Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Дури и јас мислам дека беше доста од распустов.
    Потребна ми е некоја обврска, а школото ќе ми ја задоволи таа потреба.
    Нема добивка од спиење и јадење!
    Одиме со нови сили кон нови успеси. :nod:
     
    На cinderella5, CharmedGirl, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не секогаш скапите производи се и квалитетни
    пробав балзам за коса-големо пакување за верувале или не 80 денари, Италијански ја прави косата неверојатно мека а и убаво мириса ммммм
    и лосионот за тело Фелче Асура е прекрасен а е само 100 и нешто денари исто маде ин Италија
    и после зошто ја сакам Италија-затоа што се квалитет и ниска цена-не секогаш, и не за се ама најчесто да :)
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Знаeте, она кога луѓето велат дека не можат да живеат без љубов, па, според мене, кислородот е многу поважен!
    Др. Хаус
    Човеков е само за респект, може е сам, осамен, со голем ѕид околу себе ама барем размислува правилно :)
    Не е се околу љубовта. Ние луѓето, буквално зависиме од љубовниот живот што е погрешно. Ако се скараш со него/неа, цел свет ти се руши, ако ви е убаво, цел свет цвета. А има толку многу важни и убави работи.
    Еден пријател, се разведува после долги години брак. Човеков значи се упропасти и само се сожалува себе си, само на тоа мисли, цело време е негативен. Му велам, човеку, имаш деца, имаш палата, имаш работа, имаш толку многу работи кои барем неколку часови во денот можат да ти го одвлечат вниманието. Зошто се уништуваш? Он, не, само тоа мислам, само таму ми е паметот, ќе се убијам ова она. Бре будало една, па нормално дека ќе ти иде да се убиеш кога си застанал си ја земал цигарата во рака и талка со мислите во минатото.
    Ако јас не си направам убаво да ми е, ако не превземам нешто, кој? Дај проширете ги малку хоризонтите.
    Кога има смртен случај како што беше со нашата Ивана, ги сваќаме вредностите на животот, за после два дена да кукаме за глупости повторно.
    Не е се во љубовта, има и нешто друго, нешто што се нарекува ЖИВОТ!
    :f:
     
    На Cherry03, Miss-Independent, Monna.Monna и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Го гледам видеово и се ежам.
    http://www.youtube.com/watch?v=VtHY45pkYoM
    Колку посакувам да можев да бидам таму вчера ;( Особено во овие 4 минути од концертот, на омилената. Песнава ме потсетува токму на овој период, лани знам на први септември најмногу ја заслушав и засакав. По цели денови натаму ја пеев. А сега и концертот на први септември :D

    Мене пак никогаш не ми е доста од распуст, всушност и мал ми е :lol:
     
    На Oxymoron, blaa и L-enna им се допаѓа ова.
  5. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Па денеска скоро на сите во тоа им е умот цело време, не е нешто чудно или необично или уникатно, не знам зосто толку сериозно и трагично го сфаќаш тоа :?:
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    СДК во главно имам храброст да кажам се ,само треба искусно да ме испровоцирате :!:
     
    На srcekrsacka и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  7. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Само се надевам дека како што денес се беше убаво ќе биде и утре а дека така ќе тргне и цела година а не да не излезе дека утре ќе треба да се вратам во лошата реалност
    Сакам да кажам Со среќа на сите што утре тргнуваат на училиште :)
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Нешо напети сме сите а-у, некој спомна сите у пмс сме биле?
    Не бе, ја онака сум си напета денес, ме мрзеше да станувам сабајле, а и имам испит утре па ме пука и трема што не ми се десило у задњиве 4 години, односно од кога го полагав првиот колоквиум. Шо ќе биде незнам, најверојатно ќе играм на картата солзи, зашо не се трпи професоров повеќе. Треба да си вадат потврда од психијатар пред да аплицираат за вработување во образовна институција. А и не само таму, туку за секаде треба да се вади таква потврда, дури и ако сакаш да влезеш во продавница. Верувајте ми дека треба, незнам до што е, до сонцето или до месечината или до климатските промени, ама сите некоја тешка психа го мава, опасно станува да се погледнеш у очи со некого, а не па да напраиш нешто повеќе.
    А и тука гледам најдискутабилна тема евр ми е ова за опцијата „ми се допајџа„.

    И ... најглавното за крај:
    Моментот кога ќе дознаеш дека бившиот ти отишол у манастир. :rofl:
     
    На Cherry03, Miss-Independent, MandyLane и 4 други им се допаѓа ова.
  9. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Нема да мрчам, но да кажам нешто. Да, вистина е, кислородот е каде каде поважен. Муабетов нема врска со тебе Ричи, но можеби и ти а и уште милиони девојки, жени надвор го кажуваат ова, дека кислородот е побитен, дали за да се утешат себеси, дали затоа што во љубовта не им се како што испланирале, дали затоа што едноставно така мислат, секој со својата причина. И јас ќе ти дадам пример, за кој веќе имам тука пишувано. Имам братучетка, има 30 години, има одлична работа, зема илјада евра плата, тука во Македонија, има диплома каква што имаат само десет души во Македонија, на факултет просек 10.00, да ја видиш нема шанси да и дадиш 30 години, на прв поглед се у реду арно ама.. Не е мажена. И да ти кажам нешто. После милиони обиди да ја види убавата страна на нејзиниот живот, дека може буквално каде сака да оди, да патува, што сака да прави, колку сака алишта и штикли да си купува, гледа дека нема на кого тоа да го потроши. Затоа што додека таа студираше, а студираше се на се десет години, другите луѓе и студираа, но не си го забораваа животот околу нив. И сега сите нејзини другарки, колешки се мажени, си имаат семејства, а таа не. Значи и да сака да потроши некој денар, нема со кој.

    Муабетот ми е дека после извесно време и ти не веруваш веќе во тоа гледај колку си успешна на други места во животот. Затоа што баш имањето на љубов би го направил целиот труд да има смисла.

    И како што кажал некој некогаш - unless you`re in love, nothing else makes sense.

    И јас сум за тоа дека љубовта е се во животот. Јас тоа го гледам по мене моментално, го гледам по милиони други примери и околу мене и секаде на друго место, затоа што, на крајот на краиштата, за тоа и сме дојдени. Да сакаме. Поголем благослов од тоа, амин. :)
     
    На Annath, MandyLane, kate21 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Утре е мојот последен прв школски ден, веќе си ги спремив алармите. На сите ви посакувам доолга, тешка година полна со тестови и порака како веќе искусна да ги загреете столчињата *смајлиштофрлавода*!

    Школо.. wait, what?!

    [​IMG]
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Кога ќе гледаш како луѓе збираат се и свашта по дома на Cluttered ќе те мавне една инспирација за средување како никој. Прееска случајно ја гледавме емисијава со мајками и после првата епизода она трк да средува во купатило, јас правац во соба. Па кога сум фатила да фрлам ѓубре.

    Секогаш си чував билети, програми од фестивали, ливчиња и се и сешто. Се фрлив. Од три кутии, спаднав на пола кутија. И полесно ми е. Решив да се откажам од трупање глупости и да си направам да уживам во мојот простор. Self high five, за ова ми требаа само 20 години.

    Како се пакува за 6 месеци??? О боже, бунило и транс, и наплив на среќа. Јас заборавив да кажам дека е септември. И е, и убав е, и не знам дали ми е маж или жена и моќен и нежен е. Жена е бе, жена. :) Чаша баланс на чиста маса и мачор со фетиш кон кутии, посебно малите кои не го собираат. Не ја вреѓам веќе неделата, денес се ми даде. И авион со брзи вести во талогот.
     
    На Miss-Independent, Annath, Hkikica и 5 други им се допаѓа ова.
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Денес се изморив од неправење ништо, па дури и си поспав 2 часа прееска. |( Затоа сега пак бидејки сум изморена од спиење ке си дадам една долга пенливо-мирисна бања за да соберам сила за спиење вечерва. Ете така. :!:
     
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^Mysterious, Не велам дека не треба да си заљубен или дека треба да гледаш да имаш пари и се околу себе и да ја баталиш љубовта. Моментално зборам за оние кои се уништуваат во љубовта, како примерот што го наведов. А и општо за тоа колку влијае на секојдневието. Заљубен си,среќен си, се е во ред. Оставен си, скршен си, светот ти е сив. Погрешно! Велам, и даваме премногу слобода, не смее расположението 100% да ти зависи од моменталниот љубовен живот. Луѓето кои се разочарани во љубовта, се разочаруваат во СЕ останато, е јас токму за тоа останатото зборам кое итекако е вредно за живеење. Имам прекрасна врска, па пак размислувам вака. И за мене љубовта претставува свето нешто, и ништо не е исто кога не си заљубен, но знае да избега од контрола и да засени се! Се уништуваат луѓево... Немој да мислиш дека љубовта е се во животот. Да, таа е големо нешто, но не е единственото нешто. Зборам за љубов помеѓу маж и жена/дечко и девојка, не општо за љубовта кон децата на пример или кон нешто друго. Зборам за онаа страствена љубов која знае да го срамни човека со земја.
    Таа е се, и ништо. Бесценета е, а можеш да ја платиш и многу скапо. Несватлива е и не треба да те доведе до раб на уништување, не треба да се дозволи тоа.
    А луѓево, како сите да се мазохисти, уживаат во таа слатка болка. Пример човеков, прав мазохиста, кога не се труди ни малку да мисли на нешто друго, на другите работи кои му се важни, децата на пример.
    Затоа велам, има ЖИВОТ покрај љубовта, не е само она вредна за живеење.
    Дојдени сме да сакаме, но не и да се уништиме.

    П.С. И ве молам, никаде не споменав дека погрешно е да се љуби. Кој блам би било тоа, па јас моментално сум нај заљубената девојка на светов. Прочитајте уште еднаш, ќе сватите што сакав да кажам.
     
    На Monna.Monna, kravce, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... мои дами Мистириоз и Мис Ричи ... Кислородот е важен за да го живееш денот, месецот, годините, животот, а љубовта е важна за да му даде и те како смисла на животот. :)

    Кoга двајца полемизираат, третиот донесува заклучок. :wasntme: :D


    Уживајте ...

    http://www.youtube.com/watch?v=KyvQsQ-Y ... re=related
     
    На bittersweet, kravce, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. OneStepCloser

    OneStepCloser Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    64
    Одбивам да прифатам дека се промени. Ти беше мојата најдобра пријателка, онаа на која што можев да и кажам многу повеќе отколку на сите останати. Ти беше онаа што сакаше да бидеш поинаква, да се разликуваш, а сега одлучуваш да се обоиш во иста боја како и другите, да имаш исто однесување како и сите на наша возраст. Искрено, не верував дека човек толку брзо може да заборави на се што се случило.
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... јас и Скопје танцуваме во круг веќе 13 години и никако да се усогласиме во играта.
    Понекогаш ме завлекува пресилно или облекува некакви чудни барокни наметки на себе :D со што дополнително ме одвлекува, а понекогаш му газам на стапалата, со желба што поскоро да му ја упропастиме основата на плоштадот и да ни ја вратат калдрмата.
    Тоа секако нема да се случи, но како што пееше Владо Јаневски за љубовта, така тоа му го велам денес на Скопје - ти ме лекуваш и ти ќе ме отруеш.

    Ќе ме отруеш поради немањето работа, поради гужваници, мешаници, чудни грди зданија, поради лоши теткици со уште полоши мини-вал фризури, пензионери во автобус кои на контролорите во среда им се обраќаат со оправдувањата - ама јас вчера не се возев, да си искористам денес; ќе ме отруеш поради немањето ментална нит духовна култура, лошиот концепт на слободно изразување, бран на сељачизмот со турбо-фолкеризмот како лајтмотив, скапи кафиња од 150 ден, минијатурни порции храна за огромни суми, кои ги немаме во плитките џебови...

    ... ме лекуваш како денес, со грст сончева светлина, тивко и ненаметливо, во збутани ќошиња од Чаршијата нудиш оброк за двајца по пристојна и дозволива цена, кога малото девојче се пикна во автобусот со балон 2 пати поголем од него, а чичкото шофер само ѝ се насмевна, кога се појавуваат проекти во вид на уметност каде учество може да земе кој сака, глетката кога се гушкаат двајца вљубени на крајот од денот, кој милно ветува подобро утре...

    Скопје, да продолжиме да танцуваме.
    :)
    [​IMG]
     
    На Lolipop23, Smilly, Miss-Independent и 29 други им се допаѓа ова.
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Го чекаш со нетпрение летото, го планираш одморот, штедиш со месеци, па трошиш гигабајти на интернет пребарувајки ги детално сите агенции и нивните понуди, трошиш денови планирајки, па и трошиш нерви, па одиш и по агенции на топлото и си го вариш мозокот на скопскиот асфалт, па уплатуваш и се чуствуваш многу полесно од претходно парично нали, за другото потешко бидејки само неколку недели порано ти текнува да јадеш помалку (иако фрижидерот повторно навечер го проверуваш, не за друго за да видиш сијаличето дали свети :lol:) и да се мачкаш за целулитче и потоа чекаш и чекаш и чекаш ииии ОП ОДМОР.
    И толку. Кога си тргнал, кога си се вратил. Поминало. Сега чекај 11 месеци за нов |(
    Не е фер вака.
    Па сакам покрај море да живеам.
    Си ги гледам безгрижните бабички, си седнале на трошно масиче со карира мушамче, си пијат кафенце, си дишат јод 100 години и си се живи и здрави и си оговараат туристи. Алал да им е.
    Сакам и јас таков живот, тој да е рибар и да вози малецко бротче, а јас во некое малецко минијатурно куќиче со дрвени прозорчиња, кое го има оној медитерански шмек да си ужувам со него и јато деца.
    Нема поубаво од утрински поглед на море, испиено кафенце со дишење чист возфух, полнење на плуќата секојдневно, чуствување на таа вода и тргање на солта од моето тело, а тој да ме љуби на зајдисонце додека ветрето јужно не гали, ама сакам секој ден!
    Се изнаспав, се изнаодморив и кога ќе се сетам дека од утре ме очекуваат работните обврски, а претпоставувам и онесвестувачки висок куп листови за работа, е готово ќе ми се стемни.
    Палачинките што ми ги прават за добредојде сега и трач муабетите засилени со голема доза на Нутела дефинитивно добро ќе ми дојдат. Ајде трчам да го полнам мевов :)
     
    На Artemission, Divinebutterfly, JuLleE и 25 други им се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Луѓето ја наоѓаат љубовта и на 60-70 години, ти па викаш немало со кој да сподели се тоа.Можи и ќе ја пронајди,од кај знаеш.Никогаш не е касно за да ја најдиш љубовта.Некогаш се случува,има такви периоди кога си разочаран,нема љубов,не ти се допаѓа никој,но не значи дека не треба да останиш силен и да пробаш да ја пронајдиш вистинската љубов.
    И брачеда ти,не е престарена,шо ако има 30 год.,можи допрва ќе си најди некој за да споделува се. Во денешно време многу луѓе учиме по подолго време,по повеќе години,па ај да се откажиме...
    Тоа е до самата неа што не допуштила никој до неа.Ама таа си ги знае причините. Сигурно во тој период можела да најди време и за дечко,за некој со кој ќе се сакаат и ќе си помагаат.
    Еве ни мене не ми беше на крај да излезам со се,и сами читате колку перипетии поминав,па сум останала присебна,сум се дружела,не сум паднала во депресија,можи ќе ми беше тешко ама гледав да сум расположена,гледав да посветам внимание и на другите работи во животот.Неможи да седи некој разочаран и затворен и да поминува животот и да тажи,ако западни некој така во депресија ќе се доуништи. Не е работата да не сакаме,туку да знаеме како да се справуваме со различните ситуации во љубовта. Има од лошо полошо,а има и најубави моменти во љубовта.А животот е таков,носи секакви проблеми и тешкотии,па некогаш и љубовта трпи,има кавги,на никој не му е лесно,ама сите се трудат да се разберат и да има хармонија. Сакајте,ама ценете се и себе си воопшто како личност,обрнувајте внимание и на другите сфери во животот.
    Ајде да не зборувам поќе,мислам дека се разбравме.
     
    На bittersweet, Miss.Ricci, moonlight-girl.55 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Не ретко ме дрма еден немир на кој не му знам име, ама добро знам од каде доаѓа. Иако се трудам да го ишнам пивкајќи нес и релаксирајќи се со квалитетна музика, сепак тоа негово зуење никако не ме остава да го заборавам неговото присуство. Па добро бе луѓе, сите проповедаат како ако не се направиш сам среќен кој, судбината е во твои раце, и разни бла бла бла поуки кои никој на крај краева не верува вистински во нив. Добро ретко кој.
    Може некои од вас ќе ме сметаат за пребирлива, каприциозна и што ти знам јас што уште не после напишаново, ама ете, сакај ме, не сакај ме, тоа сум ти јас. Инспирацијава се роди од мојата гадливост кон некои си непишани норми, дека МОРА на сите да им ги трпиш срањата, МОРА да се направиш поголем и да попуштиш, МОРА интеракција со цела жива поблиска и подалечна околина ради реда и имиџ, МОРА....МА дај више. Каде е донесен закон дека мора да ги трпам туѓите малоумности и малограѓанштини, комплекси и себе набиени деформитети, та заедно со се бедните докажувања на некоја си идилична благосостојбена среќа, кога и онака од далеку смрди? Смрди де, кај сите смрди, некад повеќе, некам помалку, битно смрди и секој нека си се носи гордо со својата миризба, пардон смрдеа. Па не знам дали сум само јас, ако сум срам да ми е. Нека ми е срам што патам доба чашка вино, или квалитетно пиво, или било што и да е само да е добро, заедно со КВАЛИТЕТЕН разговор, интелектуално предизвикувачки, истовремено релаксирачки, кој ќе ми ги тренира мускулите на лицето развлекувајќи ми спонтани, од чиста душа насмевки. Не празни кокодакања, крекања и мајукања за ова или она,оној или онаа. Да е во доза, молим лепо, понекад и безвезе раговор треба да те дрмне малкуцка. Ама жалко е кога освен тоа немаш што друго да кажеш, жалејќи се на рипит, или смеејќи се гласно колку ти е само нај, а кутричките како им е само они си знаат.
    Има некој да се надмудруваме без лутење, да ме дрзни, да го дрзнам без цензура, без да се лечат комплекси? Да прифати фер опонент, да го учи , ама и да биде научен? Искрено од малограѓанскиве пропишани норми на приморани интеракции за нечиј друг општ мир и сатисфакција ми се повраќа. Од бременосва мака не видов, та од ова.
    Многу барам?М?
    П.С Ако има некој вреден опонент како болдираниов дел, го викам на мегдан да шириме хоризонти. До тогаш, Ноел
     
    На mims-89, lunicka, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Што мислам јас за тоа што дојде крај на летово?

    Хм. Па што мислам... не се чувствувам поинаку. Исто ми е.
    Знам дека од летово имав огромни очекувања. Очекував патувања, забави, пиење, друштво. Не дека немаше. Имаше од се тоа дури и повеќе него што очекував. Но неочекуваното беше тоа што не барав повеќе, всушност, тоа и ми беше повеќе од доволно. Како спротива, се научив да уживам во изолација. ЈАС! Тоа што некогаш сум го правела само не свесно.

    Погледнувајќи кон таа што бев лани ова време... Еве да ви кажам што беше како беше. Заљубена до небо заобиколена со друштво за кои живот би дала. И појдов на школо со празнина во себе.
    Сега пак, сум вљубена но со граници, сум свесна дека јас повеќе вредам од лицемерието, знам со кого на колку сум и дека имам премногу луѓе кои навистина би дале живот за мене, без да бараат и јас тоа да го направам за нив! А за школото.. ме фаќа страв. Да. Но и возбуда. Се плашам од стресот што ме дотолчи лани, од учење, учење, учење! Многу голема конкуренција во новиот клас. А возбуда.. не знам зошто. Можеби дека бавно се водам со 17, можеби дека уживам кога сум посветена во нешто, а годинава тоа ќе ми биде математиката. Можеби дека летово се променив на начини кои не ги сметав за можни, па ова ќе ми биде како надоградба.

    Но знам дека растам.
    Заобиколена со најслатките дечиња, бебиња на планетава се чувавувам како навистина да имам само 6 години. И знам дека сакам да имам само 6, повеќе отколку 26.

    Колку цели си поставив само зна крај да сфатам дека единствената цел што вредела е тоа да си ги отворам очите. Ма какви правила, не ме засега тоа. Какви цели... Во моментов ќе си поставам цел да мијам тањири и толку. Нема што да се планира тоа 4 месеци унапред.

    Сум горда. Толку горда што си потскокнувам од среќа. Кога му придавав значење на мојов проблем, на некој начин отварав простој да ме докрајчи. За малку што не успеа, искрено. Сфаќам дека никој не би ми помогнал, барем не додека не поминат низ истото. А и немаат ни зошто. А јас додека го игнорирам, додека се однесувам “нормално’’, се вклопувам во околината. Не го игнорирам. Го прифаќам како дел од себе си. Депресивна сум. Па што. Не сум единствена на светов. Истиот го гледам со други очи и треба да сум благодарна.. Можеби никој друг на планетава не го гледа така. Од кај да знам јас. Сум среќна и со тоа. Знам по природа да бидам тивка и нерасположена, но тие што ме сакаат ме сакаат таква. Татко ми дури ми рече пред некој ден, “аман бре дете, што ти се дешават, што си олку расположена?’’ Не негативно. Само изненадено.

    Се сетив дека залудно се трудев да објаснам како ми е.. Затоа што, глупавиот човек колку и да му кажуваш нема да разбере, а паметниот сам ќе си знае, без да му кажуваш.
    Тоа денес на патлижанко му го кажав, кога ми рече да му објаснам што било тоа поминат рок на чоколадо. Прво на празно си ме гледаше, па ми рече “Абе. Па јас затоа све сам си знам. Оти немат попоќе паметни луѓе?’’ Јас, шутка, се изнасемав само. И тој “Абе Маце!’’ со тој германскиот акцент. “Што бе?’’ “Оти се смееш’’ И уште толку. Душичка најпаметна.

    Жал ми е само што не успеавме да појдеме во Словенија. Друго ништо.
    Летово си беше се што требаше да биде.
    И е.
    Мене во душава уште ми е лето.
     
    На lunicka и kravce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.