Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Претенциозност, одмереност, беспрекорно изглумена учтивост и култура, персирање, држење на чашата како што треба, потегнува од црвеното и вели - ммм оваа година јас мислам дека е така малку поовошно.
    Јас велам - секогаш е со арома на овошје, минатата година малина и рибизла а оваа, рибизла и малина :?:
    И тој вели - да да а јас чуствувам и банана.

    I mean - банана! Оно као три банана или само една банана чуствувате господине? :D

    Е значи, многу ми беа смешни. Избегав како пепелашка пред полноќ, ги фрлив високите штикличиња во ташната, разбушавив косата, наметнав волнената баретка, се обвиткав со дебелиот шал и му ја киднав.
    Ма не сум јас за овој снобизам кроена. За да биде уште посмешно - wannabe снобизам. Добро зошто луѓето не можат да бидат едноставно - природни?! Не знам. Зарем не разбираат дека се смешни не за околината колку за себеси, кога глумат некој кој би сакале да бидат, или некој во чиешто друштво би сакале да бидат. Ма не иде бре!

    Небитно. Сркам кафе, како поинаку? И ми се пријадоа знаете што? Рум штангли бре! Е така.
    Еден град ме скокотка и разбира, втор ме гушка и посакува, трет ме чека, четврт ме лапнува стрвно, а петиот? Петиот создава стапки по моите чекори. Индијана Џоунс спаси ме!

    Четврточе а? Кога дојде бе?! Ќе дојде и другото. Не му се секирам. Ми се јадат рум штангли, ми се пие кафе завиткана во ќебенце, ми се душка сонце, ми се мижи под небото, ми се.... што се не ми се. Само за тоа се секирам, обични, глупави, едноставни секојдневија кои живот значат, а богами и градат 8)
     
    На Strumfeta93, la-chicka, ines.h и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Го паметам 24ти Ноември 2001 година како вчера да беше. Беше сабота. Денот беше студен но сончев. Имаше остатоци од снегот кој паѓаше претходните денови. Се разбудивме наспани и свежи. Ноќта си ја поминавме заедно, иако бабите велат младоженецот не требало да ја види невестата на денот пред свадбата. Да, тоа беше денот на нашата свадба.
    Со насмевки на лицата, пресреќни што за неколку часови ке се заколнеме на вечна љубов, станавме и го започнавме денот. Фризура, шминка, подготовки, фустан, чижмички, венчавката закажана во 18 часот...
    Мина година и неколку месеци од смртта на татко ми но срцето ми се кинеше што тој кој ме створил не е тука да за да се израдува на овие моменти. Затоа и несакав музики кај мене дома. Дојдоа само Тој и кумот со девојката, останатите гости не пречекаа во матичното. Се венчавме, пиевме шампањско, јадевме бајадерки. Ресторанот во кој беше веселбата се наоѓа спроти матичното па тргнавме одејки. Сосема случајно на улицата имаше полицаец. Кога не виде, го стопира сообраќајот за да поминеме. Сите коли почнаа да свират за да не поздрават :)
    Свадбата беше мала но сите присатни ни беа драги, блиско семејство или пријатели. Дури и музичарите коментирале како никогаш не свиреле на толку опуштена и весела свадба. Сеќавања....

    Излеговме синоќа да прославиме. Ме однесе во една гостилница каде ништо не беше фенси, но храната прекрасна. Мило ми е што сме на тоа ниво, што квалитетот ни е поважен од амбалажата. Салатка, мевце, винце, опуштено. Си наздравивме и си посакавме уште многу убави моменти, заедно со дечињата, па и со внуци да даде Господ.
    Поминавме многу за овие десет години, и добро и лошо но тука сме. Вишок килограми, ко некоја брчка, по неке бело влакно во косите но тука сме. Се сакаме, се почитуваме и среќни сме. И се надевам ке потрае.....
     
    На cinderella5, Izaabella, teddybear и 48 други им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ме држи синдромот на хиерархија здобиен на нашиот ПМФ. Кога ќе ме повика професор тука секогаш прво се потресувам, иако само те прашува најобично прашање дали можам да се логирам на сајтот ма курсот. И да паднеш не те гледаат и доживуваат како нашите. Сфаќам сериозно дека имам трауми од професорите на ПМФ. Ама време е да сфатам и да се адпатирам на оваа средина.

    Денес уживав во моментот дека многу велосипедисти ме одминуваа. Некако убаво ми беше. Сите стуткани, замотани во шалови и капи, јурат кон факултетите и работните места. Ситна магла ми прскаше во лицето, ме тераше да подзамижам, здивот си го гледав чиниш исто ко да сум заплила цигара. А тоа ме потсети на дедо ми. Го немам одамна, ама се сеќавам секогаш кога го денеше сеното, седнуваше да запали луле. Секогаш правеше огормни кругови од дим. И јас му викав дедо смрдиш.. Тогаш бев против пушење и сега.

    Сега седам на последна клупа, професорот пишува на табла , јас ништо не гледам. Стравој. Ма фаца е. Хипстер тежок со златен заб. Штрака знаци и формули, и сфаќам ништо не разбирам. Ќе треба да се помачам со предметот.

    Цело време сум во исчекување одговори. Барем еден знам таа и тој ме сакаат.
     
    На Strumfeta93, sesilija, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    се разбудив со главоболка :| ,излегувам надбор ,влажно време, :( и на се фалеше и онаа шо ме посетува секој месец тука да е :fubar: ,овде ми живнаа ѕидовите,па ни човек не влегува,дали се плашат да накиснат од дождот,па од дома не излегваат,што ке да е ?
    како и да е ,ке помине ,што е мое ке дојде ,тогаш кога ке е време и вистинско место ,ве сакам феминки :*
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Горчливо кафе, благи мисли.
    Ручек што ќе полета од шпоретот. Поезија на вечната есен, кога Скопје го голта магла. Прозаичност, до крајност. Но, ако. Немам многу што да изгубам, кога зборовите и онака не се невини. Таа лекција уште во првите неколку месеци од моето книжевно откривање, ја научив.
    Внимателно со зборовите, зошто имаат две крајности, две стрели, со отров и љубов.
    Но, добро, не можеме секогаш да внимаваме, зошто животот е во секоја своја игра, манипулант.

    Вчера го гледав Илузионист, цртан филм со многу тивка тематика, но исполнет до целина. Посакав да можев и јас да создадам такви ликови. Такви пејсажи. Без зборови, каде што самите гестикулации раѓаат смисла. И си мозгав како ли им е на оние што немаат слух, немаат говор, немаат вид. Каде лежи нивниот свет, нивните бои, допири? Што сонуваат, тие луѓе?
    Кога учев знаковен јазик, пробував да ги совладам основните поими - мајка, татко, љубов, сон. Маца ме учеше, со желба. Креваше раменици кога нешто ќе направев смешно.
    Веројатно тие молчаливи очи, секогаш ќе имаат карактер плус, одошто ние, обичните себични смртници.

    Не знам зошто ми надојдоа вакви разговори со сама себе. Си ги негувам, зошто ме држат будна. Истовремено знам дека ми помага да си го разорам ѕидот на стравот, секоја мисла што колку и да е визионерска, еден ден ќе биде некаква реалност.
    Се уморив и од малодушните појави, во истата таа реалност. Следствено, пикнат нос кај што не треба, доследно ќе крвари.

    Немав намера да попувам, имам предменструални змејови, кои наместо да прават пустош, сакаат да пишуваат со пенкало, ум, тастатура. И тоа едно вакво, четврточно пладне, кога завесите од смог, играат танго со прозорците. Чисто заради илустрација.
    А тоа е само обичен смог, завесите се обични завеси.
    Имајте среќен убав ден.
    ;)
     
    На L-enna, Springy, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Си чудам до каде може да оди неблагодарноста на некои луѓе. :x :x :x
    Не знаат каде е границата, не знаат кога е доста и не знаат да читаат меѓу редови. Колку се само без осет!
    Е ако не се појави некој таков да ми го расипе денот, нема кој! :!:
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Овој ден е посебен.
    Душава ми се радува како малечко детенце на кое ништо не му е важно, освен љубовта и прегратката.
    Да, токму тоа.
    Прекрасно е да сакаш и да бидеш сакан. Да се жртвуваш за таа љубов и да не бараш ништо за возврат.

    Поздрав до сите мили мои душички, мили феминки, знајте дека ве сакам сите, зашто сите сте ми убави на свој посебен начин.
    Уживајте во љубовта, зашто таа е само вечна.
    Специјално за вас, повелете:

    http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=sC90cHHKPQI

    :* :* :* :*
     
    На Srekicka, Fearless, Strumfeta93 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Во животов правиме многу работи.
    Некои посакуваме да не сме ги направиле. Некои посакаме да ги премотаме во главата илјадапати.
    Сите тие нé прават луѓето кои сме. И на крајот го оформуваат секој детаљ од нас.
    Ако сакаме да смениме некоја од нив, нема да сме истите.
    Затоа живејте, правете грешки и имајте убави спомени.
    Никогаш немојте да се грижите што ви носи иднината и каде ќе одите.

    http://www.youtube.com/watch?v=locIxsfpgp4
     
    На zhap4e, Theodora, ines.h и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Јас,Џибони и старо вино.
    Што би да се опијам..
    Леле,четврток луд си. Повеќе од минатиот,помалку од наредниот, ако Бог да..
     
    На Ema.Sk, Phyramide и sesilija им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Добро бе , значи тие од комисија имаат задача ли да сите ги паднат од првпат... ако некој случајно им положи готово камшик ке јадат...


    Значи полигон мижејки го минуваш ... доагаш 11 на список градска , тие пред мене 10 души освен првиот (оти полага по 3ти пут ) положи другите 10 за 30 мин ги средија сите ....

    И ја стресен седнувам во кола и ми доагај НАЈЗИРи или како и да е на албански , а инаку се вика КУЧКАРИКА на македонски

    И ме тегнат 35 мин низ град , еден , друг стоп знак таксисти пешаци абе ништо ...неможат грешка
    и на крај поминува еден пешак и јас да застанам и да го пропуштам , ми зима волан и вика немаше да го пуштиш
    пагаш дечко

    Јас бев
    [​IMG]

    WHAT THE FUCK ?

    И така си паднав , џабе расправање ...

    тој после мене дечкото исто го тегнеа 24 мин и го паднаа на сличен начин и така од 13 души само 1 помина ....

    ама ако си кажав јас
    КЕ дојдеш еден ден кај мене у фирма , ке зависат твоите обврски од мене .....

    Има к*рца да испушиш џубре едно .....

    Па уште и намерно

    ИМА БУБУЉИЦА НА УСНИТЕ .... и ми вика врти ЉЕВО јас да ја погледнам што кажа , гледам бубуљицата

    EWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWWW

    :puke: :puke: :puke: :puke: :puke: :puke:

    NAJZIRI LA CANTA ESTA MUY LOCA WTF?
     
    На green.eyes, FortuneTeller.xD, Izaabella и 13 други им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Утро бе. Утриште.
    Красен момент, сликава подолу.
    Абе ми го оправи утрото. Ем се мавам и смеам по дома како улава, ем ме копка вистинитоста.

    [​IMG]

    Туку ај да си каснам. После ке си се замислувам како Баба Сера, да не си кварам јадење сега.
     
    На Magnolija и MissSpark им се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Добро утро сивило.
    Денот го започнав со Sex and the city, каснам како по обичај со времето,ама кога се емитуваше на МТВ1 бев преокупирана со "Хари Потер и каменот на мудроста" во Крушево.
    Тогаш можеби ќе се дивев и ќе живеев во тој филм, највероватно на Кери или Шарлот,а сега единствено што гледам е една прекрасна глума која ги опишува четирите типични жени во светот, не само во Њујорк.
    Некогаш ги мразам филмовите, зошто даваат многу погрешна слика за нештата.
    Но, кога ќе подразмислиш тие се тука за да сфатиш дека имаш една реалност и една фантазија кои треба да се разграничат.
    Кога бев дете си замислував совршен живот.
    Да бидам одлична ученичка, да имам се што ќе посакам, да завршам факултет, да најдам добра работа, да ме најде принцот на белиот коњ, да се омажам среќно,да имаме две деца, на женското да и купам куќарка за барбики, кола за барбики, облека за барбики, разни кукли,да има посебна соба,а машкото нека си игра со таткото.... да си живееме среќно до крајот на животот.
    Накратко, не си го замислував вака животот.
    Ни малку.
    Добив се што не сакав.
    Она што го одрекував,сега го правам.
    И така со ред.
    Не можеш да се вратиш на почетокот, не можиш да се преродиш со овој живот, така да единствено што останува е да се бориме со денот,да живееме за момент.
    Ете моментот што следува го чекам цел месец.
    Некако гледам дека не можам да живеам во сегашноста.
    Еден ден сум во минатото,а друг ден во иднината.
    Нормално минатото не можеш да го смениш, иднината не е таква каква што ја замислуваш.
    Добро во одреден процент е така.
    Што ќе правиме денес..
    Ноктите ќе ги правиме денес.
     
    На bittersweet, sonce777, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Кога порано на форумов ќе видев пост за љубомора или за завист, па и за лицемерие, од што не ми се читаа, ги скролав. Си викав, а, бе, нема грешка, како тоа, луѓето не се такви. Нема шанси дека повеќето се љубоморни, дека си имаат комплекси, проблеми, некои мушички во главата. Мислев јас дека ако јас сум си искрена секогаш и со сите, дека ако јас не се замарам за тоа што другите прават, дека и сите се како мене.

    Очигледно сум била во голема грешка.
    Огромна, дебела, подвлечена, болдирана грешка. Заблуда, како сакате речете го. :|

    Не само што се љубоморни, желни за внимание, со искомплексирани умови и синдроми на нижа вредност, ами да можеше да се позелени од љубомора, зелени ќе се шетаа. Значи такво лицемерие, досега немам видено. Стварно немам, а да имав, ќе знаев навреме со кого имав работа.

    И не, не ме боли тоа што ми велат дека ќе сум им го зела лебот еден ден. Не ме боли ни тоа што речиси сите ме гледаат под око, намрштени и намуртени, како да им го убив најмилото. Не ме боли ни што неделата пред колоквиум телефонот се раскина од ѕвонење и покажав и помогнав на сто луѓе.

    Ме боли затоа што се трудам и правам се што можам да бидам меѓу најдобрите, а ме покажуваат со прст за истото. Ме боли затоа што сум горда, да, горда на својот успех и на своето знаење, а ме обвинуваат за него.

    Цимерката ми вели, немој да кажуваш дека си положила, немој да кажуваш што ти велеле професорите и немој да кажуваш кои поени ги добиваш. Зошто ??
    Си седам бе, се трудам, учам, што, забрането е ?!
    Не, само некој го мрзи да го прави истото, па ајде јас сум виновна.
    Епа, мили мои драги, бајт ми.

    Всушност дојдов да ви кажувам за скроз нешто друго, ама нели, не знам ни зошто го посветив вниманието на ситниве души. Веројатно за да ми се олесни. Можеби постов е за во Испукајте се, ама нека стои како поука, дека ако си добар во нешто, не чиниш. Е, така.
     
    На bittersweet, Hiii, teddybear и 21 други им се допаѓа ова.
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    СДК

    Убаво е чувството кога знаеш дека си среќен. Сега, денеска, утре или засекогаш, не е битно. Петте минути чувство на среќа за мене се многу и ми влијаат врз целиот ден.

    Сепак, една секунда лошо нешто исто може да ти го смени денот. Се’ е релативно, богами.
    ------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    ...Имам тооолку многу работа која треба да ја завршам денеска, а јас уште тука се лигавам.
    Не мора да ме потсетувате на „Денешната работа не оставајте ја за утре“ , гледате дека ја знам?
    Ама, ни таа не ми влијае врз паметов мој, моментално среќен и мрзоволен.


    Ајт поздрав, јас се фрлам на работа, а од тука се одјавувам. Се надевам ќе имам убав ден, иако знам дека ќе ми биде напорен. Но, подобро да работам нешто, отколку да се шлаам цело време наоколу.
     
    На Hiii, Ema.Sk, sonce777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Имам една Ива и да знаете дека најнајнајмногууууу си ја сакамммм :inlove: :inlove: (иако е лудичка јас па си ја сакаммм)
     
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ништо посебно не сакам да кажам едноставно ми беше преслатко па сакав да го споделам
    http://www.youtube.com/watch?v=0KkElhLy ... re=related
    таљ наивна фаца тие очиња полни љубовввв
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    99.9 % сум сигурна, и тоа веќе со месеци дека бившата на дечко ми е членка на фемина!
    И да, една од омилените ми е, овај мојот се јаки женски врте. 8)
    а можеби ние него па :?:

    Него не можеш да се фалеш дека си добра во стомачен танц ако како мала си вртела холохоп!
    Не не, тоа тапкање во место е лошо. Не надградба на коса, трепки и нокти, надградба на знаење и вештини плус, за да бидеш повеќе задоволна од самата себе.
    Ако некој се труди да биде паметен за сите да го слушнат колку знае за Месопотамија, за Ацтеките, за доминантно и рецесивно пренесување на гените - тој е стопроцентно утнат човек кој страда од тој комплекс на нижа вредност.
    Така е и со добрината!

    Има некои работи шо сакам да ги направам до крајот на оваа година. Целите те одржуваат во животот, на крај краева тие се секогаш со тебе :)
     
    На MandyLane, Ema.Sk, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    http://www.plusinfo.mk/vest/23843/Krema ... d-gradinka


    :o :o :o


    Не е за верување, но така е.
    Ми се поклопи со денешните размислувања, и просто не можам да се изначудам.

    Забога, каде јас живеам!?
     
    На BeYourself, rossonerka, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ме згрози прво насловот, а потоа целата ситуација. Точно дека постои институција за дечиња со посебни потреби, меѓутоа ова дете покажало мала агресивност, што со другите нормални дечиња што покажуваат агресивност. Како мајка тешко е некој цело време да ти потенцира дека не ти е во ред детето. Особено вака јавно. Не знам згрозена сум, ги прочитав и коментарите. Во право се зошто не обучат кадар кој би можел да се грижи за вакви дечиња и да одат во истата градинка како и останатите. Прочитав засега многу стории за Ребека како мајка колку помина од самиот почеток. Жално е како народот знае да биде суров и како само тие да имаат деца, и условуваат постоење и работа на една градинка, поради мало детенце..
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.