Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    93.913
    Пол:
    Женски
    абе какви млади мајки има тоа чудо...повеќе се радуваат на покана за роденден во игротека отколку самите нивни деца!па тоа да се стегнат во нешто провокативно,газето у кола и јуриш..
    Во Игротека
    децава кршат глава ретко кој ги пази дури ни кловнот,а они надвор со пивцето и само се фоткаат(за фб наравно)
    сдк не им судам,и не сакам никого да навредам посебно мајките на форумов,ама ако ти се живее така не мора да се мажиш нити пак социјалниот живот и пријателски средби да се сведени на игротека,денес бев сведок на настанов и многу невкусно изгледа..барем мене
     
  2. OneStepCloser

    OneStepCloser Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    64
    Убав ден беше ова. Мило ми е што се уште постојат луѓе, во вистинска смисла на зборот. Мило ми е што останале вистински пријатели со кои можам да се разберам и да си кажам се што ми лежи на душава. Мило ми е што постојат луѓе што имаат слични размислувања како моиве.

    На крајот, мило ми е што дојде и септември. Па што ако започнува школото? И тоа е за нас, само ако знаеме да го искористиме на правилен начин.

    Денес ме удри бран на позитивна енергија. :rock:
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Да земеш книга, и 3 месеци да не ја вратиш. Да не спремаш докторска теза на книгата, или фати и од наопаку да ја читаш? :^)
    А да ја прашаш, ни сама не знае што чита.

    И тоа најчесто поубавите ги земаат, таман ги донеле, си ги земале и аривидерчи да ги нема. Може треба дома да им појдам и куртурно да ги потпрашам до кај се. Има некои па сум чула, не ни ги дочитале. Де немале време, абре цело лето ако не си нашла време - врати ја, просто е ко буквар.

    Зашто од мода се читаат книги? На плажа вака се импресионира некој мангуп?

    Враќајте книги на време, луѓе! Не сте само вие зачленети во библиотека, аман. Осет да се немало.

    Ми се има одмилено од фејк луѓе, за навек.
    Сегде гледаш нешто ради другите се прави, а ни од кејф не го праи. Абре никој не ти стави нож под грло, па мора во секоја манџа вегета да стаи.
    Ако не си компетентен за нешто, ниту пак упатен просто премолчи си, од такви сезнајковци што на секоја тема мумлаат - сере ми се. |(
     
    На bittersweet, kate21, Springy и 20 други им се допаѓа ова.
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.769
    СДК жалосно е кога те немало подолго време, а никој не приметил..
     
    На Springy и kitty.lover им се допаѓа ова.
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Абе деца, премногу се замарате со фејсбуци и кој како се сликал и што статус објавил. Олабавете малце. Или деактивирајте го бе на крај краева профилот. Ама тогаш како ќе ги читаат ,,вашите,, мудрости од Семе синапово, Најдобрите стихови и т.н... |(
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК дека навистина животот е неправеден.. :worried:
    В сушност не животот,туку луѓето.. :x
    Не сфаќам зошто некои луѓе сакаат да ти го земат она што има потенцијал да го имаш?Зошто се спремни да се извалкаат,да клекнат на колена,да ја газат гордоста,да се серат,да се спремни баш на се ,само за да направат да се почуствиваш несакано и неважно?И тоа најблиските да ти го напрабат тоа,да ти вперат нож во грб,да уживаат во твојата тага и да се ситат на тоа..?Навистина незнам што да кажам повеќе ..освен дека животот е толку неправеден..Молчам,молчам,молчам ,чашата се полни и полни и полни,ама ќе има крај, како не се така и јас ќе ставам крај,некогаш мислам и јас да газам и го правам истото,но неможам,душата не ми дава,сум пробала и уште на првиот чекор се откажувам,секојпат,и секојпат и секојпат!!!Господе,зошто сум ваква?Колку и да сакам да бидам како другите и да излезам од оваа сенка,неможам,не,и можеби тоа ме прави посебна,можеби по ова се разликувам од другите..Понекогаш помислувам на самоубиство,ама не,не е решение,несакам да бидам кукавица,несакам да избегам од проблемите,не,и не,можеби да се соочма?Но како?Да им вратам,можеби ќе се обидам уште еднаш,за последен пат,но ако и овој пат не успеам ќе се отакажам,ако треба нешто да трпам па макар и да не го заслужувам ќе трпам,ќе дојде и на мене ред ..Добра ноќ девојки. :*
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Чувството ко ќе си дојдиш дома многу гладна и гледаш дека мајка ти напрајла кифлиња :wasntme: Фала ти мамо, како само се најадов :angel: :inlove:
     
    На crazyinlove19 и Adi888 им се допаѓа ова.
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Убава работа е љубовта.
    Ќе те дигне до небо, па ќе те спушти на земја. И тоа онака добро, сите коски ќе ти ги искрши. Да го памтиш тој удар засекогаш.
    Создава и уништува.
    За неа можам да пишувам до бескрај, само за неа...
     
    На Cacy, Rubiii, ViktorijaMari и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.494
    Кога сонувате нешто, да,потсвеста ви испраќа силен сигнал,верувајте му... Колку и да сум во паралелен универзум каде ние се среќаваме во толпа луѓе и мислиме дека се знаеме и дека е знак, и не е баш така....Ич не е така. Да речеме дека се случија дејствија кои се случуваат паралелно во два светови.Сјајна површина по која можам да се лизгам до бескрај, како празна просторија за милонга која дефиитивно ми е оставена само и само за него... Тоа е мојот финиш на еден прекрасен период од животот,каде можам да ставам точка и да кажам благодарам за чинката што беше. Навистина, навистина ова се свежи и миризливи почетоци во кои јас сум. ЈАС СУМ...поинаква.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк ќе отворам тема зошто сум глупа или глупа сум ? ? Имам 10 години и сакам да ставам крај на мојот ПРОКЛЕТ живот ( точка ) . :!:
     
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ако се свртам назад и ако само помислам што ми се случуваше претходната година ова време,можам да кажам една работа,јас не бев истата!!
    А зошто?
    Многу работи беа поинакви и многу зборови беа кажани,зборови кои сега се заборавени.
    Минатата година во ова исто време бев на една друга планета.
    Ја знаете онаа планета кога цел свет ви изгледа совршен и кога немате никакви грижи?
    Да да,онаа иста планета каде што не ви е гајле што другите прават и мислат и живеете само за вашето задоволство?
    Каде што мислите дека со едната рака можете да го освоите цел свет?
    Каде што блескате со внатрешна а богами надворешна убавина?

    А сега?
    Сега не е воопшто... не сакам да пишувам понатаму.
    Само ќе кажам,минатата година во ова исто време јас бев сакана,јас бев нај саканата личност што во тој период постоеше...
     
    На ViktorijaMari, L-enna, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Иако преседов повторно цела вечер пред компјутер, мило ми е. Ниту фемина уклучив ниту фејсбук. Си читав книга. Од секогаш сум го сакала Џамбазов, па решив да му ја читам Прирачник за анти-антиалкохоличари. Искрено, знаев дека имал бурен живот, ама вака не замислував дека му бил. Му се восхитувам, таков човек еднаш се раѓа луѓе.
    Ајде доста филозофирав јас, идам да спијам.
    Добра ви ноќ.
    :hai:
     
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Стоиме на работ од провалија, само не чуствуваме како камчињата ни се лизгаат под нозе, тоа значи дека стоиме стабилно. За многумина стоиме на хоризонтот, а за други сме на самиот старт.
    Како и да е, секогаш кога ќе се свртам назад гледам спомени, спомени драги и убави, спомени со насмевки, спомени во кои јас и тој сме споени.
    И сега кога се најдуваме тука, се гледаме, не трепкаме и молчиме. Повторно истата ситуација, повторно истите моменти, што дури и напати си помислувам дека целиот живот сум во дежа ву филм. Повторно песимистично сакам се да успори, а спроти мене невин поглед, полн со радост и оптимизам, две изпружени раце кои вриштат “Опушти се„.
    И повторно предизвик, преголем за мене премал за светот, пречка која лесно се руши, а уште полесно се поминува, само со истрајност и силна волја.
    Нов почеток, ново време, нов начин, јас и тој заедно, во друга димензија.
    Заедно можеме се, се надевам...
    Патем изволте палачинките кои ви ги ветив...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На mims-89, M.a.r.i.l.y.n, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК дека многу си го сакам мојот нов аватар!!! :l:
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Иииииииии зарем е можно да сум се заљубила во цимерот на бато??????? :^) :^)
    Значи тоооооолку е убав, преубав е ама поголем е од мене 10 години, срам ми е дури и да кажам :$ :$
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Заврши уште едно лето,долго и пеколно топло.И ако се надевав дека почесто ќе си ги квасам нозеве,не ми се исполни желбата.Од проста причина.Не сакам базени,езерата ми се далеку,реките не се репрезентативни а и таму има гужва,а бегам од неа како ѓавол од крст.Што да правам кога се ужасувам од пазарни денови,новокомпонирани сабори и други збирки на широки народни маси.Маж ми вика дека сум асоцијална,па добро секој има некоја мана :^)
    Инаку баш некако сум нерасположена.А кога сум таква не треба да пишувам зашто излегува очаен пост.
    Со сите силе сакам да го одувам дождовното облаче над мојата глава,заради некои работи кои се случуваат а не треба.Ама се е то живот.Се навикнав.А навиката искрено е грозна работа.И во последно време само една мисла ми во главава.Да сме си живи и здрави и да имаме здравје.Нели е така. Само позитивни мисли,енергија,вибрации.Почна да ми паѓа на памет да почнам да се бавам со пилатес или јога...набавив дури и цд со вежби за пилатес,па можеби следниот пост ќе биде за тоа колку модрици заработив паѓајќи од пилатес топката....А од друга страна јас не би била јас ако не мислам многу.Мозоков веќе ми стана како исцедена крпа.Запнав некаде во некоја слепа улица напред не можам ,назад не сакам...а само одозгора гледам светло,ама високо е...недофатливо...ама ете засега ме топли.

    Постов го читам и дали да го избришам или да кликнам испрати.А сеедно ќе е ,зашто и така ова е приказна за свашта и за ништо.И понекогаш ми е потребен добар шут во позадината за да се померам од статична точка.
     
    На kravce, Serafima, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    како и да е незнам кој ти е проблем но ние секојдневно наидуваме на тие улици без светла каде што не го гледаме крајот... но минатото е само минато нешто што се случило некогаш жалиме за убавите работи кои поминале се радуваме за лошите кои се срекаваме денеска.... но само продолжи кон иднината бидејки и таа иднина некогаш ке ти биде само секавање и минато... но на таа слепа улица те чекаат убави работи само ти треба време додека да стигнеш до светлото но кога ке стогнеш до светлото не се врти назад кон темината :*
     
  18. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Не пијам повеќе. Не дека го кажувам ова после многу пијана ноќ, такви сме имале сите и сите утредента сме кажале дека не пиеме повеќе. Баш напротив. Многу убава екипа се собравме синоќа, за да го прославиме нели официјалниот крај на летото, како пред почеток на учебната година и пиевме вино. Уопште, никој не се опи, но јас не пијам повеќе. Пред ова не пиев еден месец, и сега ми е многу грдо чувството. Можеби и скрос ќе се откажам, што знам ... :?:


    И фала ти Боже што ова најмизерно лето заврши. Беше убаво, but then again, тоа ми е уште работа што ми ја уништи Иван. Се помалку мислам на него, освен во доцните вечерни часови. Се помалку му го отварам профилот од кај сестра ми, дека мене ми е блокиран. Ќе го заборавам, мене оваа така ми мириса, но после тоа што ќе правам .. ?

    Имајте убав ден девојки, недела како недела, патетична ...

    http://www.youtube.com/watch?v=jxGrPHt4 ... ture=share
     
    На L-enna и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК добре ми дојде црвена гостинке :)
    овој месец си точна, ме радува тоа :)
     
  20. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Ја слушам и песнава..
    http://www.youtube.com/watch?v=10ASG55dj_c
    И длабоко размислувам што се ќе се случи утре може очекувам нешто чудесно да се случи,но тоа сепак е школо ... :?:
    ај кје поминеме и оваа година кје издржиме некако само како кје ги трпиме 8-миве дигнати кје се праат главни |(
    ја денес цел ден зафатена и цел ден кје скитам,па си се разбудив порано да си се спремам поополека..
    позз девојки и убав ви ден :*
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.