и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.256
    Допаѓања:
    157.532
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
  10. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Само навреди читам на то аск :x Ни на крај памет не ми текнало да си напрам, гледаат само да го оцрнат чоек, да му ги шлапнат тајните и недостатоците в лице... За жал така е во денешно време, само на то не' научи фб :?:
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Lucky Luck=Таличниот Том... |(
    Кризни времиња. Ги укрупнив парите од прасенцето и му купив едно големо мече на едно преслатко бебуле. Не ми е ни роднина, ни блиска ни далечна, ама е душиче најмило. Ич не ги жалам парите! Ќе му ставам панделка и ќе му се радувам на насмевката. Нема ништо позначајно и повредно од детската насмевка. А јас си седам нестрпливо, чекам да дојде утре денот за да му ги видам среќните очиња. Бебе, мало, најпрекрасно :sun:
    Се сеќавам кога бевме мали, си правевме тврдини од ќебиња под столици и маси. Моја мила кучка обожава изгледа истото да го прави :) Ми отвори глад за игра, можеби ќе се протнам и јас долу со неа. Знаете, прекрасна е навистина. Па таа играше криенка со мене, куче се крие па ме бара...љубов голема. Ја сакам, ја носам во мене толку цврсто, како таа што не носи сите нас
    http://www.youtube.com/watch?v=7u4FBjAMi5E
    добра била песнава бе :D
     
    На marama, Buttterfly, Serafima и 11 други им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Викендов ќе си го посветам на Сексот и Градот. И себе.
    Точно е. Во секое друштво има Кери, Миранда, Шарлот и Саманта. Well...и онаа со тенденции да стане 40 year old virgin. Барем во нашево.
    И додека моиве Саманта и Миранда се расправаа, баш онака, типично филмски, околу тоа какви биле машките, јас пробував да се дефинирам себеси.
    Јас сум некаде помеѓу Кери и Шарлот. Или Кери и Миранда. Не знам.
    Ма, може сите сме ние различни. Диви, смирени, бунтовни, избувливи, кротки, некои со спуштени глави, некои со кренати носиња, но секоја на свој начин е во потрага по оној Mr.Big.
    И сечиј Мистер Биг е различно дефиниран.
    Толку многу приказни и уште толку дефиниции за Нејзиното Височество - Љубовта.
    Некои се како паралелни линии. Вечни сопатници осудени на пропаст никогаш да не се сретнат.
    Тангенти кои случајно ќе се допрат и стануваат неразделни.
    Кружници чиј радиус допира и до дното и до врвот, но упорно се вртат некако.
    По некој љубовен тираголник, па дури и квадрат, неретко и повеќеаголници.
    И во право биле кога рекле дека сѐ може да се поистоветува со математиката.

    На крај, толку многу разлики се сведуваат на една сличност - секој сака среќен крај.
    А, мојот Мистер Биг би ме будел наутро пеејќи ми со сонлив глас смешни песни со лајт мотив - љубов, би готвел заедно со мене во зачадена кујна, а потоа би лежеле на подот смеејќи се на неуспешните кулинарски обиди, би пееле на сиот глас хардкор песни и би изведувале налудничави домашни концерти, за минута подоцна да го гледаме Сексот и Градот, час време кога тој би ме оставил да бидам типично женско и да се лигавам над сцените туткајќи се во него. Будалчиња, тие и не знаат колку може да научат од истиот. Ама, немој машкоста ќе отиде. |(
    Мојот Мистер Биг би ме запросил во Централ Парк, онака рандом, во неочекувана ситуација, можеби со хенд-мејд прстенче од гранче што претходно го собрал.
    На негов начин, несмасно и детски. Без дијаманти и други безвредни скапоцености ко доказ. Не како од бајките, туку како од реалноста.
    Овчички во голем град, изгубени во облак на својата розова реалност.
    Само, вистинското прашање е дали тој Биг постои и дали тој сака своја Кери, онаква каква што е?

    Мех, јас сум на половина од годините во кои таа го најде својот човек, имам уште леб за јадење. :lol:

    Отидов сега на по некој коктел со моите сексогради другарици.
    А, Мистер Биг? Не знам, нек се појави ако милува.
    Имајте убава вечер. :d:
     
    На M.a.r.i.l.y.n, Annath, lunicka и 11 други им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Да не се повторувам (а се повторувам :) ) ама стварно се секогаш во тренд.
    http://www.google.com/
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.581
    Допаѓања:
    43.099
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми се плачеше кога излегов од амфитеатарот и ако немаше толку студенти поради уписите ќе плачев.Криво ми е затоа што ги загубив последните недели за да учам и криво ми е затоа што знам се, од книга, од скрипти, од листови, од предавања, до задачи и пак незнаев да пишам жива реченица.Криво ми е затоа што не е до мене туку до него, старо ѓубре кое ужива да измачува и да поставува прашања за кои нема одговори, се извинувам има, ама само тој си ги знае во неговата глава.Е од инат, ќе одам на секој можен рок за полагање, додека нема да му скисне од ако е можно тоа, зошто тој да има како ќе ужива гледајки не секој ден како се препотуваме.Ама ако за таквите како него има посебно место во пеколот, резервирано уште сега!!! Да даде Господ да стане еден ден и да не му текнува што значи дрво, од најлесен и најобичен аспект, а не пак се друго што мисли дека знае, до толку да го му летне паметот,е така.Амин.


    A да и конечно решив ќе си ја исполнам долго потиснуваната желба, ќе си правам нов фриз
    Ваков
    [​IMG]
    или вака, ќе одлучам попатно
    [​IMG]
     
    На Sara123 и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Како може, стара, малтене на распаѓање зграда да ти измами ужасно ежење, треперење на срцето и најослободувачко леење на солзи?
    Ви текнува Александар кога во Пред Дождот се враќа дома и го наоѓа она запустено куќарче кое некогаш било неговото дома?

    Е така некако. Денес спонтано застанав онаму каде што растев и живеев до мои 19ти. Малку се замислив, не бев сигурна дали е тоа местото затоа што не сум била можеби 5 години. Брезите сепак се на место, сеуште. Барем тие. По нив го препознав дворчето каде што вриштевме и пиштевме од утро до вечер. Особено во лето. Со насмевка низ солзи погледнав кон скаличките каде што го добив првиот вистински бакнеж. Да не речам лапање, а ќе речам :D
    Сега се е сменето. Душава ми се стегна кога сфатив дека го нема оној џагор со кој пораснав.
    Нема веќе деца. Ова време пред многу години пред истата зграда врескавме ние. Џамија. Сервис. Плочка. Ластик. Жмурки. Игри без граници кои самите си ги режиравме.

    Не знам дали можам на некого да му опишам како се чуствував денес. Сфатив дека сето тоа кое живее само во моите спомени, го нема. Нема никој од моите пријатели таму повеќе. Сите исселени, преселени на друго место. Тревата скоро и да ја нема. Зградата доградена, исполепена со вештачки лепенки, клупите исчезнале. Сфатив дека денес влегов во друг свет, паралелен на оној кој го познавав. Дали е до мене и пораснав? Или зградата ми изгледаше одеднаш толку малецка?

    Му велам и покажувам, овде на овој спрат живеев јас, овде Б, онде Г, онде понастрана К и С, карши нас Ј, до мене е Д, си тропавме преку ѕидче за да се викнеме на гости....
    Ми рече - леле па вие сте си биле сите на купче, затоа така си се дружите постојано.

    Да. Ко во една куќа. Ко да не сме биле одделни фамилии, туку една голема која име немаше.

    Потоа зацепавме по брдоно накај парк. И одеднаш повторно друг свет. Милион детски насмевки и врева.
    Ме праша, како може да имаат толку малку а сепак да се толку наасмеани. Погледни ги во какви услови растат. А толку се мили и слатки.

    Сфатив дека ние не бевме посебно поинакви. Имавме малку, а сепак се имавме еден со друг. Автоматски имавме многу.

    Живеевме скромно а сепак среќно. И кога некој ќе ме праша, каде си растена, јас толку гордо кажувам - во Топаанско бре будало! Чаирско дете, нема шала 8)

    И уште едно прашање ми постави денес - мајка ти не се плашела да те пушта сама преку брдово да шеташ?
    Никогаш не ми текнало на тоа, видиш...ама од кого да се плаши, му велам, погледни ги дечињава, луѓето. Лошотилук може секаде да те снајде, ама да не се лажеме, ова не е америчко гето каде што секој се шета со оружје, особено не во времето во кое јас растев.

    Никогаш не се плашев да се враќам сама дома од град. Никогаш. Не знам до што е. Можеби сето тоа живее сепак само во моите спомени. Можеби затоа бев толку тажна денес или само ме пукна невидена носталгија. Можно е се. Ама само едно знам, дека никој нема да ми го земе она детство кое ние сите заедно го имавме.
    Ќе ми ја подгрева душичката додека сум жива.

    Сето тоа кое денес веќе го нема, можеби ме инспирираше да се потрудам јас повторно да го створам.

    Кој да го знае...
     
    На ines.h, green.eyes, Bozica1980 и 23 други им се допаѓа ова.
  16. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Не мие за овде прасанјето но бидејки најмногу се коментира оваа тема ке ве замолам ако има некој кој сто зивее во Австралија да ми писе во лп ми требаат некои информации за таму....ви благодарам пријатна вецер позз
     
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    ете тоа :headbang: :headbang: :headbang:

    [​IMG]
     
    На CIA, Sara123, sunfemina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. OneStepCloser

    OneStepCloser Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    64
    Ми треба некаква промена, макар и мала да е. :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Дојде 31 август, а јас на лекар. Мислам многу нормално, доаѓа школо. И јас морам да бидам болна.
    Oдма фрчат антибиотици. :D A, да.. Чувството кога докторката ќе те пофали дека си ослабела. 8)
    Нормално, не ме видела цел распуст. Јас одам на лекар, само кога сум во школо. Кај ќе ме види преку распуст?
    Друго.. Види, види, мајката почнаа и да се радуваат оти не останале трудни. Човек да почне да се крсти, со лева нога.
    Трето.. Вчера другарка ми, да не ме потсетеше дека за недела дена ми е роденден. Немаше да знам.
    - Абе на тебе ти е роденден, во петок а?
    - На кого? На мене? Чекај да видам во календар. Еј, абе да бе, да бе види стварно. :D
    Четврто.. Незнам веќе што да пишам.
    Петто.. И уште не ми текнува.
    Шесто.. Ај ќе почекам да ми текне.
    Седмо.. Нејќе да ми текне.
    Осмо.. Точка.
     
    На Shpagetta, Monna.Monna и Sara123 им се допаѓа ова.
  20. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Ако вас ве грее само едно сонце, јас фино-лепо ќе ви се пофалам дека мене три ме греат.

    :sun: Тоа регуларното, сите го знаете.

    :hug: Второто е мојот пола-пет патлижанко, едвај висок до половина ми, насмеан најшироко што му се продупчиле образите. И кога денес ме вида на штикла, свика: “абе, ти 7 кога направи?’’ со оргинал германско р. Убеден е дека јас имам 6, наместо 6 плус 10 години. Поточно, пола-седум. Тој кога ќе направел 5 ќе бидел уште малку колку мене. Си знае, патлижанчето, ние сме тим и се бориме против лошите луѓе. Прв каратист и не се лути ако не победи на фудбал! Дошло време за гушкање, си замислува сум закачалка, па ме се оптегнува целиот на врат стегајќи најцврсто, па и запчињата му чкрипат. Ми летна празно пакетче од крем-банана додека го држев в раце помалиот, и патлижанко одма дојде со прстето натопорено. “Оти в канта не го фрлиш?’’ Попаметен е од мене. Знае да биде живец и да ме учи да зборувам германски. Ах бе, колку брзо порасна. Како не ќе порасно ко година и пол го немав видено..

    :f: Третото е буцето, најубавото бебе на планетава. Како тоа знае да гушка, ама никој така не знае. И да милува. И да се смее. Нон стоп се смее... најмногу кога ќе го заиграш. Оbviously.. Чувството кога ми заспиваше в раце беше волшебно. Ме гледаше право в очи, па в коса (Абре дека ко велигденско јајце сум си...) Си играше онака шмекерски, и си потпевнуваше. Ќе го правам музичар па што сака нека биде. Смешко, смајли, буценце. Денеска 2 саати само јас и тој си игравме, се шетавме, летавме, пеевме, скокавме, пак игравме, и што ти не правевме. И ко ќе му викнам ’Бебе бе!’ каква насмевка му се шири, да го изедам ми иде.

    Со нив цела недела, се надевам и подолго. Ми го направија летово најубаво. Си бришев солзи (после толку долго ми се чини...) кога помислив дека уште некое време, па ќе си одат. Се надевам нема повторно депресиите да ме зајадат, чинам конечно излегувам, малку по малку. Знам, дека кога ќе ми заминат далеку, ќе си се затворам сама, и ќе уживам во самотијата. Ах, има ли некој несебичен да ми даде само една прегратка? :worried:
     
    На kate21, MistiqueB, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.